Хемија за сите

И Нобеловите награди не се фер?

Најголемите пропусти на Нобеловите награди

Само заради еден збор во тестаментот на Алфред Нобел, без заслужената награда останаа стотина најголеми умови и најгенијални научници!
Во текот на 20 век, кој исто така се совпаѓа со периодот опфатен со Нобеловите награди, беа направени исклучително важни научни откритија. Развојот на науката овозможи невидени опсези во разбирањето на структурата на материјата, од субатомски честички до макромолекули, придонесе за проширување на нашето знаење за физичките, хемиските и биолошките закони на природата, а нивната примена придонесе за подобрување на животниот стандард на луѓето.

Во својот тестамент, Алфред Нобел наложил дел од неговото огромно богатство да биде сместено во фонд во кој каматата еднашгодишно ќе се распределува во вид на награди на оние „кои во текот на претходната година ќе му дадат најголема корист на човештвото“.Иако Нобел не понудил јавна причина за неговото создавање на фондот, се верува дека тој го направил тоа од морално жалење поради сè поубиствените употреби на неговите пронајдоци во воени цели.Фондот изнесувал повеќе милиони шведски круни, што денес би имале вредност од околу 200 милиони евра.

nobel errorСе поставува прашањето зошто Нобел во својот тестамент утврдил награди за физика, хемија, физиологија со медицина, литература и мир, не вклучувајќи некои други науки, како на пр. математика, биологија, геологија, астрономија. Тоа е разбирливо за физиката и хемијата, бидејќи тоа беа научни дисциплини на кои Нобел им го посветил целиот свој живот. Се грижел за физиологијата и медицината бидејќи цел живот бил со лошо здравје, па сакал да поддржи истражувања кои ќе придонесат за здравјето на луѓето. Штосе однесува до литературата, изборот е логичен со оглед на тоа што Нобел не само што читал многу, туку и пишувал а кога станува збор за наградата за мир, познато е дека Нобел бил убеден пацифист. Внимавајте, наградата за економија е доделена првпат во 1969 година, по повод прославата на 300-годишнината на Централната шведска банка и точното име и е „Награда на Шведската банка во економски науки, во сеќавање на Алфред Нобел“. Значи не е „оригинал“ Нобелова награда.

nobel glavobolka
Нобеловите награди го следеа развојот на науката, иако не секогаш хронолошки. Иако Алфред Нобел во тестаментот барал наградите да се доделуваат само за научни откритија и пронајдоци направени во изминатата година,тоа не можело да се направи лесно бидејќи значењето на некое откритие или пронајдок се проверува дури по неколку години.

Затоа, во првите години по формирањето на Нобеловите награди, поради некои нејаснотии во тестаментот, и поради крутиот однос и нефлексибилноста на Нобеловите комитети, доста познати и многу заслужни научници од крајот на 19 век останаа без Нобелови награди како на пример, големиот руски хемичар Д.И. Менделеев.Сетете се само на изјавата на Кребс: „Менделеевиот Периоден систем на елементите е најелегантна организациона карта што е измислена некогаш,во било која наука“. Во 1908 година, тој од целата научна светска елитае предложен за Нобеловата награда, за откривање на Периодниот систем на елементите, но овој предлог е одбиен од Нобеловиот комитет со образложение дека наградите се доделуваат за неодамнешните научни откритија, а не за оние направени пред неколку децении.
Слична судбина имале и францускиот хемичар Марселин Бертло и италијанскиот хемичар Станислао Канизаро. Бертло е предлаган неколку пати, но не бил избран бидејќи членовите на Нобеловиот комитет верувале дека тој треба да им отстапи место на помладите научници. Што се однесува до Каницаро, Нобеловиот комитет во 1907 година се согласил дека неговите откритија и придонеси во хемијата се од големо значење, но дека поминала повеќе од една деценија откако ги објавил своите откритија. Меѓутоа, факт е дека подоцна Нобеловите награди се доделувале не само за неодамнешни научни откритија и пронајдоци во изминатата година, како што налага тестаментот на Нобел, туку честопати и за многу стари научни достигнувања, кои беа реализирани неколку години, па и децении, пред да е доделена награда.
Пример за ова е доделувањето на Нобеловата награда за медицина и физиологија во 1983 година на Барбара Меклинток за откривање на мобилни гени кои влијаат на наследноста, што таа го направила и го објавила во 1950 година. Значи, пред 33 години.

Американскиот лекар Френсис Пејтон Роуз во 1911 година открил дека некои видови на рак на меките ткива настануваат од одредени вируси и добил Нобелова награда во 1966 година, по повеќе од половина век од своето откритие. Сличен случај е и со доделувањето на Нобеловата награда за изградба на електронскиот микроскоп, кој, според Шведската академија на науките, бил еден од најголемите пронајдоци на 20 век. За изградба на електронски микроскоп Ернст Рускаја добил Нобеловата награда за физика во 1986 година, односно по 54 години од откривањето и изградбата на првиот електронски микроскоп во 1932 година.

Горенаведените примери покажуваат дека значењето на откритието или пронајдокот често се гледа дури подоцна, по многу години. Во стогодишната историја на доделувањето на Нобеловите награди, имало моменти кога наградата се доделувала на научник кој не дал релевантен значаен придонес во дадено поле на науката.

