За правилно прикажување на поимникот, ве молиме користете некој од следните прелистувачи:
Алдарна киселина : дикарбоксилна киселина добиена при оксидација на алдоза.
Алдехид : соединение кое содржи функционална група -CHO.
Алдитол : полиалкохол добиен при редукција на карбонилна група на шеќер.
Алдоза: јаглехидрат со алдехидна функционална група.
Алдолна реакција : карбонилна кондензациона реакција на алдехид или кетон која дава β-хидрокси карбонил соединение.
Алдолна киселина : монокарбоксилна киселина добиена при умерена оксидација на алдоза.
Алкил група:дел од структура која што останува откако од молекула на алкан се отстрани водороден атом. .
Алкохол : соединение кое содржи -OH група сврзана за заситен јаглероден атом од алкански тип, ROH.
Амид : соединение кое содржи –CONR2 функционална група.
Амидомалонатна синтеза : метод за добивање на α-амино киселини при алкилирање на диетил амидомалонат со алкил халид.
Амин : соединение кое содржи еден или повеќе органски супституенти сврзани за азотен атом, RNH2, R2NH или R3N.
Амино киселина-α-амино киселина : дифункционално соединение со амино група на јаглеродниот атом соседен на карбоксил групата, RCH(NH2)CO2H.
Амино шеќер : шеќер во кој една од -OH групите е заменета со –NH2.
Амфотерност : способност за дејствување и како киселина и како база. Амино киселините се амфотерни.
Анаболизам : група метаболички патишта со кои се градат поголеми молекули од помали.
Андроген : машки стероиден полов хормон.
α-аномер : циклична хемиацетална форма на шеќер кој има хемиацетална -OH група на страната од прстенот спротивна на крајната –CH2OH.
Аномери : циклични стереоизомери кај шеќерите кои се разликуваат само по конфигурацијата на хемиацеталниот (аномерниот) јаглерод..
Антисврзувачка МО : молекулска орбитала која има повисока енергија отколку енергијата на атомските орбитали од кои таа е формирана.
Анхидриди на киселини : функционална група со две ацил групи сврзани за заеднички кислород, RCO2COR’.
Апоензим : протеински дел од ензимот кој исто така содржи кофактор.
α-положба : положба соседна на карбонилната група.
Атом-основна и најмала градбена единка на супстанците
Атомски број-број на протони во јадрото
Арен : алкил супституиран бензен.
Ароматичност : специјални карактеристики на циклични конјугирани π- електронски молекули. Овие карактеристики вклучуваат необична стабилност, присутност на циклична струја во 1 H NMR спектарот и при третман со електрофили стапуваат во супституциони, а не во адициони реакции. Ароматичните молекули се планарни, циклични, конјугирани честички кои имаат (4n+2) π електрони.
α-спирала : секундарна структура на протеин во форма на спирала
α-супституциона реакција : супституција на α водороден атом од карбонилно соединение при реакција со електрофил
Ахиралност : не е како раката. Молекулата е ахирална ако има рамнина на симетрија и таа се преклопува со нејзината огледална слика.
Ацетал : функционална група што содржи две -OR групи сврзани за ист јаглероден атом, R2C(OR’)2. Ацеталите често се користат како заштитни групи за кетони и алдехиди.
Ацетил група : CH3CO- група.
Ацил група: -COR група.
Б
β-аномер : циклична хемиацетална форма на шеќер која има хемиацетална -OH група на истата страна од прстенот како и терминалната –CH2OH.
Brønsted-Lowry-ева база : супстанца која прима H+ од киселина
Brønsted-Lowry-ева киселина : супстанца која дава водороден јон (протон;H+ ) на база.
Биолелементи-елементи што влегуваат во составот или во процесите во живите организми
Биосоединенија-соединенија што влегуваат во составот или во процесите во живите организми
Биохемија-наука која ја проучува хемиската природа на супстанците што влегуваат во состав на живите организми,нивните хемиски претворби и нивната улога во нив
В
Валентни електрони-електрони од последниот електронски слој
Витамини-соединенија кои во многу мали количини се важни за растењето,развојот и одржувањето на животот
Витамин : мала органска молекула која мора да биде присутна во исхраната; потребен е во мали количества и е неопходен за правилен развој.
van der Waals-ови сили : интермолекуларни сили со кои молекулите во течност или во цврста состојба се држат заедно
Верижна реакција : реакција која откако ќе се иницира самата се одвива со бескрајно повторување на пропагациониот чекор.
