
Комбинираниот ефект на тие супстанци води до познатиот резултат!
Ото Валах е роден на 27 март 1847 година во Кенигсберг, Германија, како син на Герхард Валак и неговата сопруга Отилија Тома. Неговиот татко бил висок државен службеник, кој подоцна станал главен ревизор во Потсдам.
За време на своите училишни денови во хуманистичката гимназија во Потсдам, Валах покажувал голема наклонетост кон историјата и уметноста – во тоа време хемијата речиси и не се предавала на средношколско ниво. Во 1867 година заминал во Гетинген да студира хемија кај Фридрих Велер, Хајнрих Фитиг и Хибнер, но набргу се преселил во Берлин каде што една семестар учел кај А. В. Хофман и Г. Магнус. По враќањето во Гетинген работел толку напорно што успеал да ја добие докторската титула во 1869 година под менторство на Хибнер, и тоа по само пет семестри. Работното време во лабораторијата на Велер било од 7 наутро до 5 попладне, по што гасот се исклучувал, па некои експерименти морале да се завршуваат под светлина на свеќи што студентите сами ги купувале. Неговата докторска теза се занимавала со позициските изомери во толуенската серија.
Во 1869 и 1870 година бил асистент на Х. Вихелхаус во Берлин, со кого работел на нитрација на β-нафтол. Во 1870 година за Велигден се нашол во Бон кај Кекуле, кој му напишал: „Нема да ти наштети ако дојдеш во Бон. Овде живееме научничко-уметнички живот.“ Истата година, сепак, Валах морал да ја прекине научната кариера поради воената служба во Француско-пруската војна.
Иако Кекуле му бил ментор и инспирација, Валах не се согласувал со некои од неговите заклучоци за структурата на бензенот. Се зборувало дека му рекол: „Не е секоја шестоаголна структура бензен, исто како што не е секој круг монета.“ Ова покажува дека бил критички настроен, дури и кон големите авторитети на своето време.
По војната, работел во новооснованата фирма „Актиен-Геселшафт фур Анилин-Фабрикацион“ (подоцна позната како „Агфа“), но неговото кревко здравје не можело да ги издржи штетните испарувања во фабриката. Подоцна, некои индустријалци го обвиниле дека „се повлекол затоа што повеќе сака да ги именува молекулите отколку да ги произведува“.
Во 1872 година се вратил во Бон, каде што останал 19 години. Прво станал асистент во лабораторијата за органска хемија, а подоцна бил назначен за приват-доцент. Во 1876 година станал вонреден професор. Во 1879 година, кога се испразнила катедрата за фармакологија, ја презел функцијата и почнал да се специјализира во оваа област. Во овој период ги открил иминохлоридите преку дејство на фосфор пентахлорид врз киселите амиди.
Истражувања за терпените
Кекуле му посочил еден стар, заборавен шкаф полн со шишиња со есенцијални масла и го поканил да ги проучува. Валах се заинтересирал и влегол во полето кое ќе стане негово животно дело. Напишал: во 1500 година се споменуваат тринаесет, во 1540 година триесет и осум и во 1708 година веќе сто и дваесет растителни масла. Во 1884 година го поставил прашањето за разновидноста на соединенијата со формула C10H16, познати под имиња како терпен, камфен, цитрен, карвен, цинен, кајупутен, еукалиптин итн. Користејќи едноставни реагенси како хлороводород и бромоводород, Валах успеал да ги разликува овие соединенија, а во 1885 година утврдил дека многу од нив се идентични. „Некој би помислил дека растенијата кои припаѓаат на истиот род секогаш би произведувале идентични или барем слични масла. Но, ова во никој случај не е така“.

Во 1909 година ги објавил резултатите во својата книга „Терпен и Камфен“, обемен том од 600 страници.
Покрај ова, Валах се занимавал и со други истражувања: конверзијата на хлорал во дихлороцетна киселина, студиите за амид хлориди, имид хлориди, амидини, глиоксалини итн. Бил познат по својот експериментален пристап, налик на Емил Фишер и Адолф фон Бајер, и се потпирал на прецизно изведени експерименти повеќе отколку на теоретски размислувања.
Во 1889 година бил назначен за наследник на Виктор Мајер на катедрата на Велер, со што станал и директор на Хемискиот институт во Гетинген. Се повлекол во 1915 година, на почетокот на Првата светска војна, кога шестмина од неговите асистенти загинале во борба.
Поради работата со есенцијалните масла, колегите во Бон го нарекувале „хемичарот што мириса на борови иглички“. Еднаш, додека експериментирал со терпен од лимон (лимонен), случајно истурил мала количина врз облеката. Наместо да се вознемири, Валах го искористил мирисот за да ги импресионира студентите, велејќи: „Господа, денес лабораторијата мириса на медитерански ветер!“
Во друга прилика, по еден исцрпувачки експеримент со терпени, неговите студенти му се пожалиле дека мирисите им стануваат неподносливи. Валак се насмевнал и рекол: „Во ред, господа, утре ќе работиме со сулфур – па ќе ги цените овие мириси повеќе!“

Збирка на неговите терпени
„Штом можеме да ја одземеме од Природата тајната на внатрешната структура на соединенијата произведени од неа, хемиската наука може дури и да ја надмине природата со производство на соединенија како варијации на природните, кои живата клетка не е во состојба да ги конструира. Штом хемичарите имаат дефинитивна концепција за внатрешната структура на молекулата на органското соединение, тие се способни да се справат со задачата за производство на овие супстанци со вештачки методи, т.е. со синтеза, како што ние го нарекуваме“.

Рефрактометарот направен од Carl Zeiss

Нобеловата награда и признанија
Ото Валах ја добил Нобеловата награда во 1910 година за својата работа на алициклични соединенија. Добил и почесни членства во Хемиското друштво (1908), почесни докторати од универзитетите во Манчестер, Лајпциг и Брауншвајг. Во 1912 година станал почесен член на Здружението на германски хемичари. Награден е со Империјалниот орден на орелот (1911), златниот и сребрениот медал Дејви (1912) и Кралскиот орден на круната (1915).
Поздравната реч при доделувањето на Нобеловата награда: „Ото Валах, вашиот труд во истражувањето на алицикличните соединенија постави нови темели во органската хемија. Со својата прецизност и посветеност, вие не само што го проширивте нашето знаење, туку и создадовте мост меѓу теоријата и практичната примена. Ви ја доделуваме оваа награда со длабока почит кон вашето научно дело!“
Ото Валах починал на 26 февруари 1931 година, оставајќи траен белег во хемијата.
Тивко, без слава, но со трајно место во историјата на медицината и хемијата
WebDesign www.nainternet.mk