Дејви е роден во Пензанс, Велика Британија на 17 декември 1778 година, во семејство од средната класа. Почнал да студира медицина, но кога ја прочитал Traité élémentaire de chimi на Лавоазје, неговото образование почнува да се движи во нов, неочекуван правец. Оваа книга влијае на голем дел од неговата идна работа, што може да се смета како реакција против работата на Лавоазје и доминацијата на француските хемичари.
1798 година Дејви се приклучил на пневматската институција во Бристол. Требало да ги испита медицинските моќи на разни гасови (произведени експериментално или вештачки). Прво почнал да го испитува азотниот оксид наречен гас за смеење (азот моноксид). Гасот првпат бил синтетизиран во 1772 година од хемичарот Џозеф Пристли, кој го нарекол флогистиран азотен воздух. Дејви открил дека гасот е совршено безбеден кога е апсолутно чист и дава препораки да се користи како средство за анестезија.
При своите експерименти, тој ги испробувал гасовите на себе, па неколку пати за малку ќе умрел од вдишување на разни гасови,а вдишувањето на азотни оксиди кои се комбинирале со влагата во устата за да формираат азотна киселина (HNO3), сериозно ја оштетил мукозната мембрана во неговата уста. Исто така,Дејви сериозно се повредил во лабораториска несреќа со азот трихлорид.Францускиот хемичар Пјер Луј Дулонг првпат го подготвил ова соединение во 1811 година и изгубил два прста и едно око во две одделни експлозии со него.
Поради своите заслуги, 1801 година Дејви бил интервјуиран од комитетот на Кралската институција, на чело со Хенри Кевендиш и е ангажиран во служба на Кралската институција како помошник предавач по хемија, директор на хемиската лабораторија и помошник уредник на списанијата на установата. Само по неколку месеци, Дејви го одржал своето прво предавање на релативно новата тема „галванизам“.Со неговите експерименти ги воодушевувал студентите и затоа на неговите предавања имало и по 500 слушатели. Предавањата на Дејви вклучувале спектакуларни, а понекогаш и опасни хемиски демонстрации, заедно со најнови научни информации, а и нови апаратури што сам ги осмислувал и изработувал.
До јуни 1802 година, по нешто повеќе од една година во институцијата и на 23-годишна возраст, Дејви бил номиниран за редовен предавач во Кралската институција на Велика Британија.
Во јуни 1802 година, Дејви го објавил методот на копирање слики на стакло и правење профили, ги опишал неговите експерименти со фотосензитивноста на сребро нитрат.За жал, Дејви не посветил повеќе од своето време на унапредување на овие рани откритија во фотографијата,но запишано е дека принципот на проекција на слика со помош на сончево осветлување е применет за изградбата на најраната форма на фотографски зголемувач, „соларната камера“.
Тој бил повикан да ги искористи своите „обемни складишта на хемиско знаење“ за да се справи со проблемот со експлозиите во рударството предизвикани од влага или метан. измешан со кислород, кој често се запалувал од отворениот пламен на светилките кои ги користеле рударите, и да пронајде безбедна светилка.
Дејви замислил да искористи железна решетка за да го затвори пламенот на светилката и така да спречи метанот што гори во светилката да помине во околната атмосфера. За жал, иако новиот дизајн на ваква светилка првично се чинело дека нуди заштита, давала многу помалку светлина и брзо се распаѓала во влажните услови на повеќето јами.
Во 1802 година, Хемфри Дејви ја направил тогаш најмоќната електрична батерија во светот. Со него Дејви ја создал првата лачна светилка со поминување на електрична струја низ тенка лента од платина, избрана затоа што металот имал исклучително висока точка на топење. Светлото не било ни доволно силно, ниту доволно долготрајно за да биде од практична употреба, но Дејви го покажал основниот принцип.
Светилката на Дејви е безбедносна светилка за употреба во запаливи атмосфери. Се состои од светилка со пламен затворен во мрежест оклоп. Создаден е за употреба во рудници за јаглен, за да се намали опасноста од експлозии поради присуството на метан и други запаливи гасови
Лачна ламба со јаглеродни електроди
1806 Година, тој демонстрирал многу помоќна форма на електрично осветлување на Кралското друштво во Лондон. Тоа е рана форма на лачна светлина која го произведувала своето осветлување од електричен лак создаден помеѓу две јаглеродни прачки.
Дејви беше пионер во полето на електролизата користејќи го Волтиниот столб за да ги раздели соединенијата и на тој начин да изолира многу нови елементи. Тој работи со електролиза на стопени соли и откри неколку нови метали, вклучувајќи натриум и калиум, високо реактивни елементи познати како алкални метали. Дејви го открил калиумот во 1807 година, добивајќи го од каустична поташа (KOH). Пред 19 век, не се прави разлика помеѓу калиум и натриум. Калиумот бил првиот метал кој бил изолиран со електролиза. Дејви изолирал натриум во истата година со поминување на електрична струја низ стопен натриум хидроксид.
