Поимник

Поимник за трета година

Каталог на непознати зборови по хемија за трета година

За правилно прикажување на поимникот, ве молиме користете некој од следните прелистувачи:

прелистувачи

Агловен напон : напон присутен во молекулата кога аголот помеѓу врските е деформиран од неговата идеална вредност. Агловниот напон е особено важен кај малите циклоалкани, кој е резултат од компресија на аголот до многу помал отколку тетраедарската вредност.

Агол помеѓу врските : агол што се формира помеѓу две поврзани врски.

Adams-ов катализатор : PtO2 катализатор кој се употребува за хидрогенирање.

1,2-Адиција : адиција на реактант врз двата краја на двојната врска.

1,4-Адиција : адиција на реактант врз краевите на конјугиран π систем. Конјугираните диени при рекција со електрофил каков што е HCl даваат 1,4 адукти. Конјугирани енони кога се третираат со нуклеофил, каков што е цијаниден јон, даваат 1,4 адукти.

Адициона реакција : реакција при која два реактанти се сврзуваат еден со друг и формираат еден продукт; при ова не останува “вишок” ниту еден атом.

Азид синтеза : метод за добивање на амини преку SN2 реакција на алкил халид со азиден јон, проследена со редукција.

Азо соединение : соединение со општа структура R-N=N-R’.

Азотно правило : соединение со непарен број азотни атоми има молекулска маса со непарен број.

Аксијална врска : врска во столица циклохексанот која е паралелна со оската на прстенот и е нормална на рамнината на прстенот.

Активациона енергија : разлика во енергијата помеѓу основната и преодната состојба при реакцијата. Големината на активационата енергија ја одредува брзината со која реакцијата се одвива. Повеќето органски реакции имаат активациона енергија од 40-100 kJ/mol.

Активирачка група : електрондонорна група какви што се хидроксил (-OH) или амино (-NH2) кои ја зголемуваат реактивноста на ароматичниот прстен кон електрофилни ароматични супституции.

Алдарна киселина : дикарбоксилна киселина добиена при оксидација на алдоза.

Алдехид : соединение кое содржи функционална група -CHO.

Алдитол : полиалкохол добиен при редукција на карбонилна група на шеќер.

Алдоза : јаглехидрат со алдехидна функционална група.

Алдолна реакција : карбонилна кондензациона реакција на алдехид или кетон која дава β-хидрокси карбонил соединение.

Алдолна киселина : монокарбоксилна киселина добиена при умерена оксидација на алдоза.

Алил група : H2C=CHCH2- супституент.

Алилна : положба соседна на двојна врска. На пример, H2C=CHCH2Br е алил бромид.

Алифатични : неароматичен јаглеводород какви што се едноставните алкани, алкени или алкини.

Алицикличен : алифатичен цикличен јаглеводород како циклоалкан или циклоалкен.

Алкална фусија : процес за преведување на арил халид во фенол при топење со NaOH.

Алкалоид : природна органска база, каков што е морфинот.

Алкан : соединение од јаглерод и водород кое содржи само единечни врски.

Алкани со права низа : алкан чии јаглеродни атоми се поврзани без разгранување.

Алкани со разгранета низа : алкани кои имаат разгрането сврзани јаглероди атоми, спротивно на алкани со права низа.

Алкен : јаглеводород кој содржи јаглерод-јаглерод двојна врска, R2C=CR2.

Алкил група : дел од структура која што останува откако од молекула на алкан се отстрани водороден атом.

Алкиламин : амино супституиран алкан.

Алкилирање : воведување на алкил група во молекула. На пример, ароматичниот прстен може да биде алкилиран и дава алкил арен; енолат анјоните може да се алкилираат и даваат α-супституирани карбонилни соединенија.

Алкин : јаглеводород кој содржи јаглерод-јаглерод тројна врска, RC≡CR.

Алкоксиден јон: анјон RCO- формиран при депротонирање на алкохол.

Алкоксимеркурирање, реакција : метод за синтетизирање етери со адиција на алкохол врз алкен.

Алкохол : соединение кое содржи -OH група сврзана за заситен јаглероден атом од алкански тип, ROH.

Амид : соединение кое содржи –CONR2 функционална група.

Амидомалонатна синтеза : метод за добивање на α-амино киселини при алкилирање на диетил амидомалонат со алкил халид.

Амин : соединение кое содржи еден или повеќе органски супституенти сврзани за азотен атом, RNH2, R2NH или R3N.

Амино киселина - α-амино киселина : дифункционално соединение со амино група на јаглеродниот атом соседен на карбоксил групата, RCH(NH2)CO2H.

Амино шеќер : шеќер во кој една од -OH групите е заменета со –NH2.

Амфотерност : способност за дејствување и како киселина и како база. Амино киселините се амфотерни.

Анаболизам : група метаболички патишта со кои се градат поголеми молекули од помали.

Андроген : машки стероиден полов хормон.

α-аномер : циклична хемиацетална форма на шеќер кој има хемиацетална -OH група на страната од прстенот спротивна на крајната –CH2OH.

Аномери : циклични стереоизомери кај шеќерите кои се разликуваат само по конфигурацијата на хемиацеталниот (аномерниот) јаглерод.

Анти конформација : геометриски распоред околу јаглерод-јаглерод единечната врска во кој двата најголеми супституенти се спротивно под агол од 180o гледано во Newman-овата проекција.

Анти стереохемија : спротивна од syn. Анти адициона реакција е таа во која двата краја на двојната врска се нападнати од различни страни.

Анти елиминациони реакции се оние во кои двете истиснати групи си одат од спротивна страна на молекулата.

Антиароматичност : се однесува на планарни конјугирани молекули со 4n π електрони. Делокализацијата на π електроните води до зголемување на енергијата.

Антисврзувачка МО : молекулска орбитала која има повисока енергија отколку енергијата на атомските орбитали од кои таа е формирана.

Анулација : градење на нов прстен во постоечката молекула.

Анхидриди на киселини : функционална група со две ацил групи сврзани за заеднички кислород, RCO2COR’.

Апоензим : протеински дел од ензимот кој исто така содржи кофактор.

α-положба : положба соседна на карбонилната група.

Апсолутна конфигурација : реална тридимензионална структура на хирална молекула. Апсолутната конфигурација се означува според CahnIngold-Prelog R,S правилата, а на хартија се прикажува со Fischer-ова проекција.

Апсорбанца : во оптичката спектроскопија, логаритам од интензитетот на упадната светлина поделен со интензитетот на пропуштената низ примерокот светлина; A=log I0/I.

Арен : алкил супституиран бензен.

Аренедиазониумова сол : соединение со N2+ група сврзана за ароматичен прстен; се употребува во Sandmeyer-овата реакција.

Ариламин : амино супституирано ароматично соединение, ArNH2.

Ароматичност : специјални карактеристики на циклични конјугирани π- електронски молекули. Овие карактеристики вклучуваат необична стабилност, присутност на циклична струја во 1 H NMR спектарот и при третман со електрофили стапуваат во супституциони, а не во адициони реакции. Ароматичните молекули се планарни, циклични, конјугирани честички кои имаат (4n+2) π електрони.

α-спирала : секундарна структура на протеин во форма на спирала

α-супституциона реакција : супституција на α водороден атом од карбонилно соединение при реакција со електрофил

Атактен : полимер со верижно растење во кој супституентите се случајно ориентирани вдолж скелетот.

Ахиралност : не е како раката. Молекулата е ахирална ако има рамнина на симетрија и таа се преклопува со нејзината огледална слика.