Водородна врска : слабо привлекување помеѓу водороден атом сврзан за електронегативен атом и слободен електронски пар на друг електронегативен атом.
Восок : смеса од естери на карбоксилни киселини со долга низа и алкохоли со долга низа.
Вулканизација : техника за вмрежување и стврднување на диенски полимери преку загревање со неколку тежински проценти сулфур.
Г
Геометриски изомери : стар израз за cis-trans изомери.
Гликозид : цикличен ацетал формиран при реакција на шеќер со друг алкохол.
Гликол : диол, каков што е етилен гликол, HOCH2CH2OH.
Гликолиза : серија од десет ензимски катализирани реакции кои ја разложуваат глукозата до 2 еквиваленти пируват, CH3COCO2 -. .
Гранични (фронтални) орбитали : највисоко пополнетата (HOMO) и најниско непополнетата (LUMO) молекулска орбитала.
Д
D шеќер : шеќер чија хидроксилна група на хиралниот центар најдалеку од карбонилната група во Fischer-овата проекција е на десната страна.
d, l форма : рацемска модификација на соединението.
Двојна спирала : структура на DNA во која полинуклеотидните ленти спирално се спојуваат.
Деактивирачка група : електрон акцепторен супституент кој ја намалува реактивноста на ароматичниот прстен кон електрофилна ароматична супституција.
Debye, D : единица за мерење диполен момент; 1 D = 3,336 x 10-30 coulomb⋅meter (C⋅m).
Декарбоксилирање : губење на јаглерод двооксид од молекулата. β-Кето киселините при загревање лесно се декарбоксилираат.
Делокализација : распространување на електронската густина вдолж конјугираниот π електронскиот систем. На пример, алил катјоните и алил анјоните се делокализирани, бидејќи нивниот полнеж е разлеан низ целиот π електронски систем.
Дехидратација : губење вода
Дијастереомери: неогледален стереоизомеризам; дијастереомерите имаат иста конфигурација на еден или повеќе хирални центри, но различна на другите хирални центри.
Дијастереотопни: два водороди во молекулата чија замена со некоја друга група води до различни дијастереомери.
Диполарна молекула: молекула која во целост е неутрална, но на индивидуалните атоми има плус и минус полнежи.
Диполен момент, µ : мерка за севкупната поларност на молекулата. Диполен момент се појавува кога центрите на маса на позитивните и негативните полнежи во молекулата не се совпаѓаат.
Дисоцијациона енергија на врската, D : количество енергија потребно за хомолитичко раскинување на врската и формирање на два радикал фрагменти.
Дисротаторно : израз кој укажува дека p орбиталите во текот на електроцикличното отворање или затворање на прстенот ротираат во спротивна насока.
Дисулфид: соединение со општа структура RSSR’. DNA (види Деоксирибонуклеинска киселина;
Должина на врската : рамнотежно растојание помеѓу јадрата на два атоми кои се сврзани еден со друг.
Е
Егзергона : реакција која има негативна промена на слободната енергија и затоа е спонтана. Во реакциониот енергетски дијаграм продуктот на егзергоната реакција има пониска енергија отколку реактантите.
Егзотермна: реакција која ослободува топлина и затоа има негативна промена на енталпијата.
Единечна врска-ковалентна врска изградена само од еден заеднички електронски пар
Еластомер: аморфен полимер кој има способност откако е истегнат да се врати во првобитниот облик.
Електронегативност: способност на атомот да привлекува електрони од ковалентната врска. Во периодниот систем електронегативноста се зголемува од лево на десно и од долу нагоре.
Електронска конфигурација : состојба на орбитали пополнети со електрони на даден атом.
Електрон е честичка која носи единечно количество негативен електричен полнеж. Електронот има маса од 0,0005486 u и се наоѓа надвор од атомското јадро.
