Поимник

Поимник за втора година

Каталог на непознати зборови по хемија за втора година

За правилно прикажување на поимникот, ве молиме користете некој од следните прелистувачи:

прелистувачи

А

Авогадров број (NA) е број на формулни единки во еден мол–6,022 х 1023 mol–1.

Авогадровата хипотеза -еднаков број молекули на различни гасови на иста температура и притисок зафаќаат еднакви волумени.

Авогадровиот закон вели дека на точно определена температура и притисок, волуменот на гасот е правопропорционален на количеството на гасот.

Адиција-реакција на присоединување на атоми или атомски групи кон двојн аили тројна врска кај органски соединенија

Аеробна оксидација е процес на оксидација кој се случува во присуство на кислород.

Аеросол е дисперзија на течност во гас (на пример, магла и многу спрејови) или на цврсто во гас (на пример, чад) каде честичките честопати се доволно големи за да се видат со микроскоп

Азеотропска смеса е смеса кај која парата има ист состав како и течноста. Тогаш испарувањето се одвива без промена на составот

Активен центар на ензим е делот од молекулата на ензимот каде што се поврзува супстратот и каде што се одвива хемиската реакција. (Види, исто така, ензим и супстрат.)

Активиран комплекс е збир од атоми во преодната состојба на реакцијата кој се формира како резултат на ефективни (поволни) судири. (Види, исто така, преодна состојба.)

Алотроп (алотропска модификација) е една, две или повеќе форми на елемент кои се разликуваат според нивната основна молекулска структура.

Алфа(α) честичка се состои од два протона и два неутрона. Таа е идентична на двојно јонизиран хелиумов јон, Не2+.

Ампер (А) е основна единица за јачина на електрична струја. Еден ампер е струја од 1 кулон во 1 секунда: 1 А = 1 С/ѕ.

Амфипротична супстанца е таква супстанца која може да се јонизира или како Бренштед-Лориева киселина или како база, зависно од киселинско-базните својства на другите единки во растворот.

Амфотерна супстанца (обично оксид или хидроксид) може да реагира или со киселина или со база.

Анјон е негативно наелектризиран јон.

Анода е електрода на која се случува полуреакција на оксидација. Тоа е негативна електрода во волтина ќелија и позитивна електрода во ќелија за електролиза.

Антисврзувачка молекулска орбитала е онаа орбитала која има голема електронска густина (електронска веројатност) подалеку од областа помеѓу сврзаните атоми.

Антисврзувачка(2) e орбиталата која, кога е пополнета, ја намалува јачината на врската помеѓу атомите

Апсолутна нула е најниската можна температура: –273,15 ºС = 0 K.

Атмосфера (atm) е единица која се користи за мерење на притисок на гас. Таа е еднаква на притисокот на живин столб чија висина изнесува точно 760 mm. Односно, 1 atm = 760 mmHg.

Атоми се најмалите единки во примерок од материјата. Атомите на еден елемент се разликуваат од атомите на сите други елементи. (Види исто така,, елемент.)

Атомска маса на елемент е средна вредност од масите на атомите на изотопите кои природно се среќаваат кај некој елемент.

Атомска орбитала е бранова функција на електрон која е дефинирана со точно определени вредности на квантните броеви n, l и ml во брановата равенка.

Атомска орбитала(2) е едноелектронска бранова функција за електрон во атом

Атомски број (Z) на атом е бројот на протони во атомското јадро.

Атомски радиус е мерка за големината на атомот определена врз основа на мерења на меѓујадрените растојанија. (Види исто така,, ковалентен радиус, јонски радиус и метален радиус.)

Атсорпција е прицврстување на честички врз определена површина; супстанцата која се атсорбира е атсорбат, материјалот на која таа лежи е атсорбент или супстрат. Обратниот процес на атсорпција е десорпција

Афинитет кон електронот е промена на енергијата која се случува кога се додава електрон кон атом во гасна состојба.

Б

База е (1) соединение кое создава хидроксидни јони, ОН, во воден раствор (Арениусова теорија); (2) протон-акцептор (Бренштед-Лориева теорија); (3) атом, јон или молекула која донира пар од електрони за да се образува ковалентна врска (Луисова теорија).

Базен оксид е оксид на метал чија реакција со вода доведува до создавање на база.

Барометар е уред кој се користи за да се измери притисокот кој го врши атмосферата.

Бета () честичката е идентична на електрон и се емитира од јадра на некои радиоактивни атоми при нивното радиоактивно распаѓање. Во јадрото кое се распаѓа атомскиот број се зголемува за една единица, а масениот број останува неизменет.

Бигорлива (тврда) вода е подземна вода која содржи значителна концентрација на двојно наелектризирани катјони кои потекнуваат од природни извори, како што се Са2+, Mg2+, Fe2+ и соодветни анјони..

Бимолекуларна реакција е елементарна реакција во реакционен механизам кој вклучува судир на две молекули.

Биосфера е дел од Земјината околина во која се наоѓаат живите организми.

Бирета е долга градуирана цевка направена така што може да се префрлат точно определени волумени на течни раствори со регулација на чепот на нејзиниот крај.

Благороден гас (инертен гас) е елемент од групата 8А на периодниот систем. Благородните гасови имаат валентен слој со електронска конфигурација ns2np6 (освен хелиум, 1ѕ2).

Бравеови решетки претставуваат 14 различни просторни решетки во три димензии

Брзината на конверзијата на учесниците во хемиската реакција (J) е однос на промената на досегот на реакцијата ивремето што е потребно за да дојде до ваква промена

Брзина на изменување на концентрацијата на учесникот во реакцијата или v(X) е однос меѓу промената на концентрацијата на учесникот X и времето кое е потребно за да дојде до таква промена на концентрацијата:

Брзина на хемиската реакција е односот меѓу промената на досегот и волуменот помножен со промената на времето:

Брзина на реакција е зголемувањето на концентрацијата на продуктите во единица време или намалување на концентрацијата на реактантите во единица време, обично е изразена во M s–1..

Брзините на хемиските реакции се мерат со употреба на техники каде се следи концентрацијата на учесниците во реакционата смеса. Примерите вклучуваат процедури вo реално време и методи на згаснување, проточни техники и техники на запрено течење, како и блесочна фотолиза.

В

Валентни електрони-електроните од надворешниот слој на атомот во основната состојба

Верижна реакција е онаа каде интермедијарот (преносникот на веригата) образуван во еден од степените (степенот на отпочнување) напаѓа други молекули од реактантот (во степенот на напредување), при што секој напад доведува до образување на нов преносник.

Вискозноста е пренос на импулс долж градиент на брзината

Влажност е мерка за содржината на водни пареи во воздухот. Апсолутна влажност е вистинското количество на водна пареа присутно во примерок од воздух, а релативна влажност на воздухот е мерка за содржината на водната пареа како процент од максимално можното количество.

Внатрешна енергија (U) е вкупната количина енергија која ја содржи еден термодинамички систем. Компонентите на внатрешната енергија се енергијата поврзана со хаотичното движење на молекулите (термичка енергија) и таа поврзана со хемиските врски и меѓумолекулските сили (хемиска енергија).

Во цврста супстанца со мрежа од ковалентни врски, ковалентните врски се протегаат низ целата кристалната супстанца.

Воден раствор е раствор во кој водата е растворувач.

Водородна врска е вид на меѓумолекулска сила во која атомот на водород е ковалентно сврзан во една молекула, а симултано е привлекуван кон атом на неметал од соседна молекула. Во најголем број од случаите, и атомот со кој е сврзан атомот на водород и тој со кој се привлекува мора да бидат мали атоми со голема електронегативност, обично N, O или F.

Водородосличен атом е едноелектронски атом или јон со атомски број Z

Временски закон е израз за брзината на реакцијата како функција од концентрациите на учесниците што се јавуваат во вкупната хемиска реакција.

Втор принцип на термодинамиката: не е можен процес при кој единствениот резултат е апсорпција на топлина од резервоар и нејзина целосна претворба во работа

во изолиран систем ентропијата никогаш не ја намалува својата вредност;

топлината спонтано може да се пренесе само од потопло до поладно место - за обратниот процес е потребно да се изврши одредена работа;

Г

Галвански елемент е електрохемиски елемент што произведува струја како резултат на спонтана реакција до која доаѓа во него.

Гама (γ) зраци е силно пенетрирачки облик на електромагнетно зрачење кое се емитира од јадрото на определени радиоактивни атоми кои се распаѓаат.

Гасна константа (R) е константа на пропорционалност која се користи во законот за идеален гас и други релации и има вредност од 0,082057 L atm/(mol K) или 8,314 J/(mol K).

Гел е полуцврста маса од лиофилен сол, кај кој целата дисперзиона средина навлегла меѓу честичките од солот

Геометрија на електронска група во молекула или јон е подредување на сите електронски групи и сврзувачки и несврзувачии околу централниот атом.

Геометриски изомери во органските соединенија се изомери (cis, trans) кои се разликуваат според местоположбата на сврзување на супституентите на двојната врска. Во комплексите, изомерите се разликуваат според местоположбата на поврзување на лигандите со централниот метален јон.

Гибсова слободна енергија (G) е термодинамичка функција која се користи при утврдувањето на критериумот за рамнотежа и за спонтана промена. Таа се дефинирана како G = HTS, каде Н е енталпија, Т е Келвинова температура и Ѕ е ентропијата на системот.

Гибсовата енергија најдобро се опишува како функција од притисокот и температурата,

Главен квантен број (n) е првиот од трите квантни броеви чија специфична нумеричка вредност мора да се определи за да се стигне до решение на Шредингеровата бранова равенка за атомот на водород: n = 1, 2, 3, .... Неговата вредност го означува главниот енергетски слој на електронот во атом.

Главен слој (ниво) претставува збир од орбитали кои имаат ист главен квантен број.

