"Кога ќе испратиме луѓе на Марс, ќе сакаме тие безбедно да се вратат на земјата. За да го направат тоа потребна им е ракета која ќе може да се лансира од Марс. Погон на течен кислород е нешто што би можеле да го направиме таму и не мора да го носиме како товар од земјата. Една идеја е да се однесе празен резервоар за кислород и да се наполни на Марс “
Објаснуваше во 2014 година, Мајкл Хект, главен истражувач на инструментот MOXIE и помошник директор за управување со истражување на опсерваторијата при Институтот за технологија во Масачусетс (MIT).
Michael Hecht, главен истражувач
Демонстрацијата на технологијата штотуку започна и таа веќе го означи преминот од научна фантастика во научен факт: Добивање и складирање на кислород на Марс е можно. Оваа е важна фаза за обезбедување на енергија за идните ракети што ќе ги враќаат астронаутите од Марс кон Земјата или од Марсовата површина ќе ги испраќаат до другите подалечни простори и вселенски тела.
Ова е револуционерна машина наречена со акронимот MOXIE (Mars Oxygen In-Situ Resource Utilization Experiment ), што е со големина на тостер.
Мокси
Атмосферата на Марс е 96% јаглерод диоксид. MOXIE го одделува кислородот од молекулите на јаглерод диоксид, при што се добива еден атом на јаглерод и два атоми на кислород. Нус-производот на оваа реакција е јаглерод моноксид кој се ослободува во атмосферата на Марс. Процесот на конверзија бара температура од околу 800 степени Целзиусови, и затоа експерименталниот конвертер е изработен од материјали отпорни на топлина. Неговиот дизајн вклучува 3Д-отпечатени делови од легури на никел, кои ги загреваат и ладат гасовите што минуваат низ нив и бестежински аерогел кој ја заробува топлината. Тенка златна обвивка од надворешната страна на MOXIE рефлектира топло инфрацрвено зрачење, со што се штитат другите делови на роверот.
Делови и функции на Мокси
Во првиот експеримент, приносот на кислород бил прилично скромен, околу пет грама, што е еквивалентно на количината на кислород што астронаутот го вдишува за 10 минути. Нема сомнение дека истражувањата ќе одат во насока на зголемување на капацитетот на овој уред а тоа ќе овозможи подобри услови за тераформирање* на Марс.
*Тераформирање (тераформација) е прилагодување на условите на некоја друга планета или небесно тело за да се овозможи живот на земски растенија, животни и луѓе.
Постои суштество во животинското царство од кое ќе се засрами дури и најискусниот пијаница
Замислете го освежувачкиот мирис на борови шуми ... или смирувачката арома на лаванда
WebDesign www.nainternet.mk