Електрон-точка структура: приказ на молекулата во кој валентните електрони се прикажани со точки. (Луисови симболи)
Електрон-транспорт процес: крајна етапа на катаболизмот во која се продуцира ATP.
Електрофил : „сака електрони” или супстанца која привлекува електронски пар од нуклеофил при формирање на врски во поларни реакции.
Електрофилна адициона реакција : адиција на електрофил врз двојна врска при што се добива заситен продукт.
Електрофилна ароматична супституција : реакција во која електрофилот (Е+ ) реагира со ароматичен прстен при што се супституира (заменува) еден водороден атом од прстенот.
Елиминациона реакција : е таа кога еден реактант се раздвојува на два продукти.
Елуирање: отстранување на супстанца од хроматографска колона..
Енамин : соединение со R2N-CR=CR2 функционална група.
Енантиомери : стереоизомери на хирална супстанца кои имаат огледална релација. Енантиомерите мора да имаат спротивна конфигурација на сите хирални центри.
Енергија на врска-енергијата што треба да се додаде да се раскине врската меѓу атомите што ја образуваат
Енергија на јонизација е енергијата која е потребна за да се отстранинајслабосврзаниотелектрон од атом (или јон) во основна состојба во гасна фаза
Ендергона : реакција со позитивна промена на слободната енергија и затоа не е спонтана. Во енергетскиот реакционен дијаграм продуктот од ендергона реакција има повисока енергија отколку реактантите.
Ендотермна : реакција која апсорбира топлина и затоа има позитивна промена на енталпијата.
Ензим : биолошки катализатор. Ензимите се големи протеини кои катализираат специфични биохемиски реакции.
Енол : винил алкохол кој е во рамнотежа со карбонилно соединение.
Енолатен јон : анјон на енол.
Есенцијални масла :испарливи масла добиени од растителни екстракти со дестилација со водена пареа.
Естер : соединение кое што содржи –CO2R функционална група.
Етер : соединение кое содржи два органски супституенти сврзани за ист кислороден атом, ROR’.
З
Заситена : молекула која има само единечни врски и која не стапува во адициони реакции. Алканите се заситени, но алкените се незаситени.
Заштитна група : група која се воведува за заштита на чувствителна функционална група во молекулата при реакција врз друг дел од молекулата. По завршување на заштитната функција, таа се отстранува.
И
Изоелектрична точка, pI : pH при која бројот на позитивни полнежи и бројот на негативни полнежи во протеините или амино киселините е ист.
Изомери :соединенија кои имаат иста молекулска формула, но различна структура.
Изотопи : атоми од ист елемент кои имаат различен масен број.
Имид : соединение со –CONHCO функционална група.
Имин : соединение со R2C=NR функционална група.
Индуктивен ефект: ефект на одбивање или привлекување на електрони кој се пренесува преку σ врските. Електронегативните елементи имаат електрон акцепторен ефект.
Иницијатор : супстанца со врска која лесно се кине и се користи за иницирање на радикални верижни реакции. На пример, радикалското хлорирање на алкани е иницирано кога слабата врска Cl-Cl се кине под дејство на светлосна енергија и дава Cl⋅радикали.
Интермедијар :честичка која се формира во текот на повеќестепена реакција, но таа не е краен продукт. Интермедијарите се постабилни отколку преодната состојба; интермедијарите во некои случаи можат да бидат доволно стабилни за да бидат изолирани.
Интрамолекуларна, интермолекуларна : реакции кои се одвиваат во иста молекула се интрамолекуларни, а реакции кои се одвиваат помеѓу две молекули се интермолекуларни.
Истисната група : група која во супституционите реакции се заменува со истиснување.
IUPAC систем на номенклатура: правила за именување на соединенија, препорачани од International Union of Pure and Applied Chemistry.
Ј
Јаглеводород : соединение кое е составено само од јаглерод и водород.
Јаглехидрат : полихидрокси алдехид или кетон. Јаглехидратите можат да бидат едноставни шеќери (глукоза) или комплексни шеќери (целулоза).
Јазловна рамнина : површина помеѓу орбиталите со нула електронска густина. На пример, кај π орбиталата јазловната рамнина минува низ центарот на јадрото, нормална на оската на орбиталата.
Јачина на врската : алтернативно име за дисоцијациона енергија на врската.