Глобално затоплување се однесува на претпоставено зголемување на просечната температура на Земјата кое е резултат на акумулацијата на СО2 и други гасови кои апсорбираат инфрацрвени зраци во атмосферата.

Грeамовиот закон за ефузија: брзината на ефузија на молекулите гас е обратнопропорционална на квадратниот корен од нивните моларни маси

Густина (ρ) на примерок на материја е однос меѓу неговата маса и неговиот волумен, односно, масата на примерокот поделена со неговиот волумен: ρ = m/V.

Д

Далтонов закон за парцијални притисоци во смеса од гасови секој гас се шири така што го исполнува целиот сад и пројавува сопствен притисок наречен парцијален притисок. Вкупниот притисок на смесата е збир од парцијалните притисоци на одделните гасови.

Двојна врска е ковалентно сврзување во кое два атоми меѓу себе делат два пара електрони.

Дебај (D) е единица која се користи да се изрази диполниот момент на поларни молекули. Еден дебај е еднаков на 3,34 х 10–30 C m.

Дегенерирани орбитали се две или повеќе орбитали кои се наоѓаат на исто енергетско ниво.

Дејонизирана вода е вода која е ослободена од јоните со јоноизменувачки процес.

Деликвесценција е кондензација на водна пареа на цврста површина проследена со образување на раствор.

Делови од милјарда (parts per billion, ppb) изразува состав на смеса како број на делови на една компонента на милијарда делови од целата смеса, обично на база на маса за течни раствори и на база на молови за гасни смеси.

Делокализирани електрони се сврзувачки електрони кои се раширени преку неколку атоми, а не се на фиксирана локација помеѓу два атоми..

Дијаграм на енталпијата е графички приказ на промената на енталпијата во хемиска реакција.

Дијамагнетизам е слабо одбивање од магнетно поле на супстанца во која електроните се спарени.

Дијатермички ѕид е границата која дозволува минување на енергија во вид на топлина..

Динамичка рамнотежа се јавува кога два спротивни процеси се одвиваат со точно иста брзина при што, како резултат на тоа, нема нето промена.

Диполен момент (μ) на поларна молекула е производ од големината на полнежите и растојанието на кое се раздвоени.

Дисперзиона сила е привлечна сила помеѓу моментален дипол и индуциран дипол.

Дифракција претставува интерференција предизвикана од определен објект на патот на зраците, а мотивот со променлив интензитет што притоа се добива се нарекува дифракциона слика

Дифузија е процес при кој една супстанца се меша со една или повеќе други супстанци како резултат на хаотичното движење на молекулите.

Дифузија(2) е пренос на материја долж концентрационен градиент

Должина на врска на определена ковалентна врска е растојанието помеѓу јадрата на двата атоми сврзани со тој тип на врска.

Допингување претставува додавање на мали количества (во траги) од определени елементи во полуспроводник за да се променат неговите полуспроводнички својства (Види исто така, полуспроводник од n-тип и полуспроводник од р-тип.)

Доплеров ефект(Doppler) -ефект во кој фреквенцијата на зрачењето се поместува кога изворот се движи кон или од набљудувачот

Досегот на реакцијата (ξ) е дефиниран на тој начин што, кога досегот на реакцијата се менува за конечна вредност Δξ, количеството од А што е присутно се менува од nA до nA – Δξ

d-блок е дел од периодниот систем во кој (n – 1)d потслојот (d потслојот веднаш до надворешниот слој) се пополнува според изградбениот процес. d-блокот ги опфаќа елементите од В-групите во периодниот систем.

Е

Егзергонска реакција е реакција за која ΔrG < 0; таква реакција може да се употреби за поттикнување на друг процес.

Егзотермен процес(2) е оној процес каде во околината се ослободува енергија во вид на топлина

Егзотермна реакција е реакција во која хемиската енергија се претвора во термичка енергија. При егзотермна реакција во изолиран систем доаѓа до зголемување на температурата, а во неизолиран систем топлината се ослободува кон околината.

Единица за атомска маса (u) е точно една дванаесеттина од масата на атомот на јаглерод-12.

Еквивалентна точка на титрација е моментот во кој два реактанта во реакционата смеса се наоѓаат во стехиометриски однос.

Ендергонска реакција е реакција за која ΔrG > 0

Екранирање е ефективното намалување на полнежот на јадрото од околните електрони; константата на екранирање σ е дадена со Zeff = Z – σ.

Експеримент е внимателно контролиран процес осмислен со цел да се испита некоја хипотеза.

Експериментална добивка е измерената количина на посакуваниот продукт добиен во хемиска реакција. (Види, исто така, теоретска добивка и процентен принос.)

Екстензивна величина е величина која зависи од количеството супстанца во примерокот. Два такви примера се масата и волуменот.

Ексцитирана состојба на атом е состојба во која еден или повеќе електрони преминале од основната состојба во повисоко енергетско ниво. (Види исто така, основна состојба.)

Еластомер е полимерен материјал кој може значително да се истегне со релативно мало напрегање, а по отстранување на дејството ќе се врати блиску до неговата појдовна должина.

Електрична спроводливост е пренос на полнеж долж градиент на електричниот потенцијал,

Електрода е спроводлива цврста супстанца вронета во раствор или стопен електролит за да пренесе електричество кон или од течноста. (Види исто така, анода и катода.)

Електроден концентрационен елемент:самите електроди имаат различни концентрации, или поради тоа што се работи за гасни електроди кои работат при различни притисоци или поради тоа што се работи за амалгами (раствори во жива) со различни концентрации

Електроден потенцијал е својство поврзано со тенденцијата на одредени хемиски облици да се редуцираат на електрода.

Електролиза е разложување на соединенија со протекување на електричество низ јонски раствор или стопена сол. При тоа се случува неспонтана хемиска промена.

Електролит е соединение кое спроведува електричество кога е стопено или е во течен раствор.

Електролитен мост е цевка што содржи концентриран раствор на електролит што го затвора струјното коло и овозможува елементот да функционира

Електролитичка ќелија (ќелија за електролиза) е електрохемиска ќелија во која се одвива електролиза.

Електромагнетен спектар е опсег од бранови должини и фреквенции кои се среќаваат кај електромагнетните бранови, а се протегаат од радио бранови кои се со многу долги бранови должини до најкусите гама зраци.

Електромагнетниот бран потекнува од вибрациите на електричните полнежи на објектите и се шири како резултат на осцилации на електрични и магнетни полиња.

Електромоторна сила (ЕМС) е потенцијалот на елементот кога тој е избалансиран со точно еднаков (но со спротивен знак) потенцијал, така што реакцијата во елементот да се одвива реверзибилно, составот да биде константен и да не протекува струја

Електрон е честичка која носи единечно количество негативен електричен полнеж. Електронот има маса од 0,0005486 u и се наоѓа надвор од атомското јадро.

Електрон-волт е единица за енергија еднаква на енергијата која ја добива електронот кога во вакуум минува низ потенцијална разлика од 1 V.

Електронегативност (ЕN) на елемент е мерка за тенденцијата на неговите атоми да ги привлекуваат сврзувачките електрони кон нив во молекули.

Електрони во внатрешните пополнети слоеви се електрони кои се наоѓаат во внатрешните слоеви на атомите. (Види исто така, валентни електрони.)

Електронска група е збир од валентни електрони локализирани во областа околу централниот атом која ги одбива другите групи на валентни електрони. Таа може да биде сврзувачки пар на електрони во единечна врска, два пара на електрони во двојна врска, три пара на електрони во тројна врска, неподелен пар од електрони или дури и неспарен електрон.

Електронска конфигурација на атом e опис на распределбата на електроните помеѓу атомските орбитали на атомот.

Електронска шуплина е „електрон кој недостига“ во полуспроводник, а празнината делува како позитивен јон.

Електрофилен реагенс е молекула или јон со дефицит на електрони која прифаќа електронски пар од некоја молекула образувајќи притоа ковалентна врска.

Електрохемија е наука која ги изучува врските помеѓу електричната енергија и хемиските реакции.

Електрохемиска низа е листа на метали подредени според нивната способност меѓусебно да се истиснат од раствор на нивните јони или да истиснат Н+ како Н2(g) од кисели раствори. (Види исто така, Слика 4.13.)

Електрохемиска ќелија е комбинација на две полуќелии во кој две метални електроди се поврзани со жица, а растворите се доведени во контакт преку мост од раствор на соли или на некој друг начин. (Види исто така, електролитичка ќелија (ќелија за електролиза), полуќелија и волтина ќелија.)

Елемент е супстанца која со хемиски реакции не може да се разложи на поедноставни супстанци. Сите атоми на определен елемент имаат ист атомски број.

Елемент на симетрија е точка, линија или рамнина во однос на која се изведува операцијата на симетрија

Елемент од главна група е елемент во кој потслојот кој се пополнува во процесот на изградба е или ѕ или р потслој на главниот слој со најголем главен квантен број (надворешниот слој). Елементите од главните групи се лоцирани во ѕ- и р-блоковите на периодниот систем.

Елементарен акт на хемиска трансформација е процес кога една, две или најмногу три честички од реактантите се претвораат во честички на продукти

Елементарна реакција на молекулско ниво претставува еден чекор од вкупниот механизам со кој се одвива хемиската реакција. (Види исто така, бимолекуларна, тримолекуларна и мономолекуларна реакција.)

Елементарна ќелија претставува замислен паралелопипед кој содржи една единка со транслационо повторувачки својства. Според нивните ротациони симетрии, елементарните ќелии се класифицирани во седум кристални системи

Елиминација-реакција на отстранување атом или атомска група кај органски соединенија

Емпириска формула е наједноставна формула во која се претставени елементите во соединение и најмалиот целоброен однос во кој се сврзуваат нивните атоми.

