Љубовта е окситоцин, среќата е серотонин, стравот е адреналин. Ние сме алхемичари на сопствените чувства.
Знаеме дека хормоните се супстанци кои се произведени во одредени жлезди во телото а се транспортираат низ телото преку внатрешни течности со цел да ги регулираат дејствата на клетките и органите. Изведуваат специфични биолошки функции и овозможуваат комуникација помеѓу органите и ткивата со цел да се регулираат физиолошките функции како на пример варење на храната, дишење, сетилни перцепции, сон, лачење, формирање и развој, движење, репродукција, итн. Ние ќе го разгледаме само влијанието на хормоните на емоциите и како изгледа нивната хемиска градба.
Хормоните се невидливите команданти на нашето тело. Од утринското будење (кортизол) до ноќниот сон (мелатонин), тие го диктираат нашиот ритам. Окситоцинот нè поврзува со блиските, додека адреналинот нè подготвува за акција. Инсулинот ја регулира енергијата, а допаминот ни носи задоволство. Поточно кажано, адреналинот, дериват на аминокиселината тирозин, моментално го зголемува нивото на гликоза во крвта и ја забрзува срцевата работа. Инсулинот, пак, регулира како клетките ја користат гликозата, спречувајќи хаотичен метаболички дисбаланс. Дури и нашите емоции се под влијание на хемиски посредници како серотонин и допамин, кои ја менуваат невротрансмисијата во мозокот.
Потеклото на зборот хормон е од старогрчкиот збор hormon што значи „тој што предизвикува движење“ и е тотално коректен бидејќи тие се најмоќните биолошки двигатели, кои науката сè подлабоко ги проучува, дури и открива нови досега неспознаени хормони. Целиот хормонален систем во телото е меѓусебно поврзан; промената на еден хормон може да доведе до промени во многу други. Без нив, ниту расположението, ниту метаболизмот, ниту љубовта не би биле исти. На сликата погоре се прикажани хемиски структури на различни молекули поврзани со емоциите и физиолошките состојби:
1. Среќа : Серотонин - невротрансмитер кој игра важна улога во регулирањето на расположението и среќата.
3-(2-aминоетил)-1H-индол-5-oл
2.Спокојство: Гама-аминобутерна киселина (GABA) - главен инхибиторен невротрансмитер кој предизвикува релаксација.
аминобутанска киселина
3. Вљубеност : Фенилетиламин - соединение поврзано со чувството на возбуда и вљубеност.
Фенилетиламин
4. Страст: Тестостерон и естроген - хормони кои влијаат на сексуалната желба.
Eстра-1,3,5(10)-триен,17β-диол и 17β-хидроксиандрос-4-eн-3-oн
5. Љубов : Допамин - невротрансмитер кој создава чувство на задоволство и награда.
4-(2-Aминоетил)бензен-1,2-диол.
6. Енергија : Аденозин трифосфат (ATP) - молекула која обезбедува енергија за клеточните процеси.
Aденозин 5′-(тетрахидроген трифосфат)
7. Стрес : Кортизол - хормон кој се ослободува како одговор на стресни ситуации.
11β,17α,21-трихоксипрегн-4-eн-3,20-дион
8. Страв : Адреналин - хормон кој се лачи во состојби бори се или бегај (или стаписај се од страв).
(R)-4-(1-хидрокси-2-(метиламино)eтил)бензен-1,2-диол
9. Екстаза : Анастетични соединенија или ендорфини - молекули кои предизвикуваат чувство на радост и еуфорија.
10. Поврзување : Окситоцин - хормон поврзан со социјално поврзување и емпатија.
Солзи: Молекули кои можеби се поврзани со емотивни солзи, иако не можеме да кажеме хемиски специфики. Главната молекула што ги предизвикува солзите е ензимот лакримална амилаза, но целокупниот состав на солзите е комплексен.
Солзите немаат една единствена „главна“ молекула, туку различни ензими, липиди, протеини и хормони кои ги регулираат.
Хормоните се мали, но моќни молекули што ја контролираат хемијата на животот. Тие делуваат како сигнални молекули, испраќани преку крвотокот за да активираат специфични рецептори на клетките. Всушност, без хормоните, би биле само збирка клетки без координација и биохемиска хармонија.
Постои суштество во животинското царство од кое ќе се засрами дури и најискусниот пијаница
Замислете го освежувачкиот мирис на борови шуми ... или смирувачката арома на лаванда
WebDesign www.nainternet.mk