Јадрона атом е густо пакувано позитивно наелектризирана средиште на атомот кое содржи протони, неутрони, а кое претставува најголем дел од масата на атомот.
Јоне честичка со електричен полнеж која се состои од еден или повеќе атоми.
Јонска врскасе привлечни сили помеѓу позитивни и негативни јони кои ги држатјонитезаедно во цврст кристал.
Јонски радиусе мерка за големината на катјон или анјон која се базира на растојанието помеѓу центрите на јоните во јонско соединение.
Јонско соединениее соединение кое се состои од спротивно наелектризирани јони кои се држат заедно со електростатски привлекувања
К
Карбанјон : јаглероден анјон или супстанца која содржи тривалентен, негативно наелектризиран јаглероден атом (R3C: - ). Карбанјоните се sp3 хибридизирани и имаат осум електрони во надворешниот слој на негативно наелектризираниот јаглерод.
Карбокатјон : јаглероден катјон или супстанца која содржи тривалентен, позитивно наелектризиран јаглероден атом кој во надворешниот слој има шест електрони (R3C+ ).
Карбоксилини киселини : соединение кое содржи –CO2H функционална група.
Карбоксилирање : адиција на CO2 врз молекула.
Карбонилна група : C=O функционална група. .
Карбоциклични : циклични молекули кои во прстеност содржат само јаглеродни атоми.
Катаболизам : група на метаболички патишта преку кои поголема молекула се разложува во помала.
Катализатор е супстанца која ја зголемува брзината на реакцијата без да се троши во истата реакција. Катализаторот го менува механизмот на реакцијата до некој со пониска енергија на активација.
Катјон е позитивно наелектризиран јон.
Катода е електрода на која се одвива полуреакција на редукција. Тоа е позитивна електрода во волтина ќелија, а негативна електрода во ќелија за електролиза.
Chan-Ingold-Prelog секвенциони правила: серија правила за означување на релативните приоритети на супституентите (групите) сврзани за јаглеродот од двојната врска или за хирален центар.
Кетоза : јаглехидрат со кетонска функционална група.
Кетон :соединение со два органски супституенти сврзани за карбонилна група, R2C=O.
Kiliani-Fischer-ова синтеза : метод за зголемување на низата на алдозните шеќери.
Ковалентна врска : врска формирана со споделување на електрони помеѓу атоми..
Коензим : мала органска молекула која дејствува како кофакто
Ковалентна врска е врска која се формира од пар електрони кои се поделени помеѓу атомите.
Колоид е диспергиран системво кој диспергираната супстанца има една или повеќе димензии (должина, ширина или дебелина) воопсегод околу 1 nm до 1000 nm.
Кондензирани структури : скратен начин за пишување на структури во кои јаглерод-водород и јаглерод-јаглерод врските се подразбираат и експлицитно не се пишуваат. Пропанот, на пример, има кондензациона структура CH3CH2CH2CH3.
Конјугирана база : анјон кој е резултат од депротонирање на Brønsted-Lowry-ева киселина.
Конјугирана киселина : продукт кој е резултат од протонирање на Brønsted-Lowry-ева база.
Конротаторно : израз кој укажува дека п орбиталите во текот на електроциклично отворање или затворање на прстенот мора да ротираат во иста насока.
Константа на киселост, Ка : мерка за јачината на киселините.
Конфигурација : тридимензионален распоред на атомите сврзани за хирален центар.
Конформација : тридимензионален облик на молекулата во даден момент, сметајќи дека ротацијата околу единечните врски е замрзната.
Конформациона анализа : начин на оценување на енергијата на супституиран циклоалкан со сумирање на стерните интеракции присутни во молекулата.
Конформер : конформационен изомер.
Кофактор : мал непротеински дел од ензимот кој е неопходен за биолошката активност
Л
Леворотаторна : оптички активна супстанца која ја ротира рамнината на поларизираната светлина во лева насока (во насока спротивна на движењето на стрелките на часоникот).
Lewis-ова база : супстанца која донира електронски пар на киселина. Сите нуклеофили се Lewis-ови бази.
Lewis-ова киселина : супстанца со слободна ниско енергетска орбитала која прима електронски пар од база. Сите електрофили се Lewisови киселини.