Емулзија е дисперзија на течност во течност (како млеко)

Ендотермен процес(2) е оној процес каде од околината се апсорбира енергија во вид на топлина

Ендотермна реакција е реакција во која термалната енергија се претвора во хемиска енергија. При ендотермните процеси доаѓа до намалување на температурата во изолиран систем, додека во неизолиран систем топлина се апсорбира од околината.

Енергетско ниво (слој) е состојба на атомот определена од локацијата на неговите електрони помеѓу различни главни слоеви и потслоеви.

Енергија на активација (Ea) на реакција претставува минималната вкупна кинетичка енергија која мора да ја имаат молекулите при нивните судири за да може да се случи хемиска реакција.Енергијата на активација, параметарот Ea во Арениусовата равенка, е минималната кинетичка енергија за реакција во текот на молекулскиот контакт. Колку поголема е енергијата на активација, толку константата на брзина е поосетлива од температурата

Енергија на јонизација е енергијата која е потребна за да се отстрани најслабо сврзаниот електрон од атом (или јон) во основна состојба во гасна фаза.

Енергија на решетка е промена на енталпијата која го придружува образувањето на еден мол јонска цврста суспстанца кога се формира од јони во гасна фаза.

Енергијата е способност да се врши работа

Ензим е протеин кој катализира реакции кои се случуваат во живите организми.

Енталпија (Н) е термодинамичка функција дефинирана како сума од внатрешната енергија и производот помеѓу притисокот и волуменот: H = U + PV.

Енталпија (топлина) на испарување (Hvapn) е количеството топлина потребно да испари определено количество течност при константна температура.

Енталпија (топлина) на сублимација (Hsubl) е количеството топлина потребно да испари определено количество на цврста супстанца при константна температура. Таа е еднаква на збирот од енталпиите на топење и испарување.

Енталпија на решетката претставува промена на енталпијата (по мол од формулната единка) потребна за потполно раздвојување на компонентите на цврстата супстанца.

Ентропија (Ѕ) е својство поврзано со распределбата на енергијата на системот помеѓу достапните енергетски нивоа.

Ентропија(2) претставува мерка на број на начини на којшто еден систем може да биде подреден. Затоа, ентропијата се нарекува и мерка за хаосот, па со зголемување на хаотичноста на системот (а таа се зголемува кога нивото на подреденост опаѓа), се зголемува и ентропијата

Ефективен полнеж на јадрото (Zeff) кој делува на некој електрон во атом е всушност полнежот на јадрото намален за ефектот на екранирање на другите електрони во атомот.

Ефективна јонска равенка е равенка која ги претставува молекулите или јоните кои учествуваат во хемиската реакција, елиминирајќи ги сите други кои не учествуваат во истата (таканаречени јони набљудувачи).

Ефективниот нуклеарен полнеж(2) Zeff е нето полнежот што го чувствува електронот поради одбивањата електрон–електрон

Ефектот на заеднички јон се однесува на способноста на јонот Х да (а) ја потисне јонизацијата на некоја слаба киселина или слаба база која создава Х, или (б) да ја намали растворливоста на слаборастворливо јонско соединение кое создава Х.

Ефектот на стаклена градина се однесува на способноста на СО2(g) и определени други гасови да ја апсорбираат и да ја заробат енергијата која ја зрачи површината на Земјата во вид на инфрацрвено зрачење.

З

Завршна точка е моментот при титрацијата при кој додадениот индикатор ја менува бојата. Индикаторот се избира така што завршната точка да се поклопи со еквивалентната точка на реакцијата. (Види исто така, еквивалентна точка.)

Загадувачка супстанца во воздухот е супстанца која во воздухот е застапена во поголема мера отколку што е нејзината природна застапеност и која има некакво(и) непожелно(и) влијание(ја) врз околината.

Закон за идеален гас или равенката за идеален гас: волуменот на гасот е правопропорционален на количеството на гасот и на неговата Келвинова температура, а обратнопропорционален на неговиот притисок: PV = nRT.

Закон за постојани волуменски односи: при реакции меѓу гасови мерени на исти температури и притисоци, волумените на гасните реактанти и продукти се односуваат како мали цели броеви.

Закон за брзината (равенка за брзина) на хемиска реакција е израз кој ја поврзува брзината на реакцијата со концентрациите на реактантите.

Запалив материјал е материјал кој при иницијација лесно гори и претставува опасност од пожар.

Затворен систем има граница низ која не постои пренос на супстанци.

И

Идеален гас е хипотетички гас кој строго се покорува на едноставниот гасен закон и на законот за идеален гас.(Идеален гас ја задоволува равенката на идеална гасна состојба, pV = nRT, eгзактно и при било кои услови) гасот се замислува како множество од молекули (или атоми) што се наоѓаат во постојано хаотично движење, а нивните просечни брзини се зголемуваат при покачување на температурата. Еден гас се разликува од течност по тоа што, освен во моментите на судар, молекулите на гасот се далеку една од друга и се движат по траектории кои што се практично независни од меѓумолекулските сили.

Изоелектронските единки (атоми, јони, молекули) имаат ист број на електрони.

Изолатор е полуспроводник со многу мала електрична спроводливост

Изолиран систем има граница низ која не постои пренос ниту на супстанци, ниту на енергија.

Изотоничен раствор е тој кој има ист осмотски притисок како телесните течности (крв, солзи).

Изотопи се атоми кои имаат ист број на протони во нивните јадра – ист атомски број – но различен борј на неутрони, па затоа и различен масен број.

Израз за константа на рамнотежа е определен однос на концентрациите (или парцијалните притисоци) на продуктите во однос на реактантите во хемиска реакција во состојба на рамнотежа. Изразот има константна вредност која е независна од начинот на кој се постигнала рамнотежата (Види исто така Kc и Kp.)

Индикатор е супстанца која се додава на реакционата смеса при титрација, а која ја менува бојата при или близу до еквивалентната точка.

Индустриски смог е загаден воздух поради индустриски активности. Главните загадувачи се оксиди на сулфур и цврсти честички.

Инертен пар претставуваат ns2 електроните во валентниот слој на елементите зад преодните елементи од групите 3А, 4А и 5А. Овие електрони можат да останат во валентниот слој по отпуштање на np електроните, како кај Tl+, Sn2+, Pb2+ и Bi3+.

Интегриран закон за брзината на реакцијата е равенка која е изведена од законот за брзината на реакцијата која ја прикажува концентрацијата на реактантите како функција од времето (Види исто така, закон за брзината.)

Интензивно својство е својство на примерок од материјата, како, на пример, температурата или густината, кое не зависи од количеството материја која се проучува. Моларните величини се интензивни

Интермедијар (Меѓупродукт) е супстанца која се создава во еден елементарен чекор во реакциониот механиза, а се конзумира во друг. Интермедијарот не се јавува во хемиската равенка на вкупниот процес.

Интерхалогено соединение е соединение на два (понекогаш три) халогени елементи.

Ј

Јадро на атом е густо пакувано позитивно наелектризирана средиште на атомот кое содржи протони, неутрони, а кое претставува најголем дел од масата на атомот.

Јон е честичка со електричен полнеж која се состои од еден или повеќе атоми.

Јонска врска се привлечни сили помеѓу позитивни и негативни јони кои ги држат јоните заедно во цврст кристал.

Јонска измена е замена на еден вид јони со друг вид во растовор на јони, користејќи јоноизменувачки смоли или зеолити.

Јонски производ на водата (Kw) е константатата на рамнотежа за автојонизација на водата во Н3О+ и ОН. На 25 ºС нејзината вредност е 1,0 х 10–14.

Јонски радиус е мерка за големината на катјон или анјон која се базира на растојанието помеѓу центрите на јоните во јонско соединение.

Јонско соединение е соединение кое се состои од спротивно наелектризирани јони кои се држат заедно со електростатски привлекувања.

К

Калорија (cal) е енергија која е потребна да се зголеми температурата на 1 g вода за 1 ºС (поточно од 14,5 на 15,5 ºС). 1 cal = 4,184 Ј.

Калориметар е уред во кој се мерат количините на топлина.

Калориметрија е изучување на размена на топлина во текот на физички или хемиски процеси

Канцероген е средство кое предизвикува рак.

Капиларно дејство е тенденцијата на течностите да се искачуваат нагоре во капиларни цевки

Катализатор е супстанца која ја зголемува брзината на реакцијата без да се троши во истата реакција. Катализаторот го менува механизмот на реакцијата до некој со пониска енергија на активација.

Катјон е позитивно наелектризиран јон.

Катода е електрода на која се одвива полуреакција на редукција. Тоа е позитивна електрода во волтина ќелија, а негативна електрода во ќелија за електролиза.

Катоден зрак е сноп од електрони кои патуваат од катодата кон анодата кога низ евакуирана цевка се спроведува електрично празнење.

Квант е најмало количество енергија која може да се емитира или апсорбира во некој процес, определена со равенството E = hu.

Квантен број на електронскиот спин (ms) е четвртиот квантен број (дополнение на трите кои се потребни во Шрeдингеровата бранова равенка) кој е потребен за да се комплетира ознаката на орбиталата на електронот. Двете можни вредности на спинскиот квантниот број се +1/2 и –1/2.

Келвин (K) е основна SI единица за температура. Интервалот од 1 келвин во Келвиновата скала е ист како тој за еден степен во Целзиусовата скала.

Келвинова скала е скала на апсолутната температура со нула на –273,15 ºС. Нејзината релација со Целзиусовата скала е T(K) = TC) + 273,15.

Килограм (kg) е основна SI единица за маса.

Килопаскал (kPa) е 1000 паскали (Ра). (Види исто така, паскал.)

Кинетичка енергија (Ek) е енергијата при движење дадена со изразот Ek = ½ mv2.

Кисел дожд е дожд кој е покисел од системот во кој водата е во рамнотежа со атмосферскиот јаглерод диоксид.

Киселина е(1) соединение кое содржи водород и кое може да оддаде водородни јони, Н+, во воден раствор (Арениусова теорија); (2) протон-донор (Бренштед-Лориева теорија); (3) атом, јон или молекула што може да прими електронски пар и да формира ковалентна врска (Луисова теорија).

