Хемија за сите

Роберт Бојл- човек на науката, човек на верата

Роберт Бојл, првиот модерен хемичар, човекот кој ја погреба алхемијата

Роберт Бојл се смета за првиот модерен хемичар, човекот што ја погреба алхемијата и еден од пионерите на современиот експериментален научен метод. Сепак тој е најпознат по Бојловиот закон, кој го опишува обратно пропорционалниот однос помеѓу апсолутниот притисок и волуменот на гасот, доколку температурата се одржува константна во затворен систем.

Роберт Бојл првиот модерен хемичар

Роден на 25 јануари 1627 година во семејството на аристократ, Ричард Бојл, ирски државник со англиско потекло и голем земјопоседник. Тоа му овозможува да се здобие со најдобро образование , како што му доликува на благородништвото, да ги посетува најдобрите англиски и европски училишта. Научил да зборува латински, грчки и француски на многу млада возраст.На петнаесетгодишна возраст оди во Италија за да го продолжи своето образование и се здобива со можност да ја проучува работата на Галилео Галилеј што ја разбудува огромна страст за науката кај младиот Бојл.

Визионер ...

Тој направил „список на желби“ од 24 можни пронајдоци кои вклучуваат „продолжување на животот“, „уметност на летање“, „вечна светлина“, „правење оклоп, лесен и исклучително тврд“, „брод што ќе плови со сите ветрови. и брод што не може да се потопи“, „практичен и извесен начин за пресметување на должина“, „моќни лекови за менување или воздигнување на имагинацијата, будењето, меморијата и другите функции и смирување на болката, обезбедување невин сон, безопасни соништа итн.“Денес можеме да заклучиме дека скоро сите тие се остварени и наголемо се користат.

Верник ....

Во Женева, за време на својот престој, претрпел нешто (преживеал страшно невреме) што тој јасно го чувствувал како претворање од номинално или барем непромислено христијанство во посветено христијанство.

Во 1663 година тој напишал:

И иако не се осмелувам да потврдам ... дека Бог им ја открива на луѓето Големата тајна на хемијата со добри ангели или со ноќни визии... Сите овие извонредни појави, на привиденија, вештерство, чуда и пророштва, докажуваат дека духовите, ангелите или демоните, иако за нас се невидливи, не се фантазии, туку вистински и суштински жители на светот; што не ја фаворизира Атеистичката хипотеза; но напротив, веднаш го наметнуваат признавањето на Божество: Суштество над природата, кое може се' да провери и контролира; и кој ја разбира целината, однапред ги знае најдалечните и непредвидени настани!

(Пазете:Прифаќањето барем на можноста за ѓаволска или ангелска интервенција било вообичаено меѓу интелигенцијата во втората половина на XVII век. )

Враќајќи се во Ирска, Бојл, по смртта на неговиот татко, добил значително богатство и се населил на неговиот имот,првично фокусирајќи се на филозофијата и религијата. Во едно писмо, тој ја опиша Ирска како „варварска земја во која хемиските духови беа толку погрешно разбрани и хемиските инструменти толку неизводливи што беше тешко да има какви било херметички мисли во неа“.

 Во 1654 година се преселил во Оксфорд, каде што се посветил на физиката и хемијата и добил почесен докторат по физика од Универзитетот Оксфорд (1665).

 Активно учествувал на состаноците на приватен клуб, кој во неговите писма се нарекува „Невидлив колеџ“(во тоа време научниците не биле ценети од Кромвел) и дал значаен придонес во создавањето на Друштвото на науките, кое подоцна станало познато како Кралско научно друштво на Лондон. Во 1668 година бил избран за член на оваа организација. Тој ја подготви Повелбата на Кралското друштво на Лондон, која беше отворена во 1662 година и стана првата независна организација во светот која ги собра природните научници, односно „научната заедница“ во нејзината модерна смисла. Во него се наведува дека целта на општеството е „да го усоврши знаењето за природните предмети и сите корисни уметности...со експеримент, без мешање во теологијата, метафизиката, моралот, политиката, граматиката, реториката и логиката“.

Алхемиски интереси

Теориите на Бојл за материјални промени не помогнаа ништо за да се елиминира можноста за трансмутација на обичните метали во злато што беше во срцето на алхемијата. Навистина, тој практикувал алхемија до крајот на својот живот, верувал дека бил сведок на трансмутација и успешно лобирал во Парламентот да ја укине англиската забрана за трансмутација. За потсетување,алхемијата имаше проблем со својата перцепција кај народот па и самите научници. За разлика од астрономијата и физиката (чиј елитен статус беше несомнен), потеклото на алхемијата во валканите, миризливи, зачадени прото-хемиски индустрии, како металургијата, боењето и дестилирањето, ја направи „алхемиската наука“ сомнително учење.Алхемичарите беа очигледно способни да направат многу извонредни работи: дестилирање на алкохол и други запаливи есенции, хемиски одвојување на металите во легурите и растворање на металите — вклучувајќи го и златото — со моќни киселини и потоа нивно враќање. Но, успехот во создавањето злато беше толку неостварлив што аурата на шарлатанството се вртеше околу алхемијата стотици години. И така, долго пред да има каква било теоретска причина да се сомневаме во можноста за создавање злато од други супстанци, оваа долгогодишна потрага беше напуштена.