Lewis-ова структура : приказ на молекулата во кој валентните електрони се прикажани со точки.
Лимитационен чекор : најспор чекор во секвенца на повеќестепени реакции. Лимитациониот чекор во повеќестепени реакции дејствува како тесно грло.
Липиди се група на природни органски соединенија кои меѓу себе се разликуваат по структурата и својствата-физички, хемиски и физиолошки
Lindlar-ов катализатор : катализатор за хидрогенирање на алкини во цис алкени.
LUMO : кратенка за најниско непополнета молекулска орбитала. Симетријата на LUMO и HOMO се особено важни во одредување на стереохемијата на перицикличните реакции.
М
Масна киселина : карбоксилна киселина со долга права низа најдена во мастите и маслата.
Масен број-збир на број на протони и неутрони во јадрото
Маст : цврст триацилглицерол дериват од животинско потекло.
Мезо соединение : соединение кое содржи хирални центри, но покрај тоа е ахирално заради постоење на рамнина на симетрија.
Меркапто група : алтернативно име за тиол група, -SH.
Метаболизам : збирно име за многу реакции кои се одвиваат во клетките на живите организми.
Метиленскa група : -CH2- или =CH2 група.
Механизам : целосен опис како се одвива една реакција. Механизмот мора да ги вклучува сите појдовни материјали и сите продукти и мора да ги опише деталите на секој поодделен чекор во севкупниот реакционен процес
Мицела : сферен клaстер од сапунски молекули кои во водени раствори градат агрегати. Јонската глава на молекулата лежи во надворешниот дел каде таа се солватира од водата, а органските опашки во сноп се насочени кон внатрешноста на мицелата.
Молекула : неутрална група на атоми кои се држат заедно со ковалентни врски.
Мономер : едноставна почетна единица од која е направен полимерот.
Моносахарид : едноставен шеќер.
Мутаротација : промена на оптичката ротација нубљудувана кога ист аномерен шеќер е растворен во вода. Мутаротацијата е предизвикана од повратното отворање и затворање на ацеталната врска кое води до рамнотежна смеса од аномери.
Н
Незаситена : молекула кој има една или повеќе повеќекратни врски.
Newman-ова проекција : начин на прикажување на стереохемискиот однос помеѓу супституираните групи на соседни јаглероди. С-С врската се гледа од едниот крај, а јаглеродите се прикажуваат со круг. Врските кои излегуваат од центарот на кругот се сврзани за предниот јаглерод, а врските кои излегуваат од линијата на кругот се сврзани за задниот јаглерод.
Несврзувачки електрони : валентни електрони кои не се употребени за формирање на ковалентни врски.
Нуклеофил : “сака” јадра или честички кои донираат електронски пар или електрофил при реакции во кои се формираат поларни врски. Нуклеофилите исто така се и Lewis-ови бази.
Нуклеинска киселина-високомолекулски соединенија составени од нуклеотиди
О
Оксидација : реакција која предизвикува намалување на бројот на електрони кои припаѓаат на јаглеродот заради формирање на врска со поелектронегативен атом (најчесто кислород, азот или халоген) или заради раскинување на врска со помалку електронегативен атом (најчесто водород).
Оптичка активност : супстанца која што ја ротира рамнината на поларизираната светлина.
Оптички изомери : алтернативно име за енантиомери. Оптички изомери се изомери кои се однесуваат како предмет и огледална слика.
Орбитала : бранова функција која го опишува волуменот на просторот околу јадрото во кој електронот мора да се најде.(дел од проссторот каде веројатноста да се наде електронот е 90-95%)
Основна состојба : најстабилна, енергетски најниска електронска конфигурација на молекула или атом.
П
Перокси киселина : соединение со –CO3H функционална група.
Пероксид : молекула која има функционална група со кислород-кислород врска, ROOR’ или ROOH.
Пи (π) врска : ковалентна врска формирана со бочно преклопување на атомски орбитали. На пример, јаглерод-јаглерод двојната врска содржи π врска формирана со бочно преклопување на две π орбитали. .
Пластификатор : мала органска молекула која им се додава на полимерите и дејствува како лубрикант помеѓу полимерните низи. .