Ацетал : функционална група што содржи две -OR групи сврзани за ист јаглероден атом, R2C(OR’)2. Ацеталите често се користат како заштитни групи за кетони и алдехиди.

Ацетил група : CH3CO- група.

Ацетилиден анјон : анјон формиран со отстранување на протон од краен (терминален) алкин.

Ацетооцетен естер, синтеза на метил кетон при реакција на алкилирање на алкил халиди, проследено со хидролиза и декарбоксилирање.

Ацил група: -COR група.

Ацил фосфат : функционална група со ацил група сврзана со фосфат.

Ацилирање : воведување на ацил група, -COR, во молекулата. На пример, ацилирањето на алкохол дава естер, ацилирањето на амин дава амид, ацилирањето на ароматичен прстен дава алкил арил кетон.

Ацилиум јон : резонантно стабилизиран карбокатјон во кој позитивниот полнеж е лоциран на јаглеродот од карбонил групата, RCO RCO . Ацилиум јоните се јаки електрофили; вклучни се како интермедијари во Friedel-Crafts-овите ацилирачки реакции.

Б

β-аномер : циклична хемиацетална форма на шеќер која има хемиацетална -OH група на истата страна од прстенот како и терминалната –CH2OH.

β-дикетон : 1,3-дикетон.

Бензил група ија : C6H5CH2- група.

Бензилна : положба соседна на ароматичниот прстен.

Бензин : нестабилно соединение кое има тројна врска во бензенскиот прстен.

Бензоил група : C6H5CO- група.

Бетаин : неутрална диполарна молекула со неповрзани позитивен и негативен полнеж. На пример, адуктот на Wittig-ов реагенс со карбонилно соединение претставува бетаин.

Бимолекуларна реакција : реакција чии лимитационен чекор се одвива помеѓу два реактанти.

Бициклоалкан : циклоалкан кој содржи два прстена.

β-кето естер : 3-оксоестер.

Блок кополимер : полимер во кој различни блокови од идентични мономерни единици наизменично се повторуваат.

Brønsted-Lowry-ева база : супстанца која прима H+ од киселина

Brønsted-Lowry-ева киселина : супстанца која дава водороден јон (протон;H+ ) на база.

Бромониум јон : честичка со двовалентен, позитивно наелектризиран бром, R2Br+ .

Бромохидрин : 1,2-дисупституиран бромоалкохол; добиен со адиција на HOBr врз алкен.

В

van der Waals-ови сили : интермолекуларни сили со кои молекулите во течност или во цврста состојба се држат заедно

Walden-ова инверзија: инверзија на конфигурацијата на хирален центар набљудувана во SN2 реакциите.

Williamson-ова синтеза на етер : метод за синтеза на етери со SN2 реакција на алкил халид со алкоксиден јон.

Wittig-ова реакција : реакција на фосфор илид со кетон или алдехид која дава алкен.

Wolff-Kishner-ова реакција : конверзија на алдехид или кетон во алкан преку реакција со хидразин и база.

Wohl-ова деградација : метод за скратување на јаглеродната низа кај алдозните шеќери.

Верижна реакција : реакција која откако ќе се иницира самата се одвива со бескрајно повторување на пропагациониот чекор. Радикалното хлорирање на алкани е пример на верижна реакција која е иницирана при озрачување со светлина, а потоа продолжува со серија од пропагациони чекори.

Винил група: H2C=CH- супституент.

Винил мономер : супституиран алкен мономер, употребуван за полимери со верижно растење.

Винилен : израз кој се употребува за супституент при јаглерод со двојна врска. На пример, хлороетилен е винилен хлорид; енолите се винил алкохоли.

Витамин : мала органска молекула која мора да биде присутна во исхраната; потребен е во мали количества и е неопходен за правилен развој.

Вицинална : израз кој означува 1,2-дисупституирано сврзување. На пример, 1,2-дибромоетанот е вицинален дибромид.

Влакно : тенок конец добиен со извлекување на стопен полимер низ мали отвори на матрицата.

Водородна врска : слабо привлекување помеѓу водороден атом сврзан за електронегативен атом и слободен електронски пар на друг електронегативен атом.

Восок : смеса од естери на карбоксилни киселини со долга низа и алкохоли со долга низа.

Вулканизација : техника за вмрежување и стврднување на диенски полимери преку загревање со неколку тежински проценти сулфур.

Г

Gabriel-ова амин синтеза : метод за добивање на амин при SN2 реакција на алкил халид со калиум фталимид, проследено со хидролиза.

Геминални : се однесува на две групи сврзани за еден ист јаглероден атом. На пример, 1,1- дибромопропан е геминален дибромид.

Геометриски изомери : стар израз за cis-trans изомери.

Gilman-ов реагенс : диорганобакарен реагенс, R2CiLi. . .

Гликозид : цикличен ацетал формиран при реакција на шеќер со друг алкохол.

Гликол : диол, каков што е етилен гликол, HOCH2CH2OH.

Гликолиза : серија од десет ензимски катализирани реакции кои ја разложуваат глукозата до 2 еквиваленти пируват, CH3COCO2 - . .

Гранични (фронтални) орбитали : највисоко пополнетата (HOMO) и најниско непополнетата (LUMO) молекулска орбитала.

Grignard-ов реагенс : органомагнезиум халид, RMgX.

Д

D шеќер : шеќер чија хидроксилна група на хиралниот центар најдалеку од карбонилната група во Fischer-овата проекција е на десната страна.

d, l форма : рацемска модификација на соединението.

Двојна спирала : структура на DNA во која полинуклеотидните ленти спирално се спојуваат.

Деактивирачка група : електрон акцепторен супституент кој ја намалува реактивноста на ароматичниот прстен кон електрофилна ароматична супституција.

Debye, D : единица за мерење диполен момент; 1 D = 3,336 x 10-30 coulomb meter (C m).

Декарбоксилирање : губење на јаглерод двооксид од молекулата. β-Кето киселините при загревање лесно се декарбоксилираат.

Делокализација : распространување на електронската густина вдолж конјугираниот π електронскиот систем. На пример, алил катјоните и алил анјоните се делокализирани, бидејќи нивниот полнеж е разлеан низ целиот π електронски систем.

Деутериумски изотопен ефект : начин за испитување на механизми за констатирање дали C-H врската се раскинува во лимитациониот чекор на реакцијата.

Дехидратација : губење вода од алкохол. Алкохолите можат да се дехидратираат и притоа даваат алкени.

Дехидрохалогенирање: губење на HX од алкил халид. Алкил халидите при третман со јаки бази подлежат на дехидрохалогенирање, при што се добиваат алкени.

Диазониумова сол : соединение со општа структура RN2+ X- .

Диазотирање: претворање на примарен амин, RNH2, во диазониумов јон RN2 + , при треатман со азотеста киселина.

1,3-Диаксијална интеракција:енергија на напрегање од стерни интеракции помеѓу аксијални групи раздвоени со три јаглероди во столица циклохексанот.

Диелектрична поларизација : мерка за способноста на растворувачот како изолатор на електричен полнеж.

Диенофил : соединение кое содржи двојна врска со која учествува во Diels-Alder-овата циклоадициона реакција. Повеќето од реактивните диенофили имаат електрон акцепторни групи сврзани за двојната врска.

Дијастереомери: неогледален стереоизомеризам; дијастереомерите имаат иста конфигурација на еден или повеќе хирални центри, но различна на другите хирални центри.

Дијастереотопни: два водороди во молекулата чија замена со некоја друга група води до различни дијастереомери.

Диполарна молекула: молекула која во целост е неутрална, но на индивидуалните атоми има плус и минус полнежи.

