Молекулата која има потенцијал да се избори со едни од најголемите денешни здравствени проблеми: дебелината, дијабетесот и срцевите болести!
SLU-PP-332 припаѓа на класата на молекули познати како „Имитатори на вежбање“, кои обезбедуваат некои од придобивките од вежбањето без потреба од зголемена физичка активност. Активноста се заснова на нејзиното влијание на специфични рецептори во телото, особено на рецепторите поврзани со естрогенот (ERR). Овие рецептори играат важна улога во активирањето на метаболичките патишта кои обично се стимулираат со вежбање, што доведува до зголемена потрошувачка на енергија и оксидација на масни киселини. Оксидацијата на масни киселини е важен метаболички процес во кој масните киселини се разградуваат за да произведат енергија.
Професорот Томас Бурис од Универзитетот во Флорида, главен автор на студијата, објаснува: „Оваа супстанца во суштина ствара исти промени во скелетните мускули кои се забележани за време на тренингот за издржливост“. Со активирање на овие метаболички патишта, SLU-PP-332 ја намалува акумулацијата на телесните масти и промовира зголемена чиста мускулна маса, дури и без промени во исхраната или нивото на физичка активност. Ова беше докажано во студиите на глувци, каде што оние третирани со лекот доживеале значително намалување на телесните масти и подобрена чувствителност на инсулин, клучен фактор за регулирање на нивото на шеќер во крвта.
Подобрувањето на чувствителноста на инсулин и намалувањето на телесните масти се особено релевантни за третман на болести како што се дебелината и дијабетес тип 2, кај кои често се нарушува регулирањето на метаболизмот на јаглехидрати и липиди. Овие резултати даваат надеж, особено за луѓето чија способност за вежбање е ограничена поради постојните медицински состојби или физички ограничувања.
За овие лица, SLU-PP-332 може да биде остварлива алтернатива за подобрување на метаболитичкото здравје, намалување на телесната тежина и намалување на ризикот од болести поврзани со дебелината без ограничувања и тешкотии поврзани со редовното вежбање. Уште повеќе, лекот исто така има значителен потенцијал за зачувување на мускулната маса, што е критичен фактор во процесите како што се губење на тежината и стареење. Навистина, губењето на мускулите е неизбежна последица на стареењето и слабеењето. „Ова може да им овозможи на луѓето да останат здрави додека стареат“.
Во друг труд што лабораторијата на Бурис се подготвува да го објави, истражувачите откриле дека соединението може да третира и срцева слабост преку зајакнување на срцевиот мускул.
„Кога третирате глувци со лекот, можете да видите дека нивниот метаболизам во целото тело прави согорување на масните киселини, што е многу слично на она што луѓето го користат кога постат или вежбаат и животните почнуваат да губат тежина.Исто така, ја зголемува издржливоста, помагајќи им на глувците да трчаат речиси 70% подолго и 45% подалеку од глувците кои не го примале лекот“.
Досега, лекот не генерира сериозни несакани ефекти.
Следниот чекор во развојот на SLU-PP-332 во кандидат за лек ќе биде да се усоврши неговата структура, идеално да се направи достапен како таблета наместо инекција. Потоа лекот ќе биде тестиран за несакани ефекти кај повеќе животински видови(свињи, мајмуни) пред да се направи скок до испитувања на луѓе.Овој развој доведе до наплив на интерес, истражување и финансирање за лекови кои би можеле да ги третираат овие метаболички болести преку различни биолошки патишта.Но, ќе бидат потребни повеќе истражувања за да се разбере целосниот потенцијал на лекот.
Најдобро е што на слична база се креираат и други слични лекови, како SLU-PP-1072, селективен ERRα/γ инверзен агонист, кој го инхибира ефектот Варбург и индуцира апоптоза во клетките на ракот на простата.
Дизајниран и синтетизиран е и нов ERR агонист, SLU-PP-915, кој значително ја подобрува индуцираната срцева слабост без да влијае на срцевата хипертрофија.
Разните хемикалии во сувомеснатите производи се поврзуваат со појавата на рак
Први набљудувања на едноелектронски ковалентни врски помеѓу два јаглеродни атоми
WebDesign www.nainternet.mk