Поларизабилност : мера за промена на распределбата на електроните во молекулата, како одговор на промена на електричните интеракции со растворувачот или јонскиот реагенс.
Поларна ковалентна врска : ковалентна врска во која електронската распределба помеѓу атомите е несиметрична.
Поларна реакција : реакција во која врски се градат кога нуклеофил донира два електрони на електрофилот и реакција при која врски се кинат кога еден фрагмент заминува со двата електрони од врската.
Поларност : несиметрична распределба на електрони во молекулата кое е резултат на тоа што еден атом посилно ги привлекува електроните отколку другиот.
Полимер : голема молекула направена со повторување на мали единици. На пример, полиетиленот е синтетички полимер направен од повторување на етиленски единици; DNA е биополимер направен од повторување на деоксири-бонуклеотидни единици
Полинезаситени масни киселини, PUFA : масни киселини кои имаат две или повеќе двојни врски.
Полициклични : соединенија кои содржат повеќе од еден прстен.
Полициклични ароматични соединенија : соединенија со два или повеќе ароматични прстени од бензенски тип фузирани заедно.
Полуацетал (хемиацетал) : функционална група која содржи една -OR и една -OH група сврзани за ист јаглерод.
pro-R : еден од два идентични атоми во соединението чија замена води до R хирален центар.
pro-S : еден од два идентични атоми во соединението чија што замена води до S хирален центар.
Протеин-биополимери изградени од аминокиселински остатоци,поврзани со пептидна врска
Прохирален центар : атом во соединението кој може да биде преведен во хирален центар со промена на еден од супституентите сврзани за него.
Прохирална : молекула која може да биде преведена од ахирална во хирална со еден хемиски чекор.
Р
R група : општа кратенка за дел од органска структура.
R, S означување : метод за дефинирање на апсолутната конфигурација на хирални центри применувајќи ги Chan-Ingold-Prelog секвенционите правила.
Радикал : честичка која има непарен број електрони, каков што е хлор радикалот, Cl⋅.
Радикалска реакција : реакција во која врските се прават со донирање еден електрон од секој од двата реактанти или рекција во која врската се кине и секој фрагмент заминува со по еден електрон.
Рамнина на поларизирана светлина : светлина во која електромагнетниот бран осцилира во една рамнина, а не во повеќе случајно ориентирани рамнини. Рамнината на поларизирана светлина ротира кога минува низ раствор на хирална супстанца.
Рамнина на симетрија : рамнина која ја сече молекулата така што едниот дел од молекулата е огледална слика на другиот дел. Молекулите кои имаат рамнина на симетрија се ахирални.
Рацемска смеса : смеса составена од еднакви делови (+) и (-) енантиомерни хирални супстанци. .
Реакции на преместување : се одвиваат кога еден реактант подлежи на реорганизирање на врските и атомите што води до изомерен продукт.
Реакционен енергетски дијаграм : приказ на текoт на реакцијата во кој слободната енергија се црта како функција од напредокот на реакцијата. Се прикажуваат реактантите, преодната состојба, интермедијарите и продуктите со соодветните енергетски нивои.
Региоспецифичност : опис на реакцијата која се одвива со специфична региохемија при што се добива еден продукт, а не смеса од продукти.
Региохемија : израз кој ја опишува ориентацијата на реакцијата која се одвива на несиметричен супстрат.
Редукција : реакција која предизвикува зголемување на електроните кои припаѓаат на јаглеродот или при раскинување на врска помеѓу јаглеродот и поелектронегативен атом или при формирање на врска помеѓу јаглеродот и помалку електронегативен атом.
Резолуција : процес со кој рацемската смеса се раздвојува на двата негови енантиомери.
Ретросинтеза: техника за планирање на органските синтези aнализирајќи наназад, од крајниот продукт кон стартните материјали.
С
Сапонификација : стар израз за базна хидролиза на естер при што се добива сол на карбоксилна киселина.
1,4’ Сврзување : ацетална врска помеѓу C1 -OH група на еден шеќер со C4 -OH групата на друг шеќер.
Сврзувачка МО : молекулска орбитала која има енергија пониска отколку енергијата на атомските орбитали од кои таа е формирана.
