Едвард Бухнер (1860–1917) бил германски хемичар кој направил револуција во биохемијата со своето откритие дека ферментацијата може да се одвива без живи клетки. Ова откритие му донело Нобелова награда за хемија во 1907 година.
Роден е на 20 мај 1860 година во Минхен, Германија. Неговиот татко бил лекар, но починал кога Едвард бил уште дете. Ова веројатно имало влијание врз неговиот живот, бидејќи финансиската состојба на семејството била нестабилна, а неговиот постар брат, Ханс (познат микробиолог), веројатно му помогнал во образованието. Интересно е што Бухнер не започнал како биохемичар. Првично студирал ботаника, но подоцна се свртел кон хемијата под влијание на Адолф фон Бајер (откривачот на фенолфталеинот). Во 1896 година, Бухнер продолжил да работи како вонреден професор по аналитичка и фармацевтска хемија на Универзитетот во Тибинген, каде што останал до 1898 година, пред да ја прифати професорската позиција за општа хемија на Земјоделскиот универзитет во Берлин.
Во записите на неговите колеги, Бухнер бил опишан како посветен и многу амбициозен научник. Бил прецизен во својата работа и не се плашел да поставува прашања кои оделе против тогашните научни догми. Интересно е што не бил типичен теоретичар – повеќе сакал експерименти и практична работа. Неговото откритие за ферментацијата дошло како резултат на упорно експериментирање, а не случајна инспирација.
Иако бил научник од светски ранг, за време на Првата светска војна бил мобилизиран како лекар. На 13 август 1917 година, на Источниот фронт (во денешна Украина), бил сериозно ранет од граната. Починал неколку дена подоцна од повредите и најверојатно сепса, на 13 август 1917 година. Така германскиот „нобеловец“ стана „херој“ без своја волја, некаде, на работ на Европа заробен во пеколните стеги на војната. Светската биохемија и медицина останаа посиромашни, а историјата трагично беше „збогатена“ со уште една славна жртва на Големата војна.
Бухнер не бил типичен научник-затвореник во лабораторија, туку човек со практичен пристап кон хемијата. Неговиот живот бил релативно тивок, но неговата работа остави огромно влијание врз науката. Трагично е што војната го однесе прерано, но неговото откритие за ензимите живее и денес. Бухнер се смета за основач на новата гранка на биохемијата: ензимологијата, која се занимава со процесите на ферментација
Ферментација без квасец – откритие што ја промени науката
Во 1897 година, додека работел во лабораторијата на универзитетот во Минхен, Бухнер се обидувал да изолира екстракти од квасец со цел да ги користи во експерименти. Проблемот бил што квасецот има дебели клеточни ѕидови , па било тешко да се добијат чисти екстракти.
За да го реши ова, користел мешавина од кварцен песок и дијатомејска земја за механички да ги „смачка“ клетките. Наместо да добие мртов екстракт, тој забележал дека течноста што ја добил продолжила да произведува јаглерод диоксид – што значело дека ферментацијата продолжува и без присуство на живи клетки. Ова било шокантно за тогашните научници, бидејќи во тоа време се верувало дека само живи организми можат да вршат ферментација (според виталистичката теорија). Бухнер ја докажал спротивното: ензимот што го нарекол „зимаза“ бил доволен за процесот да се одвива.
Ова откритие било пресудно за биохемијата, бидејќи докажало дека ферментацијата е чисто хемиски процес предизвикан од ензими, а не од „животната сила“ на организмите. Подоцна се утврдило дека зимазата е мешавина од повеќе ензими (особено алкохолна дехидрогеназа и пируват декарбоксилаза), кои го катализираат разградувањето на шеќерите во алкохол. Ова не само што ѝ даде научна основа на алкохолната ферментација, туку и го отвори патот за идните истражувања на ензимите, што доведе до развојот на биотехнологијата, фармацијата и индустриската ензимологија. Откако го разјасни ова прашање, кое исто така беше важно за производителите на пиво, тој се свртел кон други ферментации. Тој истражувал и објавил за ферментација на бутирна киселина, улогата на млечна киселина во ферментација на алкохолен шеќер и ферментација на лимонска киселина.
