Поимник

Поимник за физичка хемија

Каталог на непознати зборови по физичка хемија

За правилно прикажување на поимникот, ве молиме користете некој од следните прелистувачи:

прелистувачи

A

Авогадров број (NA) е број на формулни единки во еден мол–6,022 х 1023 mol–1.

Авогадровата хипотеза вели дека кога се споредуваат еднаков број молекули на различни гасови на иста температура и притисок тие зафаќаат еднакви волумени.

Авогадровиот закон вели дека на точно определена температура и притисок, волуменот на гасот е правопропорционален на количеството на гасот.

Адијабатски ѕид е граница која спречува минување на енергија во вид на топлина.

Адукт е соединение кое се добива како резултат на адиција на една структура на друга со образување на координативна ковалентна врска.

Адхезивни сили се меѓумолекулски сили помеѓу неслични молекули, на пример, помеѓу молекулите во некоја течност и тие на површината на која е излеана течноста.

Аеробна оксидација е процес на оксидација кој се случува во присуство на кислород.

Аеросол е дисперзија на течност во гас (на пример, магла и многу спрејови) или на цврсто во гас (на пример, чад) каде честичките честопати се доволно големи за да се видат со микроскоп

Азеотропска смеса е смеса кај која парата има ист состав како и течноста. Тогаш испарувањето се одвива без промена на составот

Ајнштајновиот сооднос меѓу дифузиониот коефициент и јонската подвижност е: D = uRT/zF.

Активен центар на ензим е делот од молекулата на ензимот каде што се поврзува супстратот и каде што се одвива хемиската реакција. (Види, исто така, ензим и супстрат.)

Активиран комплекс е збир од атоми во преодната состојба на реакцијата кој се формира како резултат на ефективни (поволни) судири. (Види, исто така, преодна состојба.)

Активитет е ефективната концентрација на определен вид единки. Во разреден раствор честопати се апроксимира со моларната концентрација.Активитетот е дефиниран како aA = pA/pA* .Активитетот на растворувачот е поврзан со неговиот хемиски потенцијал преку μА= μA* + RTlnaА. Активитетот може да се изрази и преку коефициентот на активитет γА = аАА

Алотроп (алотропска модификација) е една, две или повеќе форми на елемент кои се разликуваат според нивната основна молекулска структура.

Алфа (a) честичка се состои од два протона и два неутрона. Таа е идентична на двојно јонизиран хелиумов јон, Не2+.

Ампер (А) е основна единица за јачина на електрична струја. Еден ампер е струја од 1 кулон во 1 секунда: 1 А = 1 С/ѕ.

Амфипротична супстанца е таква супстанца која може да се јонизира или како Бренштед-Лориева киселина или како база, зависно од киселинско-базните својства на другите единки во растворот.

Амфотерна супстанца (обично оксид или хидроксид) може да реагира или со киселина или со база. Централниот елемент на оксидот или хидроксидот, во кисели раствори се јавува во катјонот, а во базни раствори во анјонот.

Анјон е негативно наелектризиран јон.

Анода е електрода на која се случува полуреакција на оксидација. Тоа е негативна електрода во волтина ќелија и позитивна електрода во ќелија за електролиза.

Антисврзувачка молекулска орбитала е онаа орбитала која има голема електронска густина (електронска веројатност) подалеку од областа помеѓу сврзаните атоми.

Антисврзувачка(2) e орбиталата која, кога е пополнета, ја намалува јачината на врската помеѓу атомите

Антиферомагнетизмот е резултат на наизменично ориентирање на спиновите во материјалот кое доведува до слаба магнетизација

Апсолутна конфигурација е тридимензионален распоред на групите околу хиралниот центар во молекула.

Апсолутна нула е најниската можна температура: –273,15 ºС = 0 K.

Апсорпционата спектроскопија се базира на детекцијата на нето апсорпција од речиси монохроматско упадно зрачење, откако зрачењето е распределено во област на фреквенции

Атмосфера (atm) е единица која се користи за мерење на притисок на гас. Таа е еднаква на притисокот на живин столб чија висина изнесува точно 760 mm. Односно, 1 atm = 760 mmHg.

Атоми се најмалите единки во примерок од материјата. Атомите на еден елемент се разликуваат од атомите на сите други елементи. (Види исто така, елемент.)

Атомска маса на елемент е средна вредност од масите на атомите на изотопите кои природно се среќаваат кај некој елемент.

Атомска орбитала е бранова функција на електрон која е дефинирана со точно определени вредности на квантните броеви n, l и ml во брановата равенка.

Атомска орбитала(2) е едноелектронска бранова функција за електрон во атом

Атомски број (Z) на атом е бројот на протони во атомското јадро.

Атомски радиус е мерка за големината на атомот определена врз основа на мерења на меѓујадрените растојанија. (Види исто така, ковалентен радиус, јонски радиус и метален радиус.)

Атсорпција е прицврстување на честички врз определена површина; супстанцата која се атсорбира е атсорбат, материјалот на која таа лежи е атсорбент или супстрат. Обратниот процес на атсорпција е десорпција

Афинитет кон електронот е промена на енергијата која се случува кога се додава електрон кон атом во гасна состојба.

Б

BET изотерма е изотерма која е применлива кога е можна повеќеслојна атсорпција: V/Vmon = cz/(1 – z){l – (1 – c)z}, со z = p/p*

ψml(f) = 1/(2π)1/2и E = ml2ħ2/2I, со I = mr2 и ml = 0, ±1, ±2,...

База е (1) соединение кое создава хидроксидни јони, ОН, во воден раствор (Арениусова теорија); (2) протон-акцептор (Бренштед-Лориева теорија); (3) атом, јон или молекула која донира пар од електрони за да се образува ковалентна врска (Луисова теорија).

Базен оксид е оксид на метал чија реакција со вода доведува до создавање на база.

Барометар е уред кој се користи за да се измери притисокот кој го врши атмосферата.

Бер–Ламберовиот закон(понекогаш закон Lambert-Beer-Bougert) е закон за апсорпција на монохроматска светлина во обоени раствори, според кој количината на светлина апсорбирана во обоен слој на раствор зависи од дебелината на тој слој (закон на Ламберт) и концентрацијата на растворената супстанца

Бета (b) честичката е идентична на електрон и се емитира од јадра на некои радиоактивни атоми при нивното радиоактивно распаѓање. Во јадрото кое се распаѓа атомскиот број се зголемува за една единица, а масениот број останува неизменет.

Бигорлива (тврда) вода е подземна вода која содржи значителна концентрација на двојно наелектризирани катјони кои потекнуваат од природни извори, како што се Са2+, Mg2+, Fe2+ и соодветни анјони.

Бидентатен лиганд има две точки на поврзување со металниот центар во комплекс.

Бимолекуларна реакција е елементарна реакција во реакционен механизам кој вклучува судир на две молекули.

Биолошката стандардна состојба (рН = 7) е поврзана со термодинамичката стандардна состојба на следниов начин: μQH+= μQH+ – RTln10

Биосфера е дел од Земјината околина во која се наоѓаат живите организми.

Биохемиска потрошувачка на кислород (biochemicaloxygendemand, BOD) е мерка за количината на кислород која им е потребна на аеробните микроорганизми за да го метаболизираат органскиот отпад во вода.

Бирета е долга градуирана цевка направена така што може да се префрлатточно определени волумени на течни раствори со регулација на чепот на нејзиниот крај.

Благороден гас (инертен гас) е елемент од групата 8А на периодниот систем. Благородните гасови имаат валентен слој со електронска конфигурација ns2np6 (освен хелиум, 1ѕ2).

Бозоне честичка со целоброен спински квантен број

Бојловиот закон вели дека за определено количество гас на константна температура волуменот на гасот се менува обратнопропорционално со промена на неговиот притисок. Ова значи дека, V знак 1/P или PV = constant.

Болцманова формула: S = k ln W каде W е бројот на микросостојби, бројот на начини на кои една молекула во системот може да се распореди, а вкупната енергија при тоа да остане константна

Борновата интерпретација на брановата функција тврди дека вредноста на |ψ|2, густината на веројатноста, во некоја точка е пропорционална на веројатноста за наоѓање на честичката во таа точка

Борн–Опенхајмеровата апроксимација ги третира јадрата како стационарни, а електроните се движат околу нив(јадрата се многупати потешки од електронот, тие се движат релативно побавно и поради тоа може да се третираат како неподвижни, додека електроните се движат во нивното поле)

Бравеови решетки претставуваат 14 различни просторни решетки во три димензии

Бранова функција е математичка функција добиена со решавање на Шредингеровата равенка која ги содржи сите динамички информации за системот.

Брановата функција на слободна честичка е ψk= Aeikx + Be-ikx, Ek = k2ħ2/2m.

Брановите броеви на сите спектроскопски линии на водородниот атом може да бидат изразени какоžu = RH(1/n12 – 1/n22), каде RH e Ридберговата константа за водород.

Брановите функции и енергиите на честичка во еднодимензионална кутија со должина L, се, соодветно, ψn(x) = (2/L)1/2 sin(nπx/L) и En = n2h2/8mL2, n = 1,2

Брановите функции и енергиите на честичка на прстен се, соодветно,

Бреговиот закон го поврзува упадниот агол qсо раздалеченоста меѓу рамнините на решетката преку изразот l = 2d sin q, каде lе брановата должина на зрачењето.

Брзина на реакција е зголемувањето на концентрацијата на продуктите во единица време или намалување на концентрацијата на реактантите во единица време, обично е изразена во M s–1.

Брзина на талкање, s, е крајната брзина кога силата на забрзување е израмнета со силата на вискозно триење: s = uE, каде u = ze/6πηa е јонската подвижност, додека a е хидродинамичкиот радиус (стоуксовски радиус) т.е. ефективниот радиус на една честичка во раствор.

Брзините на хемиските реакции се мерат со употреба на техники каде се следи концентрацијата на учесниците во реакционата смеса. Примерите вклучуваат процедури вo реално време и методи на згаснување, проточни техники и техники на запрено течење, како и блесочна_ фотолиза.

Бројно усреднета моларна маса Mn е вредност добиена со множење на секоја моларна маса, со бројот на молекулите од таа маса, присутни во примерокот и делење со вкупниот број молекули.

В

Валентни електрони-електроните од надворешниот слој на атомот во основната состојба

Варијанца, F (број на степени на слобода) е бројот на интензивни променливи што може независно да се менуваат без изменување на бројот на фази во системот

Верижна реакција е онаа каде интермедијарот (преносникот на веригата) образуван во еден од степените (степенот на отпочнување) напаѓа други молекули од реактантот (во степенот на напредување), при што секој напад доведува до образување на нов преносник.

Веројатност за фиксирање, s, e дел од судирите со површината кои успешно доведуваат до атсорпција.

Вибронски премин :Премин чиј интензитет потекнува од асиметрична вибрација на молекулата

Виријалната теорема вели дека, доколку потенцијалната енергија на една честичка е од обликот V = axb, тогаш нејзината просечна потенцијална и кинетичка енергија се поврзани со 2áEkñ = báVñ

Вискозноста е пренос на импулс долж градиент на брзината

Вистински диференцијал е бесконечно мала величина која што, при интеграција, дава резултат што е независен од патот меѓу почетната и крајната состојба.

Вишочна функцијаЕ) е разликата меѓу мерената вредност на термодинамичката функција на мешање и вредноста за идеален раствор

Вкупната Гибсова енергија на една бинарна смеса е G = nAμA + nBμB

Влажност е мерка за содржината на водни пареи во воздухот. Апсолутна влажност е вистинското количество на водна пареа присутно во примерок од воздух, а релативна влажност на воздухот е мерка за содржината на водната пареа како процент од максимално можното количество.

Внатрешна енергија (U) е вкупната количина енергија која ја содржи еден термодинамички систем. Компонентите на внатрешната енергија се енергијата поврзана со хаотичното движење на молекулите (термичка енергија) и таа поврзана со хемиските врски и меѓумолекулските сили (хемиска енергија).

Во цврста супстанца со мрежа од ковалентни врски, ковалентните врски се протегаат низ целата кристалната супстанца.

Воден раствор е раствор во кој водата е растворувач.

Водородна врска е вид на меѓумолекулска сила во која атомот на водород е ковалентно сврзан во една молекула, а симултано е привлекуван кон атом на неметал од соседна молекула. Во најголем број од случаите, и атомот со кој е сврзан атомот на водород и тој со кој се привлекува мора да бидат мали атоми со голема електронегативност, обично N, O или F.

Водородосличен атом е едноелектронски атом или јон со атомски број Z

Волдновото правило вели дека производот ηLm е практички константен за исти јони во различни растворувачи

Волтамметрија е техника за следење на струјата низ една електрода како функција од приложената потенцијална разлика

Временската константа τ e времето потребно за концентрацијата на реактантот да се намали до 1/е од почетната вредност.За реакции од прв ред, t l/2= (ln 2)/k и τ = 1/k

Временски закон е израз за брзината на реакцијата како функција од концентрациите на учесниците што се јавуваат во вкупната хемиска реакција.

Втор принцип на термодинамиката: не е можен процес при кој единствениот резултат е апсорпција на топлина од резервоар и нејзина целосна претворба во работа

Втор принцип преку ентропија: ентропијата на изолиран систем се зголемува во текот на спонтана промена: Ѕtot > 0(ја покажува преферираната (или природната) насока на трансферот на енергија и покажува и дали даден процес ќе се случи или не

За временски закон од обликот v = k[A]a[B]b ..., константата на брзина е k, редот на реакцијата во однос на A е a, а вкупниот ред е a + b + ...

вкупната ентропија во еден изолиран систем секогаш се стреми кон постигнување на својата максимална можна вреднос

во изолиран систем ентропијата никогаш не ја намалува својата вредност;

топлината спонтано може да се пренесе само од потопло до поладно место – за обратниот процес е потребно да се изврши одредена работа;

Г

Галвански елемент е електрохемиски елемент што произведува струја како резултат на спонтана реакција до која доаѓа во него.

Гама (g) зраци е силно пенетрирачки облик на електромагнетно зрачење кое се емитира од јадрото на определени радиоактивни атоми кои се распаѓаат.

Гасна константа (R) е константа на пропорционалност која се користи во законот за идеален гас и други релации и има вредност од 0,082057 L atm/(mol K) или 8,314 J/(mol K).