Секвенциони правила : серија правила за означување на релативниот приоритет на супституентите при јаглеродите од двојната врска и на хиралниот центар.
Сигма (σ) врска : ковалентна врска формирана со челно преклопување на атомски орбитали.
Скелет : континуирана низа од атоми која се протега вдолж полимерот.
Скелетна структура : скратен начин на пишување структури во кои јаглеродните атоми се претпоставува дека се наоѓаат во пресекот на две линии (врски) и на крајот од секоја линија.
Слободен електронски пар : електронски пар од несврзувачкиот валентен слој; нуклеофилите го користат во нивните реакции со електрофили.
Слој (електронски) : група од електрони во атомот со ист главен квантен број.
Солватација : стабилизирање на растворената честичка од молекулите на растворувачот.
Сол-мост : јонско привлекување помеѓу спротивно наелектризирани групи во протеинската низа.
sp орбитала : хибридна орбитала изведена со комбинација на s и p атомски орбитали. Добиените две sp орбитали како резултат на хибридизацијата се меѓусебно ориентирани под агол од 180o .
sp2 орбитала : хибридна орбитала добиена со комбинација на s атомска орбитала со две p атомски орбитали. Се добиваат три sp2 хибридни орбитали кои меѓусебно се ориентирани под агол од 120o.
sp3 орбитала : хибридна орбитала добиена со комбинација на s атомска орбитала со три p атомски орбитали. Добиените четири sp3 хибридни орбитали се насочени кон врвовите на правилен тетраедар и меѓусебно се ориентирани под агол од 109o .
Специфична ротација, [α]D : оптичка ротација на хирални соединенија под стандардни услови.
Степен на незаситеност : број на прстени и/или повеќекратни врски во молекулата.
Стереоизомери : изомери во кои нивните атоми се поврзани по ист редослед, но имаат различен тридимензионален распоред. Изразот стереоизомери ги вклучува и енантиомерите и дијастереомерите.
Стереоспецифичност : израз кој укажува дека при дадена реакција се добива само еден стереоизомер, а не смеса од стереоизомери.
Стереохемија : гранка на хемијата која го изучува тридимензионалниот распоред на атомите во молекулите.
Стероид :липид чија структура е базирана на тетрацикличен јаглероден скелет со три 6-члени и еден 5-член прстен. Стероидите се застапени во растенијата и животните и имаат различни значајни хормонални функции.
Странична низа : супституент сврзан за α-јаглероден атом во амино киселината.
Сфингомиелин : фосфолипид кој како скелет имаат сфингозин или слични дихидроксиамин.
Schiff-ова база : алтернативно име за имин, R2C=NR’, применлива претежно во биохемијата.
Т
Тавтомери : изомери кои брзо поминуваат еден во друг.
Теорија на валентни врски : теорија за сврзување според која ковалентната врска е резултат на преклопување на две атомски орбитали.
Терцијарен (види Примарен) Терцијарна структура : ниво на протеинска структура која вклучува начин на кој дадена протеинска низа е свиткана во специфичен тридимензионален облик.
Тиоестер : соединение кое има RCOSR’ функционална група.
Тиол : соединение кое содржи -SH функционална група.
Тиолатен јон : анјон од тиол, RS- .
Tollens-ов реагенс : раствор од Ag2O во воден амонијак; се употребува за оксидација на алдехиди до карбоксилни киселини.
Тројна врска-ковалентн аврска образувана од три електронски пара
У
Унифицирана единица за маса –јаглеродна единица
Уретан : функционална група во која карбонил групата е сврзана и за -OR група и за група –NR2.
Ф
Фенил : име за -C6H5 единица кога бензенскиот прстен се смета како супституент. Скратено фенил групата се означува како -Ph.
Фенол : соединение со група -OH директно сврзана за ароматичен прстен, ArOH.
Fischer-ова проекција : начин на прикажување на апсолутната конфигурација на хирална молекула во една рамнина. Во Fischer-овата проекција хиралниот центар се прикажува со крст. Хоризонтано се прикажуваат врските вон рамнината, а вертикално се прикажуваат врските кои се во рамнината на хартијата и кои го формираат скелетот на молекулата.