Една интересна приказна поврзана со откритието е дека Бухнер не ни сакал да се занимава со квасецот! Според некои извори, неговата главна цел била да најде нов метод за зачувување на хранливите материи од квасецот за медицински цели. Само што, наместо тоа, открил нешто што ја смени науката.
Исто така, во научните кругови кружи анегдота дека неговиот брат, Ханс Бухнер, кој бил микробиолог, првично не верувал во откритието на Едвард. Тоа дополнително ја нагласува револуционерноста на неговата работа – дури и научниците од неговото време биле скептични.
Човекот што ги „ослободи“ ензимите
Откритието на Бухнер не само што стави крај на виталистичките идеи за ферментацијата, туку и ја постави основата за модерната ензимологија. Благодарение на него, денес знаеме дека ензимите се биолошки катализатори кои можат да дејствуваат и надвор од клетките – принцип што се користи во модерните индустрии, од фармацијата до производството на сирење и детергенти.
Интересен дел од говорот при доделувањето на Нобеловата награда за хемија на Едвард Бухнер во 1907 година: „Вашето откритие ја ослободи ферментацијата од мистичната власт на живата клетка.“
Оваа реченица совршено ја доловува револуционерноста на неговата работа – тој докажа дека ферментацијата не е биолошка магија, туку чист хемиски процес управуван од ензими. Со тоа, ја урна виталистичката теорија која доминирала дотогаш.
Едвард Бухнер можеби не бил најпознатото име во историјата на науката, но неговата работа без сомнение ги промени биохемијата и хемијата засекогаш.
„Клетките на растенијата и животните сè појасно ги гледаме како хемиски фабрики, каде што различните производи се произведуваат во посебни работилници. Ензимите дејствуваат како надзорници“.
Малку историја: Сè за Кајзер Вилхелм II! .... или „Манифест на 93“ !!!
На 4 октомври 1914 година, 93 истакнати личности од германската култура и наука формирале заедничко тело околу нивниот цар. Нивниот гест на солидарност беше наменет пред сè како апел до неутралните држави во Европа на почетокот на Првата светска војна, со намера интелектуално да се спротивстави на сите дејствија и прекори упатени до Германија од нејзините непријатели, предводени од Франција.
„Верувајте ни, ќе се бориме до крај како цивилизиран народ“!
Списокот на 93-цата потписници е импресивен, составен од филозофи, историчари, теолози, писатели, драматурзи, ликовни уметници, архитекти, но пред сѐ, од великани на науката: од Макс Планк, основачот на квантната физика, до Конрад Рентген, откривачот на Х-зраците, од Емил Фишер, кој ја разви органската хемија, до Вилхелм Оствалд, еден од основоположниците на физичката хемија – сите добитници на Нобеловата награда.
И списокот на големите научници не завршува тука: Ернст Хекел, германскиот промотор на дарвинизмот, Вилхелм Вундт, пионер во експерименталната психологија, нобеловците-физичари Филип Ленард (откривач на катодните зраци, подоцна истакнат нацист), Вилхелм Вин (за истражувањата на топлотното зрачење) и Валтер Нернст (откривачот на третата законитост на термодинамиката).
Редот на лекарите-потписници го сочинуваат микробиолозите Емил Адолф фон Беринг и Пол Ерлих (двајцата добитници на Нобелова награда), Вилхелм фон Валдејер (анатомот кој ги воведе термините „неврон“ и „хромозом“), Алберт Најсер и Август фон Васерман, пионери во проучувањето и лекувањето на венеричните болести.
Се истакнуваат и двајца големи хемичари – нобеловците Фриц Хабер (за индустриската синтеза на амонијак) и Адолф фон Баер (кој го синтетизирал индигот и со тоа ја револуционизирал индустриската хемија) и конечно, Едуард Бухнер.
Постои суштество во животинското царство од кое ќе се засрами дури и најискусниот пијаница
Замислете го освежувачкиот мирис на борови шуми ... или смирувачката арома на лаванда
WebDesign www.nainternet.mk