Диполен момент, µ : мерка за севкупната поларност на молекулата. Диполен момент се појавува кога центрите на маса на позитивните и негативните полнежи во молекулата не се совпаѓаат.

Дисоцијациона енергија на врската, D : количество енергија потребно за хомолитичко раскинување на врската и формирање на два радикал фрагменти.

Дисротаторно : израз кој укажува дека p орбиталите во текот на електроцикличното отворање или затворање на прстенот ротираат во спротивна насока.

Дисулфид: соединение со општа структура RSSR’. DNA (види Деоксирибонуклеинска киселина;

Должина на врската : рамнотежно растојание помеѓу јадрата на два атоми кои се сврзани еден со друг.

Е

Е геометрија: израз кој се употребува за опис на стереохемијата на јаглерод-јаглерод двојната врска. На двете групи сврзани за секој јаглерод се одредува приоритетот според ChanIngold-Prelog секвенционите правила и двата јаглероди се споредуваат. Ако групите со највисок приоритет при секој атом се наоѓаат на спротивната страна од двојната врска, врската има Е геометрија.

Е1 реакција : мономолекуларна елиминациона реакција.

Е2 реакција: бимолекуларна елиминациона реакција.

Егзергона : реакција која има негативна промена на слободната енергија и затоа е спонтана. Во реакциониот енергетски дијаграм продуктот на егзергоната реакција има пониска енергија отколку реактантите.

Егзо : израз кој укажува на стереохемијата на супституентите во мостовен бициклоалкан.

Егзо супституент е анти кон поголемиот од двата моста.

Егзотермна: реакција која ослободува топлина и затоа има негативна промена на енталпијата.

Екваторијална врска: врска во циклохексанот која лежи вдолж екваторот на прстенот.

Еклипсна конформација: геометриски распоред околу јаглерод-јаглерод единечната врска во кој врските на супституентите од едниот јаглерод се паралелни со врските на супституентите од соседниот јаглерод гледани во Newman-ова проекција.

Еклипсно (торзионо) напрегање: енергија на напрегање во молекулата предизвикана од електронското одбивање помеѓу еклипсните врски.

Еластомер: аморфен полимер кој има способност откако е истегнат да се врати во првобитниот облик.

Електромагнетен спектар: опсег на електромагнетно енергско зрачење кое вклучува инфрацрвена, ултравиолетова и видлива радијација.

Електронегативност: способност на атомот да привлекува електрони од ковалентната врска. Во периодниот систем електронегативноста се зголемува од лево на десно и од долу нагоре.

Електронска конфигурација : состојба на орбитали пополнети со електрони на даден атом.

Електрон-точка структура: приказ на молекулата во кој валентните електрони се прикажани со точки.

Електрон-транспорт процес: крајна етапа на катаболизмот во која се продуцира ATP.

Електрофил : „сака електрони” или супстанца која привлекува електронски пар од нуклеофил при формирање на врски во поларни реакции.

Електрофилна адициона реакција : адиција на електрофил врз алкен при што се добива заситен продукт.

Електрофилна ароматична супституција : реакција во која електрофилот (Е+ ) реагира со ароматичен прстен при што се супституира (заменува) еден водороден атом од прстенот.

Електроциклична реакција : мономолекуларна перициклична реакција во која формирањето или раскинувањето на прстенот тече со усогласено реорганизирање на електроните преку циклична преодна состојба. Циклизацијата на хекса-1,3,5-триен до циклохекса-1,3-диен е електроциклична реакција.

Елиминациона реакција : е таа кога еден реактант се раздвојува на два продукти.

Елуирање: отстранување на супстанца од хроматографска колона..

Енамин : соединение со R2N-CR=CR2 функционална група.

Енантиомери : стереоизомери на хирална супстанца кои имаат огледална релација. Енантиомерите мора да имаат спротивна конфигурација на сите хирални центри.

Енантиотопен : водород во молекулата чија замена со други групи води до различни енантиомери.

Ендергона : реакција со позитивна промена на слободната енергија и затоа не е спонтана. Во енергетскиот реакционен дијаграм продуктот од ендергона реакција има повисока енергија отколку реактантите.

Ендо : израз кој укажува на стереохемијата на супституентите во мостовен бициклоалкан. Ендо супституент е syn кон поголемиот од двата моста.

Ендотермна : реакција која апсорбира топлина и затоа има позитивна промена на енталпијата.

Ензим : биолошки катализатор. Ензимите се големи протеини кои катализираат специфични биохемиски реакции.

Енол : винил алкохол кој е во рамнотежа со карбонилно соединение.

Енолатен јон : анјон на енол.

Епоксид : тричлен прстен со етерска функционална група.

Есенцијални масла :испарливи масла добиени од растителни екстракти со дестилација со водена пареа.

Естер : соединение кое што содржи –CO2R функционална група.

Естроген : женски стероиден полов хормон.

Етер : соединение кое содржи два органски супституенти сврзани за ист кислороден атом, ROR’.

З

Z геометрија : израз употребен за опис на стереохемијата на јаглерод-јаглерод двојната врска. На двете групи при секој јаглерод им се одредува приоритетот според Chan-Ingold-Prelog секвенционите правила и двата јаглероди се споредуваат. Ако групите со највисок приоритет од секој јаглерод се на иста страна на двојната врска, тогаш врската има Z геометрија.

Зајцево правило : правило според кое Е2 елиминациона реакција како главен продукт дава повеќе супституиран алкен.

Заситена : молекула која има само единечни врски и која не стапува во адициони реакции. Алканите се заситени, но алкените се незаситени.

Заштитна група : група која се воведува за заштита на чувствителна функционална група во молекулата при реакција врз друг дел од молекулата. По завршување на заштитната функција, таа се отстранува.

Ziegler-Natta-ов катализатор : катализатори со алкилалуминум и титан соединенија кои се употребуваат за добивање на алкен полимери.

И

Изоелектрична точка, pI : pH при која бројот на позитивни полнежи и бројот на негативни полнежи во протеините или амино киселините е ист.

Изомери :соединенија кои имаат иста молекулска формула, но различна структура.

Изопренско правило : забележано кај терпеноидите, според кое тие се составени од изопренски (2-метилбута-1,3-диен) единици сврзани “глава-со-опашка”.

Изотактен : полимер со верижно растење во кој супституентите се рамномерно ориентирани од иста страна на скелетот.

Изотопи : атоми од ист елемент кои имаат различен масен број.

Илид : неутрална диполарна молекула со позитивен и негативен полнеж на сврзани атоми. Фосфораните во Wittig-овата реакција се илиди.

Имид : соединение со –CONHCO функционална група.

Имин : соединение со R2C=NR функционална група.

Индуктивен ефект: ефект на одбивање или привлекување на електрони кој се пренесува преку σ врските. Електронегативните елементи имаат електрон акцепторен ефект.

Иницијатор : супстанца со врска која лесно се кине и се користи за иницирање на радикални верижни реакции. На пример, радикалското хлорирање на алкани е иницирано кога слабата врска Cl-Cl се кине под дејство на светлосна енергија и дава Cl радикали.

Интермедијар :честичка која се формира во текот на повеќестепена реакција, но таа не е краен продукт. Интермедијарите се постабилни отколку преодната состојба; интермедијарите во некои случаи можат да бидат доволно стабилни за да бидат изолирани.

Интрамолекуларна, интермолекуларна : реакции кои се одвиваат во иста молекула се интрамолекуларни, а реакции кои се одвиваат помеѓу две молекули се интермолекуларни.