Формален полнеж : разлика во бројот на електрони кои припаѓаат на атомот во молекулата и истиот атом во неговата елементална состојба.
Фосфолипид : липид кој што содржи фосфатен остаток. На пример, глицерофосфолипидите содржат глицеролен скелет за кој се сврзани две масни киселини и фосфорна киселина.
Фосфорна киселина, анхидрид : супстанца која осдржи PO2PO врска, аналогна на врската CO2CO кај анхидридите на карбоксилните киселини.
Фотохемиска реакција : реакција која се одвива при озрачување на реактантите со светлина.
Функционална група: атом или група од атоми која се дел од поголема молекула и има карактеристична хемиска реактивиност.
Фураноза : петчлена прстенеста форма на едноставен шеќер.
Х
Халиди на киселини : функционална група со ацил група сврзана за халоген атом , RCOX.
Хибридна орбитала : орбитала изведена со комбинација на атомски орбитали. Хибридните орбитали, како sp3 , sp2 и sp кај јаглеродот, се точно насочени и формираат појаки врски отколку другите атомски орбитали.
Хидратација : додавање (адиција) на вода врз молекула, како што се случува кога алкен е третиран со водена сулфурна киселина при што се добива алкохол.
Хидридно поместување : премин на водород и неговиот електронски пар кон соседниот катјонски центар.
Хидрогенирање : адиција на водород врз двојна или тројна врска при што се добива заситен продукт.
Хидрогенолиза : раскинување на врска при реакција со водород
Хидроксилирање : адиција на две -OH групи врз двојна врска.
Хидрофил : „сака” вода; привлекуван од вода.
Хидрофоб : “не сака” вода; одбиван од вода.
Хирален центар : атом (најчесто јаглерод) кој е сврзан за четири различни групи.
Хиралност : како раката. Хирални молекули се тие кои немаат рамнина на симетрија и затоа не можат да се преклопат со нивната огледална слика. Хиралните молекули постојат во две форми: едната како десната, а другата како левата рака. Најчеста причина за хиралност на молекулата е присуство на јаглероден атом сврзан за четири различни супституенти.
Холоензим : комбинација на апоензим плус кофактор.
HOMO : кратенка за највисоко пополнета молекулска орбитала. Симетријата на HOMO и LUMO е важна во перицикличните реакции.
Хомогено формирање на врска : кое се одвива при радикалните реакции кога еден реактант дава еден електрон во новата врска:
A⋅+ B⋅→ A :B
Хомолитичко раскинување на врска : тип на раскинување на врска кое се одвива при радикални реакции кога секој фрагмент остава еден електрон:
A :B → A⋅+ B⋅
Хомополимер : полимер составен од идентични единици кои се повторуваат.
Хормони : хемиски супстанци кои се лачат од ендокрините жлезди и преку крвта се разнесуваат до соодветните ткива.
Хроматографија : техника за раздвојување на смеса од соединенија во чисти соединенија. Различните соединенија се атсорбираат на стационарната фаза и потоа се движат низ неа со различна брзина со помош на мобилната фаза.
Hund-ово правило : ако две или повеќе празни орбитали се со иста енергија, тогаш прво се пополнуваат сите со по еден електрон со паралелен спин.
Ц
Цвитерјон (бетаин) : неутрална диполарна молекула во која позитивните и негативните полнежи не се наоѓаат на меѓусебно поврзани атоми. На пример, амино киселините се цвитерјони H3N+ -CHR-CO2 - .
Цијанохидрин : соединение кое содржи -OH група и -CN група сврзани за ист јаглероден атом; се формира при адиција на HCN врз алдехид или кетон.
Cis-trans изомери : Стереоизомери кои се разликуваат по нивната стереохемија околу двојната врска или прстенот.
Пријатели на науката
Хемичарите создадоа кристали за екстракција на влагата од воздухот со нула потрошена енергија
Извонредно баксузен, скромен фармацевт кој откри осум елементи и не доби признание за ниту еден од нив
САД во 2010 година ги забранија фосфатите од производите за миење садови и ткаенини
Соланин е отров кој се наоѓа во компирот, доматот и модриот домат
>>Види повеќе слични содржини!
WebDesign www.nainternet.mk