Како физичар...

Иако главниот научен интерес на Бојл е хемијата, неговата прва објавена научна работа, New Experiments Physico-Mechanical, Touching the Spring of the Air, and its Effects (1660), се однесува на физичката природа на воздухот, како што е прикажано во брилијантна серија експерименти во која ја користел воздушната пумпа за да создаде вакуум. Второто издание на ова дело, објавено во 1662 година, ја оцртува квантитативната врска што Бојл ја извел од експерименталните вредности, подоцна познат како Бојлов закон: дека волуменот на гасот варира обратно со притисокот.

Роберт Бојл притисок

Бојл е персонификација на реакцијата на застарениот схоластички тренд кој толку долго доминираше на науката и служеше како кочница за проучувањето на природата: сите негови експериментални дела и списи ја покажуваат клучната важност на искуството во физиката и хемијата. Покрај откривањето на законот за компресија на гасот, Бојл покажал дека топлата вода врие кога воздухот околу неа е редок, но не го генерализираше ова важно искуство, т.е. не покажува дека точката на вриење на водата генерално зависи од воздушниот притисок и од водената пареа на нејзината површина.

Тој докажа дека феноменот на капиларност, поточно издигнување на течности во тесни цевки, се јавува во тесен простор, што го поби тогаш постоечкото мислење дека во оваа појава е вклучен атмосферскиот притисок. Тој, исто така, во текот на експериментот докажа дека сифонот не може да служи во редок воздух за трансфузија на течности, дека чадот, како и секое друго тело, паѓа, па затоа е подложен на дејството на гравитацијата, дека триењето на телата и гаснењето на вар дава топлина дури и во редок воздушен простор.

Бојл, исто така, извршил оптички испитувања и од нив заклучил дека боите всушност не припаѓаат на супстанцата, туку произлегуваат од одредени промени произведени од светлината на површината на телата, како резултат на кои тие различно влијаат на видот; генерално, тој веруваше дека сите бои се модификации на белата боја.

Роберт Бојл бела боја

Ќе биде долго време да се набројат сите експерименти на Бојл, од кои многумина го утврдија овој или оној нов факт; но да споменеме и дека ја проучувал силата на ширење, која се манифестира при замрзнување на водата и покажал дека поради замрзнувањето на водата што ја наполнила железната цевка, кога се формирал мраз, железната цевка се скинала на едниот крај. Бојл се погрижил мразот да испарува дури и при значително ниски температури, солите измешани со мраз или снег да произведуваат ладење и во исто време да се претворат во течност.

Бојл го прифаќа, како и неговите претходници, постоењето во природата на апсолутно празен простор во кој има материјални честички со одредена големина и облик; атомите на течностите се во постојано движење, додека оние на цврстите материи се во мирување, додека празнините меѓу честичките се полни со некоја многу фина супстанца. Тој погрешно го објасни сврзувањето на цврстите тела со делување на притисокот на воздухот врз нив - вообичаено мислење во тоа време. Со сета важна работа што ја постигна во физиката - објавувањето на Бојловиот закон, откривањето на ширењето на звукот и испитувањата на експанзивната сила на замрзнувачката вода, на специфичната тежина и моќта на прекршување на светлината, на кристалите и скапоцените камења, за електрична енергија, за бојата на супстанците, за хидростатика (па и медицинската) итн. – сепак хемијата беше и остана до крај неговата фасцинантна и омилена студија.

Како хемичар...

Долго време се посветил на проучување на својствата на фосфорот. Во 1680 година, тој успеал експериментално да добие бел фосфор, кој долго време бил познат како Бојлов фосфор. Ги објаснил физичките и хемиските промени во материјата со поврзувањето и раздвојувањето на атомите, го негираше постоењето на четири елементи (Аристотел) или три алхемиски и изрази прониклива претпоставка дека вистинските елементи ќе се најдат при последователно распаѓање на телата. Што се однесува до неговата експериментална хемиска работа, иако покажа дека воздухот се менува од согорувањето на телата во него, и дека одредени метали се зголемуваат во тежина кога се загреваат, и дека гасовите се добиваат со дејство на оцет на креда или хлороводородна киселина на железо, не извлекол теоретски заклучоци од нивните трудови.