Гел е полуцврста маса од лиофилен сол, кај кој целата дисперзиона средина навлегла меѓу честичките од солот

Ген е дел од молекулата на DNA која се наоѓа во хромозомите на клетките. Гените се основни единици на наследувањето.

Геометрија на електронска група во молекула или јон е подредување на сите електронски групи – и сврзувачки и несврзувачии – околу централниот атом.

Геометриски изомери во органските соединенија се изомери (cis, trans) кои се разликуваат според местоположбата на сврзување на супституентите на двојната врска. Во комплексите, изомерите се разликуваат според местоположбата на поврзување на лигандите со централниот метален јон.

Гибсова слободна енергија (G) е термодинамичка функција која се користи при утврдувањето на критериумот за рамнотежа и за спонтана промена. Таа се дефинирана како G = HTS, каде Н е енталпија, Т е Келвинова температура и Ѕ е ентропијата на системот.

Гибсова енергија на мешање на два идеални гаса е дадена со :

ΔmixG = nRT(xA lnxA + xB lnxB)

Гибсовата енергија најдобро се опишува како функција од притисокот и температурата, dG = Vdp – SdT. Промените на Гибсовата енергија со притисокот и температурата се, соодветно, (G/p)T = Vи (G/T)p = –Ѕ.

За кондензирани фази, Гибсовата енергија зависи од притисокот како:

G(pf) = G(pi) + VmΔp. За идеален гас, G(pf) = G(pi) + nRT ln (pf/pi )

Гибс–Диемова равенка гласи ΣJnJJ = 0

Гибсова енергија на мешање на две течности што образуваат идеален раствор е дадена со: ΔmixG = nRT(xA lnxA + xB lnxB)

Главен квантен број (n) е првиот од трите квантни броеви чија специфична нумеричка вредност мора да се определи за да се стигне до решение на Шредингеровата бранова равенка за атомот на водород: n = 1, 2, 3, .... Неговата вредност го означува главниот енергетски слој на електронот во атом.

Главен слој (ниво) претставува збир од орбитали кои имаат ист главен квантен број.

Глобално затоплување се однесува на претпоставено зголемување на просечната температура на Земјата кое е резултат на акумулацијата на СО2 и други гасови кои апсорбираат инфрацрвени зраци во атмосферата.

Горна критична температура на растворање Тuc, е највисоката температура при која доаѓа до разделување на смесата

Грeамовиот закон за ефузија: брзината на ефузија на молекулите гас е обратнопропорционална на квадратниот корен од нивните моларни маси

Гротријановиот дијаграм е дијаграм кој ги сумира енергиите на состојбите на атомот и премините меѓу нив

Групи на периодниот систем се вертикални колони од елементи кои имаат слични својства.

Густина (ρ) на примерок на материја е однос меѓу неговата маса и неговиот волумен, односно, масата на примерокот поделена со неговиот волумен: ρ = m/V.

Д

Далтонов закон за парцијални притисоци во смеса од гасови секој гас се шири така што го исполнува целиот сад и пројавува сопствен притисок наречен парцијален притисок. Вкупниот притисок на смесата е збир од парцијалните притисоци на одделните гасови.

Двојна врска е ковалентно сврзување во кое два атоми меѓу себе делат два пара електрони.

Дебај (D) е единица која се користи да се изрази диполниот момент на поларни молекули. Еден дебај е еднаков на 3,34 х 10–30 C m.

Дебај–Хикеловата теорија за коефициенти на активитет на електролитни раствори се базира на претпоставката дека кулоновските интеракции меѓу јоните се доминантни

Дебај–Хикел–Онсагеровата теорија ја објаснува концентрационата зависност на моларната спроводливост на силен електролит преку јонските интеракции

ДеБројовата равенка, λ = h/p, го поврзува импулсот на честичката со нејзината бранова должина

Дегенерирани бранови функции се различни бранови функции кои соодветствуваат на иста енергија

Дегенерирани орбитали се две или повеќе орбитали кои се наоѓаат на исто енергетско ниво.

Дејонизирана вода е вода која е ослободена од јоните со јоноизменувачки процес.

Деликвесценција е кондензација на водна пареа на цврста површина проследена со образување на раствор.

Делови од милјарда (partsperbillion, ppb) изразува состав на смеса како број на делови на една компонента на милијарда делови од целата смеса, обично на база на маса за течни раствори и на база на молови за гасни смеси.

Делокализирани електрони се сврзувачки електрони кои се раширени преку неколку атоми, а не се на фиксирана локација помеѓу два атоми.

Денатурација – губење на природната конформација на протеините и на нуклеинските киселини

Деоксирибонуклеинска киселина (DNA) е полимер од нуклеотиди. Нуклеотидите се состојат од шеќерот деоксирибоза, фосфатен естер и циклична аминска база (аденин, гванин, тимин или цитозин).

Десногира (+) супстанца ја ротира рамнината на поларизираната светлина надесно.

Детектор е уред што зрачењето го претвора во електрична струја или напон, за соодветно процесирање на сигналот и прикажување.

Деформациона поларизација е поларизацијата која произлегува од деформациите на положбите на јадрата од применетото поле

Дијагонална релација се однесува на сличноста на некои елементи од втората периода во една група на периодниот систем со елементите од третата периода на групата која е веднаш десно од неа.

Дијаграм на енталпијата е графички приказ на промената на енталпијата во хемиска реакција.

Дијамагнетизам е слабо одбивање од магнетно поле на супстанца во која електроните се спарени.

Дијатермички ѕид е границата која дозволува минување на енергија во вид на топлина..

Динамичка рамнотежа се јавува кога два спротивни процеси се одвиваат со точно иста брзина при што, како резултат на тоа, нема нето промена.

Диполен момент (m) на поларна молекула е производ од големината на полнежите (d) и растојанието на кое се раздвоени.

Дисахарид е јаглехидрат со молекули кои можат да хидролизираат на две моносахаридни единици.

Дисперзиона сила е привлечна сила помеѓу моментален дипол и индуциран дипол.

Дифракција претставува интерференција предизвикана од определен објект на патот на зраците, а мотивот со променлив интензитет што притоа се добива се нарекува дифракциона слика

Дифузија е процес при кој една супстанца се меша со една или повеќе други супстанци како резултат на хаотичното движење на молекулите.

Дифузија(2) е пренос на материја долж концентрационен градиент

Должина на врска на определена ковалентна врска е растојанието помеѓу јадрата на двата атоми сврзани со тој тип на врска.

Допингување претставува додавање на мали количества (во траги) од определени елементи во полуспроводник за да се променат неговите полуспроводнички својства (Види исто така полуспроводник од n-тип и полуспроводник од р-тип.)

Доплеров ефект(Doppler) -ефект во кој фреквенцијата на зрачењето се поместува кога изворот се движи кон или од набљудувачот

Досегот на реакцијата (ξ) е дефиниран на тој начин што, кога досегот на реакцијата се менува за конечна вредност Δξ, количеството од А што е присутно се менува од nA до nA – Δξ

d-блок е дел од периодниот систем во кој (n – 1)d потслојот (d потслојот веднаш до надворешниот слој) се пополнува според изградбениот процес. d-блокот ги опфаќа елементите од В-групите во периодниот систем.

Е

Евтектички систем е хомогена цврста смеса од два или повеќе видови на атоми или хемикалии кои формираат супер-решетка. Фразата најчесто се однесува на мешавина на легури

Егзергонска реакција е реакција за која ΔrG < 0; таква реакција може да се употреби за поттикнување на друг процес.

Егзотермен процес(2) е оној процес каде во околината се ослободува енергија во вид на топлина

Егзотермна реакција е реакција во која хемиската енергија се претвора во термичка енергија. При егзотермна реакција во изолиран систем доаѓа до зголемување на температурата, а во неизолиран систем топлината се ослободува кон околината.

Единица за атомска маса (u) е точно една дванаесеттина од масата на атомот на јаглерод-12.

Еквивалентна точка на титрација е моментот во кој два реактанта во реакционата смеса се наоѓаат во стехиометриски однос.

Ендергонска реакција е реакција за која ΔrG > 0

Експанзиона работа е работата при експанзија(или компресија) на системот,

dw = –pexdV. Работата при слободна експанзија е w = 0. Работата при експанзија наспроти константен надворешен притисок е w = –pexΔV. Работата при изотермна реверзибилна експанзија на идеален гас е w = -nRT ln(Vf/Vi)

Екранирање е ефективното намалување на полнежот на јадрото од околните електрони; константата на екранирање σ е дадена со Zeff = Z – σ.

Експеримент е внимателно контролиран процес осмислен со цел да се испита некоја хипотеза.

Експериментална добивка е измерената количина на посакуваниот продукт добиен во хемиска реакција. (Види, исто така, теоретска добивка и процентен принос.)

Екстензивна величина е величина која зависи од количеството супстанца во примерокот. Два такви примера се масата и волуменот.

Ексцитирана состојба на атом е состојба во која еден или повеќе електрони преминале од основната состојба во повисоко енергетско ниво. (Види исто така основна состојба.)

Еластомер е полимерен материјал кој може значително да се истегне со релативно мало напрегање, а по отстранување на дејството ќе се врати блиску до неговата појдовна должина.

Електрична спроводливост е пренос на полнеж долж градиент на електричниот потенцијал,

Електрода е спроводлива цврста супстанца вронета во раствор или стопен електролит за да пренесе електричество кон или од течноста. (Види исто така анода и катода.)

Електроден концентрационен елемент:самите електроди имаат различни концентрации, или поради тоа што се работи за гасни електроди кои работат при различни притисоци или поради тоа што се работи за амалгами (раствори во жива) со различни концентрации

Електроден потенцијал е својство поврзано со тенденцијата на одредени хемиски облици да се редуцираат на електрода.

Електролиза е разложување на соединенија со протекување на електричество низ јонски раствор или стопена сол. При тоа се случува неспонтана хемиска промена.

Електролит е соединение кое спроведува електричество кога е стопено или е во течен раствор.

Електролитен мост е цевка што содржи концентриран раствор на електролит што го затвора струјното коло и овозможува елементот да функционира

Електролитичка ќелија (ќелија за електролиза) е електрохемиска ќелија во која се одвива електролиза.

Електромагнетен спектар е опсег од бранови должини и фреквенции кои се среќаваат кај електромагнетните бранови, а се протегаат од радио бранови кои се со многу долги бранови должини до најкусите гама зраци.

Електромагнетниот бран потекнува од вибрациите на електричните полнежи на објектите и се шири како резултат на осцилации на електрични и магнетни полиња.

Електромоторна сила (ЕМС) е потенцијалот на елементот кога тој е избалансиран со точно еднаков (но со спротивен знак) потенцијал, така што реакцијата во елементот да се одвива реверзибилно, составот да биде константен и да не протекува струја

Електрон е честичка која носи единечно количество негативен електричен полнеж. Електронот има маса од 0,0005486 u и се наоѓа надвор од атомското јадро.

Електрон-волт е единица за енергија еднаква на енергијата која ја добива електронот кога во вакуум минува низ потенцијална разлика од 1 V.

Електронегативност (ЕN) на елемент е мерка за тенденцијата на неговите атоми да ги привлекуваат сврзувачките електрони кон нив во молекули.

Електрони во внатрешните пополнети слоеви се електрони кои се наоѓаат во внатрешните слоеви на атомите. (Види исто такавалентни електрони.)

Електронска група е збир од валентни електрони локализирани во областа околу централниот атом која ги одбива другите групи на валентни електрони. Таа може да биде сврзувачки пар на електрони во единечна врска, два пара на електрони во двојна врска, три пара на електрони во тројна врска, неподелен пар од електрони или дури и неспарен електрон.

Електронска конфигурација на атом e опис на распределбата на електроните помеѓу атомските орбитали на атомот.

Електронска парамагнетна резонанца (EPR), или електронска спинска резонанца (ESR) е изучување на молекули и јони кои имаат неспарени електрони, со набљудување на магнетните полиња при кои тие стапуваат во резонанца со монохроматско зрачење

Електронска поларизабилност е поларизабилноста која се должи на деформација на електронската распределба

Електронска шуплина е „електрон кој недостига“ во полуспроводник, а празнината делува како позитивен јон.

Електрофилен реагенс е молекула или јон со дефицит на електрони која прифаќа електронски пар од некоја молекула образувајќи притоа ковалентна врска.

Електрофилна ароматска супституција е вид на реакција во која електрофилот се поврзува на ароматичен прстен како што е бензенот, заменувајќи атом на водород од прстенот.

Електрохемија е наука која ги изучува врските помеѓу електричната енергија и хемиските реакции.

Електрохемиска низа е листа на метали подредени според нивната способност меѓусебно да се истиснат од раствор на нивните јони или да истиснат Н+ како Н2(g) од кисели раствори. 

Електрохемиска ќелија е комбинација на две полуќелии во кој две метални електроди се поврзани со жица, а растворите се доведени во контакт преку мост од раствор на соли или на некој друг начин. (Види исто така електролитичка ќелија (ќелија за електролиза), полуќелија и волтина ќелија.)

Елемент е супстанца која со хемиски реакции не може да се разложи на поедноставни супстанци. Сите атоми на определен елемент имаат ист атомски број.

Елемент на симетрија е точка, линија или рамнина во однос на која се изведува операцијата на симетрија

Елемент од главна група е елемент во кој потслојот кој се пополнува во процесот на изградба е или ѕ или р потслој на главниот слој со најголем главен квантен број (надворешниот слој). Елементите од главните групи се лоцирани во ѕ- и р-блоковите на периодниот систем.

Елементарна реакција на молекулско ниво претставува еден чекор од вкупниот механизам со кој се одвива хемиската реакција. (Види исто така бимолекуларна, тримолекуларна и мономолекуларна реакција.)

Елементарна ќелија претставува замислен паралелопипед кој содржи една единка со транслационо повторувачки својства. Според нивните ротациони симетрии, елементарните ќелии се класифицирани во седум кристални системи

Емисиона спектроскопија-спектоскопска техника каде молекулата врши премин од состојба со повисока енергија Е1 до состојба со пониска енергија Е2 и вишокот енергија го емитира како фотон.