Киселински оксид е оксид на неметал кој при реакција со водата образува тернарна киселина како единствен продукт.

Киселинско-базен индикатор е супстанца која се додава кон реакционата смеса при титрација, а која ја менува бојата во еквивалентната точка или во нејзина близина.

Ковалентен радиус на атом е една половина од растојанието помеѓу јадрата на два слични атоми сврзани во молекула.

Ковалентна цврста супстанца: кај која ковалентни врски во определена просторна ориентација ги поврзуваат атомите во мрежа што се протега низ кристалот

Ковалентна врска е врска која се формира од пар електрони кои се поделени помеѓу атомите.

Колабирачки притисок е највисокиот површински притисок што се одржува кај површинскиот филм.

Колигативно својство е физичко својство – како, на пример, намалувањето на парниот притисок, намалување на температурата на мрзнење, покачување на температурата на вриење и осмотскиот притисок – кое зависи од концентрацијата на растворената супстанца во растворот, но не и од идентитетот на растворената супстанца.

Колигативно својство(2) е својство што зависи само од бројот на присутни честички од раствореникот, а не од нивната природа

Колоид е диспергиран систем во кој диспергираната супстанца има една или повеќе димензии (должина, ширина или дебелина) во опсег од околу 1 nm до 1000 nm.

Комплекс се состои од централен атом (комплексообразувач) кој обично е метален јон и координативно ковалентно сврзани групи наречени лиганди.

Комплексен јон е комплекс кој е носител на нето позитивен (комплексен катјон) или негативен (комплексен анјон) електричен полнеж.

Комплементарни мерливи величини се мерливи величини што соодветствуваат на некомутирачки оператори

Композит е материјал составен од два или повеќе физички различни материјали, кои кога се комбинираат ги имаат посакувани структурни и механички својства на индивидуалните компоненти.

Компонента е хемиски независен конституент на системот

Кондензација е претворба на гас (пареа) во течност..

Кондензација-реакција кога од две помали честички се добива една поголема и се ослободува мала молекула ,најчесто вода

Конјугирана база се формира кога Бренштед-Лориевска киселина донира протон. Секоја киселина има конјугирана база.

Конјугирана киселина се формира кога Бренштед-Лориевска база прима протон. Секоја база има конјугирана киселина.

Константа на брзина (k) на реакција е нумеричка константа која ги поврзува брзината на реакцијата со концентрацијата на реактантите. Константите на брзината се функции од температурата. (Види исто така, закон за брзината.)

Константа на јонизација на база (Kb) е рамнотежна константа за реверзибилна реакција на јонизација на слаба база.

Константа на јонизација на киселина (Ka) е рамнотежна константа при реверзибилна јонизација на слаба киселина.

Константа на рамнотежа (Keq) е облик на константа на рамнотежа заснован на активитетите кој се користи во термодинамички изрази. Во изразот за Keq единките во растворот се обично претставени со нивните моларни концентрации, а кај гасовите со нивните парцијални притисоци во atm.

Константа на рамнотежа дефинирана (изразена) преку парцијалните притисоци (Kp) е нумеричка вредност на изразот за константата на рамнотежа во кој се користат парцијалните притисоци (обично во atm) на гасните продукти и реактанти.

Константата на рамнотежа за една реакција е еднаква на количникот на константите на брзина за директната и за обратната реакција, K = k/k'.

Конституент е хемиски вид (изграден од јони или молекули).

Концентрациска константа на рамнотежа (Kc) е нумеричка вредност на изразот за константата на рамнотежа во која се користат количествените концентрации на продуктите и реактантите.

Концентрациска ќелија е волтична ќелија која има идентични електроди во контакт со раствори со различни концентрации.

Кополимеризација-полимеризација со различни мономерни единици

Координативна ковалентна врска е врска помеѓу два атома во која еден атом ги дава двата електрони од заедничкиот електронски пар.

Координативно соединение е супстанца која се состои од еден или повеќе комплекси.

Координационен број на метален центар во комплекс е вкупниот број на точки околу централниот атом на кои може да се случува сврзувањето со лигандите.

Корозивен материјал е тој кој со хемиска реакција го нагризува металот или легурата. Корозивниот материјал треба да се чува во специјални садови поради тоа што тој корозивно делува на садови изработени од обични материјали.

Kc е нумеричка вредност на изразот за константата на рамнотежа во кој се ползуваат моларните концентрации на реактантите и продуктите.

Kp е нумеричка вредност на изразот за константата на рамнотежа во кој се ползуваат парцијалните притисоци (обично во atm) на реактантите и продуктите.

Криоскопија -метод за одредување на релативната молекулска маса на супстанцата со мерење на точката на замрзнување на нејзиниот раствор.

Кристал е структура која има рамни површини, остри рабови и правилен геометриски облик. Основните единки – атоми, јони или молекули – се подредени на правилен начин кој се повторува и се протега во три димензии низ кристалот.

Кристалохидрат е соединение кое вградува молекули вода во својата основна цврста структура. Формулната единка на кристалохидратот вклучува точно определен број молекули вода.

Критична точка(2) е точката при која волумените на секој крај од хоризонталниот дел на изотермата се соединуваат во една точка. Критичните константи pc, Vc и Tc се притисокот, моларниот волумен и температурата, соодветно, во критичнататочка

Кубичната волумно-центрирана (body-centered cubic, bcc) кристална структура како елементарна ќелија има коцка со структурни единици на секое теме и една во центарот на ќелијата. (Види исто така,, елементарна ќелија.)

Кубично густо пакуваната структура има единки (атоми, јони или молекули) подредени на еден од двата начини со кои се минимизираат празнините помеѓу единките. Слоевите се подредени во редослед АВСАВС. (Види исто така, хексагонално густо пакување.)

Кулон (С) е SI единица за електричен полнеж. Електричниот полнеж на електронот, на пример е –1,602 х 10–19 С.

Л

Легура е метален материјал кој се состои од два или повеќе елементи.

Лиганд е некоја хемиска честичка (атом, молекула, анјон или ретко катјон) кој е сврзан со метален центар во комплекс (комплексообразувач) со координативна ковалентна врска.

Лимитационен степен е најбавниот степен во реакциониот механизам што ја контролира брзината на вкупната реакција

Лимитирачки (Ограничувачки) чекор во реакционен механизам е чекорот (обично најбавниот) кој е најзначаен при определувањето на брзината на вкупната реакција.

Лимитирачки реактант (реагенс) е реактант кој целосно се троши во хемиската реакција, па затоа го лимитира количеството на продуктот кое може да се формира.

Литар (L) е мерна единица за волумен еднаква на 1 кубен дециметар или 1000 кубни центиметри: 1 L = 1 dm3 = 1000 cm3.

Луисовска база. Види база.

Луисовска киселина. Види киселина.

Луисовска структура е претставување на ковалентото сврзување преку Луисови симболи, поделени парови електрони и неподелени парови електрони.

М

Meханичка рамнотежа е условот за еднаквост на притисоците од обете страни на подвижниот ѕид

Магнетен квантен број (ml) е последен од трите параметри чија специфична вредност мора да се определи за да се дојде до решение на Шредингеровата бранова равенка за атомот на водород: ml е цел број помеѓу –l и +l (вклучувајќи 0). (Види исто така, квантен број на орбиталниот момент и главен квантен број.)

Макромолекули се големи молекули (полимери) кои имаат мали молекули (мономери) како градбени единки.

Манометар е уред кој се користи за мерење на притисокот на затворен гас.

Маса е количество на материја во некој објект. Таа е поврзана со силата која е потребна да се придвижи објектот или да се промени неговата брзина ако објектот веќе се движи.

Масен број (А) е збир од бројот на протони и неутрони во јадрото на атомот. Тој исто така се нарекува и нуклеонски број.

Масен спектрометар е уред кој ги раздвојува јоните според нивниот однос на масата со полнежот.

Маст е компонента на клетките која е нерастворлива во вода, но растворлива во растворувачи со мала поларност како што се хексан, диетил етер и бензен.

Материја е сè што зафаќа простор и има маса.

Меѓумолекулска сила е сила помеѓу молекулите.

Мезофаза е макроскопска фаза која покарактер е меѓу цврсто и течно

Менискус е границата помеѓу течноста и воздухот над нејзе.

Метал е елемент кој има карактеристичен збир на својства: сјај, добра топлинска и електрична спроводливост, ковливост и растегливост. Во општ случај, атомите на металите имаат мал број валентни електрони и покажуваат тенденција да образуваат катјони. Металите се наоѓаат на левата страна од скалестата дијагонална линија во периодниот систем.

Метален радиус е една половина од растојанието помеѓу јадрата на соседни атоми во цврст метал.

Метален спроводник е супстанца чија спроводливост се намалува со зголемување на температурата.

Металоид е елемент кој има физички изглед на метал но исто така и некои својства на неметали. Металоидите се лоцирани долж скалестата дијагонална линија во периодниот систем.

Метар е основна SI единица за должина.

Метастабилна фаза е термодинамички нестабилна фаза што опстојува затоа што преминот е спречен кинетички

Метод на почетни брзини е експериментален метод за определување на брзина на реакција. За да се определи редот на реакцијата во однос на еден од реактантите се споредуваат почетните брзини за две различни концентрации на тој реактант, а концентрациите на сите други реактанти се држат константни. (Види исто така, почетна брзина на реакција, закон за брзина на реакција и ред на реакција.)

Механизам на реакција е детален приказ на хемиска реакција која се состои од серија на елементарни реакции. Веројатниот механизам мора да биде во согласност со стехиометријата и законот за брзината на нето реакцијата.

Механизам на реакцијата(2) е низа од последователни елементарни степени вклучени во хемиска реакција.

