Хемија за сите

Цинабарит

Црвен, убав и токсичен

Цинабаритот (HgS), познат и како црвен живин сулфид, е еден од највозбудливите и најубавите минерали познати на човекот.Неговата интензивна црвена боја го пленела човекот низ историјата – од алхемичарите и уметниците до владетелите – но истовремено е и опасен, поради токсичноста на живата што ја содржи.

Иако името „cinnabar“ можеби асоцира на цимет, всушност потекнува од арапскиот збор zinjafr и персискиот zinjirfrah, што значи „змејска крв“. И навистина, најчесто минералот има крвавоцрвена боја! Цинабаритот се јавува во плитки вени на вулкански карпи, што го прави лесен за рударење, а историски бил вреден пигмент наречен вермилион, применет во уметност, козметика и традиционална медицина.

cinabarit

Во Кина бил откриен гроб на „Црвената принцеза на Патот на свилата“, стар повеќе од 2200 години.Нејзините заби биле обоени со цинабарит, што покажува дека минералот бил користен како симбол на убавина, висок статус или можеби ритуал за бесмртност.

кина принцеза

Во различни култури, цинабаритот се користел како кармин, боја за керамика, лакирани предмети, па дури и за мастило во средновековна Европа. Бојата била поврзана со теми како крв, победа и успех, а вистинскиот вермилион бил толку скап што само богатите можеле да си го дозволат.

отров за боја

Периодот на ренесансата беше време кое дефинитивно ги натера жените да пробаат некои опасни трикови за убавина за да ја постигнат убавината на ерата...

За време на ренесансата, обидот на жената да ги отелотвори идеалите за убавина од тој период - бледа кожа, високо чело и долга руса коса - честопати беше чуден и опасен, вклучувајќи токсична козметика што содржи олово, жива и арсен, употреба на пијавици за крварење и отрови што ги прошируваат очите како беладона.Овие опасни трикови за убавина произлегуваа од желбата да се постигнат недостижни стандарди за бледа кожа и црвени образи, но тие исто така служеа за зајакнување на општествениот статус и беа дел од систем на контрола каде што женските тела се сметаа за стока.

цинабарит

Алхемичарите ја сметале трансформацијата на жива и сулфур во црвен пигмент за магична трансмутација. Почетните супстанци биле жива (Hg) и сулфур (S), кои кога се комбинираат и загреваат на умерена температура создаваат жива(II)сулфид (HgS), основата на црвениот пигмент. Хемиската реакција се изразува како:

Hg  +  S ⟶ HgS

Во првата фаза на процесот, мешавината формира црн HgS, познат како метацинобер (β-HgS). Контролирано дополнително загревање го претвора во црвен HgS, познат како α-HgS, или цинобер/вермилион:

β-HgS⟶α-HgS

мутации

Па нели се прекрасни овие трансмутации?

Цинабаритот има тригонална кристална структура и на Mohs-овата скала на тврдина од 2 до 2,5, што го прави кршлив минерал. Бојата и сјајот се интензивни, но природниот минерал е нестабилен и слабо растворлив во вода, при што загревање може да ослободи жива.Затоа, дури и ако неговата убавина е примамлива, ретко се користи за накит, освен како полирани украси во колекционерски цели.

Цинобаритот (HgS) најчесто е интензивно црвен, но во природа може да се сретне и во посветли нијанси – розово, портокалово-црвено, темноцрвено. Тоа зависи од:

  1. Големина на кристалите – ситнозрнести форми расфрлуваат светлина поинаку и изгледаат розови, а крупните кристали даваат подлабока крваво-црвена боја.
  2. Примеси – мали количини на друг минерал (на пример кварц, глина, железни оксиди) можат да ја осветлат или потемнат бојата.
  3. Природни услови на формирање – температура, притисок и брзина на кристализација влијаат врз дефектите во решетката, а тоа ја менува нијансата.
  4. Површинска оксидација – понекогаш надворешниот слој изгледа потемно или со розова патина.