Емисионата спектроскопија се базира на детекцијата на премин од состојба со повисока енергија, во состојба со пониска енергија

Емисионен (линиски) спектар е ширење на електромагнетно зрачење во вид на зрачење со дискретен сет на компоненти на брановата должина. Овие компоненти можат да се изразат како слики на процепи (линии) од светлината од спектроскопот.

Емпириска формула е наједноставна формула во која се претставени елементите во соединение и најмалиот целоброен однос во кој се сврзуваат нивните атоми.

Емулзија е дисперзија на течност во течност (какомлеко)

Енантиомери се парови на изомери кои се однесуваат меѓу себе како лик и огледална слика, а се разликуваат само по насоката во која ја вртат рамнината на поларизирана светлина. Едниот изомер ја врти рамнината на десно а другиот ја врти рамнината за ист агол но на лево.

Ендотермен процес(2) е оној процес каде од околината се апсорбира енергија во вид на топлина

Ендотермна реакција е реакција во која термалната енергија се претвора во хемиска енергија. При ендотермните процеси доаѓа до намалување на температурата во изолиран систем, додека во неизолиран систем топлина се апсорбира од околината.

Енергетски процеп (Eg) е енергетското раздвојување помеѓу валентната зона и спроводливата зона која лежи над нејзе. Во полуспроводник, процепот е релативно мал а кај изолаторите тој е многу голем. (Види исто така спроводлива зона и валентна зона.)

Енергетско ниво (слој) е состојба на атомот определена од локацијата на неговите електрони помеѓу различни главни слоеви и потслоеви.

Енергија на активација (Ea) на реакција претставува минималната вкупна кинетичка енергија која мора да ја имаат молекулите при нивните судири за да може да се случи хемиска реакција.Енергијата на активација, параметарот Ea во Арениусовата равенка, е минималната кинетичка енергија за реакција во текот на молекулскиот контакт. Колку поголема е енергијата на активација, толку константата на брзина е поосетлива од температурата

Енергија на дисоцијација на врска (D) на определена ковалентна врска помеѓу два атоми е количината на енергија која е потребна да се раскинат еден мол врски од тој тип, во единки во гасна состојба.

Енергија на јонизација е енергијата која е потребна за да се отстрани најслабо сврзаниот електрон од атом (или јон) во основна состојба во гасна фаза.

Енергија на решетка е промена на енталпијата која го придружува образувањето на еден мол јонска цврста суспстанца кога се формира од јони во гасна фаза.

Енергијата е способност да се врши работа

Енергијата на нултата точка, најниската можна енергија е E1 = h2/8mL2.

Ензим е протеин кој катализира реакции кои се случуваат во живите организми.

Енталпија (Н) е термодинамичка функција дефинирана како сума од внатрешната енергија и производот помеѓу притисокот и волуменот: H = U + PV.

Енталпија (топлина) на испарување (DHvapn) е количеството топлина потребно да испари определено количество течност при константна температура.

Енталпија (топлина) на сублимација (DHsubl) е количеството топлина потребно да испари определено количество на цврста супстанца при константна температура. Таа е еднаква на збирот од енталпиите на топење и испарување.

Енталпија (топлина) на топење (DHfusion) е количеството на топлина кое е потребно за да се стопи определено количество цврста супстанца.

Енталпија на мешање е ΔmixН = 0 за идеални гасови

Енталпија на решетката претставува промена на енталпијата (по мол од формулната единка) потребна за потполно раздвојување на компонентите на цврстата супстанца.

Ентропија (Ѕ) е својство поврзано со распределбата на енергијата на системот помеѓу достапните енергетски нивоа.

Ентропија(2) претставува мерка на број на начини на којшто еден систем може да биде подреден. Затоа, ентропијата се нарекува и мерка за хаосот, па со зголемување на хаотичноста на системот (а таа се зголемува кога нивото на подреденост опаѓа), се зголемува и ентропијата

Ентропија на мешање на два идеални гаса е дадена со :

ΔmixЅ = –nR(xA lnxA + xB lnxB)

Ентропија на мешање на две течности што формираат идеален раствор е дадена со :ΔmixЅ = –nR(xA lnxA + xB lnxB).

Ентропија(термодинамичката дефиниција) е dS = dqrev/T. Статистичката дефиниција на ентропијата е дадена со Болцмановата формула, S = k ln W.

Еренфестовата класификација е класификација на фазни премини што се базира врз однесувањето на хемискиот потенцијал

Есенцијална амино киселина е амино киселина која не може да се синтетизира во телото и затоа мора да биде вклучена во исхраната.

Еутрофикацијаопишува процес во кој преголемата застапеност на хранливи состојки води до преголем раст на алгите во водата. Алгите потоа умираат, а нивното распаѓање ја намалува количината на растворениот кислород во водата.

Ефективен полнеж на јадрото (Zeff) кој делува на некој електрон во атом е всушност полнежот на јадрото намален за ефектот на екранирање на другите електрони во атомот.

Ефективна јонска равенка е равенка која ги претставува молекулите или јоните кои учествуваат во хемиската реакција, елиминирајќи ги сите други кои не учествуваат во истата (таканаречени јони набљудувачи).

Ефективниот нуклеарен полнеж(2) Zeff е нето полнежот што го чувствува електронот поради одбивањата електрон–електрон

Ефектот на заеднички јон се однесува на способноста на јонот Х да (а) ја потисне јонизацијата на некоја слаба киселина или слаба база која создава Х, или (б) да ја намали растворливоста на слаборастворливо јонско соединение кое создава Х.

Ефектот на стаклена градина се однесува на способноста на СО2(g) и определени други гасови да ја апсорбираат и да ја заробат енергијата која ја зрачи површината на Земјата во вид на инфрацрвено зрачење.

Ефикасноста на Карноовата машина е εrev = 1 – Tc/Th.

Ефикасноста на топлинска машина е ε = |w|/qh.

Ефузија е процес во кој гасот излегува од садот во кој се наоѓа низ мал отвор. (Види исто така Греамов закон за ефузија.)

З

Завршна точка е моментот при титрацијата при кој додадениот индикатор ја менува бојата. Индикаторот се избира така што завршната точка да се поклопи со еквивалентната точка на реакцијата. (Види исто така еквивалентна точка.)

Загадувачка супстанца во воздухот е супстанца која во воздухот е застапена во поголема мера отколку што е нејзината природна застапеност и која има некакво(и) непожелно(и) влијание(ја) врз околината.

Закон за запазување (конзервација) на енергијата : при физичка или хемиска промена енергијата не може ниту да се создаде ниту да се уништи.

Закон за запазување на масата: при една реакција вкупната маса останува константна. Односно, масата на продуктите на реакцијата секогаш е еднаква на вкупната маса на потрошените реактанти.

Закон за идеален гас или равенката за идеален гас: волуменот на гасот е правопропорционален на количеството на гасот и на неговата Келвинова температура, а обратнопропорционален на неговиот притисок: PV = nRT.

Закон за повеќекратни масени односи: кога се споредуваат две или повеќе соединенија на два исти елементи тогаш масите на едниот елемент кои се комбинират со точно определена маса од вториот елементи се во меѓусебен однос како мали цели броеви.

Закон за постојани волуменски односи: при реакции меѓу гасови мерени на исти температури и притисоци, волумените на гасните реактанти и продукти се односуваат како мали цели броеви.

Закон за постојани масени односи или законот за константни пропорции :сите примероци на определено соединение имаат ист состав. Односно, сите примероци имаат исти масени односи на елементите присутни во соединението.

Закон за радиоактивно распаѓање: брзината на дезинтеграција на радиоактивен изотоп, наречена брзина на распаѓање или активност, е правопропорционална на бројот на присутни атоми.

Закон за брзината (равенка за брзина) на хемиска реакција е израз кој ја поврзува брзината на реакцијата со концентрациите на реактантите.

Запалив материјал е материјал кој при иницијација лесно гори и претставува опасност од пожар.

Затворен систем има граница низ која не постои пренос на супстанци.

Зафат на електрони (Заробување на електрони) (EC) е тип на радиоактивно распаѓање во кое јадрото апсорбира електрон од првиот или вториот електронски слој.

Зета потенцијал е електричниот потенцијал при радиус на смолкнување кој е возависност од неговата вредност во оддалечената, главнинска средина

Зона, при опишување на сврзувањето кај металите и полуспроводниците, означува збир од голем број блиску поставени молекулски орбитали, кои се добиваат со комбинирање на атомските орбитали на многу атоми.

И

Идеален гас е хипотетички гас кој строго се покорува на едноставниот гасен закон и на законот за идеален гас.(Идеален гас ја задоволува равенката на идеална гасна состојба, pV = nRT, eгзактно и при било кои услови)гасот се замислува како множество од молекули (или атоми) што се наоѓаат во постојано хаотично движење, а нивните просечни брзини се зголемуваат при покачување на температурата. Еден гас се разликува од течност по тоа што, освен во моментите на судар, молекулите на гасот се далеку една од друга и се движат по траектории кои што се практично независни од меѓумолекулските сили.

Идеален раствор е раствор во кој сите компоненти се покоруваат на Рауловиот закон (pA = xA pA*) во целата област на составот

Идеален раствор е раствор за кој топлината на растворување е нула, а волуменот на растворот е збир од волумените на компонентите на растворот. Во општ случај, физичките својства на идеален раствор можат да се предвидат според својствата на неговите компоненти.

Идеално-разреден раствор е раствор во кој раствореникот се покорува на Хенриевиот закон (pB = xB KB* ), а растворувачот се покорува на Рауловиот закон.

Изградбен принцип е хипотетички процес на градење на атом од атомот кој по атомскиот број се наоѓа пред него во периодниот систем со додавање на протон и определен број на неутрони во јадрото и еден електрон во соодветна атомска орбитала.

Изобари се линии што ја покажуваат зависноста на својствата при константен притисок

Изоелектрична точка (pI) е рН вредност при која амино киселината постои како цвитер јон.

Изоелектронските единки (атоми, јони, молекули) имаат ист број на електрони.

Изолатор е полуспроводник со многу мала електрична спроводливост

Изолиран систем има граница низ која не постои пренос ниту на супстанци, ниту на енергија.

Изомери се соединенија кои имаат иста молекулска формула но различни структурни формули.

Изотерми се линии што ја покажуваат зависноста на својствата при константна температура

Изотоничен раствор е тој кој има ист осмотски притисок како телесните течности (крв, солзи).

Изотопи се атоми кои имаат ист број на протони во нивните јадра – ист атомски број – но различен борј на неутрони, па затоа и различен масен број.

Изохори се линии што покажуваат промена на својствата при константен волумен

Израз за константа на рамнотежа е определен однос на концентрациите (или парцијалните притисоци) на продуктите во однос на реактантите во хемиска реакција во состојба на рамнотежа. Изразот има константна вредност која е независна од начинот на кој се постигнала рамнотежата (Види исто кака Kc иKp.)

Индикатор е супстанца која се додава на реакционата смеса при титрација, а која ја менува бојата при или близу до еквивалентната точка.

Индустриски смог е загаден воздух поради индустриски активности. Главните загадувачи се оксиди на сулфур и цврсти честички.

Инертен пар претставуваат ns2 електроните во валентниот слој на елементите зад преодните елементи од групите 3А, 4А и 5А. Овие електрони можат да останат во валентниот слој по отпуштање на np електроните, како кај Tl+, Sn2+, Pb2+ и Bi3+.

Интегриран закон за брзината на реакцијата е равенка која е изведена од законот за брзината на реакцијата која ја прикажува концентрацијата на реактантите како функција од времето (Види исто така закон за брзината.)

Интензивно својство е својство на примерок од материјата, како, на пример, температурата или густината, кое не зависи од количеството материја која се проучува.Моларните величини се интензивни

Интермедијар (Меѓупродукт) е супстанца која се создава во еден елементарен чекор во реакциониот механиза, а се конзумира во друг. Интермедијарот не се јавува во хемиската равенка на вкупниот процес.

Интерхалогено соединение е соединение на два (понекогаш три) халогени елементи.

Ј

Јаглероден циклус се однесува на севкупноста од активности преку кои јаглеродните атоми кружат во околината.

Јаглехидрат е соединение кое се состои од јаглерод, водород и кислород и во општ случај има двапати повеќе водородни атоми од кислородни; скроб, шеќер или целулоза.

Јадро на атом е густо пакувано позитивно наелектризирана средиште на атомот кое содржи протони, неутрони, а кое претставува најголем дел од масата на атомот.

јј–спрегање е шема за спрегање базирана на претставата дека индивидуалните спински и орбитални моменти на електроните се спрегнати во индивидуални j вредности, а тие моменти се комбинирани во севкупенJ

Јон е честичка со електричен полнеж која се состои од еден или повеќе атоми.

Јонска врска се привлечни сили помеѓу позитивни и негативни јони кои ги држат јоните заедно во цврст кристал.

Јонска измена е замена на еден вид јони со друг вид во растовор на јони, користејќи јоноизменувачки смоли или зеолити.

Јонска кондуктивност е придонесот на јоните од еден вид кон моларната спроводливост: λ = zuF

Јонски производ на водата (Kw) е константатата на рамнотежа за автојонизација на водата во Н3О+ и ОН. На 25 ºС нејзината вредност е 1,0 х 10–14.

Јонски радиус е мерка за големината на катјон или анјон која се базира на растојанието помеѓу центрите на јоните во јонско соединение.

Јонско соединение е соединение кое се состои од спротивно наелектризирани јони кои се држат заедно со електростатски привлекувања.

К

Калорија (cal) е енергија која е потребна да се зголеми температурата на 1 g вода за 1 ºС (поточно од 14,5 на 15,5 ºС). 1 cal = 4,184 Ј.

Калориметар е уред во кој се мерат количините на топлина.

Калориметрија е изучување на размена на топлина во текот на физички или хемиски процеси

Канцероген е средство кое предизвикува рак.

Капиларно дејство е тенденцијата на течностите да се искачуваат нагоре во капиларни цевки

Карактерот, c,е сума на дијагоналните елементи на матричниот репрезентант.

Карбокатјон е интермедијарна единка во определени реакции на органски соединенија во која на јаглеродниот атом во карбокатјонот се наоѓа позитивен полнеж.

