
Секој телесен мирис е коктел од многу различни хемикалии, но неколку од нив се главни виновници за специфичните ароми. Еве некои од главните играчи.
Лош здив (халитоза)
Во повеќето случаи, причината за лошиот здив (или халитозата) е активноста на бактериите во устата. Овие бактерии создаваат отпадни продукти, а токму тие хемиски соединенија придонесуваат за халитозата.
Најголеми виновници се испарливите сулфурни соединенија (VSC):
-min.jpeg)
-min.png)
-min.png)
На ниски концентрации, овие соединенија не се детектирани од човечкиот нос, но не треба многу за да станат забележливи. На пример, прагот за детекција на сулфуроводород од човечкиот нос е само 0.00047 делови на милион (ppm).
Освен овие главни соединенија, постојат и помали количини на други, кои можат да бидат засилени од одредени пијалаци или храна:
-min.png)
-min.png)
Гасови (флатуленција-надуеност)
Органските соединенија што содржат сулфур повторно се виновни за мирисот на гасовите што се создаваат во дигестивниот систем. Главното соединение е сулфуроводород, проследено со метантиол и диметил сулфид.
Како научниците ги утврдиле овие соединенија? Освен гасна хроматографија, во една студија бил применет и еден... поконвенционален метод.
Во експериментот, 16 испитаници јаделе по 200 g грав, а потоа нивните „примероци“ биле собрани со ректална цевка. Но тоа не е сè! Овие цевки потоа биле предадени на две „судијки“, кои претходно ја докажале својата способност за препознавање на различните гасови со сулфур. Во студијата се наведува дека тие, држејќи ги цевките 3 cm од носот, полека го испуштале гасот, вдишувале неколку пати и го оценувале мирисот на скала од 1 (без мирис) до 8 (многу непријатен). Забавно работно место...
Една интересна опсервација од оваа студија е разликата меѓу машките и женските гасови. Иако примерокот е мал, истражувачите забележале дека жените испуштале значително повисока концентрација на сулфуроводород, а судијките го оцениле нивниот мирис како „значително полош“. Од друга страна, мажите произведувале поголема вкупна количина на гас по испуштање. Сега знаеме.
Мирис на „ ја мишките“
Под пазувите има околу еден милион бактерии по квадратен сантиметар, кои го разградуваат инаку безмирисниот пот во низа непријатни молекули.
Овој мирис вклучува два органски соединенија што не содржат сулфур:
3-метил-2-хексенска киселина – сметана за еден од главните виновници за „потниот“ мирис, кој е опишан како „козји мирис“.
3-хидрокси-3-метилхексанска киселина – придонесува за мирисот на кимион, т.е ким.
Сепак, соединението 3-метил-3-сулфанилхексан-1-ол, заедно со други сулфурни соединенија, создава мирис налик на кромид. Всушност, ова соединение постои во однос 75:25 на два енантиомери, од кои помалиот има понежен, „фруктозен“ мирис.
Кога ќе се натупаме со лук, кромид, кари… (богати со испарливи сулфурни соединенија), телото не може целосно да ги разгради. Тие завршуваат не само во здивот преку белите дробови, туку и во потта преку кожата. Затоа, кога мирисот „излегува одвнатре“, џабе капење и туширање.
Ако телото целосно ги разгради, тогаш тие мирисни молекули нема да стигнат до потта или здивот. Кога варењето и метаболизмот успеваат да ги разложат испарливите соединенија (на пр. сулфурните од лук и кромид) на неиспарливи, безмирисни метаболити, тие се излачуваат главно преку урината, а не преку потта или дишењето. Во тој случај нема карактеристичен „луков“ или „кари“ мирис на телото.
Но кај луѓето ова е индивидуално – зависи од генетски варијанти на ензими и некои цитохроми, кои одредуваат колку ефикасно се разградуваат таквите молекули. Затоа некој може да изеде два чешниња лук и да нема мирис, а друг и по 24 часа да „зрачи“.
Мирис на нозе
И тука потта има клучна улога – но не затоа што самата мириса, туку затоа што создава поволна средина за развој на бактерии. Всушност, некои од истите бактерии што создаваат мирис во сирењата се присутни и на човечките стапала!
Главни виновници за „сирестите“ стапала се:
-min.png)
Изовалеријанската киселина се создава од бактерии кои исто така се наоѓаат во некои силни сирења!
Интересно!
Францускиот иноватор Кристијан Поиншевал серија „Pilule Pet“ – апчиња кои ја претвораат миризбата на вашата флатуленција во пријатни ароми како чоколадо, роза, темјан или виолетови цветови, користејќи „100% природни“ состојки како активен јаглен, ким, алги, боровинки и какао зрна.
Формулирани се како диететски или хомеопатски таблети, не како медицински лекови.
-min.png)
WebDesign www.nainternet.mk