Истисната група : група која во супституционите реакции се заменува со истиснување.

IUPAC систем на номенклатура: правила за именување на соединенија, препорачани од International Union of Pure and Applied Chemistry.

Ј

Јаглеводород : соединение кое е составено само од јаглерод и водород.

Јаглехидрат : полихидрокси алдехид или кетон. Јаглехидратите можат да бидат едноставни шеќери (глукоза) или комплексни шеќери (целулоза).

Јазловна рамнина : површина помеѓу орбиталите со нула електронска густина. На пример, кај π орбиталата јазловната рамнина минува низ центарот на јадрото, нормална на оската на орбиталата.

Јачина на врската : алтернативно име за дисоцијациона енергија на врската.

Јонски пар : лабав комплекс помеѓу два јони во раствор. Јонските парови се присутни како интермедијари во SN1 реакциите и се одговорни за делумно сочувување на набљудуваната стереохемија.

К

Када циклохексан : конформација на циклохексан која наликува на када или чамец. Када циклохексанот нема агловно напрегање, но има голем број еклипсни интеракции кои го прават помалку стабилен отколку конформацијата на столица циклохексан..

Калемен кополимер : кополимер во кој хомополимерните гранки од една мономерна единица се „калемени” на хомополимерната низа на друга мономерна единица.

Карбанјон : јаглероден анјон или супстанца која содржи тривалентен, негативно наелектризиран јаглероден атом (R3C: - ). Карбанјоните се sp3 хибридизирани и имаат осум електрони во надворешниот слој на негативно наелектризираниот јаглерод.

Карбен : неутрална супстанца која содржи двовалентен јаглероден атом кој во надворешниот слој содржи само шест електрони (R2C:).

Карбиноламин : молекула која содржи R2C(OH)NH2 функционална група. Карбиноламините се добиваат како интермедијари во текот на нуклеофилната адиција на амини врз карбонилни соединенија.

Карбокатјон : јаглероден катјон или супстанца која содржи тривалентен, позитивно наелектризиран јаглероден атом кој во надворешниот слој има шест електрони (R3C+ ).

Карбоксилини киселини : соединение кое содржи –CO2H функционална група.

Карбоксилирање : адиција на CO2 врз молекула.

Карбонилна група : C=O функционална група.

Карбонилна кондензациона реакција : реакција која ги сврзува заедно две карбонилни соединенија преку комбиниарна α-супституциона и нуклеофилна адициона реакција.

Карбоциклични : циклични молекули кои во прстеност содржат само јаглеродни атоми.

Катаболизам : група на метаболички патишта преку кои поголема молекула се разложува во помала.

Cannizzaro-ва реакција : реакција на диспропорционирање на алдехид која при третман со база дава алкохол и карбоксилна киселина.

Chan-Ingold-Prelog секвенциони правила: серија правила за означување на релативните приоритети на супституентите (групите) сврзани за јаглеродот од двојната врска или за хирален центар.

Kekulé-ови структури : метод за прикажување на молекули во кои линијата помеѓу атомите претставува врска.

Кето-енолна тавтомерија : брза рамнотежа помеѓу карбонилната форма и винилната алкохолна форма на молекулата.

Кетоза : јаглехидрат со кетонска функционална група.

Кетон :соединение со два органски супституенти сврзани за карбонилна група, R2C=O.

Kiliani-Fischer-ова синтеза : метод за зголемување на низата на алдозните шеќери.

Кинетика : се однесува на брзината на реакциите. Кинетичките мерења се користат за одредување на механизмите на реакциите.

Кинетичка контрола : за реакција која се одвива со најниска активациона енергија се вели дека е кинетички контролирана. Продуктот најбрзо се формира, но не е неопходно да биде најстабилен.

Ковалентна врска : врска формирана со споделување на електрони помеѓу атоми.

Коензим : мала органска молекула која дејствува како кофактор.

Кондензирани структури : скратен начин за пишување на структури во кои јаглеродводород и јаглерод-јаглерод врските се подразбираат и експлицитно не се пи[уваат. Пропанот, на пример, има кондензациона структура CH3CH2CH2CH3.

Конјугација : серија од п орбитали кои се преклопуваат, најчесто при наизменични единечни и повеќекратни врски. На пример, 1,3-бутадиенот е конјугиран диен, 3-бутен-2-он е конјугиран енон и бензенот е цикличен конјугиран триен.

Конјугирана адиција : адиција на нуклеофил врз β јаглероден атом на α,β-незаситено карбонилно соединение.

Конјугирана база : анјон кој е резултат од депротонирање на Brønsted-Lowry-ева киселина.

Конјугирана киселина : продукт кој е резултат од протонирање на Brønsted-Lowry-ева база.

Конротаторно : израз кој укажува дека п орбиталите во текот на електроциклично отворање или затворање на прстенот мора да ротираат во иста насока.

Константа на киселост, Ка : мерка за јачината на киселините.

Конституционални изомери : изомери во кои нивните атоми се поврзани по различен редослед. На пример, бутан и 2-метилпропан се конституционални изомери.

Конфигурација : тридимензионален распоред на атомите сврзани за хирален центар.

Конформација : тридимензионален облик на молекулата во даден момент, сметајќи дека ротацијата околу единечните врски е замрзната.

Конформациона анализа : начин на оценување на енергијата на супституиран циклоалкан со сумирање на стерните интеракции присутни во молекулата.

Конформер : конформационен изомер.

Cope-ово преместување : сигматропно преместување на хекса-1,5-диен.

Кополимер : полимер добиен кога два или повеќе различни мономери заедно стапуваат во полимеризација.

Кофактор : мал непротеински дел од ензимот кој е неопходен за биолошката активност.

Крекирање : процес при рафинирањето на суровата нафта во кој големите алкани термички се раскинуваат во помали фрагменти.

Л

Леворотаторна : оптички активна супстанца која ја ротира рамнината на поларизираната светлина во лева насока (во насока спротивна на движењето на стрелките на часоникот).

Lewis-ова база : супстанца која донира електронски пар на киселина. Сите нуклеофили се Lewis-ови бази.

Lewis-ова киселина : супстанца со слободна ниско енергетска орбитала која прима електронски пар од база. Сите електрофили се Lewisови киселини.

Lewis-ова структура : приказ на молекулата во кој валентните електрони се прикажани со точки.

Лимитационен чекор : најспор чекор во секвенца на повеќестепени реакции. Лимитациониот чекор во повеќестепени реакции дејствува како тесно грло.

Lindlar-ов катализатор : катализатор за хидрогенирање на алкини во цис алкени.

LUMO : кратенка за најниско непополнета молекулска орбитала. Симетријата на LUMO и HOMO се особено важни во одредување на стереохемијата на перицикличните реакции.

М

Малониски естер: синтеза на карбоксилни киселини преку алкилирање на алкил халид, проследено со хидролиза и декарбоксилирање.

Марковниково правило : водич за одредување на региохемијата (ориентацијата) при електрофилните адициони реакции. При адиција на HX врз алкен, водородниот атом се сврзува за алкенскиот јаглерод кој има повеќе алкил супституенти.

Масeнa спектрометрија : техника за мерење на масата, а според тоа и за мерење на молекулската маса (MM) на јоните.

Масна киселина : карбоксилна киселина со долга права низа најдена во мастите и маслата.

Маст : цврст триацилглицерол дериват од животинско потекло.

Мезо соединение : соединение кое содржи хирални центри, но покрај тоа е ахирално заради постоење на рамнина на симетрија.

Meisenheimer-ов комплекс :интермедијар формиран при адиција на нуклеофил врз хало супституиран ароматичен прстен.