Карноовиот циклус е циклус што се состои од делови од изотермна и адијабатска реверзибилна експанзија и изотермна и адијабатска реверзибилна компресија

Катализатор е супстанца која ја зголемува брзината на реакцијата без да се троши во истата реакција. Катализаторот го менува механизмот на реакцијата до некој со пониска енергија на активација.

Катјон е позитивно наелектризиран јон.

Катода е електрода на која се одвива полуреакција на редукција. Тоа е позитивна електрода во волтина ќелија, а негативна електрода во ќелија за електролиза.

Катоден зрак е сноп од електрони кои патуваат од катодата кон анодата кога низ евакуирана цевка се спроведува електрично празнење.

Квант е најмало количество енергија која може да се емитира или апсорбира во некој процес, определена со равенството E = hn.

Квантен број на електронскиот спин (ms) е четвртиот квантен број (дополнение на трите кои се потребни во Шрeдингеровата бранова равенка) кој е потребен за да се комплетира ознаката на орбиталата на електронот. Двете можни вредности на спинскиот квантниот број се +1/2 и –1/2.

Квантирање е ограничување на динамичката мерлива величина на дискретни вредности

Квантна (бранова) механика е математички опис на атомската структура базиран на брановите својства на субатомските честички.

Квантни броеви се определени целобројни вредности кои се доделуваат на трите параметри во брановата равенка за да се добијат прифатливи решенија на равенката.

Квантни точки-тридимензионални нанокристали од полуспроводнички материјали, што содржат 103 до 105 атоми

Квантниот број за орбиталниот момент на импулсот е вториот од трите параметри кои мора да се определат за да се дојде до решение на Шредингеровата бранова равенка за атомот на водород: l = 0, 1, 2, 3, ….. n – 1. Вредноста на l определува точно определено подниво или потслој во главниот енергетски слој.

Кватерна структура на протеин е подредување на субединиците на протеинот во определен геометриски облик.

Квоциентот на реакција (Qc) или (Qp) има ист облик како константата на рамнотежа (K) но користи појдовни концентрации а не рамнотежни концентрации.

Келвин (K) е основна SI единица за температура. Интервалот од 1 келвин во Келвиновата скала е ист како тој за еден степен во Целзиусовата скала.

Келвинова скала е скала на апсолутната температура со нула на –273,15 ºС. Нејзината релација со Целзиусовата скала е T(K) = T(ºC) + 273,15.

Келвиновата равенка за парниот притисок на капкички е p= p*е 2gVm/rR

Керамика е неорганска цврста супстанца која во општ случај се создава на високи температури и честопати содржи силициум или силикати. Најголем број од керамиките се тврди, крти и стабилни на високи температури.

Кетон е органска супстанца чии молекули имаат карбонилна група помеѓу два други С атоми.

Килограм (kg) е основна SI единица за маса.

Килопаскал (kPa) е 1000 паскали (Ра). (Види исто така паскал.)

Кинетичка енергија (Ek) е енергијата при движење дадена со изразот Ek = ½ mv2.

Кинетички ефект на соли е ефектот од додавањето на инертна сол врз брзината на реакцијата меѓу јони, log k2 = log k°2 + 2AzAzBI1/2.

Кинетичкиот изотопски ефект е намалување на брзината на хемиската реакција при замена на еден атом од реактантот со потежок изотоп. Примарен кинетички изотопски ефект се набљудува кога во лимитациониот степен е неопходно раскинувањето на врска која го вклучува изотопот. Секундарен изотопски ефект е намалување на брзината на реакцијата дури и кога врската што го вклучува изотопот не се раскинува при образување на продукт

Кисел дожд е дожд кој е покисел од системот во кој водата е во рамнотежа со атмосферскиот јаглерод диоксид.

Киселина е(1) соединение кое содржи водород и кое може да оддаде водородни јони, Н+, во воден раствор (Арениусова теорија); (2) протон-донор (Бренштед-Лориева теорија); (3) атом, јон или молекула што може да прими електронски пар и да формира ковалентна врска (Луисова теорија).

Киселински оксид е оксид на неметал кој при реакција со водата образува тернарна киселина како единствен продукт.

Киселинско-базен индикатор е супстанца која се додава кон реакционата смеса при титрација, а која ја менува бојата во еквивалентната точка или во нејзина близина.

Клаузиусовото неравенство гласи dS≥ dq/T

Ковалентен радиус на атом е една половина од растојанието помеѓу јадрата на два слични атоми сврзани во молекула.

Ковалентна цврста супстанца: кај која ковалентни врски во определена просторна ориентација ги поврзуваат атомите во мрежа што се протега низ кристалот

Ковалентна врска е врска која се формира од пар електрони кои се поделени помеѓу атомите.

Колабирачки притисок е највисокиот површински притисок што се одржува кај површинскиот филм.

Колигативно својство е физичко својство – како, на пример, намалувањето на парниот притисок, намалување на температурата на мрзнење, покачување на температурата на вриење и осмотскиот притисок – кое зависи од концентрацијата на растворената супстанца во растворот, но не и од идентитетот на растворената супстанца.

Колигативно својство(2) е својство што зависи само од бројот на присутни честички од раствореникот, а не од нивната природа

Колоид е диспергиран систем во кој диспергираната супстанца има една или повеќе димензии (должина, ширина или дебелина) во опсег од околу 1 nm до 1000 nm.

Колраушов закон за концентрационата зависност на моларната спроводливост за силен електролит е даден како Λ°m−Kc1/2, каде граничната моларна спроводливост е моларната спроводливост при концентрација нула, т.e. при бесконечно разредување (Λ°m+λ+λ).

Комбинираниот гасен закон ги комбинира Бојловиот, Шарловиот закон и Авогадровиот закон во еден израз со следниот облик: Равенка.

Комплекс се состои од централен атом (комплексообразувач) кој обично е метален јон и координативно ковалентно сврзани групи наречени лиганди.

Комплексен јон е комплекс кој е носител на нето позитивен (комплексен катјон) или негативен (комплексен анјон) електричен полнеж.

Комплементарни мерливи величини се мерливи величини што соодветствуваат на некомутирачки оператори

Композит е материјал составен од два или повеќе физички различни материјали, кои кога се комбинираат ги имаат посакувани структурни и механички својства на индивидуалните компоненти.

Компонента е хемиски независен конституент на системот

Кондензација е претворба на гас (пареа) во течност.

Кондуктанца, G, е реципрочна величина на отпорот. Кондуктивноста е константата κ во изразот G = κA/l, а моларната спроводливост е дадена преку изразот Lm= κ/c

Конјугиран сврзувачки систем се однесува на молекулска структура која има серија на наизменично поставени единечни и двојни врски. Супстанцата која ги има овие карактеристики може да апсорбира UV и/или видлива светлина.

Конјугирана база се формира кога Бренштед-Лориевска киселина донира протон. Секоја киселина има конјугирана база.

Конјугирана киселина се формира кога Бренштед-Лориевска база прима протон. Секоја база има конјугирана киселина.

Константа на брзина (k) на реакција е нумеричка константа која ги поврзува брзината на реакцијата со концентрацијата на реактантите. Константите на брзината се функции од температурата. (Види исто така закон за брзината.)

Константа на јонизација на база (Kb) е рамнотежна константа за реверзибилна реакција на јонизација на слаба база.

Константа на јонизација на киселина (Ka) е рамнотежна константа при реверзибилна јонизација на слаба киселина.

Константа на рамнотежа (Keq) е облик на константа на рамнотежа заснован на активитетите кој се користи во термодинамички изрази. Во изразот за Keq единките во растворот се обично претставени со нивните моларни концентрации, а кај гасовите со нивните парцијални притисоци во atm.

Константа на рамнотежа дефинирана (изразена) преку парцијалните притисоци (Kp) е нумеричка вредност на изразот за константата на рамнотежа во кој се користат парцијалните притисоци (обично во atm) на гасните продукти и реактанти.

Константата на рамнотежа за една реакција е еднаква на количникот на константите на брзина за директната и за обратната реакција, K = k/k'.

Конституент е хемиски вид (изграден од јони или молекули).

Константата на рамнотежа (K) може да се опише преку ΔrGQ како :

ΔrGQ = – RT ln K

Константата на образување (Kf) ја опишува рамнотежата помеѓу комплексен јон и катјонот и лигандите од кои тој е образуван.

Континуиранот спектарпројавува широк опсег на емитирани или апсорбирани бранови должини во кој нема значителнипрекини или процепи.(Види исто така емисионен спектар или линиски спектар.)

Конформација се однесува на просторниот распоред на различните делови од низата и една конформација може да премине во друга со ротација на еден дел од низата околу една врска. Поимот конфигурација,пак, се однесува на структурните обележја кои може да бидат променети само со кинење на хемиските врски и образување нови.

Конформациона енергија е енергијата на интеракција меѓу различни делови од низата и енергијата на интеракција меѓу низата и околните молекули растворувач

Конформациона ентропија е статистичката ентропија која потекнува од распоредот на врските во случајната намотка

Концентрациска константа на рамнотежа (Kc) е нумеричка вредност на изразот за константата на рамнотежа во која се користат количествените концентрации на продуктите и реактантите.

Концентрациска ќелија е волтична ќелија која има идентични електроди во контакт со раствори со различни концентрации.

Координативна ковалентна врска е врска помеѓу два атома во која еден атом ги дава двата електрони од заедничкиот електронски пар.

Координативно соединение е супстанца која се состои од еден или повеќе комплекси.

Координационен број на метален центар во комплекс е вкупниот број на точки околу централниот атом на кои може да се случува сврзувањето со лигандите.

Корозивен материјал е тој кој со хемиска реакција го нагризува металот или легурата. Корозивниот материјал треба да се чува во специјални садови поради тоа што тој корозивно делува насадови изработени од обични материјали.

Корозионата струја е струја пропорционална на брзината со која металните јони ја напуштаат металната површина во анодната област за време на корозијата

Кохезиони сили се меѓумолекулски сили помеѓу слични молекули.

Крива на загревање е график на температурата како функција од времето добиен при постапено загревање на супстанцата. Деловите на кривата со константна температура одговараат на фазните промени. (Види исто така крива на ладење.)

Крива на ладење е графички приказ на температурата како функција од времето која се добива кога некоја супстанца се лади. Сегментите на кривата со константна температура одговараат на фазни промени, на пример, кондензација или мрзнење.

Критериуми за спонтаност може да се:

(а) dSU,V ≥ 0 и dUS,V £ 0, или

(б) dAT,V £ 0 и dGT,p £ 0

Kc е нумеричка вредност на изразот за константата на рамнотежа во кој се ползуваат моларните концентрации на реактантите и продуктите.

Kp е нумеричка вредност на изразот за константата на рамнотежа во кој се ползуваат парцијалните притисоци (обично во atm) на реактантите и продуктите.

Криоскопија -метод за одредување на релативната молекулска маса на супстанцата со мерење на точката на замрзнување на нејзиниот раствор.

Кристал е структура која има рамни површини, остри рабови и правилен геометриски облик. Основните единки – атоми, јони или молекули – се подредени на правилен начин кој се повторува и се протега во три димензии низ кристалот.

Кристалохидрат е соединение кое вградува молекули вода во својата основна цврста структура. Формулната единка на кристалохидратот вклучува точно определен број молекули вода.

Критериум за рамнотежа при константни температура и волумен, dAT,V = 0

Критериум за рамнотежа при константни температура и притисок, dGT,p = 0

Критичен притисок на супстанца е притисокот во неговата критична точка.

Критична маса е минимална маса на елементот кој се распаѓа со фисија, која мора да биде присутна за да се одвива верижна реакција. Ова е масата која е потребна за да се создаде експлозија на нуклеарна бомба.

Критична температура е температурата при која исчезнува течната површина и над која не постои течност при каков било притисок.

Критична температура на супстанца е температурата во неговата критична точка.

Критична точка се однесува на состојбата при која течната и гасната (парна) состојба на некоја супстанца стануваат идентични. Тоа е највисоката температура на кривата на притисокот на парите.

Критична точка(2) е точката при која волумените на секој крај од хоризонталниот дел на изотермата се соединуваат во една точка. Критичните константи pc, Vc и Tc се притисокот, моларниот волумен и температурата, соодветно, во критичнататочка

Кубичната волумно-центрирана (body-centered cubic, bcc) кристална структура како елементарна ќелија има коцка со структурни единици на секое теме и една во центарот на ќелијата. (Види исто така, елементарна ќелија.)

Кубично густо пакуваната структура има единки (атоми, јони или молекули) подредени на еден од двата начини со кои се минимизираат празнините помеѓу единките. Слоевите се подредени во редослед АВСАВС. (Види исто така хексагонално густо пакување.)

Кулон (С) е SI единица за електричен полнеж. Електричниот полнеж на електронот, на пример е –1,602 х 10–19 С.

Л

Ламбда премин(λ-премин) се однесува на фазен премин кој не е од прв ред, но и покрај тоа топлинскиот капацитет станува бесконечен на температурата на преминот

Лангмјурова изотерма е релација помеѓу делумното покривање и парцијалниот притисок на атсорбатот: θ = Kp/(1 + Kp)

Лантанидната контракција го опишува општиот тренд на намалување на радиусите на атомите и јоните на лантанидите со зголемување на атомскиот број.

Лантанидните елементи го сочинуваат делот од f-блокот на периодниот систем во кој при процесот на изградба се пополнува 4f послојот.

Лапласовата равенка за парниот притисок на закривена површина е pin = pout + 2g/r

Лапортово правило за избор кај центросиметрични молекули (оние што имаат центар на симетрија) и кај атоми тврди дека:Единствените дозволени премини се премини што се придружени со промена на парноста.

Леано железо е легура на јаглерод и железо која се лее во определен облик и содржи 1,8–4,5 % С.

Левогира (–) супстанца ја ротира рамнината на поларизираната светлина на лево.

Легура е метален материјал кој се состои од два или повеќе елементи.

Лиганд е некоја хемиска честичка (атом, молекула, анјон или ретко катјон) кој е сврзан со метален центар во комплекс (комплексообразувач) со координативна ковалентна врска.

Лимитационен степен е најбавниот степен во реакциониот механизам што ја контролира брзината на вкупната реакција

Лимитирачки (Ограничувачки) чекор во реакционен механизам е чекорот (обично најбавниот) кој е најзначаен при определувањето на брзината на вкупната реакција.

