
На почетокот на 20-тиот век, со масовното производство на автомобили, се појави сериозна закана за јавната безбедност – возење под дејство на алкохол. Пред 1930-тите, полицијата се потпираше на субјективни методи: тестови за одење по права линија или проценка на говорот. Но кога судовите бараа објективен доказ, спасот дојде од науката. Во 1938 година, професорот Рола Харгер го претстави првиот практичен уред за анализа на здивот – легендарниот „Дранкометар“ (Drunkometer).

Полициското„корнеше на алкохол“ „шантраше“, адвокатите лесно го уриваа на суд како субјективно мислење. Спасот дојде од хемијата: ако има алкохол во крвта, мора да има и во здивот, а оттаму може да се измери.
Рола Нил Харгер (1890–1983), професор по биохемија и токсикологија на Универзитетот во Индијана, верувал дека хемијата може да биде непристрасен сведок.
Харгер почнал да работи на детекција на алкохол во здивот во 1931 година, а по седум години истражување го патентирал „Дранкометарот“.
Честопати самиот пиел алкохол пред судии и потоа дувал во уредот, демонстрирајќи дека реакцијата не лаже, науката не ги лаже судиите, а човекот може да биде фатен – буквално, преку здивот.

Првата фаза: Оксидација со калиум перманганат (KMnO4)
Првиот модел се потпирал на еден од најмоќните оксиданси во аналитичката хемија. Принципот бил едноставен:

2 KMnO4 + 5 C2H5OH + 3 H2SO4 → 2 MnSO4 + 5 CH3CHO + K2SO4 + 8 H2O
Но тука се јавил еден проблем: перманганатот бил нестабилен на терен – реагирал со светлина и нечистотии, па резултатите понекогаш биле непредвидливи.
Харгер го заменил перманганатот со калиум дихромат, што го направило уредот стабилен и лесен за користење на терен.

2 K2Cr2O7 + 3 C2H5OH + 8 H2SO4 → 2 Cr2(SO4)3 + 3 CH3COOH + 2 K2SO4 + 11 H2O
Визуелно: Бојата исчезнува – колку побрзо, толку попијан.
За да се претвори хемиската реакција во бројка (процент на алкохол во крвта, BAC), Харгер користел Хенриевиот закон:
Формула за пресметка:
BAC ≈ (масата на алкохол потребна за обезбојување) × 2100 / волумен на издишан воздух
Ова го правело уредот точен и повторлив, идеален за суд.
Како изгледал тестот во пракса?
Иако генијален, уредот бил гломазен – полицаецот морал да биде речиси лаборант на патот.

„Дранкометарот“ на Харгер бил премин од субјективно сведоштво кон научен доказ.
Денес користиме дигитални алкотестери со инфрацрвени сензори, но принципот останува ист: мерење на алкохол преку здивот.
Малку хемиска магија, еден балон и точен реагенс – и патиштата станале побезбедни.

WebDesign www.nainternet.mk