Хемија за сите

Светлечко стапче

Самостоен извор на светлина чија работа се базира на соодветна хемиска реакција. Хемилуминисценција

Светлечкото стапче е самостоен извор на светлина чија работа се базира на соодветна хемиска реакција. Се состои од проsирна пластична цевка која содржи изолирани супстанци кои, кога се комбинираат, испуштаат светлина преку појавата наречена хемилуминисценција. Светлото не може да се исклучи и може да се користи само еднаш.
svetlecko stapce

Се користи за рекреација, но и за воени, полициски, пожарникарски операции или итни медицински услуги, за еколошки цели, форензика, во индустријата за храна и лекови, за забава ...

Флуорофор (или флуорохром, слично на хромофори- незаситени органски функционални групи кои апсорбираат зрачење во UV‐VIS областа) е флуоресцентно хемиско соединение што може да емитува светлина. Флуорофорите обично содржат неколку комбинирани ароматични групи, планарни или циклични молекули со неколку π врски.
светлечко стапче

Светлечкото стапче емитува светлина кога ќе се измешаат две хемикалии. Реакцијата помеѓу двете хемикалии се катализира со базна компонента, обично натриум салицилат. Стапчињата се состојат од мал, кршлив сад(ампула) во рамките на флексибилен надворешен сад. Секој контејнер има различен раствор. Кога надворешниот контејнер се свиткува, внатрешниот сад се крши, дозволувајќи им на растворите да се комбинираат, предизвикувајќи ја потребната хемиска реакција. По кршењето, цевката се протресува за темелно да се измешаат компонентите.

Светлечкото стапче содржи две хемикалии, базен катализатор и соодветна боја (флуорофор). Ова создава егзергона (егзоенергетска) реакција. Хемикалиите во пластичната цевка се мешавина од боја, базен катализатор и дифенил оксалат. Хемикалијата во стаклената ампула е водород пероксид. Со мешање на пероксидот со естерот на фенил оксалат, се одвива хемиска реакција, при што се добиваат два мола фенол и еден мол перокси естер (1,2-диоксетандион). Естерот спонтано се распаѓа на јаглерод диоксид, ослободувајќи енергија што ја возбудува бојата, која потоа се релаксира со ослободување на фотон. Брановата должина на фотонот - бојата на емитираната светлина - зависи од структурата на бојата. Реакцијата ослободува енергија претежно како светлина, со многу малку топлина.
хемиска забава

Во последно време светлечкото стапче и хемилуминисценцијата се употребуваат за забава и изведување на „магични“ трикови.

Автор на статијата: Блаже Димески
03 јули 2021
Сер Вилијам Ремзи

Хемичарот кој додаде уште една група во Периодниот систем на елементите

Историјата на огледалото

Огледалото, како предмет, e еден од безвременските цивилизатори на човештвото

Молекуларни магнети

Дилантанидните комплекси би можеле да го отворат патот за нов вид на супермоќни перманентни магнети

>> Прочитај повеќе слични содржини!   

Генерален спонзор

генерален спонзор

Хит-твит

hit-tvit

Пријатели на науката

спонзор
спонзор
спонзор

Презентации и поимници

Презентации за основно образование

e hemija

Презентации за средно образование

hemija .ppt

Контактни информации:

e-hemija logo

Здружение за унапредување и развој на образованието и науката
„Е-ХЕМИЈА“ – Прилеп

Испрати порака:
e-hemija контакт

Е-Хемија на Facebook:
e-hemija facebook

Е-Хемија на Twitter:
e-hemija facebook

Пријатели на науката:

Здружение за унапредување и развој на образованието и науката „Е-ХЕМИЈА“ – Прилеп
Copyright © 2023 ehemija.mk

WebDesign www.nainternet.mk

e-hemija