Адекватен пример често се наведува како доделувањето на Нобеловата награда за физика во 1912 година на шведскиот инженер Нилс Густав Дален,за пронајдокот на автоматски регулатор за осветлување на морски светилници.

Од друга страна, многу научници биле неправедно заобиколени за многу позначајни откритија. Да споменеме само неколку кои направиле извонреден придонес и откритија во областа на хемијата:
Џозаја Гибс за откритија во областа на термохемијата, Хенри Ајринг за теоријата на брзината на хемиските реакции,Гилберт Луис за фундаментално истражување во хемиската термодинамика,Лиза Мајтнер за дела кои придонеле за откривање на нуклеарната фисија.

Интересно е да се спомене случајот со доделувањето на Нобеловата награда за хемија и физика во 1904 година.Таа година за откривање на инертнитe гасови Нобеловата награда ја доби (за хемија) Сер Вилијам Ремзи, а за физика В. Ралји (Џон Вилијам Штрут, Лорд Рајли).
Ремзи го открил аргонот заедно со Рајли, а неонот, криптонот и ксенонот со неговиот соработник, англискиот хемичар М. В. Траверс (Морис Вилијам Траверс) кој, можеби неправедно, не учествуваше во доделувањето на Нобеловата награда за ова откритие.

Бројот на оние кои ја заслужуваат Нобеловата награда ги надминува можностите на Нобеловите комитети. Објективно е невозможно да се наградат сите оние кои тоа го заслужуваат. Еден од факторите е дека бројот на научници кои работат во физиката, хемијата и медицината денес е најмалку неколку десетици пати повисоки од почетокот на овој век, кога беа востановени наградите, додека бројот на награди остана ист.
Во текот на 20 век беа премостени и проширени границите помеѓу традиционалните научни дисциплини на хемијата, физиката и биологијата, што отвори сосема нови области на истражување. Мултидисциплинарното и интердисциплинарното истражување стануваше сè повеќе изразено во научни проекти, па Нобеловата фондација беше принудена, и покрај големото противење, понекогаш да прифаќа награди за некои откритија кои не можеа да се вклопат во одредбите на тестаментот на Нобел.

Само неколку примери:Нобеловата награда за физика во 1947 година му беше дадена на Едвард Еплтон,за откривање на јонизирачкиот слој во горната атмосфера;потоа, во 1974 година, Мартин Рајли и Антони Хјуит беа наградени за пионерско истражување во областа на радио астрофизиката, а во 1983 година, С.и В. Фаулер за придонеси за подобро разбирање на еволуцијата и структурата на ѕвездите; Понатаму, Нобеловата награда за хемија беше доделена во 1945 година на Артур Виртанен за пронајдокот на храна без конзерванси; потоа, во 1960 година, на В. Либи за определување староста во археологијата и геологијата со користење на радиоактивен јаглерод, а во 1978 година на П. Мичел за неговиот придонес во разбирањето на биолошкиот пренос на енергија преку поставување на хемиосмотска теорија, а во 1995 година, Круцен,Молина и Роуленд за дела поврзани со формирање и распаѓање на озонската обвивка во атмосферата.

nobel error 2

Овој свет немаше да биде таков каков што е денес, доколку не беа научните откритија и пронајдоци што ги реализираа, меѓу другите научници, нобеловците од кругот на физичарите, хемичарите, физиолозите, лекарите и сите други.

Интересна изјава на Лaв Толстој кога бил отфрлен за инаугуративната Нобелова награда за литература во 1901 година. Навистина, најеминентните шведски писатели и уметнициму пишаа да го изразат своето незадоволство поради погрешната проценка на Академијата. Одговорот на Толстој на неговите шведски обожаватели гласел: „Бев многу среќен што знаев дека Нобеловата награда не ми беше доделена“. Тоа ме лиши од голем проблем како да ги користам овие пари. Сигурен сум дека овие пари... можат да донесат само зло“

Автор на статијата: Блаже Димески
05 јуни 2023
Напалм

Од „грчки“ оган до современи формули

Јанус кристали

Хемичарите создадоа кристали за екстракција на влагата од воздухот со нула потрошена енергија

Карл Вилхелм Шеле наречен „баксузот“

Извонредно баксузен, скромен фармацевт кој откри осум елементи и не доби признание за ниту еден од нив

>> Прочитај повеќе слични содржини!   

донирај

Генерален спонзор

генерален спонзор

Пријатели на науката

спонзор
спонзор
спонзор

Презентации и поимници

Презентации за основно образование

e hemija

Презентации за средно образование

hemija .ppt

Контактни информации:

e-hemija logo

Здружение за унапредување и развој на образованието и науката
„Е-ХЕМИЈА“ – Прилеп

Испрати порака:
e-hemija контакт

Е-Хемија на Facebook:
e-hemija facebook

Е-Хемија на Twitter:
e-hemija facebook

Пријатели на науката:

Здружение за унапредување и развој на образованието и науката „Е-ХЕМИЈА“ – Прилеп
Copyright © 2025 ehemija.mk

WebDesign www.nainternet.mk

e-hemija