Хемија за сите

Темпиран пожар, хемиска воена тајна

Една од тајните на нацистичка Германија. Едноставна хемиска реакција која можела да го смени текот на војната

Втората светска војна е во полн ек и САД испраќаат огромни количини храна, облека, лекови, оружје, муниција и се друго потребно на сојузниците за да се борат против нацистите. Секојдневно од американските пристаништа се упатуваат конвои од товарни бродови заштитени од воената морнарица.

Но по извесно време, десетици бродови мистериозно експлодираат на сред океанот. Прво се сомневале во напади на подморници, но потоа увиделе дека причината е диверзија.

Имено, германските шпиони во САД на генијален начин успеале да уништат 36 бродови користејќи т.н бомба-пенкало! Ова е изум на Dr. Walter Scheele, уште за време на првата светска војна, но дотогаш немал некоја примена.

Импровизираната направа била во форма на шуплив цилиндар од олово со големина на голема пура. На средина на цевката бил залемен кружен диск од бакар, делејќи ја цевката на две комори. Едната од овие комори била исполнета со пикринска киселина, другата со сулфурна киселина. Бакарниот диск можел да биде направен со различна дебелина за да се темпира времето на експлозија. Кога двете киселини би го разориле бакарниот диск, би дошло до нивно мешање и би настанала експлозија. Оловната обвивка би се стопила, оставајќи многу малку докази за изворот на пожарот.
темпиран пожар

За тие што не знаат: Експлозив е хемиско соединение или смеса што под дејство на надворешни механички, електрични или топлински импулси се претвора во гас. За многу кратко време, настануваат големи количини на гас и топлинска енергија.

Експлозија е егзотермна реакција во која се случува нагло зголемување на волуменот и ослободување на енергија на „насилен“ начин, притоа создавајќи високи притисоци, температури, сеизмички бранови и големи волумени на различни гасови.

Пример, претпоставената реакција на декомпозиција на пикринската киселина би била:

2C6H2(NO2)3OH = CO2 + C + 10 CO +2 H2O + H2 + 3 N2

а процентуално:

71,05 % CO, 3,42 % CO2, 0,34 % O2, 1,02 % C, 13,8 % H2, 21,1 % N2

Но оваа реакција е поттикната од егзотермната реакција меѓу бакарот и концентрираната сулфурна киселина:

Cu + 2H2SO4 → CuSO4 + SO2 + 2H2O         DrH =  -84.99 kJ/mol 

Пикринската киселина е жолта кристална супстанца, растворлива во топла вода и во алкохол, етер, бензен и ацетон. Се добива со растворање на фенол во сулфурна киселина и последователнo нитрирање на добиената киселина со азотна киселина или понатамошно нитрирање на динитрофенол.
2,4,6-тринитрофенол

2,4,6-тринитрофенол

pikrinska kiselina

Пикринска киселина

Пикринската киселина е хемиски стабилна, таа се распаѓа само на температури над 160 ° С. Лабораториите што ја користат, ја чуваат секогаш во стаклени садови (не кристални, кои содржат олово, или било кој метал, бидејќи оваа киселина може да формира соли (пикрати) со одредени метали (особено бакар) кои се експлозивни и многу нестабилни.

 

Автор на статијата: Блаже Димески
03 јули 2021
Стршлените ќе ни помогнат во борбата против мамурлакот?

Постои суштество во животинското царство од кое ќе се засрами дури и најискусниот пијаница

Терпените – ароматичната хемија на природата

Замислете го освежувачкиот мирис на борови шуми ... или смирувачката арома на лаванда

Марија Склодовска Кири

Жената која донесе светлина во светот

>> Прочитај повеќе слични содржини!   

донирај

Генерален спонзор

генерален спонзор

Пријатели на науката

спонзор
спонзор
спонзор

Презентации и поимници

Презентации за основно образование

e hemija

Презентации за средно образование

hemija .ppt

Контактни информации:

e-hemija logo

Здружение за унапредување и развој на образованието и науката
„Е-ХЕМИЈА“ – Прилеп

Испрати порака:
e-hemija контакт

Е-Хемија на Facebook:
e-hemija facebook

Е-Хемија на Twitter:
e-hemija facebook

Пријатели на науката:

Здружение за унапредување и развој на образованието и науката „Е-ХЕМИЈА“ – Прилеп
Copyright © 2025 ehemija.mk

WebDesign www.nainternet.mk

e-hemija