Хемија за сите

Напалм

Од „грчки“ оган до современи формули

Запаливите материјали играле клучна улога во воената историја, од античкиот „грчки“ оган до модерните формули на напалм. Овие супстанци ја покажуваат човечката способност за иновација, но и нејзиниот потенцијал за уништување. Напалмот, развиен во 20 век, е дел од оваа традиција, совршувајќи ја уметноста на запаливото оружје за максимален ефект и разорна моќ.

„Грчкиот“ оган е античко запаливо оружје што го користела Византиската империја во 7 век. Оваа смеса, чии точни состојки се сѐ уште мистерија, најверојатно содржела комбинација на нафта, смола и сулфур. Таа била позната по својата способност да гори дури и на вода, што ја правело идеална за поморски битки. „Грчкиот“ оган не само што предизвикувал физичко уништување, туку и психолошки страв, слично како модерниот напалм.

Технологијата на „грчкиот“ оган била изгубена со векови, но принципот на користење на запаливи супстанции останал. Во модерната ера, со развојот на хемиската индустрија, се појавиле нови и поефикасни формули.

напалм „грчки“ оган

Огнофрлачите во Првата светска војна се наследници на „грчкиот“ оган. Биле едноставни но многу ефикасни во рововската војна.

Главно користеле мешавини на бензин или керозин, често во комбинација со густи материи (на пример, масла) за да се создаде леплив и подолготраен оган. Компримиран воздух или гасови како азот или јаглерод диоксид служеле за потисок на течноста низ млазница. На крајот од млазницата имало едноставен систем за палење – често запалка со фосфор или горечки фитил.

Еден од најпознатите модели бил германскиот "Flammenwerfer", кој можел да испушта оган до 20-30 метри, страшно, но тактички корисно оружје за чистење непријателски ровови, бункери или пештери и создавање страв и психолошки притисок врз противникот. Иако биле ефективни, огнофрлачите барале храбри оператори, бидејќи биле тешки и ранливи за противнички напади.

Создавање на напалмот

Напалмот бил развиен за време на Втората светска војна од тим научници на Универзитетот Харвард. Оваа формулација била дизајнирана да биде поефикасна и лесно применлива на бојното поле. Основните компоненти на првиот напалм биле бензин и густи агенси, како соли на нафтонска и палмитна киселина.

napalmnapalm formula

Алуминиум нафтенат и алуминиум палмитат

Со додавање на густи материи, течноста станувала леплива, дозволувајќи ѝ да се прилепи за цели и да гори подолго. Тоа го правело напалмот идеален за уништување на утврдувања, расчистување на шуми и елиминирање на непријателски сили.

Во Виетнамската војна, напалмот бил усовршен и заменет со „напалм-B“, подобрена формула која користела бензин, полистирен и бензол. Оваа нова формула го зголемила времето на горење и неговата лепливост, правејќи го уште поразорен. Напалм-B можел да создаде температури од 800 до 1,200°C, уништувајќи сѐ на својот пат.

napalm vietnamvietnam napalm

Напалм-B и американски речен брод што со него за време на Виетнамската војна расчистува крајбрежје

Модерните запаливи оружја, иако поретко користени поради меѓународните забрани, се базираат на истиот принцип. Некои формули користат нови полимери и адитиви за да создадат уште пософистицирани запалливи материи. Во смесата би можеле да се додадат многу реактивни метали како натриум и калиум, или пирофорен бел фосфор (P4), а да не го спомнуваме и многу непријатниот триетиалуминиум ({(C2H5)3Al}2), исто така пирофорен.

piroforen

 

Белиот фосфор е една од алотропските форми на фосфорот и е познат по својата висока реактивност и запаливост. Овој материјал се користи за различни цели, но најчесто е познат по својата употреба во воени и индустриски контексти, каде што предизвикува интензивни контроверзии поради своите разорни ефекти врз луѓето и животната средина.

Белиот фосфор е мек, восочен материјал со жолтеникава нијанса кога е чист. Самозапалив е при изложување на кислород на температура над 30°C, па затоа се складира под вода или во инертни атмосфери. Многу лесно се оксидира, што го прави корисен за создавање чадни завеси и осветлување. Има карактеристично зеленкасто светкање во темнина (фосфоресценција).