Лимитирачки реактант (реагенс) е реактант кој целосно се троши во хемиската реакција, па затоа го лимитира количеството на продуктот кое може да се формира.

Линиски спектар на елемент претставуваат дискретни бранови должини на светлината емитирана од елементот. (Види исто така емисионен спектар.)

Лиотропен течен кристал е раствор што преминува во течно кристална фаза при промена на составот

Литар (L) е мерна единица за волумен еднаква на 1 кубен дециметар или 1000 кубни центиметри: 1 L = 1 dm3 = 1000 cm3.

Луисовска база. Види база.

Луисовска киселина. Види киселина.

Луисовска структура е претставување на ковалентото сврзување преку Луисови симболи, поделени парови електрони и неподелени парови електрони.

K и константата на саморазмена kii: kobs = (kDDkAAK)1/2

М

Meханичка рамнотежа е условот за еднаквост на притисоците од обете страни на подвижниот ѕид

Магични броеви се броеви на протони и неутрони во стабилни нуклеонски обвивки кои прават особено стабилни атомски јадра.

Магнетен квантен број (ml) е последен од трите параметри чија специфична вредност мора да се определи за да се дојде до решение на Шредингеровата бранова равенка за атомот на водород: ml е цел број помеѓу –l и +l (вклучувајќи 0). (Види исто така квантен број на орбиталниот момент и главен квантен број.)

Макромолекули се големи молекули (полимери) кои имаат мали молекули (мономери) како градбени единки.

Максвеловската распределба на брзини е функција која, преку f(v)dv, го дава делот на молекули кои имаат брзини во интервалот од v до v+ dv

Манометар е уред кој се користи за мерење на притисокот на затворен гас.

Маркусов накрсен однос ја предвидува константата на брзината за пренос на електрони во раствор преку реакционата константа на рамнотежа

Маса е количество на материја во некој објект. Таа е поврзана со силата која е потребна да се придвижи објектот или да се промени неговата брзина ако објектот веќе се движи.

Масен број (А) е збир од бројот на протони и неутрони во јадрото на атомот. Тој исто така се нарекува и нуклеонски број.

Масен спектрометар е уред кој ги раздвојува јоните според нивниот однос на масата со полнежот.

Маст е компонента на клетките која е нерастворлива во вода, но растворлива во растворувачи со мала поларност како што се хексан, диетил етер и бензен.

Материја е сè што зафаќа простор и има маса.

Меѓумолекулска сила е сила помеѓу молекулите.

Мезофаза е макроскопска фаза која покарактер е меѓу цврсто и течно

Менискус е границата помеѓу течноста и воздухот над нејзе.

Метанасочуваче супституент, како што се –СООН или –NO2, кој е сврзан со бензеновиот прстен, а кој предизвикува електрофилниот супституент кој влегува во молекулата главно да се поврзува во мета позиција.

Метал е елемент кој има карактеристичен збир на својства: сјај, добра топлинска и електрична спроводливост, ковливост и растегливост. Во општ случај, атомите на металите имаат мал број валентни електрони и покажуваат тенденција да образуваат катјони. Металите се наоѓаат на левата страна од скалестата дијагонална линија во периодниот систем.

Метален радиус е една половина од растојанието помеѓу јадрата на соседни атоми во цврст метал.

Метален спроводник е супстанца чија спроводливост се намалува со зголемување на температурата.

Металоид е елемент кој има физички изглед на метал но исто така и некои својства на неметали. Металоидите се лоцирани долж скалестата дијагонална линија во периодниот систем.

Метар е основна SI единица за должина.

Метастабилна фаза е термодинамички нестабилна фаза што опстојува затоа што преминот е спречен кинетички

Метод на почетни брзини е експериментален метод за определување на брзина на реакција. За да се определи редот на реакцијата во однос на еден од реактантите се споредуваат почетните брзини за две различни концентрации на тој реактант, а концентрациите на сите други реактанти се држат константни. (Види исто така почетна брзина на реакција, закон за брзина на реакција и ред на реакција.)

Метод со активна тиња за третман на отпадни води е процес во кој тињата од вториот чекор се става во садови за продувување воздух за да се овозможи разложување со аеробни микроорганизми.

Механизам на реакција е детален приказ на хемиска реакција која се состои од серија на елементарни реакции. Веројатниот механизам мора да биде во согласност со стехиометријата и законот за брзината на нето реакцијата.

Механизам на реакцијата(2) е низа од последователни елементарни степени вклучени во хемиска реакција.

Микросостојба- начинот на која една молекула во системот може да се распореди, а вкупната енергија при тоа да остане константна

Милиметри живин столб (mmHg) е единица која се користи да се изрази притисокот на гас: 1 mmHg = 1/760 atm (точно). (Види исто така атмосфера.)

Мицела е кластер од молекули со големина на колоидна честичка што се образува при критична концентрација на мицели (СМС) и при крафтовска температурa

Моделот на слободен електрон го разгледува металот како да е составен од позитивни јони опкружен со „море“ од подвижни електрони.

Мол (mol) е количество супстанца кое содржи толку елементарни единки (атоми, молекули, формулни единки) колку што има атоми во точно 12 g на изотопот јаглерод-12.

Молалност (m) на раствор е количество на раствореникот, изразено во молови, на еден килограм растворувач (не раствор).

Моларен волумен на гас се однесува на волуменот што го зафаќа еден мол гас на определена температура и притисок. Тој во основа е независен од видот на гас. На стандардна температура и волумен, моларниот волумен на идеален гас е 22,4141 L.

Моларен топлински капацитет е количината на топлина потребна да се промени температурата на еден мол супстанца за 1 ºC (или 1 K). Тоа е топлинскиот капацитет на еден мол супстанца.

Моларна концентрација. Види моларност.

Моларна маса на супстанца е масата на еден мол од таа супстанца. Таа е бројно еднаква на атомската, молекулската маса или формулската маса и се изразува во g/mol.

Моларна маса усреднета по Z, MZ е просечната моларна маса добиена преку седиментациони мерења.

Моларна маса усреднета по тежини Mw е просекот пресметан со множење на моларната маса на молекулите со масата на секоја молекула присутна во примерокот и делење со вкупниот број молекули.

Моларност (М) на раствор е количество растворена супстанца, изразено во молови, во еден литар раствор. __

Молекула е група од два или повеќе атоми кои се држат заедно со сили наречени ковалентни врски.

Молекуларно-кинетичка теорија на гасови е теорија која се темели на мал број постулати кои се во врска со молекулите гас од кои можат да се изведат едноставните гасни закони, законот за идеален гас и равенките кои се во врска со температурата и молекулската брзина.

Молекуларност на реакција е број на молекули (или јони) кои го формираат активираниот комплекс.

Молекулска маса е просечната маса на молекулата на една супстанца во однос на масата на атомот на јаглерод-12. Таа е сума од масите на атомите кои ја сочинуваат молекулската формула.

Молекулска орбитала е област во молекулата каде има голема електронска густина или голема веројатност за наоѓање на електрон. (Види исто така антисврзувачка молекулска орбитала и сврзувачка молекулска орбитала.)

Молекулска цврста супстанца е цврста супстанца која се состои од одделни молекули поврзани меѓу себе со помош на фандервалсовски интеракции.

Молекулската формула ги дава симболите и точниот број од секој вид атоми кој се среќава во молекулата.

Молекулски сноп е колимирана, тесна струја од молекули кои патуваат низ евакуиран сад.

Молекулското соединение како најмали карактеристични ентитети содржи молекули, а овие молекули ги одредуваат својствата на соединението.

Молски однос. Види стехометриски фактор.

Молски процентна компонента во хомогена смеса (раствор) е процентот од сите молекули на дадената компонента во смесата.

Молски удел (х) на компонента во хомогена смеса (раствор) е делот од сите молекули на дадената компонентата во смесата.

Момент (диполен момент) на врска го опишува степенот до кој се разделуваат позитивниот (d+) и негативниот (d–) полнеж во ковалентната врска помеѓу два атома.

Момент на импулс е момент на импулсот во однос на точка

Момент на инерција на молекулата е дефиниран како маса на секој атом помножена со квадратот на неговото растојание од оската на ротација што минува низ центарот на масата на молекулата

Моментална брзина на реакција е брзина на реакцијата во определен момент од одвивањето на реакцијата. Таа се определува преку тангентата на графикот на зависноста на концентрацијата од времето, за времето кое не интересира.

Монодентатен лиганд е таков лиганд кој се поврзува на металниот центар во комплексот преку еден пар електрони од донорниот атом.

Мономери се мали молекули кои се способни да постојат самостојно но кои при соодветни услови можат да се поврзат заедно и да формираат огромна молекула наречена полимер. (Види исто така полимеризација.)

Монопротична киселина е киселина која во својата молекула содржи еден водороден атом кој може да се јонизира.

Монохроматски извори на зрачење се оние што опфаќаат многу тесен интервал на фреквенции околу централната вредност

Н

Наднапон на електродна реакција е вишокот на напон над пресметаната вредност за Еº потребен за одвивање на реакцијата.

Наноматеријали се материјали кои имаат уникатни и посакувани својства кога големината на честичките во примерокот е намалена на нанометарска скала.

Напреден третман (тернарен третман) е трет степен на обработка на отпадни води во кој нитрати, фосфати и (понекогаш) растворени органски супстанци се отстрануваат од отпадните води добиени од вториот чекор на нивната обработка.

Невистински диференцијал е бесконечно мала величина која, по интеграцијата, дава резултат што зависи од патот помеѓу почетната и крајната состојба.

Неелектролит е супстанца која постои само или скоро само во молекулски облик, без разлика дали е во чиста состојба или во раствор.

Нематичка фаза-некои смектички течни кристали при повисоки температури, немаат слоеста структура, но го задржуваат паралелното подредување

Неметал е елемент кој нема метални својства. Неметалите во општ случај се слаби спроводници на топлина и електричество и се крти кога се во цврста состојба. Атомите на неметалите обично имаат поголем број валентни електрони од металите и имаат тенденција да образуваат анјони. Атомите на неметалите се сместени во р-блокот на периодниот систем (плус водород и хелиум).

Неподелени парови се електронски парови кои припаѓаат исклучиво на еден од атомите во луисовската структура. Тие не се поделени и затоа не се вклучени во хемиското сврзување.

Неполарна ковалентна врска е таква врска каде има еднаква распределба на електроните помеѓу сврзаните атоми. Електроните не се поблиску до еден од атомите во однос на другиот атом, значи тука нема раздвојување на полнежот

Нерадијативно распаѓање е процес при кој вишокот енергија се пренесува на околните молекули во вид на вибрација, ротација или транслација

Нернстовата равенка ги поврзува потенцијалот (електричниот напон) на ќелија, мерен при нестандардни услови, Ecell, со стандардниот потенцијал на ќелијата, Eºcell, и концентрацијата на реактантите и продуктите на редокс реакцијата. При 25 ºС равенката го добива обликот Ecell = Eºcell – (0,0592/n) log Q, каде n е бројот на молови на електрони кои учествувале во полуреакциите на оксидација и редукција на редокс реакцијата, а Q е реакционен квоциент.

Неспонтани процеси не се одвиваат во системи оставени сами на себе. Тие можат да се случат само ако во термодинамичкиот систем се интервенира однадвор.

Неутрализација е реакција во која реагираат киселина и база на таков начин што во конечниот раствор нема вишок ниту на киселина ниту на база. Продуктите на реакцијата се сол и вода.

Неутрон е фундаментална честичка на материјата која се наоѓа во јадрото на атомите. Неутроните имаат маса од 1,0087 u и немаат електричен полнеж.

Низа на радиоактивно распаѓање е секвенца од нуклеарни процеси кои вклучуваат a и b емисии со кои појдовниот радиоактивен нуклид со долг живот на крајот се конвертира во стабилно нерадиоактивно јадро.

Никлеофил е молекула или јон која донира неподелен електронски пар на друга молекула при што се формира ковалентна врска.

Нормален мод е независно, синхронизирано движење на атоми или групи на атоми што може да се ексцитираат без да дојде до ексцитација на некој од другите нормални модови и без да дојде до транслација или ротација на молекулата во целина

Нормална температура на вриење (нормална точка на вриење) на течност е температурата на која течноста врие на притисок од 1 atm.

Нормална температура на топење (нормална точка на топење) на цврста супстанца е температурата на која цврстата супстанца се топи на притисок од 1 atm.

Нормална температура на премин, Тtrs, е температурата при која две фази се ворамнотежа при 1 atm. Ентропијата на преминот при температурата на преминот е ΔtrsS = ΔtrsH/Ttrs

Нуклеарна енергија на сврзување е енергијата која се ослободува кога нуклеоните се сврзуваат во јадрото на атомот. Тоа е енергија која е еквивалентна на намалувањето на масата при формирањето на јадро од индивидуални протони и неутрони.

Нуклеарна фисија е распаѓање на големо, нестабилно јадро на два помали фрагмента и уште два или повеќе неутрони. Во овој процес масата се конвертира во еквивалентно количество енергија која се ослободува.

Нуклеарна фузија е поврзување или фузирање на полесни јадра во потешко. Во овој процес дел од материјата се конвертира во енергија која се ослободува.

Нуклеарно -магнетната резонанца (NMR) е изучување на својствата на молекулите што содржат магнетни јадра, со примена на магнетно поле и набљудување на фреквенцијата на резонантното електромагнетно поле

Нуклеон е заедничко име за честичките во јадрото, протони и неутрони.

Нуклеотиди се структурни единици, кои се состојат од шеќер, група од фосфатен естер, и циклична аминска база, кои ја сочинуваат дезоксирибонуклеинската киселина (DNA) и рибонуклеинската киселина (RNA).

Нуклид е израз кој се користи за да се означи атомски вид кој има точно определен атомски број и масен број, како што е 126С. (Види исто така изотопи.)

Нултиот принцип на термодинамиката вели дека ако А е во термичка рамнотежа со В и В е во термичка рамнотежа со С, тогаш С е исто така во термичка рамнотежа со A

Њ

Њутн (N) е основна SI единица за сила. Тоа е сила која е потребна маса од 1 kg да добие забрзување од 1 m/s2. Односно, 1 N = 1 kg m s–2.