Микросостојба- начинот на која една молекула во системот може да се распореди, а вкупната енергија при тоа да остане константна

Милиметри живин столб (mmHg) е единица која се користи да се изрази притисокот на гас: 1 mmHg = 1/760 atm (точно). (Види исто така, атмосфера.)

Мицела екластер од молекули со големина на колоидна честичка што се образува при критична концентрација на мицели (СМС) и при крафтовска температурa

Моделот на слободен електрон го разгледува металот како да е составен од позитивни јони опкружен со „море“ од подвижни електрони.

Мол (mol) е количество супстанца кое содржи толку елементарни единки (атоми, молекули, формулни единки) колку што има атоми во точно 12 g на изотопот јаглерод-12.

Молалност (m) на раствор е количество на раствореникот, изразено во молови, на еден килограм растворувач (не раствор).

Моларен волумен на гас се однесува на волуменот што го зафаќа еден мол гас на определена температура и притисок. Тој во основа е независен од видот на гас. На стандардна температура и волумен, моларниот волумен на идеален гас е 22,4141 L.

Моларен топлински капацитет е количината на топлина потребна да се промени температурата на еден мол супстанца за 1 ºC (или 1 K). Тоа е топлинскиот капацитет на еден мол супстанца.

Моларна концентрација. Види моларност.

Моларна маса на супстанца е масата на еден мол од таа супстанца. Таа е бројно еднаква на атомската, молекулската маса или формулската маса и се изразува во g/mol.

Моларна маса усреднета по Z, MZ е просечната моларна маса добиена преку седиментациони мерења.

Моларна маса усреднета по тежини Mw е просекот пресметан со множење на моларната маса на молекулите со масата на секоја молекула присутна во примерокот и делење со вкупниот број молекули.

Моларност (М) на раствор е количество растворена супстанца, изразено во молови, во еден литар раствор

Молекула е група од два или повеќе атоми кои се држат заедно со сили наречени ковалентни врски.

Молекуларно-кинетичка теорија на гасови е теорија која се темели на мал број постулати кои се во врска со молекулите гас од кои можат да се изведат едноставните гасни закони, законот за идеален гас и равенките кои се во врска со температурата и молекулската брзина.

Молекуларност на реакција е број на молекули (или јони) кои го формираат активираниот комплекс.

Молекулска маса е просечната маса на молекулата на една супстанца во однос на масата на атомот на јаглерод-12. Таа е сума од масите на атомите кои ја сочинуваат молекулската формула.

Молекулска орбитала е област во молекулата каде има голема електронска густина или голема веројатност за наоѓање на електрон. (Види исто така, антисврзувачка молекулска орбитала и сврзувачка молекулска орбитала.)

Молекулска цврста супстанца е цврста супстанца која се состои од одделни молекули поврзани меѓу себе со помош на фандервалсовски интеракции.

Молекулската формула ги дава симболите и точниот број од секој вид атоми кој се среќава во молекулата.

Молекулското соединение како најмали карактеристични ентитети содржи молекули, а овие молекули ги одредуваат својствата на соединението.

Молски однос. Види стехометриски фактор.

Молски процент на компонента во хомогена смеса (раствор) е процентот од сите молекули на дадената компонента во смесата.

Молски удел (х) на компонента во хомогена смеса (раствор) е делот од сите молекули на дадената компонентата во смесата.

Момент (диполен момент) на врска го опишува степенот до кој се разделуваат позитивниот (+) и негативниот (–) полнеж во ковалентната врска помеѓу два атома.

Моментална брзина на реакција е брзина на реакцијата во определен момент од одвивањето на реакцијата. Таа се определува преку тангентата на графикот на зависноста на концентрацијата од времето, за времето кое не интересира.

Монодентатен лиганд е таков лиганд кој се поврзува на металниот центар во комплексот преку еден пар електрони од донорниот атом.

Мономери се мали молекули кои се способни да постојат самостојно но кои при соодветни услови можат да се поврзат заедно и да формираат огромна молекула наречена полимер. (Види исто така, полимеризација.)

Монопротична киселина е киселина која во својата молекула содржи еден водороден атом кој може да се јонизира.

Н

Наноматеријали се материјали кои имаат уникатни и посакувани својства кога големината на честичките во примерокот е намалена на нанометарска скала.

Неелектролит е супстанца која постои само или скоро само во молекулски облик, без разлика дали е во чиста состојба или во раствор.

Неметал е елемент кој нема метални својства. Неметалите во општ случај се слаби спроводници на топлина и електричество и се крти кога се во цврста состојба. Атомите на неметалите обично имаат поголем број валентни електрони од металите и имаат тенденција да образуваат анјони. Атомите на неметалите се сместени во р-блокот на периодниот систем (плус водород и хелиум).

Неповратни се оние реакции кои се одвиваат додека не исчезне барем еден од реактантите

Неподелени парови се електронски парови кои припаѓаат исклучиво на еден од атомите во луисовската структура. Тие не се поделени и затоа не се вклучени во хемиското сврзување.

Неполарна ковалентна врска е таква врска каде има еднаква распределба на електроните помеѓу сврзаните атоми. Електроните не се поблиску до еден од атомите во однос на другиот атом, значи тука нема раздвојување на полнежот

Нерадијативно распаѓање е процес при кој вишокот енергија се пренесува на околните молекули во вид на вибрација, ротација или транслација

Нернстовата равенка ги поврзува потенцијалот (електричниот напон) на ќелија, мерен при нестандардни услови, Ecell, со стандардниот потенцијал на ќелијата, Eºcell, и концентрацијата на реактантите и продуктите на редокс реакцијата. При 25 ºС равенката го добива обликот Ecell = Eºcell – (0,0592/n) log Q, каде n е бројот на молови на електрони кои учествувале во полуреакциите на оксидација и редукција на редокс реакцијата, а Q е реакционен квоциент.

Неспонтани процеси не се одвиваат во системи оставени сами на себе. Тие можат да се случат само ако во термодинамичкиот систем се интервенира однадвор.

Неутрализација е реакција во која реагираат киселина и база на таков начин што во конечниот раствор нема вишок ниту на киселина ниту на база. Продуктите на реакцијата се сол и вода.

Неутрон е фундаментална честичка на материјата која се наоѓа во јадрото на атомите. Неутроните имаат маса од 1,0087 u и немаат електричен полнеж.

Нормална температура на вриење (нормална точка на вриење) на течност е температурата на која течноста врие на притисок од 1 atm.

Нормална температура на топење (нормална точка на топење) на цврста супстанца е температурата на која цврстата супстанца се топи на притисок од 1 atm.

Нуклеон е заедничко име за честичките во јадрото, протони и неутрони.

Нуклид е израз кој се користи за да се означи атомски вид кој има точно определен атомски број и масен број, како што е 126С. (Види исто така, изотопи.)

Нултиот принцип на термодинамиката вели дека ако А е во термичка рамнотежа со В и В е во термичка рамнотежа со С, тогаш С е исто така во термичка рамнотежа со A

Њ

Њутн (N) е основна SI единица за сила. Тоа е сила која е потребна маса од 1 kg да добие забрзување од 1 m/s2. Односно, 1 N = 1 kg m s–2.

О

Озонски слој е слој во стратосферата, дебел околу 20 km и центриран на височина од околу 25 до 30 km, кој има многу повисока концентрација на озон од остатокот на атмосферата.

Околина е областа надвор од системот, таму каде што се вршат мерењата.

Оксидација е процес во кој оксидациониот број на елементот се зголемува. Тоа е полуреакција на оксидационо-редукционата реакција во која се оддаваат електрони.

Оксидационен број на елемент во соединение е начин на означување на бројот на електрони кои тој атом ги загубил, добил или поделил при формирањето на соединението.

Оксидационо средство (оксиданс) е супстанца која ја овозможува оксидацијата која се случува во оксидацино-редукциона реакција. Самото оксидационо средство се редуцира.

Опасен материјал е материјал кој кога со него не се ракува соодветно може да предизвика или да придонесе до појава на болест или смрт или да го загрози човечкиот живот или околината.

Оптички изомери се молекули или единки кои се огледални слики, а кои кога ќе се постават една над друга не се поклопуваат. Тие се разликуваат само по начинот на кој ја ротираат рамнината на поларизирана светлина. (Види исто така, енантиомери.)

Осмоза е нето проток на растворувач низ полупропустлива мембрана од чист растворувач кон раствор, или од раствор со пониска концентрација кон тој со повисока концентрација.

Осмоза(2) е спонтано минување на чистиот растворувач во раствор што од него е одделен со семипермеабилна мембрана, мембрана што е пропустлива за растворувачот, но не и за раствореникот.

Осмометрија- определување на моларната маса со мерење на осмотскиот притисок.

Осмотски притисок на раствор е притисокот кој мора да се примени на растворот за да се спречи протокот на молекулите на растворувачот кон растворот кога растворот и чистиот растворувач се разделени со полупропустлива мембрана.

Основна состојба на атомот е атомот на неговото најниско енергетско ниво. (Види исто така, ексцитирана состојба.)

Отворен систем има граница низ која може да постои пренос на супстанци.

П

parts per million, ppm: се изразува состав на некоја смеса како број на делови на една компонента на милион делови од целата смеса, обично на база на маса за течни раствори и на база на молови за гасни смеси.

parts per trilion, ppt: се изразува состав на смеса како број на делови на една компонента на билион делови од целата смеса, обично на база на маса за течни раствори и на база на молови за гасни смеси.

Парамагнетизам е привлекување од надворешно магнетно поле на супстанца која има неспарени електрони.

Парен притисок е притисокот на парата во рамнотежа со својата кондензирана фаза, Парниот притисок при приложен притисок е даден со p = p*eVmΔP/R

Парцијалниот притисок на било кој гас е дефиниран како pJ = xJpJ, каде xJ = nJ/n е молскиот удел во смесата, а p e вкупниот притисок

Паулиев принцип на исклучување: два електрона во еден атом не можат да имаат четири исти квантни броеви. Последица од овој принцип е тоа што не може да има повеќе од два електрона во една орбитала, а тие два електрона мора да имаат спротивни спинови.