Така што: секогаш е ист хемиски состав (HgS), но бојата може да варира од светлорозова до длабоко црвена поради кристална структура, големина на зрно и примеси.

примеси во цинабарит

Цинабаритот бил користен како пигмент во уметноста, познат како вермилион, кој се нанесувал во фрески, икони, кармини и керамика.

керамика боја цинабарит

Во својата природна форма, цинабаритот е низок во токсичност, бидејќи живата е „заклучена“ со сулфурот. Меѓутоа, при загревање ослободува токсична жива во форма на пареа.Затоа, не треба да се сече или мели без вода, и контакт со чиста жива на површината е опасен.Дури и малку испиено HgS обично поминува низ телото непроменето, но долгорочна изложеност или големи количини се штетни.Цинабаритот содржи елементарна жива, која е многу помалку токсична од метилживата, која не се формира од овој минерал.

Во средновековните култури се употребувал и како боја за тетоважи, ритуални пудри и козметика.Денес се користи за производство на синтетички вермилион, како извор на елементарна жива, во електроника и катализатори, додека природниот минерал се користи претежно во лаборатории и колекционерски цели.

Вермилионот (пигментот добиен од цинобарит – HgS) бил една од најважните црвени бои во историјата на уметноста.Тој бил користен и на Исток и на Запад, од антика до ренесанса и подоцна.Најубавите слики, најраскошните фрески, морало да ја содржат оваа боја.

боја за сликање од цинабарит На сликата на Рубенс „Сметнувањето од крстот“ доминира, во целата тмурна атмосфера, црвената боја  на вермилионот,како да претставува надеж, симбол на живот и воскресение, светлосен акцент кој го пробива мракот на трагедијата и ја насочува мислата кон духовно спасение

Источната уметност силно го цени овој пигмент но:
За кинеската уметност – вермилионот бил света боја, користен во калиграфија, црвени печатии будистички фрески, а јапонската уметностза гравури, облека и декоративни елементи.

кинески резби во цинабарит

Историското рударење на цинабарит, на пример во Арканзас во 1930-те и 1940-те, покажува дека поголеми количини можат да ја загрозат животната средина.Живата се акумулирала во почвата, водата, растенијата и животните, создавајќи долгорочни еколошки ризици.Денес, умерен контакт со минералот е безопасен, но големи количини остануваат штетни.

Цинабаритот е мост помеѓу уметноста, науката и културата.Од древната Кина и алхемиските лаборатории до современите лаборатории за синтетички пигменти и електроника, тој плени со својата боја и потсетува на опасностите што ги носат минералите.Цинабаритот учи дека убавината може да биде опасна и дека човечката креативност честопати оди рака под рака со науката и претпазливоста.

Автор на статијата: Блаже Димески
09 септември 2025
Julius Arthur Nieuwland

Пронаоѓач на еден од најстрашните боеви отрови и еден од најкорисните материјали на модерниот свет

Пјер Луј Дулонг

Бестрашниот

Андреас Сигисмунд Марграф

Човекот што ја воведе прецизноста во хемијата

>> Прочитај повеќе слични содржини!   

донирај

Генерален спонзор

генерален спонзор

Пријатели на науката

спонзор
спонзор
спонзор

Презентации и поимници

Презентации за основно образование

e hemija

Контактни информации:

e-hemija logo

Здружение за унапредување и развој на образованието и науката
„Е-ХЕМИЈА“ – Прилеп

Испрати порака:
e-hemija контакт

Е-Хемија на Facebook:
e-hemija facebook

Е-Хемија на Twitter:
e-hemija facebook

Пријатели на науката:

Здружение за унапредување и развој на образованието и науката „Е-ХЕМИЈА“ – Прилеп
Copyright © 2026 ehemija.mk

WebDesign www.nainternet.mk

e-hemija