Меркапто група : алтернативно име за тиол група, -SH.

Мета: префикс на името кој се употребува за 1,3-дисупституирани бензени.

Метаболизам : збирно име за многу реакции кои се одвиваат во клетките на живите организми.

Метиленскa група : -CH2- или =CH2 група.

Механизам : целосен опис како се одвива една реакција. Механизмот мора да ги вклучува сите појдовни материјали и сите продукти и мора да ги опише деталите на секој поодделен чекор во севкупниот реакционен процес

Мицела : сферен клaстер од сапунски молекули кои во водени раствори градат агрегати. Јонската глава на молекулата лежи во надворешниот дел каде таа се солватира од водата, а органските опашки во сноп се насочени кон внатрешноста на мицелата.

Michael-ова реакција : конјугирана адициона реакција на енолатен јон врз незаситено карбонилно соединение.

Моларна апсорптивност : квантитативна мерка за UV светлината апсорбирана од примерокот.

Молекула : неутрална група на атоми кои се држат заедно со ковалентни врски.

Молекуларен јон : катјон продуциран во мас спектрометарот при губење електрон од почетната молекула. Масата на молекуларниот јон соодветствува на молекулската маса на примерокот.

Молекулска механика : компјутерски метод за пресметување на конформацијата на молекулата која има минимална енергија

Молекулско орбитална (МО) теорија : опис на формирање на ковалентна врска како резултат на математичка комбинација од атомски орбитали (бранови функции) и формирање молекулски орбитали.

Молозонид : почетен адиционен продукт на озон со алкен.

Мономер : едноставна почетна единица од која е направен полимерот.

Мономолекуларна реакција : реакција која се одвива со спонтана трансформација на почетниот материјал без интервенција на други реактанти. На пример дисоцијацијата на терцијарните алкил халиди преку SN1 реакција е мономолекуларен процес.

Моносахарид : едноставен шеќер.

Монотерпен : десетјаглероден липид.

Мостовен атом : атом во полицикличните молекули кој припаѓа на повеќе од еден прстен.

Мутаротација : промена на оптичката ротација нубљудувана кога ист аномерен шеќер е растворен во вода. Мутаротацијата е предизвикана од повратното отворање и затворање на ацеталната врска кое води до рамнотежна смеса од аномери.

Н

Најлон : синтетички полиамид, полимер со степенесто растење.

Незаситена : молекула кој има една или повеќе повеќекратни врски.

Newman-ова проекција : начин на прикажување на стереохемискиот однос помеѓу супституираните групи на соседни јаглероди. С-С врската се гледа од едниот крај, а јаглеродите се прикажуваат со круг. Врските кои излегуваат од центарот на кругот се сврзани за предниот јаглерод, а врските кои излегуваат од линијата на кругот се сврзани за задниот јаглерод.

Несврзувачки електрони : валентни електрони кои не се употребени за формирање на ковалентни врски.

Нитрил : соединение кое содржи C≡N функционална група.

Нормален алкан : алкан со права низа, спротивно на разгранет алкан. Нормалните алкани се одбележуваат со суфиксот n, како во n-C4H10 (nбутан).

Нуклеофил : “сака” јадра или честички кои донираат електронски пар или електрофил при реакции во кои се формираат поларни врски. Нуклеофилите исто така се и Lewis-ови бази.

Нуклеофилна адициона реакција : реакција во која нуклеофилот се адира врз електрофилната карбонил група на кетон или алдехид и се добива алкохол.

Нуклеофилна ароматична супституциона реакција : супституциона реакција на арил халид со нуклеофил.

Нуклеофилна ацил супституциона реакција : реакција во која нуклеофилот напаѓа карбонилно соединение и го зазема местото (ја супституира) истиснатата група сврзана за карбонилниот јаглерод.

Нуклеофилна супституциона реакција : реакција во која еден нуклеофил заменува друг сврзан за заситен јаглероден атом.

Нуклеофилност : спoсобност на супстанцата да напаѓа како нуклеофил во SN2 реакција.

О

Озонид : продукт формиран при адиција на озон врз јаглерод-јаглерод двојна врска. Озонидите најчесто се третираат со редуцирачки агенс, како што е цинкво оцетна киселина, при што се добива карбо-нилно соединение.

Оксидација : реакција која предизвикува намалување на бројот на електрони кои припаѓаат на јаглеродот заради формирање на врска со поелектронегативен атом (најчесто кислород, азот или халоген) или заради раскинување на врска со помалку електронегативен атом (најчесто водород).

Оксим : соединение со R2C=NOH функционална група.

Оксимеркурирање : метод за хидратација на двојна врска применувајќи меркури ацетат како реагенс.

Оксиран : алтернативно име за епоксид.

Олефин : алтернативно име за алкен.

Оптичка активност : супстанца која што ја ротира рамнината на поларизираната светлина.

Оптички изомери : алтернативно име за енантиомери. Оптички изомери се изомери кои се однесуваат како предмет и огледална слика.

Орбитала : бранова функција која го опишува волуменот на просторот околу јадрото во кој електронот мора да се најде.

Органска хемија : изучување на соединенијата на јаглеродот.

Орто-: префикс на името кој се употребува за 1,2-дисупституирани бензени.

Основна состојба : најстабилна, енергетски најниска електронска конфигурација на молекула или атом.

П

Пара- : префикс на името кој се употребува за 1,4-дисупституирани бензени.

Парафин : вообичаено име за алкани. .

Перокси киселина : соединение со –CO3H функционална група.

Пероксид : молекула која има функционална група со кислород-кислород врска, ROOR’ или ROOH.

Пи (π) врска : ковалентна врска формирана со бочно преклопување на атомски орбитали. На пример, јаглерод-јаглерод двојната врска содржи π врска формирана со бочно преклопување на две π орбитали. .

Пластификатор : мала органска молекула која им се додава на полимерите и дејствува како лубрикант помеѓу полимерните низи. .

Покриен : ефект набљудуван кај NMR кој предизвикува јадрата да апсорбираат десно (посилно поле) во спектарот. Покривањето е предизвикано од донирање на електронска густина над јадрата.

Поларен апротичен растворувач : поларен растворувач кој не е донор на водороден јон. Поларните апротични растворувачи како диметил сулфоксид (DMSO), хексаметилфосфорамид (HMPA) и диметилформамид (DMF) се особено корисни во SN2 реакциите заради нивната способност да солватираат катјони.

Поларизабилност : мера за промена на распределбата на електроните во молекулата, како одговор на промена на електричните интеракции со растворувачот или јонскиот реагенс.

Поларна ковалентна врска : ковалентна врска во која електронската распределба помеѓу атомите е несиметрична.

Поларна реакција : реакција во која врски се градат кога нуклеофил донира два електрони на електрофилот и реакција при која врски се кинат кога еден фрагмент заминува со двата електрони од врската.

Поларност : несиметрична распределба на електрони во молекулата кое е резултат на тоа што еден атом посилно ги привлекува електроните отколку другиот.

Полимер : голема молекула направена со повторување на мали единици. На пример, полиетиленот е синтетички полимер направен од повторување на етиленски единици; DNA е биополимер направен од повторување на деоксири-бонуклеотидни единици

Полимер со степенесто растење : полимер чии врски се формираат независно една од друга. На пример, полиестери и полиамиди (најлони)

Полимери со верижно растење : полимери чии врски се формираат преку верижни реакции. На пример, полиетилен и другите алкен полимери.

Полинезаситени масни киселини, PUFA : масни киселини кои имаат две или повеќе двојни врски.