Парцијален моларен волумен на супстанцата А во смеса е промената на вкупниот волумен по мол А , кога супстанцата А е додадена во голем волумен од смесата.

Парцијален притисок. Види Далтонов закон за парцијален притисок.

Пасивизација на метали- обложување на металот со тенок слој од некој оксид(најчесто) кој ја спречува понатамошната реакција на металот со околината(најчесто корозија или дејство на киселини)

Паскал (Ра) е основна SI единица за притисок. Тоа е притисокот од 1 њутн на квадратен метар, 1 N m–2.

Пиролиза-разложување под дејство на топлина

Планкова константа (h) е нумеричка константа која ги поврзува енергијата на фотон на светлината и неговата фреквенција:E = h. Нејзината вредност е 6,62606876 х 10–34 Ј.

Пластика е полимер кој поседува ограничен степен на кристалност и како резултат на тоа, не е ни силен како влакното ни флексибилен како еластомерот.

Повеќекратна врска е ковалентна врска во која два атоми помеѓу себе делат или два пара (двојна врска) или три пара (тројна врска) електрони

Повратна реакција е таков вид на реакција кога истовремено се одвиваат два процеси- од реактанти се добиваат продукти и истовремено од продуктите се добиваат реактанти

Површински активна супстанца (сурфактант) е вид кој се акумулира на границата меѓу две фази или супстанци и ги менува својствата на површината

Површински притисок е разликата помеѓу површинскиот напон на чистиот растворувач и на растворот: π = γ* – γ

Податоци се факти собрани при внимателни набљудувања и мерења направени во текот на експериментите.

Позитрон е позитивно наелектризирана честичка која има иста маса како честичката.

Поларизабилност е мерка за тоа колку лесно густината на електронскиот полнеж во атом или молекула се деформира од надворешно електрично поле. Таа е мерка за тоа колку лесно може да се индуцира дипол во атом или молекула.

Поларизација е густина на електричниот диполен момент, P = áμñN

Поларизирана светлина е електромагнетно зрачење во кое електричното и магнетното поле осцилираат само во определени насоки

Поларна врска: помеѓу два атоми електроните се привлечени поблиску кон атомот со поголема електронегативност, поради што доаѓа до раздвојување на полнежот. На едниот крај на врската има мал негативен полнеж, , а на другиот крај мал позитивен полнеж, +.

Поларна е онаа молекула кај која има мало раздвојување на позитивниот (+) и негативниот (–) полнеж, кое е предизвикано од разликата во електронегативноста и од геометријата на молекулата

Поларна молекула(2) е молекула со перманентен електричен диполен момент; големината на диполниот момент е производ на парцијалниот полнеж и растојанието

Полиатомски јон е наелектризирана честичка која се состои од два или повеќе ковалентно сврзани атоми.

Полидентатен лиганд се поврзува на металниот центар во комплекс на повеќе од едно место.

Полимеризацијаe процес во кој доаѓа до сврзување на поголем број помали молекули (мономери), при што се образуваат големи молекули (полимери, без да се добиваат други производи.

Полиморфизам е својство на супстанца да кристализира во две или повеќе форми како, на пример, кај сулфурот кој постои во ромбичен и моноклиничен облик.

Полипротична киселина е киселина која во една молекула има повеќе од еден Н атом кој може да се јонизира. Јонизацијата на полипротичната киселина се одвива во одвоени чекори.

Полисахарид е јаглехидрат кај кој секоја молекула може да хидролизира на многу моносахаридни единици.

Полувреме (t1/2) на хемиска реакција е времето што е потребно да се потроши една половина од појдовното количество на реактант. За радиоактивно распаѓање тоа е времето за кое се распаѓа една половина од атомите на радиоактивниот нулкид.

Полуреакција е дел од оксидационо-редукциона реакција со која се претставува или процес на оксидација или процес на редукција.

Полуспроводник е супстанца чија спроводливост се зголемува со зголемување на температурата.

Полуспроводник од n-тип е полуспроводник допингуван (опримесен) со донорни атоми кои можат да предадат електрони во спроводливата зона. Електричната струја во овој тип на полуспроводници е претежно резултат на овие донорни електрони. (Види исто така, допингување.)

Полуспроводник од р-тип е полуспроводник кој бил опримесен (допингуван) со акцепторни атоми кои ги привлекуваат електроните од хемиските врски во полуспроводникот, создавајќи позитивни празнини во валентната лента. Електричната струја во овие полуспроводници е резултат претежно на овие позитивни празнини.

Поликондензација- при некои полимеризации, можно е од мономерите, при образувањето на полимерот, да се издвојат мали молекули

Полуќелија е електрода во раствор на јони. Реакцијата на полуќелијата е или оксидација или редукција. (Види исто така, електрохемиска ќелија.)

Постојана тврдост на водата е состојба во која не доминираат НСО3јони, туку други анјони.(Види исто така, тврда вода.)

Потенцијал на ќелија (Ecell) (електричен напон на ќелија) претставува потенцијалната разлика помеѓу електродите во електрохемиска ќелија.

Потенцијална енергија е енергијата која се јавува поради положбата или подредувањето. Тоа е енергијата која е поврзана со силите на привлекување и одбивање помеѓу објекти.

Потенцијална разлика, измерена во волти, е разликата на електричниот потенцијал помеѓу две точки во електрично коло, на пример помеѓу електродите во електрохемиска ќелија.

Почетна брзина на реакција е брзината на реакцијата веднаш по контактот на реактантите. Брзината во општ случај се изразува преку брзината на промена на концентрацијата на еден од реактантите или еден од продуктите со тек на времето.

Правило на октет (октетно правило): најголем број од ковалентно сврзаните атоми претставени со луисовска структура имаат осум електрони во својот надворешен (валентен) слој. При формирањето на јонски соединенија, јоните на елементите од главните групи покажуваат тенденција да го следат правилото на октет.

Прв принцип на термодинамиката: внатрешната енергија на изолиран систем е константна или ако системот взаемодејствува со неговата околина со размена на топлина и/или работа тогаш размената мора да се случува на таков начин што енергијата ниту се создава ниту се уништува. (Види исто така, закон за запазување на енергијата-Енергијата не може да биде уништена. Таа само може да биде претворена од еден во друг облик.”)

Прва јонизациона енергија I1 е минималната енергија потребна за да се отстрани електрон од многуелектронски атом во гасна фаза; втората јонизациона енергија I2 е минималната енергија потребна за да се отстрани електрон од јонизиран многуелектронски атом во гасна фаза

Првиот принцип на термодинамиката тврди дека внатрешната енергија на изолиран систем е константна, ΔU = q + w

Прецизноста на група мерења се однесува на тоа колку блиску меѓу себе се вредностите на членовите на група мерења. Таа го одразува степенот на повторливост на мерењата.

При физичка промена кај примерок од материја може да се набљудува промена како што е промена во фазата или состојбата или промената на некое друго својство, но не доаѓа до промена во составот.

Принцип на Л’Шателје е исказ кој дозволува квалитативно предвидување на ефектите од промените (на количествата на реактантите или продуктите, реакциониот волумен, температурата итн.) кои се предизвикуваат во систем во рамнотежа

Принципот на Л’Шателје тврди дека систем во рамнотежа што е подложен на промена, одговара на начин чија тенденција е да се минимизира ефектот на промената

Притисок (Р) е сила на единица површина – односно, P = F/A. (Притисокот е дефиниран како количник од силата и плоштината врз која таа сила дејствува)

Продирање е можноста електрон да се најде во внатрешните слоеви и блиску до јадрото.

Продукт е супстанца која се образува во хемиската реакција. Формулите на продуктите се јавуваат на десната страна од хемиската равенка.

Промена на енталпијата (DН) во хемиска реакција е еднаква на топлината на реакцијата при константна температура и притисок, qР.

Промена на ентропијата (DS) е разликата на ентропијата помеѓу две состојби на систем, како што е помеѓу продуктите и реактантите на хемиска реакција.

Промена на слободната енергија (DG) е разликата на слободната енергија помеѓу две состојби на системот, како на пример помеѓу слободните енергии на продуктите и реактантите на хемиска реакција. Таа е дефинирана со равенката G = DHTDS.

Протон е честичка во јадрото која носи фундаментална единица на позитивен полнеж и има маса од 1,0073 u.

Протон-акцептор е Бренштед-Лориева база. (Види исто така, база.)

Протон-донор е Бренштед-Лориева киселина. (Види исто така, киселина.)

Процентен принос е однос на експерименталната добивка со теоретската добивка на определена хемиска реакција изразен во проценти.

Процентен состав на некоја супстанца е масен удел на секој елемент во супстанцата изразен во проценти.

Процес на радијативно распаѓање е процес при кој молекулата ја отпушта енергијата на ексцитација во вид на фотон.

Прочистување е процес на отстранување на нечистотиите од метал со различни хемиски или физички средства..

Пуферски раствор е раствор кој содржи слаба киселина и нејзина конјугирана база или слаба база и нејзина конјугирана киселина. Ако се додаде мало количество од киселина една од компонентите на пуферот ќе го неутрализира, а при додавање на мали количества на некоја база тоа го неутрализира другата компонента. Како резултат на тоа, рН вредноста на растворот останува приближно константна.

pKa е негативен логаритам од константата на јонизација на киселината: pKa = –log Ka.

pKb е негативен логаритам од константата на јонизација на база: pKb = –log Kb.

pKw е негативен логаритам од јонскиот производ на водата: pKa = –log Kw = –log(1,0 х 10–14) = 14 (на 25 ºС). (Види исто така, јонски производ на водата.)