Белиот фосфор предизвикува длабоки, хемиски изгореници кои продолжуваат да горат додека не се исцрпи кислородот или материјалот. Вдишувањето на пареи од белиот фосфор предизвикува сериозно оштетување на белите дробови и слузницата. Проголтувањето или изложеноста на мали дози може да биде фатално, предизвикувајќи оштетување на црниот дроб, бубрезите и срцето. Контаминирањето на почвата и водата со белиот фосфор може да предизвика долгорочни штети врз екосистемите. Остатоци од муниција ја зголемуваат токсичноста во областите погодени од конфликти.

trietil aluminium napalm

Триетилалуминиум

Триетилалуминиум е соединение составено од алуминиум и три етилни групи (-CH₂CH₃). Тој е дел од класата на органометални соединенија со формула: (C₂H₅)₃Al Безбојна течност со остар мирис, која лесно испарува. Многу реактивен со воздух и вода, самозапалив во контакт со кислород. Триетилалуминиумот се користи како ко-катализатор во Циглер-Ната катализаторите, кои се користат за полимеризација на олефини (на пример, етилен и пропилен) за добивање полиетилен и полипропилен. Овие полимери се основа за многу пластични материјали. Поради својата висока реактивност и самозапаливост, триетилалуминиумот се користи како иницијатор за согорување во ракетни мотори и системи за лансирање. Триетилалуминиум (TEA), со својата висока реактивност и самозапаливост, нашол специфична, но значајна примена во воените технологии, особено во ракетните системи и авијацијата. Поради неговата запаливост, TEA се истражувал и за создавање специјализирани запалливи бомби или гранати. Во комбинација со други запалливи материи, може да се користи за предизвикување пожари во непријателски структури или за уништување на возила. Реакцијата со вода ослободува запаливи гасови, што може да предизвика дополнителни експлозии.

го сакам мирисот на напалм

Апокалипса сега: „Го сакам мирисот на напалм наутро“

Технологиите за примена исто така напредувале, со електронски палења и дронови кои испуштаат запалливи супстанции.

Запаливите оружја како напалмот предизвикуваат огромни контроверзии. Нивната употреба во Виетнамската војна резултирала со големи цивилни жртви, што довело до меѓународна осуда. Денес, употребата на запаливи оружја е ограничена според Конвенцијата за одредени конвенционални оружја (но само против цивилни цели или против воени цели во цивилни области), но тие сѐ уште се користат во некои конфликти. И секогаш ќе се најде начин да се заобиколи ограничувањето: Бомбата МК-77 е запалива бомба што ја користат САД, која користи гориво на база на керозин со помала концентрација на бензен, и затоа технички не содржи ниту една од оригиналните компоненти на напалмот, иако сè уште функционира на ист начин. Се знае дека содржи и оксидирачки агенс, како и бел фосфор, што го отежнува гаснењето откако ќе се запали.

напалм во егејскиот дел на Македонија

Авиони на британското воено воздухопловство бомбардира села и населби на Македонци со напалм. Грамос, Егејски дел од Македонија

Напалмот е производ на долгата историја на развој на запалливи материјали, од „„грчки““от оган до модерните формули. Неговата ефикасност е неоспорна, но неговата употреба носи и тежок морален товар. Како и многу други технологии, тој ги рефлектира најдобрите и најлошите аспекти на човечката иновација. Додека ги разгледуваме овие оружја, важно е да се запрашаме: каде треба да се повлече границата помеѓу ефикасноста и етиката?

Автор на статијата: Блаже Димески
02 февруари 2025
Јанус кристали

Хемичарите создадоа кристали за екстракција на влагата од воздухот со нула потрошена енергија

Карл Вилхелм Шеле наречен „баксузот“

Извонредно баксузен, скромен фармацевт кој откри осум елементи и не доби признание за ниту еден од нив

Детергенти базирани на ензими

САД во 2010 година ги забранија фосфатите од производите за миење садови и ткаенини

>> Прочитај повеќе слични содржини!   

донирај

Генерален спонзор

генерален спонзор

Пријатели на науката

спонзор
спонзор
спонзор

Презентации и поимници

Презентации за основно образование

e hemija

Презентации за средно образование

hemija .ppt

Контактни информации:

e-hemija logo

Здружение за унапредување и развој на образованието и науката
„Е-ХЕМИЈА“ – Прилеп

Испрати порака:
e-hemija контакт

Е-Хемија на Facebook:
e-hemija facebook

Е-Хемија на Twitter:
e-hemija facebook

Пријатели на науката:

Здружение за унапредување и развој на образованието и науката „Е-ХЕМИЈА“ – Прилеп
Copyright © 2025 ehemija.mk

WebDesign www.nainternet.mk

e-hemija