О

Озонски слој е слој во стратосферата, дебел околу 20 km и центриран на височина од околу 25 до 30 km, кој има многу повисока концентрација на озон од остатокот на атмосферата.

Околина е областа надвор од системот, таму каде што се вршат мерењата.

Оксидација е процес во кој оксидациониот број на елементот се зголемува. Тоа е полуреакција на оксидационо-редукционата реакција во која се оддаваат електрони.

Оксидационен број на елемент во соединение е начин на означување на бројот на електрони кои тој атом ги загубил, добил или поделил при формирањето на соединението.

Оксидационо средство (оксиданс) е супстанца која ја овозможува оксидацијата која се случува во оксидацино-редукциона реакција. Самото оксидационо средство се редуцира.

Опасен материјал е материјал кој кога со него не се ракува соодветно може да предизвика или да придонесе до појава на болест или смрт или да го загрози човечкиот живот или околината.

Оператор е нешто што извршува математичка операција врз функција. Операторите на положбата и на импулсот се ˆx = x × и p^x = (ћ/i)d/dx, соодветно.

Операција на симетрија е постапка која што, по нејзиното изведување, го остава објектот да изгледа исто

Оптички изомери се молекули или единки кои се огледални слики, а кои кога ќе се постават една над друга не се поклопуваат. Тие се разликуваат само по начинот на кој ја ротираат рамнината на поларизирана светлина. (Види исто така енантиомери.)

Општ израз за ΔrG во произволен момент на реакцијата е ΔrG = ΔrGQ + RT ln Q.

Орбитален дијаграм е метод за означување на електронската конфигурација при кој се користат загради или коцки за да се претстават орбитали во рамките на потслоевите и стрелки за да се претстават електроните во орбиталите.

Ориентациона поларизација е поларизација која произлегува од перманентните диполни моменти.

Осмоза е нето проток на растворувач низ полупропустлива мембрана од чист растворувач кон раствор, или од раствор со пониска концентрација кон тој со повисока концентрација.

Осмоза(2) е спонтано минување на чистиот растворувач во раствор што од него е одделен со семипермеабилна мембрана, мембрана што е пропустлива за растворувачот, но не и за раствореникот.

Осмометрија- определување на моларната маса со мерење на осмотскиот притисок.

Осмотски притисок на раствор е притисокот кој мора да се примени на растворот за да се спречи протокот на молекулите на растворувачот кон растворот кога растворот и чистиот растворувач се разделени со полупропустлива мембрана.

Основна состојба на атомот е атомот на неговото најниско енергетско ниво. (Види исто така ексцитирана состојба.)

Отворен систем има граница низ која може да постои пренос на супстанци.

П

partspermillion, ppm: се изразува состав на некоја смеса како број на делови на една компонента на милион делови од целата смеса, обично на база на маса за течни раствори и на база на молови за гасни смеси.

parts per trilion, ppt: се изразува состав на смеса како број на делови на една компонента на билион делови од целата смеса, обично на база на маса за течни раствори и на база на молови за гасни смеси.

Парамагнетизам е привлекување од надворешно магнетно поле на супстанца која има неспарени електрони.

Парен притисок е притисокот на парата во рамнотежа со својата кондензирана фаза,Парниот притисок при приложен притисок е даден со p = p*eVmΔP/R

Парцијалниот притисок на било кој гас е дефиниран како pJ = xJpJ, каде xJ = nJ/n е молскиот удел во смесата, а p e вкупниот притисок

Паулиев принцип на исклучување: два електрона во еден атом не можат да имаат четири исти квантни броеви. Последица од овој принцип е тоа што не може да има повеќе од два електрона во една орбитала, а тие два електрона мора да имаат спротивни спинови.

Паулиевиот принцип вели дека, кога ознаките на два идентични фермиона се разменети, вкупната бранова функција го менува предзнакот; кога ознаките на два идентични бозона се разменети, вкупната бранова функција си го задржува предзнакот.

Температурната зависност на парниот притисок е дадена со Клапејроновата равенка, dp/dT = ΔtrsS/ΔtrsV.

Парцијал моларен волумен е промена на волуменот по мол А додадено во голем волумен од смесата VJ = (∂V/∂nJ)p,T,n'. Вкупниот волумен на смесата е

V = nAVA + nBVB.

pелектронската енергија на сврзување е сума на енергиите од секој pелектрон.

Парцијален моларен волумен на супстанцата А во смеса е промената на вкупниот волумен по мол А , кога супстанцата А е додадена во голем волумен од смесата.

Парцијален притисок. Види Далтонов закон за парцијален притисок.

Паскал (Ра) е основна SI единица за притисок. Тоа е притисокот од 1 њутн на квадратен метар, 1 N m–2.

Патерсонова синтеза претставува мапа на меѓуатомски вектори добиени со Фуриеова анализа на дифракционите интензитети

Пептидот се состои од верига од две или повеќе амино киселини поврзани преку пептиден (амиден) мост во верига од пептиди, полипептиди и протеини.

Периоден систем е табеларен приказ на елементите според зголемување на атомскиот број, а елементите кои имаат слични својства се поставени во исти вертикални колони (Оригиналната табела на Менделеев била конструирана според атомските маси, а не според атомските броеви.)

Периодичен закон: кога елементите се подредени според зголемување на атомскиот број определени физички и хемиски својства се повторуваат во правилни интервали (периодично).

Пи (p) врска се образува со паралелно (странично) препокривање на р орбиталите на сврзани атоми. Двојната врска се состои од една s и една p врска, а тројната врска од една s и две p врски.

Пирометалургија вклучува металуршки методи базирани на високотемпературни реакции кои вклучуваат цврсти супстанци.

Планкова константа (h) е нумеричка константа која ги поврзува енергијата на фотон на светлината и неговата фреквенција:E = hn. Нејзината вредност е 6,62606876 х 10–34 Ј.

Пластика е полимер кој поседува ограничен степен на кристалност и како резултат на тоа, не е ни силен како влакното ни флексибилен како еластомерот.

Повеќекратна врска е ковалентна врска во која два атоми помеѓу себе делат или два пара (двојна врска) или три пара (тројна врска) електрони.

Површина на потенцијалната енергија е мапа на потенцијалната енергија, како функција од релативните позиции на сите атоми што земаат учество во реакцијата. Кај привлечна површина, седлестата точка (највисоката точка) се појавува рано на реакционата координата. Кај одбивна површина, седлестата точка се јавува доцна на реакционата координата

Површински активна супстанца (сурфактант) е вид кој се акумулира на границата меѓу две фази или супстанци и ги менува својствата на површината

Површински притисок е разликата помеѓу површинскиот напон на чистиот растворувач и на растворот: π = γ* – γ

Податоци се факти собрани при внимателни набљудувања и мерења направени во текот на експериментите.

Позитрон (b+) е позитивно наелектризирана честичка која има иста маса како b честичката.

Поларизабилност е мерка за тоа колку лесно густината на електронскиот полнеж во атом или молекула се деформира од надворешно електрично поле. Таа е мерка за тоа колку лесно може да се индуцира дипол во атом или молекула.

Поларизација е густина на електричниот диполен момент, P = áμñN

Поларизирана светлина е електромагнетно зрачење во кое електричното и магнетното поле осцилираат само во определени насоки

Поларна врска: помеѓу два атоми електроните се привлечени поблиску кон атомот со поголема електронегативност, поради што доаѓа до раздвојување на полнежот. На едниот крај на врската има мал негативен полнеж, d–, а на другиот крај мал позитивен полнеж, d+.

Поларна е онаа молекула кај која има мало раздвојување на позитивниот (d+) и негативниот (d–) полнеж, кое е предизвикано од разликата во електронегативноста и од геометријата на молекулата

Поларна молекула(2) е молекула со перманентен електричен диполен момент; големината на диполниот момент е производ на парцијалниот полнеж и растојанието

Полиатомски јон е наелектризирана честичка која се состои од два или повеќе ковалентно сврзани атоми.

Полидентатен лиганд се поврзува на металниот центар во комплекс на повеќе од едно место.

Полиморфизам е својство на супстанца да кристализира во две или повеќе форми како, на пример, кај сулфурот кој постои во ромбичен и моноклиничен облик.

Полипротична киселина е киселина која во една молекула има повеќе од еден Н атом кој може да се јонизира. Јонизацијата на полипротичната киселина се одвива во одвоени чекори.

Полисахарид е јаглехидрат кај кој секоја молекула може да хидролизира на многу моносахаридни единици.

Полувреме (t1/2) на хемиска реакција е времето што е потребно да се потроши една половина од појдовното количество на реактант. За радиоактивно распаѓање тоа е времето за кое се распаѓа една половина од атомите на радиоактивниот нулкид.

Полуреакција е дел од оксидационо-редукциона реакција со која се претставува или процес на оксидација или процес на редукција.

Полуспроводник е супстанца чија спроводливост се зголемува со зголемување на температурата.

Полуспроводник од n-тип е полуспроводник допингуван (опримесен) со донорни атоми кои можат да предадат електрони во спроводливата зона. Електричната струја во овој тип на полуспроводници е претежно резултат на овие донорни електрони. (Види исто така допингување.)

Полуспроводник од р-тип е полуспроводник кој бил опримесен (допингуван) со акцепторни атоми кои ги привлекуваат електроните од хемиските врски во полуспроводникот, создавајќи позитивни празнини во валентната лента. Електричната струја во овие полуспроводници е резултат претежно на овие позитивни празнини.

Полуќелија е електрода во раствор на јони. Реакцијата на полуќелијата е или оксидација или редукција. (Види исто така електрохемиска ќелија.)

Постојана тврдост на водата е состојба во која не доминираат НСО3јони, туку други анјони.(Види исто така тврда вода.)

Потенцијал на ќелија (Ecell) (електричен напон на ќелија) претставува потенцијалната разлика помеѓу електродите во електрохемиска ќелија.

Потенцијална енергија е енергијата која се јавува поради положбата или подредувањето. Тоа е енергијата која е поврзана со силите на привлекување и одбивање помеѓу објекти.

Потенцијална разлика, измерена во волти, е разликата на електричниот потенцијал помеѓу две точки во електрично коло, на пример помеѓу електродите во електрохемиска ќелија.

Почетна брзина на реакција е брзината на реакцијата веднаш по контактот на реактантите. Брзината во општ случај се изразува преку брзината на промена на концентрацијата на еден од реактантите или еден од продуктите со тек на времето.

Правило на октет (октетно правило): најголем број од ковалентно сврзаните атоми претставени со луисовска структура имаат осум електрони во својот надворешен (валентен) слој. При формирањето на јонски соединенија, јоните на елементите од главните групи покажуваат тенденција да го следат правилото на октет.

Правило за избор е исказ за тоа кои спектроскопски премини се дозволени

Правило на фазите тврди дека (за хидростатички систем) F = C – P + 2

Правило на Шулце и Харди :хидрофобните колоиди се флокулираат најефикасно од јони со големи по знак спротивен полнеж

Прв Фиков закон за дифузија:материјалниот флукс е пропорционален со концентрациониот градиент, J(материја) = –DdN/dz, каде D е дифузиониот коефициент.

Прв принцип на термодинамиката: внатрешната енергија на изолиран систем е константна или ако системот взаемодејствува со неговата околина со размена на топлина и/или работа тогаш размената мора да се случува на таков начин што енергијата ниту се создава ниту се уништува. (Види исто така закон за запазување на енергијата-Енергијата не може да биде уништена. Таа само може да биде претворена од еден во друг облик.”)

Прва јонизациона енергија I1 е минималната енергија потребна за да се отстрани електрон од многуелектронски атом во гасна фаза; втората јонизациона енергија I2 е минималната енергија потребна за да се отстрани електрон од јонизиран многуелектронски атом во гасна фаза

Првиот принцип на термодинамиката тврди дека внатрешната енергија на изолиран систем е константна, ΔU = q + w

Предрамнотежна состојба е состојба во која интермедијар е во рамнотежа со реактантите и која настанува кога брзините на образување на интермедијарот и на неговата трансформација назад во реактанти се многу поголеми од брзината на образување на продуктите.

Прецизноста на група мерења се однесува на тоа колку блиску меѓу себе се вредностите на членовите на група мерења. Таа го одразува степенот на повторливост на мерењата.

При кондензационата полимеризација доаѓа до сврзување на мономери со најмалку две функционални групи при што се елиминираат мали молекули како споредни продукти.

При физичка промена кај примерок од материја може да се набљудува промена како што е промена во фазата или состојбата или промената на некое друго својство, но не доаѓа до промена во составот.

Примарен квантен принос на фотохемиска реакција е бројот на молекули од реактанти кои образуваат определени примарни продукти за секој апсорбиран фотон; вкупниот квантен принос е број на изреагирани молекули од реактантот за секој апсорбиран фотон

Примарен третман на отпадна вода вклучува третман на отпадните води во воден базен за задржување на водата со цел да се отстранат некои отпадни цврсти супстанци како што е тиња со едноставна седиментација (таложење).

Примарна структура е амино-киселинска секвенца кај протеини или нуклеотиди во нуклеински киселини.

Принцип на кореспондентни состојби: реалните гасови при еднакви редуциран волумен и редуцирана температура вршат еднаков редуциран притисок.Тој функционира најдобро за гасови чии молекули се сферни; тој затајува, понекогаш целосно, кога молекулите не се сферни или кога се поларни.

Принцип на Л’Шателје е исказ кој дозволува квалитативно предвидување на ефектите од промените (на количествата на реактантите или продуктите, реакциониот волумен, температурата итн.) кои се предизвикуваат во систем во рамнотежа

Принципот на кореспонденција вели дека класичната механика произлегува од квантната механика за високи вредности на квантните броеви.

Принципот на Л’Шателје тврди дека систем во рамнотежа што е подложен на промена, одговара на начин чија тенденција е да се минимизира ефектот на промената

Притисок (Р) е сила на единица површина – односно, P = F/A.(Притисокот е дефиниран како количник од силата и плоштината врз која таа сила дејствува)

Продирање е можноста електрон да се најде во внатрешните слоеви и блиску до јадрото.

Продукт е супстанца која се образува во хемиската реакција. Формулите на продуктите се јавуваат на десната страна од хемиската равенка.