Р

Радиоактивност (радиоактивно распаѓање) е спонтана емисија на јонизирачко зрачење од атомските јадра на некои изотопи.

Радиолиза-разложување под дејство на јонизирачко зрачење

Разредување е процес при кој се создава раствор со пониска концентрација од поконцентриран раствор со додавање на соодветно количество растворувач.

Рамнотежа е состојба која се достигнува кога два спротивни процеси се случуваат со еднакви брзини. Како резултат на рамнотежата, концентрациите (или парцијалните притисоци) на супстанците што реагираат остануваат константни во текот на времето..

Реактант е појдовен материјал или супстанца која се троши во хемиска реакција. Формулите на реактантите се пишуваат на левата страна на хемиската равенка.

Реактивен материјал е тој кој има тенденција спонтано или бурно да реагира со воздух или вода.

Реакции на соединување или синтеза-Во реакција на синтеза, две или повеќе прости супстанци реагираат и образуваат посложена супстанца. Два или повеќе реактанти кои даваат еден производ е друг начин за препознавање на реакција на синтеза. Овие реакции имаат општа формула: A + B → AB

Реакции на разложување -Реакција на разложување е спротивна на синтезната реакција. Тука посложена супстанца се разложува на своите попрости делови. Овие реакции имаат општа формула: AB → A + B

Реакција на замена-При овој тип на реакција, еден единичен елемент заменува друг во соединението AС + B → AB + С

Реакција на двојна измена-При оваа реакција, делови од две соединенија ги заменуваат своите места и образуваат нови соединенија. Овие реакции имаат општа формула: АB + CD → AD + CB

Редокс реакциите можат да се сфатат како реакции при кои се разменуваат електрони од еден учесник во реакција (редуцирачко средство) до друг (оксидирачко средство).

Реакција на диспропорционирање е оксидационо-редукциона реакција во која една иста супстанца и се оксидира и се редуцира.

Реакција на таложење е хемиска реакција помеѓу јони во раствор како резултат на која се создава нерастворлива цврста супстанца – талог.

Реакцијата од прв ред има израз за брзината во кој збирот на експонентите е m + n + … = 1.

Реакционата Гибсова енергија е еднаква на наклонот на графикот од Гибсовата енергија наспроти досегот на реакцијата: ΔrG = (∂G/∂ξ)p,T; при рамнотежа ΔrG =0

Реакционата координата е множество од движења какви што се промените во меѓуатомските растојанија и валентните агли кои што директно се вклучени во образувањето на продукти од реактантите

Реакционен профил е шематски приказ на промените на енергијата при одвивањето на реакцијата. Профилот ги покажува енергиите на активација и енталпиите на реакцијата и ги идентификува енергиите на реактантите, на преодната(преодните) состојба(и) и на продуктите.

Реални гасови се оние кај кој молекулските интеракции се одразуваат врз равенката на состојбата; Реалните гасови покажуваат отстапувања од законот за идеален гас, бидејќи молекулите стапуваат во меѓусебни интеракции. Одбивните сили меѓу молекулите ја потпомагаат експанзијата, а привлечните сили ја потпомагаат компресијата :вистинскaта равенка на состојбата може да се изрази преку виријалните коефициенти B, C, ...: pVm = RT(1 + B/Vm + C/V 2m + ···).

Реверзибилна промена е промена која, со бесконечно мала модификација на променливата, може да се одвива во обратната насока

Ред на врска се однесува на бројот на електронски парови во ковалентна врска– односно, дали во врската има еден пар (ред на врска = 1), два пара (ред на врска = 2) или три пара (ред на врска = 3). Во теоријата на молекулски орбитали, тоа преставува една половина од разликата помеѓу бројот на електрони во сврзувачки молекулски орбитали и бројот во антисврзувачки молекулски орбитали.

Редот на реакција е определен со експонентот на концентрацискиот член во законот за брзината на реакцијата: Брзина на реакција = k[A]m[B]n ….. Редот на реакцијата во однос на А е m; во однос на В е n; и така натаму. Вкупниот ред на реакцијата е m + n + …..

Редукција е процес во кој оксидациониот број на елементот се намалува. Тоа е полуреакцијата во оксидо-редукциона реакција во која се „примаат“ електрони.

Редукционо средство (редуктант) е супстанца која ја овозможува редукцијата која се случува во оксидационо-редукциона реакција. Самото редукционо средство се оксидира.

рН е негативен логаритам од концентрацијата на хидрониум јоните во раствор: pH = –log[H3O+].

рОН е негативен логаритам од концентрацијата на хидроксидните јони во воден раствор: рОН = –log[OH].

Руда е минерал кој се јавува во природата, а кој содржи метал во облик и концентрација што овозможуваат негова екстракција.

С

Сврзувачка молекулска орбитала е орбитала кај која во областа помеѓу двата сврзани атоми има голема електронска густина (електронска веројатност). (Види исто така,, антисврзувачка молекулска орбитала и молекулска орбитала.)

Сврзувачка орбитала(2) е орбиталата која, кога е пополнета, придонесува кон јачината на врската помеѓу двата атоми

Сврзувачки пар е пар на електрони кој е поделен помеѓу два атома во молекула.

Силен електролит е електролит чија моларна спроводливост не значително зависи од концентрацијата. Слаб електролит е електролит чија моларна спроводливост е нормална при концентрации блиски до нула, но нагло опаѓа кон ниски вредности со пораст на концентрацијата

Систем е дел од светот за кој постои специјален интерес. Тоа може да биде реакционен сад, машина, електрохемиски елемент, биолошка клетка итн

Слободен радикал e многу реактивен атом или молекулски фрагмент кој се карактеризира со тоа што има еден или повеќе неспарени електрони. Слободните радикали се сметаат за интермедијари во некои хемиски реакции.

Слободна експанзија на гас е експанзија при непостоење на спротивставена сила.

Смеса е вид на материја чиј состав и својства можат да варираат од еден примерок до друг. (Види исто така, хетерогена смеса и хомогена смеса.)

Со делови од билион (parts per trilion, ppt) се изразува состав на смеса како број на делови на една компонента на билион делови од целата смеса, обично на база на маса за течни раствори и на база на молови за гасни смеси.

Со делови од милион (parts per million, ppm) се изразува состав на некоја смеса како број на делови на една компонента на милион делови од целата смеса, обично на база на маса за течни раствори и на база на молови за гасни смеси.

Со молекулската геометрија се опишува геометриска фигура која се формира кога соодветните атомски јадра во една молекула или полиатомски јон ќе се поврзат со прави линии. Молекулската геометрија се однесува на геометрискиот облик на молекулата или полиатомскиот јон.

Соединение е супстанца која е составена од атоми на два или повеќе елементи, а различните атоми се сврзани во точно определени соодноси.

Состав е поим кој се однесува на видовите атоми и на нивните релативни соодноси во примерок од материјата.

Спектрометар е инструмент што ги детектира карактеристиките на расеаното, емитираното или апсорбираното зрачење од атоми или молекули.

Спектроскопски премини се промени во населеноста на квантираните енергетски нивоа на еден систем што вклучуваат апсорпција, емисија и расејување на електромагнетното зрачење, ΔЕ = hν

Спин е сопствен момент на импулсот на една фундаментална честичка

Спин–орбитално спрегање е интеракција на магнетниот момент на спинот со магнетното поле кое се должи на орбиталниот момент на импулсот.

Спонтани промени- оние промени за кои не е потребно да се изврши работа зада се одвиваат.

Спонтана емисија е радијативна емисија, независна од интензитетот на зрачењето (при било која фреквенција) што е веќе присутно.

Среден слободен пат е просечното растојание кое една молекула го поминува помеѓу судири: λ = c/z.

Средноквадратна брзина на молекулите е правопропорционална на квадратниот корен од температурата и обратнопропорционална на квадратниот корен од моларната маса

Стимулирана апсорпција е радијационо поттикнат премин од пониска во повисока енергетска состојба

Стимулирана емисија е премин од ниско енергетска во високо енергетска состојба што е побуден со електромагнетното поле што осцилира со фреквенцијата на преминот

Суперкритичен флуид е флуид на фаза со релативно голема густина, чии температура и притисок се над критичните вредности.

Супституција-реакција на замена на атом или атомска група кај органски соединенија

Суперспроводник е цврста супстанца што спроведува електричество без отпор

Т

Талог (преципитат) е нерастворливо соединение кое се формира со реакција во раствор.

Температура на вриење (точка на вриење) на течност е температурата на која врие течноста – температурата на која парниот притисок на течноста е еднаков на надворешниот атмосферски притисок.

Температура на мрзнење (точка на мрзнење) е температурата на која течноста мрзне, односно течноста доаѓа во рамнотежа со цврстата супстанца. За чиста супстанца температурата на мрзнење и температурата на топење се исти.

Температура на топење (точка на топење) на цврста супстанца е температурата на која таа се топи, односно, тоа е температурата на која таа доаѓа во рамнотежа со течната фаза.

Теоријата за валентната врска (VB теоријата):образувањето на врската се третира како спарување на спиновите на електрон од атомска орбитала на едниот атом со електрон од атомска орбитала на другиот атом

Теоријата на судири вели дека за да настане реакција мора да дојде до судир меѓу молекулите и се претпоставува дека брзината е пропорционална на судирната фреквенција, стеричниот фактор и уделот на судирите што се случуваат со кинетичка енергија Ea долж линијата на нивните центри

Температурен коефициент-однос на брзините на иста реакција определн при различни температури(се разликуваат за 10 келвини)

Термално движење-несредениот начин на движење на молекулите

Термичка рамнотежа е условот при кој не доаѓа до промена на состојбата кога две тела А и В ќе се доведат во контакт преку дијатермички ѕид

Термодинамика е наука за изучување на трансформациите на енергијата.

