Хемија за сите

Историјата на огледалото

Огледалото, како предмет, e еден од безвременските цивилизатори на човештвото

Огледалото како објект се нарекува „еден од најконзистентните цивилизатори на човештвото“, што носи чувство на лична рефлексија и компаративен идентитет. Огледалото е централно за секој аспект од човечката историја - уметност, археологија, медицина, психологија, филозофија, технологија, оптика - и се разбира, стил. Зборот огледало потекнува од францускиот „mirour“, од латинскиот „mirari“ - да се восхитувам. Самите Римјани, сепак, го користеле зборот „speculum“, од „specere“ - да се погледне или да се види.

поглед во огледало

Луѓето во античкиот свет веројатно користеле природни огледала, како што е водата собрана во сад, за да си ја увидат својата убавина. Природата е всушност вистинскиот пронаоѓач на стаклото давајќи ни вода со рефлектирачки својства. Оттука потекнува идејата дека можеме да создаваме огледала - со набљудување на светот околу нас и користење на рефлектирачките својства на водата во наша корист. За среќа, луѓето набрзо сфатиле дека чувањето вода во садовите не е трајно решение и почнале да истражуваат начини за производство на огледала кои се малку попрактични.

Првите огледала се пронајдени во Анадолија (денешна Турција) кои датираат од 6000 п.н.е. Овие огледала биле изработени од полиран камен, како што се природното вулканско стакло-полирани опсидијански огледала.

најстаро огледало

Мезоамериканско полирано камено огледало - опсидианско астечко огледало

Единствениот недостаток на опсидијанот е тоа што е црн, па иако површината може да се полира за подобро да ја рефлектира светлината, сепак не била совршено решение. Црната боја ја прави сликата да се рефлектира назад кон нејзиниот корисник многу потемна, и јасното гледање на работите не била секогаш можно.

Метални огледала- Огледалата ги користеле древните Египќани уште околу 2900 година п.н.е. Тие биле изработени од полирана бронза во облик на рамни тркалезни дискови - во претставата на богот на сонцето Ра - со рачки од дрво, метал или слонова коска (сликата лево). Слично на тоа, во Кина, откопано леано бронзено огледало е датирано уште во 2000 година п.н.е.

рачно огледалоогледало античко

Огледалата пронајдени во денешен Либан користеле метални облоги во првиот век од нашата ера. Ова се првите огледала кои малку личат на оние на кои сме навикнати денес. Златните листови и полираното олово често биле најдобар избор бидејќи тие биле лесно достапни и многу рефлектирачки.

Римјаните на крајот откриле како можат да користат огледала од дувано стакло за да создадат рефлектирачка површина, но тие повеќе личеле на конвексни огледала.

Просветлувањето во ерата на разумот, науката, културата, филозофијата - и создавањето огледала, секако дека не пристигнало во еден миг. Но, некаде околу 12 век, креаторите на огледала почнале мерливо да го подобруваат својот занает. Еснаф на создавачи на огледала - првиот запишан, бил формиран во градот Нирнберг во 1373 година, набрзо следен од еснаф во градот Венеција.Додека еснафите ги истражувале амалгамите од калај, сребро и жива, тие експериментирале и со различен материјал: камениот кристал.

До средниот век, техниките не биле многу развиени, се до 16 век, кога што настанува раѓањето на познатото венецијанско огледало.Тие означуваат пресвртница во историјата на огледалата, бидејќи е создаден нов метод за обложување на стакло со танок слој од живин амалгам.

Венеција останала главен град за огледала до 17 век, кога производството на огледала главно се преселило во Лондон и Париз.

Во 1835 година, Јустус фон Либиг, германски хемичар, го направил огледалото од посребрено стакло каде тенок слој од метално сребро се нанесува на стакло со хемиска реакција- редукција на сребрениот нитрат. Пронајдокот на овој процес овозможи да се произведуваат огледала во многу поголем обем, а за прв пат во историјата обичните луѓе можеа да купат огледало.

добивање огледало

огледало - направи сам

Постапката оди вака:

Земете 1 грам сребро нитрат и 1 грам натриум хидроксид во посебни садови и додадете доволно вода на двете супстанци за целосно да се растворат.
Измешајте ги двата раствора заедно. Ќе се формира црн талог од сребрен оксид.

2AgNO3 + 2NaOH → Ag2O + H2O + 2NaNO3

Додадете амонијак додека талогот целосно не се раствори.

Ag2O + 4NH3 + H2O → 2[Ag(NH3)2]+ + 2OH

Додадете 4 грама шеќер декстроза и мешајте додека не се раствори.
Ставете го вашето стакло што сакате да го посребрите во растворот или истурете го растворот во сад што го содржи вашето стакло.

