Има некаква магија во старите имиња на пигментите– Шелеово зелено, Вермилион, Ултрамарин, Сиена, Умбра, Турско плаво, Индиго, Орпимент... Тие звучат како приказни, како тајни од работилниците на старите мајстори. Хемиската номенклатура може да ги објасни, но никогаш да ги оживее.
Боја, моливи, мастила, акварели, пастели... сите материјали за сликање се отприлика направени од 2 работи: пигмент кој ја носи бојата, и врзивно средство што го држи пигментот заедно во оваа или онаа конкретна форма. Понекогаш, како на пример во фреските, носачот делува како еден вид врзивно средство кога го вшмукува пигментот и го фаќа, а потоа само пигментот може да ја заврши работата. Меѓутоа, почесто ќе се користи врзивно средство на кое се додаваат разредувачи (од терпентин до вода) за да се овозможи нанесувањето со четка или полесно и со голем број други адитиви, што го олеснува сушењето, изгледот или други дејства понекогаш фрлени во смесата.
Пигментите се мали честички со чиста боја, нерастворливи во масла, во смола или во вода. Штом ќе ги измешате со каков било вид врзивно средство за да направите боја или паста, донекаде ќе ја промените блескавата убавина и целосната јачина на боите. Боите се исто така материјали за боење, но растворливи. Тие не се користат во боите на уметниците освен ако не се прикачени на нерастворлива честичка. Кога бојата, хемиски или електрично е прикачена на честичка, што го спречува нејзиното размачкување или мигрирање, се нарекува „езеро“, нерастворлив пигмент направен со комбинирање на растворлива органска боја и нерастворлив мордант.
Сите пигменти, со редок исклучок, имаат кристални структури кои ја диктираат нивната боја, па дури и малите промени на ова ниво можат да ги променат брановите должини кои се апсорбираат или рефлектираат.
Фтало сината т.е бакар(II) фталоциjанин, на пример, има два вида кристални формации, одговорни за сината нијанса.
Малите промени на кристалната решетка на кинакридоните се одговорни за нејзиниот широк опсег кој се протега од црвени до длабоки магента и виолетова.
Кадмиум сулфидот, CdS, кој е жолт во својата чиста состојба, се добива постепено поцрвен и поцрвен со замена на сулфурот во кристалната решетка со зголемени количини на селен. Оваа замена ја проширува количината на спектарот што може да се апсорбира, и ако се додаде доволно селен, кадмиумот всушност може да изгледа и црно.
Пигментите дополнително се класифицираат како: минерални, земјени или неоргански пигменти.
Минералните пигменти се движат од изобилни, евтини пигменти како оние на земјата: железни оксиди, окери и глини кои нудат палета која се движи од кафена до црвена до жолта, дури на некои места некои природни темјанушки или зелени, креда или каолин - бел камен - до полускапоцени или дури и скапоцени камења. Неорганските пигменти, исто така, може да се произведуваат синтетички (железен оксид, саѓи, итн.) или, исто така, може да се произведуваат со комбинација на овие два процеси. Во последните педесет години, исто така, беше забележано додавање на палетата на многу нови пигменти прикачени на мика и други метали или мелено стакло, создавајќи прекрасни блескави (бисерни) и мешани метални нијанси.
Ултрамарин – Na7Ca(Al6Si6O24)(SO4)(S3) •H2O, добиен од лапис лазули, редок син камен од Авганистан: Микеланџело не можел да си го дозволи а Вермер за сликава доживотно ја задолжил фамилијата. Поскапоцен од златото, бил чуван само за облеката на Исус и Дева Марија. 1824 година, Франција нуди награда од 6000 златници на тој што ќе развие синтетичка алтернатива на ултрамарин. Иако хемиски идентични, сликарите не го бендисале вештачкиот ултрамарин оти бил „премногу чист“. Природниот ултрамарин, пак, рачно мелен, е преполн со разни минерали: калцит, пирит, аугит,..кои предизвикуваат прекршување на светлината и пренесување на суптилно различни нијанси.
Вердит-Малахитно зелено, Cu2CO3(OH)2 –мелен малахит, давајќи богат зеленикав тон.
Охра – Природен земјен пигмент кој варира од жолт до кафеаво-црвен, состав Si2H2O5 и Аl(OH)3.
Сиена (Сурова и печена) – Земјен пигмент богат со железни оксиди, користен за топли кафеави нијанси.
Црвена киновар (Вермилион или цинобер) – Добиен од минералот цинобарит т.е жива(II) сулфид, со интензивна црвена боја.
– Органските пигменти се направени со нешто што некогаш било живо: како кај растенијата (корени, кора, јагленисано дрво, лисја и стебла, семиња и цветови се користеле за да се добие боја) или животните (вошки од кармин или кохинеал, морски полжави, остриги, лушпи од јајца...). Органските пигменти можат да бидат природни, како погоре или произведени, како што се направени од сложени јаглеводороди. Примери на антички органски произведени пигменти се индиго и индиско жолто, додека модерните произведени органски пигменти, првично добиени од нафта, јагленов катран и природен гас, сега ја вклучуваат речиси секоја нијанса што може да се замисли. И покрај тоа што се достапни само неколку децении, органските пигменти покажаа извонредни способности да го издржат влијанието на светлината и времето.
Кармин (Кошенил или Кермес-црвено) – Добиен од инсекти (кошенил или кермес), произведувал длабока црвена боја.
Индиго – Добиен од растението Indigofera tinctoria, создавал длабока темно-сина боја.
Метални пигменти
Оловно-бело – Добиен преку корозија на олово со оцетна киселина и јаглерод диоксид.
Оловен тетраоксид (Минум, Венецијанско црвено) – Јарко портокалово-црвен пигмент.
Златна боја (Орпимент) – Направена од арсен сулфид, со интензивна жолта боја.
Пигментите исто така се класифицираат според нивните карактеристики: живост на тонот, чувствителност на светлина, постојаност на мешање, моќ на покривање, моќ на боја, 6) сикативност, моќност на суспензија, финост, компатибилност со други пигменти и техники, отпорност на лоши временски услови, стабилност на високи температури, токсичност(како нејневажна). Ренесансните уметници не се грижеа дали боите се отровни а пигментите штетни, дали ќе траат со векови – нив ги интересираше само едно: да ја најдат совршената нијанса, да го доловат најубавиот залез на сонцето, најтажната сенка на лицето на мајката што тагува по своето чедо...
Рембрант, наречен мајсторот на светлината и сенките, користел само четири основни бои за да создаде неверојатна длабочина и драматика во сенките: Црна (Саѓи) – За најдлабоките сенки, Сиена (Fe2O3) – За топли, земјени сенки. Охра (FeO(OH)• nH2O) – За суптилни топли преоди. Умбра (Fe2O3 и MnO ) – За ладни и неутрални сенки.
Постои суштество во животинското царство од кое ќе се засрами дури и најискусниот пијаница
Замислете го освежувачкиот мирис на борови шуми ... или смирувачката арома на лаванда
WebDesign www.nainternet.mk