Промена на енталпијата (DН) во хемиска реакција е еднаква на топлината на реакцијата при константна температура и притисок, qР.

Промена на ентропијата (DS) е разликата на ентропијата помеѓу две состојби на систем, како што е помеѓу продуктите и реактантите на хемиска реакција.

Промена на слободната енергија (DG) е разликата на слободната енергија помеѓу две состојби на системот, како на пример помеѓу слободните енергии на продуктите и реактантите на хемиска реакција. Таа е дефинирана со равенката DG = DHTDS.

Просечна енергија на врска е средна вредност од енергиите на дисоцијација на врската во определен број различни молекулски видови кои ја содржат истата врска. (Види исто така, енергија на дисоцијација на врска.)

Просторна група е група на елементи на симетрија која вклучува транслации низ просторот

Просторна решетка е мрежа образувана од точки кои ги покажуваат положбите на структурните мотиви (атоми, молекули или групи на атоми, молекули или јони)

Просторно квантирање е ограничување, на дискретни вредности, на големината на компонентата од моментот на импулсот во однос на дадена оска.

Протеин е полимер од амино киселини со голема молекулска маса.

Протон е честичка во јадрото која носи фундаментална единица на позитивен полнеж и има маса од 1,0073 u.

Протон-акцептор е Бренштед-Лориева база. (Види исто така база.)

Протон-донор е Бренштед-Лориева киселина. (Види исто така киселина.)

Процентен принос е однос на експерименталната добивка со теоретската добивка на определена хемиска реакција изразен во проценти.

Процентен состав на некоја супстанца е масен удел на секој елемент во супстанцата изразен во проценти.

Процес на радијативно распаѓање е процес при кој молекулата ја отпушта енергијата на ексцитација во вид на фотон.

Прочистување е процес на отстранување на нечистотиите од метал со различни хемиски или физички средства.

Проширен валентен слој на централен атом во луисовска структура е слој кој може да смести повеќе од вообичаениот октет (8) на електрони.

Псеудохалогени се определени групи од атоми, како што се CN и OCN, кои имаат слични карактеристиките како халогените елементи.

Пуферски раствор е раствор кој содржи слаба киселина и нејзина конјугирана база или слаба база и нејзина конјугирана киселина. Ако се додаде мало количество од киселина една од компонентите на пуферот ќе го неутрализира, а при додавање на мали количества на некоја база тоа го неутрализира другата компонента. Како резултат на тоа, рН вредноста на растворот останува приближно константна.

Р

pKa е негативен логаритам од константата на јонизација на киселината: pKa = –log Ka.

pKb е негативен логаритам од константата на јонизација на база: pKb = –log Kb.

pKwе негативен логаритам од јонскиот производ на водата: pKa = –log Kw = –log(1,0 х 10–14) = 14 (на 25 ºС). (Види исто така јонски производ на водата.)

rad(апсорбирана доза зрачење) одговара на апсорпција на 1 х 10–2 Ј енергија на килограм материја.

rem (рендген еквивалент за човек) е rad помножен со фактор кој го зема предвид фактот дека различни типови на зрачење со иста енергија имаат различен ефект врз луѓето

Крут ротатор е тело што не се деформира при напрегањето поради ротацијата.

Сферен ротатор е крут ротатор со три еднакви момента на инерција.

Симетричен ротатор е крут ротатор со два еднакви момента на инерција.

Линеарен ротатор е крут ротатор со еден момент на инерција еднаков на нула.

Асиметричен ротатор е крут ротатор со три различни моменти на инерција

Работа е пренос на енергија со движење во спротивна насока од спротивставената сила, dw = –Fdz

Равенка на Ајнштајн и Смолуховски ги поврзува дифузиониот коефициент со параметрите кои се користат во формулацијата на моделот за произволно движење, D = λ2/2τ

Равенка на состојбата ги доведува во врска притисокот, волуменот, температурата и количеството супстанца: p = f(T,V,n)

Радиоактивен маркер е радиоактивен нуклид кој може да се користи за да се следат физичките или хемиските процеси преку јонизирачкото зрачење кое тој го емитира.

Радиоактивност (радиоактивно распаѓање) е спонтана емисија на јонизирачко зрачење од атомските јадра на некои изотопи.

Разредување е процес при кој се создава раствор со пониска концентрација од поконцентриран раствор со додавање на соодветно количество растворувач.

Раманска спектроскопија: молекулските енергетски нивоа се истражуваат со испитување на фреквенциите што се присутни во расеаното зрачење. Стоуксовско и антистоуксовско зрачење се расеано зрачење на пониска и на повисока фреквенција, соодветно, во однос на упадното зрачење. Рејлиевско зрачење е компонента на зрачењето расеано во упадната насока, без промена на фреквенцијата.

Раманската спектроскопија е спектроскопска техника што се користи за проучување на вибрационите, ротационите и другите ниско фреквентни модови на системот. Таа се заснова на нееластично расејување или раманско расејување на монохроматска светлина, обично ласерско во видливиот, блиско инфрацрвено или во ултравиолетовиот опсег. Ласерската светлина е воитеракција со молекуларните вибрации, фононите или други возбудувања на системот, што резултира во поместување на нивото на енергија на ласерските фотони нагоре или надолу. Енергетското поместување обезбедува информации за модовите на вибрации на системот

Рамнотежа е состојба која се достигнува кога два спротивни процеси се случуваат со еднакви брзини. Како резултат на рамнотежата, концентрациите (или парцијалните притисоци) на супстанците што реагираат остануваат константни во текот на времето.

Расел–Сондерсово спрегање е шема за спрегање базирана на претставата дека ако спин–орбиталното спрегање е слабо, тогаш тоа е ефективно само кога сите моменти на импулсот дејствуваат заедно

Раулов закон: додавањето на растворена супстанца го намалува притисокот на пареите на растворувачот, а намалувањето на притисокот на пареите е еднакво на молскиот удел на растворената супстанца.

р-блок е дел од периодниот систем во кој во процесот на изградба се пополнува np потслојот (р потслојот на надворешниот слој). Сите елементи од р-блокот се елементи од главните групи.

Реактант е појдовен материјал или супстанца која се троши во хемиска реакција. Формулите на реактантите се пишуваат на левата страна на хемиската равенка.

Реактивен материјал е тој кој има тенденција спонтано или бурно да реагира со воздух или вода.

Реакција на диспропорционирање е оксидационо-редукциона реакција во која една иста супстанца и се оксидира и се редуцира.

Реакција на таложење е хемиска реакција помеѓу јони во раствор како резултат на која се создава нерастворлива цврста супстанца – талог.

Реакцијата од прв ред има израз за брзината во кој збирот на експонентите е m + n + … = 1.

Реакционата Гибсова енергија е еднаква на наклонот на графикот од Гибсовата енергија наспроти досегот на реакцијата: ΔrG = (∂G/∂ξ)p,T; при рамнотежа ΔrG =0

Реакционата координата е множество од движења какви што се промените во меѓуатомските растојанија и валентните агли кои што директно се вклучени во образувањето на продукти од реактантите

Реакционен профил е шематски приказ на промените на енергијата при одвивањето на реакцијата. Профилот ги покажува енергиите на активација и енталпиите на реакцијата и ги идентификува енергиите на реактантите, на преодната(преодните) состојба(и) и на продуктите.

Реални гасови се оние кај кој молекулските интеракции се одразуваат врз равенката на состојбата; Реалните гасови покажуваат отстапувања од законот за идеален гас, бидејќи молекулите стапуваат во меѓусебни интеракции. Одбивните сили меѓу молекулите ја потпомагаат експанзијата, а привлечните сили ја потпомагаат компресијата :вистинскaта равенка на состојбата може да се изрази преку виријалните коефициенти B, C, ...: pVm = RT(1 + B/Vm + C/V 2m + ···).

Реверзибилна промена е промена која, со бесконечно мала модификација на променливата, може да се одвива во обратната насока

Регуларен раствор е раствор за кој НЕ≠ 0, но ЅЕ = 0.

Ред на врска се однесува на бројот на електронски парови во ковалентна врска– односно, дали во врската има еден пар (ред на врска = 1), два пара (ред на врска = 2) или три пара (ред на врска = 3). Во теоријата на молекулски орбитали, тоа преставува една половина од разликата помеѓу бројот на електрони во сврзувачки молекулски орбитали и бројот во антисврзувачки молекулски орбитали.

Редот на реакција е определен со експонентот на концентрацискиот член во законот за брзината на реакцијата: Брзина на реакција = k[A]m[B]n ….. Редот на реакцијата во однос на А е m; во однос на В е n; и така натаму. Вкупниот ред на реакцијата е m + n + …..

Редукција е процес во кој оксидациониот број на елементот се намалува. Тоа е полуреакцијата во оксидо-редукциона реакција во која се „примаат“ електрони.

Редукционо средство (редуктант) е супстанца која ја овозможува редукцијата која се случува во оксидационо-редукциона реакција. Самото редукционо средство се оксидира.

Редуцирана променлива е количникот од променливата и соодветната критична константа.

Резидуалната ентропија е ненулта ентропија при Т = 0 што произлегува од молекулската несреденост.

Резонанца – Состојбата на силно ефективно спрегање кога фреквенциите на двата осцилатора се еднакви

Резонанца е термин кој се користи за да се опише ситуацијата кога за да се претстави некоја единка со луисовска структура можат да се напишат неколку структури но не може да се напише вистинската структура. Веројатните структури се наречени резонантни структури. Вистинската структура која е комбинација од резонантните структури е наречена резонантен хибрид.

Релаксација означува враќање на системот во состојба на рамнотежа

Референтна состојба на некој елемент е неговата најстабилна состојба при специфицирана температура и 1 bar

Рицовиот комбинационен принцип вели дека брановиот број на секоја спектроскопска линија е разлика меѓу две спектроскопски енергетски нивоа, или термови: žu = T1 – T2

рН е негативен логаритам од концентрацијата на хидрониум јоните во раствор: pH = –log[H3O+].

рОН е негативен логаритам од концентрацијата на хидроксидните јони во воден раствор: рОН = –log[OH].

Ротатор е механички систем кој се состои од материјална точка или физичко тело што ротира околу фиксен центар.

Ротатор во квантната механика е ротатор кој се карактеризира со дискретни вредности на квадратот на орбиталниот аголен момент

Руда е минерал кој се јавува во природата, а кој содржи метал во облик и концентрација што овозможуваат негова екстракција.

С

Сврзовна линија: Линијата што сврзува две точки што претставуваат фази во рамнотежа

Сврзувачка молекулска орбитала е орбитала кај која во областа помеѓу двата сврзани атоми има голема електронска густина (електронска веројатност). (Види исто така, антисврзувачка молекулска орбитала и молекулска орбитала.)

Сврзувачка орбитала(2) е орбиталата која, кога е пополнета, придонесува кон јачината на врската помеѓу двата атоми

Сврзувачки пар е пар на електрони кој е поделен помеѓу два атома во молекула.

Силен електролит е електролит чија моларна спроводливост не значително зависи од концентрацијата. Слаб електролит е електролит чија моларна спроводливост е нормална при концентрации блиски до нула, но нагло опаѓа кон ниски вредности со пораст на концентрацијата

Симетриски број, sе бројот на ориентации на молекулата што не може да се разликуваат

Симетриски прилагодена линеарна комбинација (SALC) е комбинација на атомски орбитали прилагодени на симетријата на молекулата и употребени како градбени блокови за линеарна комбинација на атомските орбитали (LCAO)

Симетриските типови се ознаки за иредуцибилните репрезентации на групата

Систем е дел од светот за кој постои специјален интерес. Тоа може да биде реакционен сад, машина, електрохемиски елемент, биолошка клетка итн

Слободен радикал e многу реактивен атом или молекулски фрагмент кој се карактеризира со тоа што има еден или повеќе неспарени електрони. Слободните радикали се сметаат за интермедијари во некои хемиски реакции.

Слободна експанзија на гас е експанзија при непостоење на спротивставена сила.

Смектичка фаза (од грчкиот збор за „сапунест“), во која молекулите се подредуваат во слоеви

Смеса е вид на материја чиј состав и својства можат да варираат од еден примерок до друг. (Види исто така хетерогена смеса и хомогена смеса.)

Со делови од билион (parts per trilion, ppt) се изразува состав на смеса како број на делови на една компонента на билион делови од целата смеса, обично на база на маса за течни раствори и на база на молови за гасни смеси.

Со делови од милион (partspermillion, ppm) се изразува состав на некоја смеса како број на делови на една компонента на милион делови од целата смеса, обично на база на маса за течни раствори и на база на молови за гасни смеси.

Со молекулската геометрија се опишува геометриска фигура која се формира кога соодветните атомски јадра во една молекула или полиатомски јон ќе се поврзат со прави линии. Молекулската геометрија се однесува на геометрискиот облик на молекулата или полиатомскиот јон.

Соединение е супстанца која е составена од атоми на два или повеќе елементи, а различните атоми се сврзани во точно определени соодноси.

Состав е поим кој се однесува на видовите атоми и на нивните релативни соодноси во примерок од материјата.

Спектрометар е инструмент што ги детектира карактеристиките на расеаното, емитираното или апсорбираното зрачење од атоми или молекули.

Спектроскопски премини се промени во населеноста на квантираните енергетски нивоа на еден систем што вклучуваат апсорпција, емисија и расејување на електромагнетното зрачење, ΔЕ = hν

Спин е сопствен момент на импулсот на една фундаментална честичка

Спин–орбитално спрегање е интеракција на магнетниот момент на спинот со магнетното поле кое се должи на орбиталниот момент на импулсот.

Спонтани промени- оние промени за кои не е потребно да се изврши работа за да се одвиваат.

Спрегната реакција е таква реакција која вклучува два одделни процеси кои можат да се комбинираат за да се добие една реакција. Во најголем број од случаите, термодинамички неповолна реакција се комбинира со друга реакција за да се добие вкупна реакција која е термодинамички поволна.

Спроводна зона е делумно пополнета зона на енергетски нивоа кои се многу блиску разделени.

Стандардна енталпија на испарување, ΔvapHQ, е промената на енталпијата на еден мол чиста течност, која при1 bar испарува во гас на притисок од 1 bar

Стандардна енталпија на согорување, ΔcHQ,, е стандардната реакциона енталпија за комплетна оксидација на органско соединение до гасовит СО2 и течна вода Н2О, ако соединението содржи С, Н и О, а и до гасовит N2, ако соединението содржи и N.