постапка за огледало

огледало постапка 2

огледало добивање

Нежно загрејте го растворот, но НЕ дозволувајте да зоврие. Вриењето нерамномерно го нанесува среброто на .површината.Се брише со крпа местото каде не сакаме да има сребро или ако среброто е навистина залепено на места што не го сакате, можете да нанесете хлороводородна киселина.

огледало на стакло

Фактички- ова е класична реакција на сребрено огледало

Огледалата денес имаат тенок слој од метал депониран на стаклената површина за да се создаде рефлектирачка обвивка. Изборот на метал влијае на хемиските својства на огледалото, вклучувајќи ја неговата реактивност и рефлексивност: Алуминиумот најчесто се користи како рефлектирачки слој во огледалата. Тоа е лесен метал со одлична рефлексивност на видливата светлина. Алуминиумот е хемиски реактивен со силни киселини и алкалии, што доведува до корозија и губење на рефлектирачките својства. Затоа, често се нанесува заштитна обвивка, како што е проѕирен слој од оксид или диелектричен слој, за да се спречи директен контакт помеѓу алуминиум и корозивни материи.

Алуминиумот оксидира многу лесно, но ова е поволно бидејќи алуминиум оксидот е поцврст одсамиот метал и оксидот го штити металот од понатамошна оксидација т.е корозија.

оксииран ал

Микроскопски приказ на површината на оксидиран и обичен алуминиум

Алуминиумски огледала

ал огледала

Денешните ретровизори почесто се произведуваат со таложење на алуминиум со вакуум директно на стаклото.Алуминиумот при контакт со воздух се подложува на оксидација. Ова формира оксиден слој на површината на алуминиумот кој помага да се заштитат останатите слоеви на алуминиум. Може да биде изложен на воздух и нема да оцрни. Ова се случува затоа што при изложување на воздух формира слој од оксид кој го штити од нападот од воздухот(види ја статијата-Пасивизација на метали).

А со вода?

водено огледало

Геометрија на интеракцијата алуминиум-вода

огледало вода

Геометриски зони за реакција на алуминиум/вода

Ваков алуминиумот исто така не реагира со вода. Секоја молекула на вода што може да дојде во контакт со металот предизвикува оксидот да се хидрира и да ја промени својата геометрија така што растојанието помеѓу врските сега ќе биде речиси двојно повеќе од почетната должина на врската на атомите. Така, оваа промена во геометријата на атомите предизвикува долните слоеви на металот да станат хемиски инертни за водата. На овој начин, алуминиумот не претрпува никакви хемиски промени при контакт со вода.

Постои студија за нападите на молекулата на водата врз атоми на алуминиум за да се определи нивната геометрија на интеракција. Постоењето на одреден број геометриски зони за одбивање и привлекување на атомите на Al кога тие комуницираат со водената молекула се добива со помош на функционална теорија на густина.

Во проучувањето на интеракцијата алуминиум-вода, секогаш ја разгледуваме молекулата на водата во рамнината XY со атомот на кислород во почетокот и двата водородни атоми поставени симетрично во однос на позитивниот дел од оската Y(сл. 1). Соодветната група на симетрија на металниот атом кон атомот на кислород на H2O се истражува со разгледување на нападот на алуминиум врз молекулата на водата од неколку агли во однос на главните оски според сл.1, но од друг аспект-од аспект на загадување на водите со алуминиум, кадмиум и други метали.

вода огледало

Автор на статијата: Блаже Димески
22 октомври 2023
Стршлените ќе ни помогнат во борбата против мамурлакот?

Постои суштество во животинското царство од кое ќе се засрами дури и најискусниот пијаница

Терпените – ароматичната хемија на природата

Замислете го освежувачкиот мирис на борови шуми ... или смирувачката арома на лаванда

Марија Склодовска Кири

Жената која донесе светлина во светот

>> Прочитај повеќе слични содржини!   

донирај

Генерален спонзор

генерален спонзор

Пријатели на науката

спонзор
спонзор
спонзор

Презентации и поимници

Презентации за основно образование

e hemija

Презентации за средно образование

hemija .ppt

Контактни информации:

e-hemija logo

Здружение за унапредување и развој на образованието и науката
„Е-ХЕМИЈА“ – Прилеп

Испрати порака:
e-hemija контакт

Е-Хемија на Facebook:
e-hemija facebook

Е-Хемија на Twitter:
e-hemija facebook

Пријатели на науката:

Здружение за унапредување и развој на образованието и науката „Е-ХЕМИЈА“ – Прилеп
Copyright © 2025 ehemija.mk

WebDesign www.nainternet.mk

e-hemija