Волтаичниот апарат на Хамфи Дејви,со кој ги изведувал експериментите на електролиза
Во текот на првата половина на 1808 година, Дејви спровел серија дополнителни експерименти за електролиза на алкални земји, вклучувајќи вар, магнезит, стронтит и барит. На почетокот на јуни, Дејви добил писмо од шведскиот хемичар Берзелиус во кое се тврди дека тој успешно добил амалгами на калциум и бариум со електролиза на вар и барити со помош на живина катода. Дејви успеал успешно да ги повтори овие експерименти но забележал дека овие амалгами се оксидираат за само неколку минути кога се изложени на воздух, а дека може да се зачуваат долги временски периоди кога се потопени во нафта пред да бидат покриени со бела кора.На 30 јуни 1808 година, Дејви пријавил дека успешно изолирал четири нови метали кои ги нарекол бариум, калциум, стронциум и магниум (подоцна сменет во магнезиум) а го изолирал и борот во 1809 година.
Хлорот бил откриен во 1774 година од шведскиот хемичар Карл Вилхелм Шеле, кој го нарекол „дефлогистирана муријатична киселина“ и погрешно мислел дека содржи кислород. Дејви докажал дека киселината од супстанцата на Шеле, наречена во тоа време оксимуријатична киселина, не содржи кислород. Ова откритие ја поништува дефиницијата на Лавоазје за киселините како соединенија на кислородот.Во 1810 година, хлорот го добил своето сегашно име од Хемфри Дејви, кој инсистирал дека хлорот е всушност елемент. Името хлор, избрано од Дејви за „една од очигледните и карактеристични својства на супстанцата - нејзината боја“, доаѓа од грчкиот χλωρος (chlōros), што значи зелено-жолто.
Во 1812 година, Дејви е прогласен за витез и се откажала од својата предавачка позиција во Кралската институција. Тој ја доби титулата почесен професор по хемија. Во 1813 година, тој и Мајкл Фарадеј како негов научен асистент, отпатувале во Франција за да го подигнат второто издание на Рrix du Galvanisme, медал што Наполеон Бонапарта му го доделил на Дејви за неговата електрохемиска работа што било голема работа во тоа време, бидејќи Франција била многу непријателска земја.
Додека бил во Париз, Дејви присуствувал на предавања на Геј-Лисак за мистериозна супстанца изолирана од Бернар Куртоа. Дејви напишал труд за Кралското друштво за елементот, кој сега се нарекувал јод.Ова довело до спор помеѓу Дејви и Геј-Лисак за тоа кој имал приоритет во истражувањето.
Го напуштаат Париз во декември 1813 година, патувајќи на југ во Италија.Тие престојувале во Фиренца, каде што користејќи го фокусирачкото стакло на Големиот војвода од Тоскана во серија експерименти спроведени со помош на Фарадеј, Дејви успеал да ги искористи сончевите зраци за да запали дијамант, докажувајќи дека е составен од чист јаглерод. Работата на Дејви продолжила во Рим, каде што тој извршил експериментално одредување на јод и хлор и на боите користени во античките слики. Ова било првото хемиско истражување на пигментите што ги користеле уметниците.
Киселински студии
Во 1815 година, Дејви, исто така, претпоставил дека киселините се супстанци што содржат заменливи водородни јони; - водород што може делумно или целосно да се замени со реактивни метали кои се поставени над водородот во серијата на реактивност. Кога киселините реагирале со металите, тие формирале соли и водороден гас. Базите се супстанци кои реагираат со киселини за да формираат соли и вода. Овие дефиниции функционираа добро во поголемиот дел од деветнаесеттиот век.
Од 1761 година на бродовите на Кралската морнарица, била поставувана бакарната облога на долните страни, за заштита на дрвото од напад на бродски црви . Сепак, бакарните плочи постепено кородирале од изложеност на солена вода. Помеѓу 1823 и 1825 година, Дејви, потпомогнат од Мајкл Фарадеј, се обидел да го заштити бакарот со електрохемиски средства. На бакарните плочи прикачил парчиња цинк или железо, жртвени парчиња кои му обезбедувале катодна заштита на металот домаќин. Меѓутоа, беше откриено дека заштитениот бакар брзо се валка, односно парчиња трева и/или морски суштества се закачуваат на трупот, што имало штетно влијание врз ракувањето со бродот. Од хемиски аспект тоа било супер решение, но не и од практична гледна точка.
Во 1818 година, Дејви бил награден со титула барон. Иако Сер Френсис Бејкон и Сер Исак Њутн веќе биле прогласени за витези, ова е, во тоа време, првата таква чест што некогаш му била доделена на човек на науката во Британија. Дејви, го поддржува женското образование и вклучувањето на жените во научни определби, дури и предложи жените да бидат примени на вечерни настани во Кралското друштво. Дејви се здоби со голем број женски следбеници низ Лондон.
Во 1826 година доживеал мозочен удар од кој никогаш не се опоравил целосно а умира во Швајцарија, на 29 мај 1829 година.
Хемичарите создадоа кристали за екстракција на влагата од воздухот со нула потрошена енергија
Извонредно баксузен, скромен фармацевт кој откри осум елементи и не доби признание за ниту еден од нив
WebDesign www.nainternet.mk