Полициклични : соединенија кои содржат повеќе од еден прстен.

Полициклични ароматични соединенија : соединенија со два или повеќе ароматични прстени од бензенски тип фузирани заедно.

Полуацетал (хемиацетал) : функционална група која содржи една -OR и една -OH група сврзани за ист јаглерод.

Превртување на прстенот : движење со кое столица конформацијата на циклохексанот поминува во друга столица конформација, при што аксијалните супституенти поминуваат во екваторијални супституенти.

Пропагационен чекор : чекорот од серија чекори во радикалските верижни реакции кој ја движи низата. Пропагационите чекори може да дадат продукт и реактивен интермедијар.

pro-R : еден од два идентични атоми во соединението чија замена води до R хирален центар.

pro-S : еден од два идентични атоми во соединението чија што замена води до S хирален центар.

Прохирален центар : атом во соединението кој може да биде преведен во хирален центар со промена на еден од супституентите сврзани за него.

Прохирална : молекула која може да биде преведена од ахирална во хирална со еден хемиски чекор.

Р

R група : општа кратенка за дел од органска структура.

R, S означување : метод за дефинирање на апсолутната конфигурација на хирални центри применувајќи ги Chan-Ingold-Prelog секвенционите правила.

Радикал : честичка која има непарен број електрони, каков што е хлор радикалот, Cl .

Радикалска реакција : реакција во која врските се прават со донирање еден електрон од секој од двата реактанти или рекција во која врската се кине и секој фрагмент заминува со по еден електрон.

Рамнина на поларизирана светлина : светлина во која електромагнетниот бран осцилира во една рамнина, а не во повеќе случајно ориентирани рамнини. Рамнината на поларизирана светлина ротира кога минува низ раствор на хирална супстанца.

Рамнина на симетрија : рамнина која ја сече молекулата така што едниот дел од молекулата е огледална слика на другиот дел. Молекулите кои имаат рамнина на симетрија се ахирални.

Рафинирање : процес со кој сировата нафта се преведува во бензини и други корисни продукти.

Рацемска смеса : смеса составена од еднакви делови (+) и (-) енантиомерни хирални супстанци. .

Реакции на преместување : се одвиваат кога еден реактант подлежи на реорганизирање на врските и атомите што води до изомерен продукт.

Реакционен енергетски дијаграм : приказ на текoт на реакцијата во кој слободната енергија се црта како функција од напредокот на реакцијата. Се прикажуваат реактантите, преодната состојба, интермедијарите и продуктите со соодветните енергетски нивои.

Региоспецифичност : опис на реакцијата која се одвива со специфична региохемија при што се добива еден продукт, а не смеса од продукти.

Региохемија : израз кој ја опишува ориентацијата на реакцијата која се одвива на несиметричен супстрат.

Редуктивно аминирање : метод за добивање на амин при реакција на алдехид или кетон со амонијак и редуцирачки агенс.

Редукција : реакција која предизвикува зголемување на електроните кои припаѓаат на јаглеродот или при раскинување на врска помеѓу јаглеродот и поелектронегативен атом или при формирање на врска помеѓу јаглеродот и помалку електронегативен атом.

Резолуција : процес со кој рацемската смеса се раздвојува на двата негови енантиомери.

Резонантен ефект : донирање или привлекување на електрони преку преклопување на орбиталите со соседните π врски. Така, кислороден или азотен супституент донира електрони на ароматичниот прстен со преклопување на O или N орбиталата со бензенските п орбитали

Резонантен хибрид : молекули, како што е бензенот, кои не можат адекватно да се прикажат со една Kekulé-ова структура мора да се сметаат како средина од две или повеќе резонантни структури. Резонантните структури се разликуваат помеѓу себе само по положбата на нивните електрони, а положбата на јадрата е иста.

Резонантна форма : индивидуална Lewis-ова структура од резонантниот хибрид.

Ретросинтеза: техника за планирање на органските синтези aнализирајќи наназад, од крајниот продукт кон стартните материјали.

Robinson-ова анулациона реакција : синтеза на циклохексенони со секвенцијална Michael-ова реакција и интрамолекуларна алдолна реакција.

Sandmeyer-ова реакција : нуклеофилна супституциона реакција на арендиазониум соли со бакар халид при што се добива арил халид.

С

Сапонификација : стар израз за базна хидролиза на естер при што се добива сол на карбоксилна киселина.

Свиткани врски : врски во мал прстен, како што е циклопропанот, кои се свиткани над линијата која ги поврзува јадрата и се преклопуваат под поголем агол отколку директните врски; тие се напрегнати и многу реактивни.

1,4’ Сврзување : ацетална врска помеѓу C1 -OH група на еден шеќер со C4 -OH групата на друг шеќер.

Сврзувачка МО : молекулска орбитала која има енергија пониска отколку енергијата на атомските орбитали од кои таа е формирана.

Секвенциони правила : серија правила за означување на релативниот приоритет на супституентите при јаглеродите од двојната врска и на хиралниот центар.

Syn перипланарно : опис на стереохемиска релација во која двете врски на поврзани јаглеродни атоми лежат во иста рамнина и се еклипсни.

Syn стереохемија : обратно од анти.

Syn адиционата реакција е таа во која двата краја од двојната врска реагираат од истата страна.

Syn елиминација е таа во која двете групи ја напуштаат молекулата од иста страна.

si лице : едно од двете лица на рамнината кај sp2 -хибридизиран атом.

Сигма (σ) врска : ковалентна врска формирана со челно преклопување на атомски орбитали.

Сигматропна реакција : перициклична реакција која вклучува миграција на група од едниот крај на π електронскиот систем кон другиот.

Симетриски дозволена и недозволена : симетриски дозволена реакција е перицикличен процес кој има поволна орбитална симетрија за реакција преку усогласен пат. Симетриски недозволена реакција е онаа која нема поволна орбитална симетрија за реакција со усогласен пат.

Simmons-Smith-ова реакција : реакција на алкен со CH2I2 Zn-Cu при што се добива циклопропан.

Синдиотактен : полимер со верижно растење во кој супституентите наизменично се сврзани од двете страни од скелетот.

Синтези во цврста фаза : техника на синтеза при која стартниот материјал е ковалентно сврзан за цврст полимерен носач и реакцијата се одвива на сврзан супстрат. Откако саканата трансформација е извршена, продуктите на реакцијата се раскинуваат од полимерот носач.

Скалеста конформација : тридимензионален распоред на атомите околу јаглерод-јаглерод единечната врска во кој врските на едниот јаглероден атом (кога се гледа од едниот кон другиот крај) ги сечат аглите помеѓу врските на вториот атом.

Скалеста конформација : конформација на бутан во која двете метил групи лежат за 60о раздвоено гледано во Newman-ова проекција. Конформацијата има 3,8 kJ/mol стерен напон.

Скалеста структура : начин на прикажување на стереохемијата со помош на цртички при што се добива перспективен поглед на конформацијата околу единечна врска.

Скелет : континуирана низа од атоми која се протега вдолж полимерот.

Скелетна структура : скратен начин на пишување структури во кои јаглеродните атоми се претпоставува дека се наоѓаат во пресекот на две линии (врски) и на крајот од секоја линија.

Слободен електронски пар : електронски пар од несврзувачкиот валентен слој; нуклеофилите го користат во нивните реакции со електрофили.

Слој (електронски) : група од електрони во атомот со ист главен квантен број.

SN1 реакција : мономолекуларна нуклеофилна супституциона реакција.

SN2 реакција : бимолекуларна нуклеофилна супституциона реакција.