апаратурарата на Роберт Бојлкарикатура Роберт Бојл

Тој го поддржа ставот за елементите како неразградливи состојки на материјалните тела; и направи разлика помеѓу смеси и соединенија. Тој постигна значителен напредок во техниката на откривање на нивните состојки, процес кој го назначи со терминот „анализа“. Тој понатаму претпоставувал дека елементите на крајот биле составени од честички од различни видови и големини, во кои, сепак, не требало да се разрешат на некој познат начин. Ја проучувал хемијата на согорувањето и дишењето и спроведувал експерименти во физиологијата, каде што, сепак, бил попречен од „нежноста на неговата природа“ која го спречувала од анатомски дисекции, особено вивисекции, иако знаел дека тие се „најинструктивни “.

Sceptical Chymist

Неговата најпозната книга на оваа тема,која е пресвртница во науката, беше Sceptical Chymist, објавена во 1661 година, во која ги критикуваше „експериментите со кои вулгарните спагиристи обично се трудат да покажат дека сол, сулфур и жива се вистинските принципи на нештата“. За него хемијата била наука за составот на супстанците, а не само додаток на уметноста на алхемичарот или лекарот.

скептичен хемичар

Првото издание на Skeptical Chymist (Лондон, 1661) се рангира како светиот грал на собирачите(колекционери) на хемиски книги. Целосните копии се речиси неостварливо ретки. И делото е призната знаменитост на науката, откако заработи место во листите на најзначајните книги во историјата на науката.

Интересно е што репутацијата на книгата се заснова помалку на она што е, отколку на она што се смета дека е. Таа погрешна перцепција започна пред околу 300 години, кога хемијата штотуку се претвораше од непријатна трговија во професионална и научна работа.

 Бојл и неговиот експериментално заснован закон се спротивставија на долгогодишното гледиште дека знаењето најдобро се добива со употреба на разум и логика, пристап првично разработен од Аристотел скоро 2.000 години порано. Емпирискиот пристап на Бојл, неговото отфрлање на четирите елементи во корист на „корпускулите“ (мали парчиња материја што може да се комбинираат) и неговите убедливи аргументи освоија многумина - можеби најважниот, Исак Њутн. Неговото мото било „Nullius in verba“, што приближно значи „ничиј збор за тоа“ или преносно„не верувај на збор“ е земено како мото на Кралското друштво, и значи дека научното знаење треба да се заснова прво на експерименти.

грб

Во што најмногу се гледа неговата генијалност: воведување на научниот метод во природните науки-нови, подобрени апаратури, особено внимавајќи мерењата да бидат точни,поставување на хипотеза, тестирање на хипотезата ,средените резултатисе прикажани и споделени со научната јавност со можност за ревизија и проверка.Всушност, Бојл беше еден од првите филозофи што некогаш развил филозофија на експеримент и принципите на научно-истражувачката работа!

Долги години е еден од директорите на Источноиндиската компанија. Сето свое богатство и сета своја сила го употребил за проучување на природата и ширење на христијанскиот (англикански) светоглед. Тој е погребан во Лондон, во Вестминстерската опатија.Во својот тестамент (1661), Бојл оставил капитал за да го финансира годишното читање за Бог и религијата, познатите „Бојлови предавања“, од кои првото се одржало во 1692 година. Целта на предавањата што Бојл ги определил била одбрана на христијанската религија од „злогласните неверници, имено атеисти, деисти, не-Евреи, Евреи и муслимани“.

религиозен хемичар

 

Автор на статијата: Блаже Димески
10 јули 2022
Велигденска хемија

Од хемиски аспект да ја разгледаме традицијата на боење на велигденски јајца

Карминска киселина

Некои работи е подобро да не се знаат. Прехранбена боја од бубачки

Роберт Бунзен не е заслужен само за пламеникот...

Овој генијален научник е многу, многу повеќе од иноватор на таа практична алатка

>> Прочитај повеќе слични содржини!   

донирај

Генерален спонзор

генерален спонзор

Пријатели на науката

спонзор
спонзор
спонзор

Презентации и поимници

Презентации за основно образование

e hemija

Презентации за средно образование

hemija .ppt

Контактни информации:

e-hemija logo

Здружение за унапредување и развој на образованието и науката
„Е-ХЕМИЈА“ – Прилеп

Испрати порака:
e-hemija контакт

Е-Хемија на Facebook:
e-hemija facebook

Е-Хемија на Twitter:
e-hemija facebook

Пријатели на науката:

Здружение за унапредување и развој на образованието и науката „Е-ХЕМИЈА“ – Прилеп
Copyright © 2024 ehemija.mk

WebDesign www.nainternet.mk

e-hemija