
Среброто никогаш не било обичен метал. Не затоа што сјае, туку затоа што „делува“ тивко, полека. Додека златото симболизира богатство, а железото сила, среброто со векови ја игра улогата на чувар – на водата, на храната, на телото. Многу пред човекот да слушне за бактерии, тој знаел едно: во сребрен сад, водата подолго останува свежа.
Денес, таа древна интуиција ја нарекуваме сребрена вода – колоиден систем во кој среброто постои како јони и наночестички. Но каде завршува науката, а каде почнува митот?
Што навистина е сребрената вода?
Од хемиски аспект, сребрената вода не е обичен раствор, туку колоид. Во неа се наоѓаат:

Овие честички се толку мали што не паѓаат на дното, туку остануваат „лебдечки“ во водата. Токму оваа колоидна состојба е причината за биолошката активност – и за забуните околу нејзината употреба.

Наносреброто го подобрува антибактериското дејство на разни антибиотици како што се пеницилин G, амоксицилин, еритромицин, клиндамицин и ванкомицин против Staphylococcus aureus и Escherichia coli.
Георг Бредиг и искрата што создаде колоид
На почетокот на XX век, германскиот физикохемичар Георг Бредиг (1868–1944), ученик на големиот Вилхелм Оствалд, поставил едно смело прашање: можат ли металите, во колоидна форма, да се однесуваат како ензими?
Георг Бредиг (стои позади, втор од лево) на Универзитетот во Лајпциг додека студирал кај Вилхелм Оствалд (стои позади десно), околу 1895–1896 година.
Во обид да го испита тоа, Бредиг го развил својот познат метод за добивање колоидни метали. Две електроди од чисто сребро се потопуваат во дестилирана вода, а меѓу нив се создава силна електрична искра. Во тој краток момент:
Резултатот е исклучително чист колоиден систем – без соли, без хемиски реагенси. Денес, методот на Бредиг се смета за класика во колоидната хемија, иако е практичен само во лабораториски услови.

Најчесто, во современ контекст, сребрената вода се добива со електролиза на чисто сребро во деминерализирана вода. При тоа:
Ag → Ag⁺ + e⁻
Дел од јоните повторно се редуцираат во наночестички. Се добива смеса што навистина има антимикробно дејство – но и потенцијал за злоупотреба ако се користи без контрола.

Постојат и чисто лабораториски методи (со хемиска редукција), но тие немаат место во домашна или народна употреба.
Зошто среброто делува против микроорганизми?
Среброто не „убива“ на еден начин. Тоа делува на повеќе нивоа:ги блокира ензимите на бактериите, ја оштетува клеточната мембрана, го нарушува метаболизмот, влијае врз ДНК. Токму затоа микроорганизмите тешко развиваат отпор. Но истата таа моќ, ако е неконтролирана, може да стане проблем и за човекот.
Зомби ефект на сребрената вода: мртвите бактерии убиваат повторно!

Замислете хорор сценарио: научниците користат сребрена вода за да уништат колонија од бактерии. Мислите дека работата е завршена? Воопшто не! Она што следува е научно-фантастичен пресврт кој ја открива застрашувачката ефикасност на среброто.
Откако сребрената вода ќе ги убие бактериите, нивните тела не се само „мртви остатоци“. Напротив! За време на смртта, овие бактерии апсорбирале значителни количества сребрени јони. Кога научниците внимателно ги одвоиле овие „сребрено-инфицирани“ мртви бактерии од првичниот раствор и ги изложиле на нова колонија живи бактерии, биле сведоци на вистински микроскопски масакр.99,99% од живите бактерии биле убиени!
Ова се случува затоа што мртвите бактерии, „наполнети“ со сребро, почнуваат да ги ослободуваат тие јони во новата средина. Овие ослободени сребрени јони потоа ги напаѓаат и убиваат живите бактерии, создавајќи еден вид каскаден ефект каде што мртвите „воскреснуваат“ како невидливи убијци.
Ова е доказ зошто среброто е толку моќен антимикробен агенс – неговото дејство не завршува со првичниот контакт, туку продолжува да дејствува како неуморна армија која не остава преживеани.
Среброто во црквата – симбол или практична мудрост?
Сребрените крстови, чаши и литургиски садови не се случаен избор. Во време кога не постоела микробиологија, тие имале и хигиенска улога. Среброто, во контакт со вода и органска материја, ослободува минимални количества јони – доволни за инхибиција на бактерии, но далеку под токсични нивоа.Науката денес не ја негира оваа традиција – туку ја објаснува.

Денес, среброто е присутно таму каде што ризикот од инфекција е најголем:завои за изгореници, катетери и импланти, антибактериски облоги, болнички површини...
Клучната разлика е контролата. Дозите се мали, локални и научно оправдани.
Аргирија – кога „природното“ станува опасно

Хроничното внесување сребро може да доведе до аргирија – трајна синкаво-сивкаста боја на кожата. Причината е депозиција на сребрени соединенија кои, под дејство на светлина, се редуцираат во метално сребро. Телото, буквално, станува фотографија на сопственото труење.
Бакар и месинг: надворешни војници
Бакарот и месингот убиваат бактерии при контакт. Старите рачки и држачи од месинг во јавни згради се самодезинфицирале за часови, за разлика од челикот на кој вирусите преживуваат денови. И други метали, како никел и алуминиумски легури, покажуваат слични антимикробни својства.
Злато: хирург и трансмитер
Колоидното злато (Au) е инертно и се користи за транспорт на лекови директно до туморите или како индикатор во брзи тестови (Ковид, бременост). Наночестичките создаваат прецизни сигнали без да ги оштетуваат телесните клетки.
Современа примена на металите
Сребрената вода не е ниту чудотворен лек, ниту обична измама. Таа е пример како една супстанца може да биде корисна, симболична и опасна – во зависност од тоа како се користи. Хемијата тука ја кажува последната реченица:дозата и формата прават разлика меѓу лек и отров.
Пронаоѓач на еден од најстрашните боеви отрови и еден од најкорисните материјали на модерниот свет
WebDesign www.nainternet.mk