Солватација : стабилизирање на растворената честичка од молекулите на растворувачот.

Сол-мост : јонско привлекување помеѓу спротивно наелектризирани групи во протеинската низа.

sp орбитала : хибридна орбитала изведена со комбинација на s и p атомски орбитали. Добиените две sp орбитали како резултат на хибридизацијата се меѓусебно ориентирани под агол од 180o .

sp2 орбитала : хибридна орбитала добиена со комбинација на s атомска орбитала со две p атомски орбитали. Се добиваат три sp2 хибридни орбитали кои меѓусебно се ориентирани под агол од 120o .

sp3 орбитала : хибридна орбитала добиена со комбинација на s атомска орбитала со три p атомски орбитали. Добиените четири sp3 хибридни орбитали се насочени кон врвовите на правилен тетраедар и меѓусебно се ориентирани под агол од 109o .

Специфична ротација, [α]D : оптичка ротација на хирални соединенија под стандардни услови.

Спин-спин цепење : цепење на NMR сигналот во мултиплет заради взаемнодејство помеѓу соседните магнетни јадра чии спинови се куплирани. Интензитетот на спин-спин цепењето се изразува преку константата на куплирање, Ј.

Степен на незаситеност : број на прстени и/или повеќекратни врски во молекулата.

Стереоизомери : изомери во кои нивните атоми се поврзани по ист редослед, но имаат различен тридимензионален распоред. Изразот стереоизомери ги вклучува и енантиомерите и дијастереомерите.

Стереоспецифичност : израз кој укажува дека при дадена реакција се добива само еден стереоизомер, а не смеса од стереоизомери.

Стереохемија : гранка на хемијата која го изучува тридимензионалниот распоред на атомите во молекулите.

Стерно напрегање (напон) : напон кој се појавува во молекулата кога две групи се премногу блиску и претендираат на ист простор. Стерниот напон е одговорен за поголемата стабилност на trans наспрема cis алкените и за поголемата стабилност на екваторијалните наспрема аксијалните супституирани циклохексани.

Стероид :липид чија структура е базирана на тетрацикличен јаглероден скелет со три 6-члени и еден 5-член прстен. Стероидите се застапени во растенијата и животните и имаат различни значајни хормонални функции.

Столица циклохексан : тридимензионална конформација на циклохексан која по контурите наликува на столица. Столица формата на циклохексан е конформација на молекулата со најниска енергија.

Странична низа : супституент сврзан за α-јаглероден атом во амино киселината.

Струја од прстенот : циркулација на π електроните индуцирани во ароматичен прстен од надворешно магнетно поле. Поради ова, ароматичните протони во 1H NMR спектарот се појавуваат во долното поле.

Структури со линии : приказ на молекулите во кој ковалентните врски се прикажани со линии помеѓу атомите.

Сулфид : соединение кое има два органски супституенти сврзани за ист сулфурен атом, RSR’.

Сулфоксид : соединение со општа структура RSOR’.

Сулфон : соединение со општа структура RSO2R’.

Супрафацијално : збор за опис на геометријата на перицикличните реакции. Супрафацијалните реакции се одвиваат од иста страна на двата краја од π електронскиот систем.

Супституциона реакција : која се одвива кога двата реактанти разменуваат делови и даваат два нови продукти. На пример SN1 и SN2 реакциите.

Сфингомиелин : фосфолипид кој како скелет имаат сфингозин или слични дихидроксиамин.

s-cis конформација : конформација на конјугиран диен која е како цис околу сигма врската.

Schiff-ова база : алтернативно име за имин, R2C=NR’, применлива претежно во биохемијата.

Т

Тавтомери : изомери кои брзо поминуваат еден во друг.

Теорија на валентни врски : теорија за сврзување според која ковалентната врска е резултат на преклопување на две атомски орбитали.

Термички смоли : полимер кој при загревање екстремно се вмрежува и станува цврста, тврда и нерастворлива маса.

Термодинамичка контрола : за рамнотежна реакција чии продукти имаат најниска енергија и се најстабилни се вели дека е термодинамички контролирана.

Термопластичен : полимер кој има висока Tg, а според тоа е тврд на собна температура, но при загревање станува мек и вискозен.

Терпеноид :липид формално изведен со „глава-со-опашка“ полимеризација на изопренски едници.

Терцијарен (види Примарен) Терцијарна структура : ниво на протеинска структура која вклучува начин на кој дадена протеинска низа е свиткана во специфичен тридимензионален облик.

Тиоестер : соединение кое има RCOSR’ функционална група.

Тиол : соединение кое содржи -SH функционална група.

Тиолатен јон : анјон од тиол, RS- .

TMS : Тетраметилсилан, се употребува во NMR како калибрационен стандард.

Tollens-ов реагенс : раствор од Ag2O во воден амонијак; се употребува за оксидација на алдехиди до карбоксилни киселини.

Топлина на хидрогенирање : количество топлина ослободено кога јаглерод-јаглерод двојната врска се хидрогенира.

Торзионен (еклипсен) напон : напон во молекулата предизвикан од одбивање помеѓу електро-ните кај еклипсни врски.

Тосилат : p-толуенсулфонат естер.

Трансаминирање : размена на амино и кето група помеѓу реактантите.

У

Уретан : функционална група во која карбонил групата е сврзана и за -OR група и за група –NR2.

Усогласена : реакција која се одвива во еден чекор без интермедијар. На пример, усогласен процес е Diels-Alder-овата циклоадициона реакција.

Усукана када конформација : конформација на циклохексан која е нешто постабилна отколку чиста када конформација.

Ф

Фенил : име за -C6H5 единица кога бензенскиот прстен се смета како супституент. Скратено фенил групата се означува како -Ph.

Фенол : соединение со група -OH директно сврзана за ароматичен прстен, ArOH.

Fischer-ова естерификација : кисело катализирана реакција помеѓу алкохол и карбоксилна киселина при што се добива естер.

Fischer-ова проекција : начин на прикажување на апсолутната конфигурација на хирална молекула во една рамнина. Во Fischer-овата проекција хиралниот центар се прикажува со крст. Хоризонтано се прикажуваат врските вон рамнината, а вертикално се прикажуваат врските кои се во рамнината на хартијата и кои го формираат скелетот на молекулата.

Формален полнеж : разлика во бројот на електрони кои припаѓаат на атомот во молекулата и истиот атом во неговата елементална состојба.

Формил група : -CHO група.

Фосфолипид : липид кој што содржи фосфатен остаток. На пример, глицерофосфолипидите содржат глицеролен скелет за кој се сврзани две масни киселини и фосфорна киселина.

Фосфорна киселина, анхидрид : супстанца која осдржи PO2PO врска, аналогна на врската CO2CO кај анхидридите на карбоксилните киселини.

Фотохемиска реакција : реакција која се одвива при озрачување на реактантите со светлина.

Friedel-Crafts-ова реакција : електрофилна ароматична супституциона реакција за алкилирање или ацилирање на ароматчен прстен.

Функционална група: атом или група од атоми која се дел од поголема молекула и има карактеристична хемиска реактивиност.

Фураноза : петчлена прстенеста форма на едноставен шеќер.

Х

Халиди на киселини : функционална група со ацил група сврзана за халоген атом , RCOX.

Халониум јон : честичка која содржи позитивно наелектризиран дивалентен халоген. Тричлените прстени бромониум јони учествуваат како интермедијари во електрофилната адиција на Br2 врз алкени.

Халоформна реакција : реакција на метил кетон со халоген при што се добива халоформ (CHX3) и карбоксилна киселина.