Термохемија е гранка на термодинамиката која ја проучува енергијата пренесена како топлина за време на течењето на хемиските реакции

Термохемиска равенка-таква равенка каде покрај другото е даден и топлинскиот ефект при реакцијата

Течен кристал е физички облик на супстанца кој има својства на течност, а оптички својства на кристална цврста супстанца.

Топење е процес во кој цврстата супстанца преминува во течност.

Топлина (q) е пренос на енергија во или од еден систем предизвикана од разликата на температурата помеѓу системот и неговата околина.

Топлина на реакција (qrxn) е количичната на топлина која се разменува помеѓу системот и неговата околина кога се одвива хемиска реакција при константна температура и притисок.

Топлинска спроводливост е пренос на енергија долж температурен градиент

Топлински капацитет (С) на систем е количина на топлина потребна да се покачи температурата на систем за 1 ºС или 1 K.

Точковна група е група на операции на симетрија кои оставаат најмалку една заедничка точка неизместена.

Точностa на група мерења е определена од блискоста на средната вредност од групата мерења со најверојатната барана вредност.

Трансмитанца Т- количникот на интензитетот на пропуштениот (transmitted), I, и упадниот сноп, I0, при дадена фреквенција

Трет принцип на термодинамиката: ентропијата на сите совршено кристални супстанци е нула при Т0

Тројна точка е точка на фазниот дијаграм на која се среќаваат трите фазни граници и сите три фази се во заемна рамнотежа

Ќ

Ќелија за електролиза е електрохемиски елемент во кој една неспонтана реакција е поттикната со надворешен извор на струја.

Ф

Фаза е форма на материјата што е целосно униформна по хемиски состав и физичка состојба(дел од хетерогена смеса)

Фазна промена е промена од една фаза во друга, како, на пример, од цврста во течна или од течна во гасовита.

Фарадеева константа (F) е електричен полнеж, во кулони, на мол електрони –96485 C/mol.

Физичко својство е карактеристика на примерок од материјата чија промена не доведува до промена во составот.

Фиксирање на азот (азотофиксација) претставува претворање на атмосферскиот азот (N2) во вид на азотни соединенија. Ова се случува природно во азотниот циклус и вештачки при синтеза на амонијак. (Види исто така, азотен циклус.)

Формален полнеж, концепт кој се користи при пишувањето на луисовски структури, е бројот на валентни електрони во изолиран атом минус бројот на електрони кои ги има атомот во луисовската структура.

Формулна единка е наједноставна комбинација на атоми или јони во согласност со формулата на соединението. Во јонски соединенија тоа е најмалиот можен електронеутрален збир од јони.

Формулска маса е масата на формулната единка во однос на масата на атомот на јаглерод-12. Таа е збир од масите на атомите или јоните кои се претставени со формулата.

Фотоволтина ќелија e уред кој користи полуспроводници за да ја конвертира соларната енергија (светлината) во електричество.

Фотодисоцијација е фрагментација на молекулата по апсорпцијата на електромагнетно зрачење.

Фотоелектричен ефект е исфрлање електрони од метали, кога последниве се изложени на ултравиолетово (или видливо) зрачење: 1/2mev2 = hν –Φ, каде Φ е излезната работа, енергијата потребна да се отстрани електрон од металот во бесконечност

Фотоелектричен ефект претставува емисија на електрони од површината на определени материјали кога апсорбираат светлина со соодветна фреквенција.

Фотолиза-разложување под дејство на сончева светлина

Фотон е квант на енергија во облик на светлина. Енергијата на фотонот е зададена со изразот E = hu.

Фотохемиски смог е воздух кој е загаден со оксиди на азот и несогорени јаглеводороди заедно со озон и неколку други компоненти кои се создаваат под дејство на сончевата светлина.

Фракциона дестилација е метод за раздвојување на испарливи компоненти од раствор кои имаат различен притисок на пареите и температури на вриење. Таа вклучува повеќекратни испарувања и кондензации кои се одвиваат континуирано во дестилациона колона.

Фракциона кристализација е метод за прочистување на цврстата супстанца со нејзино растворање во соодветен растворувач и со менување на температурата на растворот до вредност кога растворливоста на раствореникот е помала (обично на пониска температура). Вишокот раствореник кристализира како чиста цврста супстанца, а растворливите нечистотии остануваат во растворот.

Фреквенција (u) на бран е број на циклуси на бранот (број на бранови должини) кои поминуваат низ некоја точка во единица време.

Х

Хемијата е наука за составот, структурата и својствата на материјата и на промените кои се случуваат во материјата.

Хемиска врска е сила која ги држи заедно атомите во молекули или јоните во кристалите.

Хемиска кинетика е наука за брзините на хемиските реакции, факторите кои влијаат на брзините и механизмите на реакциите.

Хемиска номенклатура е систематски начин на поврзување на имињата со формулите на хемиските соединенија.

Хемиска промена. Види хемиска реакција.

Хемиска равенка е опис на хемиска реакција која користи симболи и формули за да ги претстави елементите и соединенијата вклучени во реакцијата. Пред секој симбол или формула стојат нумерички коефициенти кои укажуваат на молските односи на учесниците. Тие се потребни за да се израмни хемиската реакција.

Хемиска реакција е процес во кој примерок од материја претрпува промена во составот и/или структурата на нејзините молекули. Една или повеќе појдовни супстанци (реактанти) се трансформираат во една или повеќе нови супстанци (продукти).

Хемиската формула го покажува составот на соединението преку симболи на присутните елементи и индекси кои укажуваат на релативниот број на атоми од секој елемент.

Хемиски симбол е приказ на елемент кој се состои од една или две букви изведени од англиското име на елементот (или понекогаш од латинското име на елементот или на едно од неговите соединенија).

Хемиско својство е карактеристика која ја пројавува материјата при промена на составот.

Хемисорпција е атсорпција со образување на хемиска (обичноковалентна) врска

Хенриев закон :растворливоста на гаотс е правопропорционална на парцијалниот притисок на гасот кој е во рамнотежа со растворот.

Хесов закон: промената на енталпијата на реакција е константна, без разлика дали реакцијата се изведува директно во еден чекор или индиректно преку определен број на чекори.Или: Стандардната енталпија на сумарната реакција е сума на стандардните енталпии на индивидуалните реакции на кои реакцијата може да се раздели

Хетерогена смеса е смеса во која составот и/или својствата варираат од една до друга област во смесата.

Хибридизација е хипотетички процес во кој чистите атомски орбитали се комбинираат за да се добие множество од нови орбитали наречени хибридни орбитали со кои се опишува ковалентното сврзување со методот на валентна врска. (Види исто така, ѕр, ѕр2, ѕр3, ѕр3d, sp3d2 хибридизација.)

Хибридни орбитали се формираат со комбинирање на атомски орбитали за да се образува множество од нови орбитали.

Хидролиза(во општ случај) е реакција на некоја супстанца со водата во која и супстанцата и водата се јонизираат. Во полимитиран случај, тоа е киселинско-базна реакција помеѓу некој јон и водата.

Хидролошки циклус (циклус на водата) е серија од процеси кои се случуваат во природата со кои водата се рециклира во околината – цврстата кора на Земјата, океаните и базените со свежа вода и атомосферата.

Хидрометалургија е екстракција на метал од неговите руди со процеси кои вклучуваат вода и водни раствори.

Хипертоничен раствор е раствор кој има осмотски притисок поголем од тој на телесните течности (крв, солзи). Хипертоничниот раствор има поголем осмотски притисок од тој што го има изотоничниот раствор.

Хипотеза е објаснување или предвидување кое се однесува на некој феномен кое може да се провери.

Хипотоничен раствор е раствор кој има осмотски притисок помал од тој на телесните течности (крв, солзи). Хипотоничниот раствор има понизок осмотски притисок од тој на изотоничен раствор..

Хомогена смеса е смеса која има ист состав и својства низ целата смеса.

Ц

Цврсти честички се загадувачи на воздухот кој се состои од цврсти и течни честички со поголема големина на молекулите но сепак доволно мали да останат суспендирани во воздухот.

Централен атом во молекула или полиатомски јон е атомот сврзан со два или повеќе други атоми.

Црното тело е објект што ги емитира и апсорбира сите фреквенции на зрачењето

Целзиусовата и термодинамичката температура се поврзани со

T/K = θ/°C + 273,15.

Џ

Џул (Ј) е основна единица за енергија во SI. Тоа е работата која ја врши сила од 1 њутн (N) која делува на растојание од 1 метар. Односно, 1Ј = 1 N m = 1 kg m2 s–2.
Ш

Шарлов закон: волуменот на точно определено количество гас на константна температура е правопропорционален на неговата Келвинова температура. Односно, V знак T, или V = constant x T.

Шема на електрохемиска ќелија е шематски приказ на електрохемиска ќелија.

донирај

Генерален спонзор

генерален спонзор

Пријатели на науката

спонзор
спонзор
спонзор

Хемија за сите

Можно ли е да имаме провидна кожа?

Тартразин, азо боја која ќе ги замени скапите медицински процедури


Коса, хемиjа на минивалот

Убаво е да ја знаете хемијата што стои позади фризерските мајстории


Тардигради

Микроскопски животни ни откриваат како да ја освоиме вселената и да се заштитиме од радијација


Ернест Радерфорд

„Tаткото на нуклеарната физика“ кој доби Нобелова награда за хемија


>>Види повеќе слични содржини!

Презентации и поимници

Презентации за основно образование

e hemija

Презентации за средно образование

hemija .ppt

Контактни информации:

e-hemija logo

Здружение за унапредување и развој на образованието и науката
„Е-ХЕМИЈА“ – Прилеп

Испрати порака:
e-hemija контакт

Е-Хемија на Facebook:
e-hemija facebook

Е-Хемија на Twitter:
e-hemija facebook

Пријатели на науката:

Здружение за унапредување и развој на образованието и науката „Е-ХЕМИЈА“ – Прилеп
Copyright © 2024 ehemija.mk

WebDesign www.nainternet.mk

e-hemija