Халохидрин : 1,2-дисупституиран халоалкохол, како што е тој добиен при адиција на HOBr врз алкен.

Hammond-ов постулат : постулат според кој може да се претпостави како изгледа дадена преодна состојба според изгледот на структурата на најблиската стабилна честичка. Егзергоните реакции имаат преодна состојба на разместен реактант; ендергоните реакции имаат преодна состојба на разместен продукт.

Hell-Volhard-Zelinskii (HVZ) реакција : реакција на карбоксилна киселина со Br2 и фосфор која дава α-бромо карбоксилна киселина.

Хемиско поместување : положба на NMR сигналот кој е резултат на нуклеарна апсорпција. По договор, хемиското помесутвање на тетраметилсилан (TMS) се смета за нула, а сите други апсорпции најчесто се јавуваат во послабо поле (лево на графиконотт). Хемиското поместување се изразува во делта единици, δ, каде 1 δ е еднаква на 1 ppm од работната фреквенција на спектрометерот.

Henderson-Hasselbalch-ова равенка : равенка за одредување на степенот на депротонирање на слаби киселини при различни pH вредности.

Хетерогена врска, формирање : се одвива кога при формирањето на нова врска еден реакционен партнер донира два електрони. При поларните реакции секогаш се формира хетерогена врска:

A+ + B: - → A :B

Хетеролитичко раскинување на врска : тип на раскинување на врска кој се одвива при поларни реакции кога еден фрагмент заминува со двата сврзувачки електрони, како во равенката

A :B → A+ + B: -

Хетеропрстени : циклични молекули кои содржат повеќе од еден тип атом. На пример, пиридинот е хетероциклична молекула која во прстенот содржи пет јаглеродни атоми и еден азотен атом.

Hückel-ово правило : правило според кое моноциклични конјугирани молекули со (4n+2) π електрони (n = цел број) се ароматични.

Хибридна орбитала : орбитала изведена со комбинација на атомски орбитали. Хибридните орбитали, како sp3 , sp2 и sp кај јаглеродот, се точно насочени и формираат појаки врски отколку другите атомски орбитали.

Хидратација : додавање (адиција) на вода врз молекула, како што се случува кога алкен е третиран со водена сулфурна киселина при што се добива алкохол.

Хидридно поместување : премин на водород и неговиот електронски пар кон соседниот катјонски центар.

Хидроборирање : адиција на боран (BH3) или алкилборан врз алкен. Добиените триалкил-боран продукти се корисни како интермедијари во синтезите кои можат да се оксидираат и да дадат алкохоли.

Хидрогенирање : адиција на водород врз двојна или тројна врска при што се добива заситен продукт.

Хидрогенолиза : раскинување на врска при реакција со водород. Бензил етерите и естерите, на пример, се раскинуваат со хидрогенолиза.

Хидроксилирање : адиција на две -OH групи врз двојна врска.

Хидрофил : „сака” вода; привлекуван од вода.

Хидрофоб : “не сака” вода; одбиван од вода.

Хидрохинон : 1,4-дихидроксибензен.

Хинон : циклохекса-2,5-диен-1,4-дион.

Хиперконјугација : интеракција која е резултат на преклопување помеѓу слободна p орбитала на еден атом и соседната C-H σ врска. Хиперконјугацијата е важна за стабилизирањето на карбокатјоните и за стабилизирањето на супституираните алкени.

Хирален центар : атом (најчесто јаглерод) кој е сврзан за четири различни групи.

Хиралност : како раката. Хирални молекули се тие кои немаат рамнина на симетрија и затоа не можат да се преклопат со нивната огледална слика. Хиралните молекули постојат во две форми: едната како десната, а другата како левата рака. Најчеста причина за хиралност на молекулата е присуство на јаглероден атом сврзан за четири различни супституенти.

Хлорохидрин : 1,2-дисупституиран хлороалкохол; добиен при адиција на HOCl врз алкен.

Холоензим : комбинација на апоензим плус кофактор.

HOMO : кратенка за највисоко пополнета молекулска орбитала. Симетријата на HOMO и LUMO е важна во перицикличните реакции.

Хомогено формирање на врска : кое се одвива при радикалните реакции кога еден реактант дава еден електрон во новата врска: A + B → A :B

Хомолитичко раскинување на врска : тип на раскинување на врска кое се одвива при радикални реакции кога секој фрагмент остава еден електрон: A :B → A + B

Хомополимер : полимер составен од идентични единици кои се повторуваат.

Хомотопни : водородни атоми кои при замена со X даваат идентична структура, а со тоа покажуваат идентична NMR апсорпција.

Хормони : хемиски супстанци кои се лачат од ендокрините жлезди и преку крвта се разнесуваат до соодветните ткива.

Hofmann-ова елиминација : елиминациона реакција на амин со јодометан, проследено со загревање со Ag2O при што се добива алкен.

Hofmann-ово пресметување : конверзија на амид во амин при реакција со Br2 и база.

Хроматографија : техника за раздвојување на смеса од соединенија во чисти соединенија. Различните соединенија се атсорбираат на стационарната фаза и потоа се движат низ неа со различна брзина со помош на мобилната фаза.

Hund-ово правило : ако две или повеќе празни орбитали се со иста енергија, тогаш прво се пополнуваат сите со по еден електрон со паралелен спин.

Ц

Цвитерјон (бетаин) : неутрална диполарна молекула во која позитивните и негативните полнежи не се наоѓаат на меѓусебно поврзани атоми. На пример, амино киселините се цвитерјони H3N+ -CHR-CO2 - .

Цијанохидрин : соединение кое содржи -OH група и -CN група сврзани за ист јаглероден атом; се формира при адиција на HCN врз алдехид или кетон.

Циклоадициона реакција : перициклична реакција во која два реактанти се сврзуваат заедно во еден чекор и даваат цикличен продукт. На пример, Diels-Alder-Алдер-овата реакција помеѓу диен и диенофил, при што се добива цикло-хексен.

Циклоалкан : алкан кој содржи прстен од јаглероди.

Циклус на лимонска киселина : метаболички пат во кој ацетил CoA се разложува до CO2.

Циклус на трикарбонски киселини : алтернативно име за циклусот на лимонската киселина со кој ацетил CoA се разложува до CO2.

Cis-trans изомери : Стереоизомери кои се разликуваат по нивната стереохемија околу двојната врска или прстенот.

донирај

Генерален спонзор

генерален спонзор

Пријатели на науката

спонзор
спонзор
спонзор

Хемија за сите

Можно ли е да имаме провидна кожа?

Тартразин, азо боја која ќе ги замени скапите медицински процедури


Коса, хемиjа на минивалот

Убаво е да ја знаете хемијата што стои позади фризерските мајстории


Тардигради

Микроскопски животни ни откриваат како да ја освоиме вселената и да се заштитиме од радијација


Ернест Радерфорд

„Tаткото на нуклеарната физика“ кој доби Нобелова награда за хемија


>>Види повеќе слични содржини!

Презентации и поимници

Презентации за основно образование

e hemija

Презентации за средно образование

hemija .ppt

Контактни информации:

e-hemija logo

Здружение за унапредување и развој на образованието и науката
„Е-ХЕМИЈА“ – Прилеп

Испрати порака:
e-hemija контакт

Е-Хемија на Facebook:
e-hemija facebook

Е-Хемија на Twitter:
e-hemija facebook

Пријатели на науката:

Здружение за унапредување и развој на образованието и науката „Е-ХЕМИЈА“ – Прилеп
Copyright © 2024 ehemija.mk

WebDesign www.nainternet.mk

e-hemija