Стандардна промена на енталпијата, ΔНQ е промена на енталпијата за процес во кој супстанците на почетокот и на крајот се во нивните стандардни состојби

Стандардната Гибсова енергија на образувањеfGQ) е стандардната реакциона Гибсова енергија за образување на соединението од елементите во нивните референтни состојби

Стандардната ЕМС е стандардната реакциона Гибсова енергија изразена како потенцијал: ЕQ= ΔrGQ/νF

Стандардниот потенцијал (ЕQ) на една двојка е стандардната ЕМС на елементот во кој двојката е десната електрода, а стан-дардната водородна електрода е левата електрода

Стандардната Гибсова енергија на образување јони се изразува на скала на која ΔfGQ (H+, aq) = 0 при било која температура

Стандардната реакциона Гибсова енергија може да се пресмета од стандардната Гибсова енергија на образување,

ΔrGQ = ∑продуктиνΔfGQ – ∑реактантиνΔfGQ = ∑JνJΔfGQ (J)

Стандардната реакциона ентропија се пресметува од изразот

ΔrSQ = ∑продукти νSmQ– ∑реактанти νSmQ

Спонтана емисија е радијативна емисија, независна од интензитетот на зрачењето (при било која фреквенција) што е веќе присутно.

Среден слободен пат е просечното растојание кое една молекула го поминува помеѓу судири: λ = c/z.

Средноквадратна брзина на молекулите е правопропорционална на квадратниот корен од температурата и обратнопропорционална на квадратниот корен од моларната маса

Стимулирана апсорпција е радијационо поттикнат премин од пониска во повисока енергетска состојба

Стимулирана емисија е премин од ниско енергетска во високо енергетска состојба што е побуден со електромагнетното поле што осцилира со фреквенцијата на преминот

Стимулирана раманска спектроскопија е вид спектроскопија каде стоуксовското и антистоуксовското зрачење во насоката на ширење се достатно силни за да предизвикаат дополнително расејување и, следствено, на молекулите во образецот да им предадат (или да примат од нив) повеќе кванти енергија.

Странично -центрираната кубична елементарната ќелија преставува коцка со структурни единки на секое од темињата и во центарот на секоја од страните (плоските) на коцката. (Види исто така елементарна ќелија.)

Структура со хексагонално густо пакување има едно од двете можни подредувања во кристалот со кое се постигнува густо пакување на структурните единки. Слоевите се подредени по редослед АВАВАВ. (Види исто така кубично густо пакување.)

Структурен фактор е вкупната амплитуда на дифрактираните бранови од {hkl} рамнините

Судирен флукс, ZW, е број на судири со површината во даден временски интервал поделен со плоштината и времетраењето на тој интервал: ZW = p/(2πmkT)1/2.

Судирна фреквенција е однос на бројот на судири на една молекула во даден интервал и времетраењето на тој интервал :z = σ c N , каде ефикасниот напречен пресек е σ = πd2.

Суперкритичен флуид е флуид на фаза со релативно голема густина, чии температура и притисок се над критичните вредности.

Суперспроводник е цврста супстанца што спроведува електричество без отпор

Сурово железо е сирово железо со голема количина на јаглерод кое се произведува со редукција на железна руда во висока печка. (???)

Т

Талог (преципитат) е нерастворливо соединение кое се формира со реакција во раствор.

Тафеловски график е график од логаритамот на бројната вредност на густината на струјата како функција од наднапонот. Наклонот ја дава вредноста за a, а отсечокот при η = 0 ја дава густината на струјата на размена

Температура на вриење (точка на вриење) на течност е температурата на која врие течноста – температурата на која парниот притисок на течноста е еднаков на надворешниот атмосферски притисок.

Температура на мрзнење (точка на мрзнење) е температурата на која течноста мрзне, односно течноста доаѓа во рамнотежа со цврстата супстанца. За чиста супстанца температурата на мрзнење и температурата на топење се исти.

Температура на топење (точка на топење) на цврста супстанца е температурата на која таа се топи, односно, тоа е температурата на која таа доаѓа во рамнотежа со течната фаза.

Температура на фазен премин е температурата при која две фази се во рамнотежа.

Температуратае својството што ја покажува насоката на поминување на енергијата низ цврст топлоспроводлив ѕид.Ако енергијата се пренесува од телото А кон телото В кога телата се во контакт, велиме дека А има повисока температура од В

Температурната зависност на Гибсовата енергија е дадена со Гибс–Хелмхолцовата равенка, ((G/T)/T)p = –H/T2.

Теорија на кристално поле е теорија за сврзувањето во комплексите која се фокусира на способноста на лигандите да доведат до расцепување на енергетското ниво на d-потслојот на металниот центар во комплексот.

Теорија на пертурбации е техника која дава приближни решенија на Шредингеровата равенка и во која хамилтонијанот за проблемот се изразува како сума од поедноставни хамилтонијани.

Теоријата за валентната врска (VB теоријата):образувањето на врската се третира како спарување на спиновите на електрон од атомска орбитала на едниот атом со електрон од атомска орбитала на другиот атом

Теоријата за преодната состојба претпоставува дека активиран комплекс е во рамнотежа со реактантите и дека брзината со која тој комплекс образува продукти зависи од брзината со која тој поминува низ преодната состојба. Резултатот е равенката на Ејринг, k2 = κ(kT/h)K–c‡.

Теоријата на судири вели дека за да настане реакција мора да дојде до судир меѓу молекулите и се претпоставува дека брзината е пропорционална на судирната фреквенција, стеричниот фактор и уделот на судирите што се случуваат со кинетичка енергија Ea долж линијата на нивните центри

Термално движење-несредениот начин на движење на молекулите

Термичка рамнотежа е условот при кој не доаѓа до промена на состојбата кога две тела А и В ќе се доведат во контакт преку дијатермички ѕид

Термодинамика е наука за изучување на трансформациите на енергијата.

Термодинамичка равенка на состојбата е израз за притисокот изразен преку термодинамички величини pТ = (p/T)V – p.

Термотропен течен кристал има премин во течнокристална фаза при промена на температурата

Термохемија е гранка на термодинамиката која ја проучува енергијата пренесена како топлина за време на течењето на хемиските реакции

Течен кристал е физички облик на супстанца кој има својства на течност, а оптички својства на кристална цврста супстанца.

Топење е процес во кој цврстата супстанца преминува во течност.

Топлина (q) е пренос на енергија во или од еден систем предизвикана од разликата на температурата помеѓу системот и неговата околина.

Топлина на реакција (qrxn) е количичната на топлина која се разменува помеѓу системот и неговата околина кога се одвива хемиска реакција при константна температура и притисок.

Топлинска спроводливост е пренос на енергија долж температурен градиент

Топлинска теорема на Нернст тврди дека промената на ен-тропијата што ги придружува физичките и хемиските транс-формации се стреми кон нула кога температурата се доближува до нула: ΔS0 кога Т0, доколку сите супстанци што се среќаваат се совршено средени

Топлински капацитет (С) на систем е количина на топлина потребна да се покачи температурата на систем за 1 ºС или 1 K.

Точковна група е група на операции на симетрија кои оставаат најмалку една заедничка точка неизместена.

Точностa на група мерења е определена од блискоста на средната вредност од групата мерења со најверојатната барана вредност.

Трансмитанца Т- количникот на интензитетот на пропуштениот (transmitted), I, и упадниот сноп, I0, при дадена фреквенција

Траутновото правило вели дека многу нормални течности имаат приближно иста стандардна ентропија на испарување (околу 85 Ј K–1 mol–1)

Трет принцип на термодинамиката: ентропијата на сите совршено кристални супстанци е нула при Т0

Тројна точка е точка на фазниот дијаграм на која се среќаваат трите фазни граници и сите три фази се во заемна рамнотежа

Тунелирање е пенетрација во или низ класично забранети области

Ќелија за електролиза е електрохемиски елемент во кој една неспонтана реакција е поттикната со надворешен извор на струја.

У

 

Уточнување на структурата претставува дотерување на структурните параметри за да дадат најдобра согласност меѓу измерените интензитети и оние пресметани од моделот на структурата определена од дифракционите својства

Ф

Фаза е форма на материјата што е целосно униформна по хемиски состав и физичка состојба

Фазен дијаграм е график на зависноста на притисокот и температурата кој укажува на условите при кои, во рамнотежа, супстанцата постои како цврста, течност, гас или некоја комбинација од нив.

Фазен премин од втор ред е оној при кој првиот извод на μ во однос на температурата е континуиран, но вториот извод е дисконтинуиран

Фазен премин од прв ред :Премин за кој првиот извод на хемискиот потенцијал во однос на температурата е дисконтинуиран

Фазна граница е линија што раздвојува области во фазниот дијаграм, на која се прикажани вредности на р и Т при кои две фази коегзистираат во рамнотежа

Фазна промена е промена од една фаза во друга, како, на пример, од цврста во течна или од течна во гасовита.

Фактор на компресија(компресиониот фактор), Z, на еден гас е количникот на мерениот моларен волумен, Vm = V/n и моларниот волумен на идеален гас, V°m, при исти притисок и температура:

Фактор на конверзија е однос на изрази– еквивалентен на бројот 1 – кој се користи да се претворат единиците во кои се изразува некоја величина.

Фактор на расејување е мерка за способноста на еден атом да дифрактира зрачење

Фан дер Вaлсовата равенка на состојбата е апроксимација на вистинската равенка на состојбата, во која привлечните сили се прикажани со параметарот а, а одбивните – со параметарот b: p = nRT/(V – nb) – a(n/V)2.

Фант Хофова равенка за осмотскиот притисок е Π = [B]RT каде [B] = nB/V e моларната концентрација на раствореникот

Фарадеева константа (F) е електричен полнеж, во кулони, на мол електрони –96485 C/mol.

Фермион е честичка со полуцел спински квантен број

Феромагнетизам е магнетен ефект многу посилен од парамагнетизмот и поврзан со железо, кобалт, никел и определени легури. За да се појави потребно е атомите да бидат и парамагнетни и со определена големина за да можат да се формираат магнетни домени.

Физисорпција е атсорпција со фандервалсовска интеракција;

Физичката состојба на даден образец од некоја супстанца е дефинирана со неговите физички својства. Два различни обрасца од една супстанца што имаат идентични физички својства се наоѓаат во иста состојба

Физичко својство е карактеристика на примерок од материјата чија промена не доведува до промена во составот.

Фиксирање на азот (азотофиксација) претставува претворање на атмосферскиот азот (N2) во вид на азотни соединенија. Ова се случува природно во азотниот циклус и вештачки при синтеза на амонијак. (Види исто така азотен циклус.)

Фина структура е структурата на спектарот која се должи на спин-орбиталното спрегање

Флокулацијае повратна агрегација на колоидни честички

Флотација е металуршки метод со кој рудата се одовјува од јаловината, која се заснова на селективно квасење на рудата со површинско активни средства.

Флукс, J, е големина на својство кое се пренесува низ дадена површина и дадено време, поделена со плоштината и времетраењето на временскиот интервал

Флуоресценција процес при кој доаѓа до спонтана емисија на зрачење за неколку наносекунди по исклучувањето на ексцитирачкото зрачење

Формален полнеж, концепт кој се користи при пишувањето на луисовски структури, е бројот на валентни електрони во изолиран атом минус бројот на електрони кои ги има атомот во луисовската структура.

Формулна единка е наједноставна комбинација на атоми или јони во согласност со формулата на соединението. Во јонски соединенија тоа е најмалиот можен електронеутрален збир од јони.

Формулска маса е масата на формулната единка во однос на масата на атомот на јаглерод-12. Таа е збир од масите на атомите или јоните кои се претставени со формулата.

Фосфоресценција пак, е спонтаната емисија може да опстои подолг период (дури и неколку часа, но почесто неколку секунди или дел од секунда)

Фотоволтина ќелија e уред кој користи полуспроводници за да ја конвертира соларната енергија (светлината) во електричество.

Фотодисоцијација е фрагментација на молекулата по апсорпцијата на електромагнетно зрачење.

Фотоелектричен ефект е исфрлање електрони од метали, кога последниве се изложени на ултравиолетово (или видливо) зрачење: 1/2mev2 = hν –Φ, каде Φ е излезната работа, енергијата потребна да се отстрани електрон од металот во бесконечност

Фотоелектричен ефект претставува емисија на електрони од површината на определени материјали кога апсорбираат светлина со соодветна фреквенција.

Фотоелектронска спектроскопија (photoelectron spectroscopy,PES)- техника со која може да се измери јонизационата енергија на молекулата при исфрлање на електрони од различни орбитали со помош на фотони со соодветна енергија, а оваа информација потоа да се користи за да се добие енергијата на молекулските орбитали

Фотоизомеризација – претворање на еден хемиски вид во некој од неговите изомери (особено геометриски изомери) при апсорпција на електромагнетно зрачење.

Фотојонизација – исфрлање на електрон по пат на апсорпција на електромагнетно зрачење.

Фотон е квант на енергија во облик на светлина. Енергијата на фотонот е зададена со изразот E = hn.

Фотоотклонување е процес кој се базира на поместување до кое доаѓа кога еден фотон ќе се апсорбира од атом и импулсот на фотонот(што е еднаков на h/λ) ќе се пренесе врз атомот

Фотохемиски смог е воздух кој е загаден со оксиди на азот и несогорени јаглеводороди заедно со озон и неколку други компоненти кои се создаваат под дејство на сончевата светлина.

Фракциона дестилација е метод за раздвојување на испарливи компоненти од раствор кои имаат различен притисок на пареите и температури на вриење. Таа вклучува повеќекратни испарувања и кондензации кои се одвиваат континуирано во дестилациона колона.

Фракциона кристализација е метод за прочистување на цврстата супстанца со нејзино растворање во соодветен растворувач и со менување на температурата на растворот до вредност кога растворливоста на раствореникот е помала (обично на пониска температура). Вишокот раствореник кристализира како чиста цврста супстанца, а растворливите нечистотии остануваат во растворот.

Фреквенција (n) на бран е број на циклуси на бранот (број на бранови должини) кои поминуваат низ некоја точка во единица време.

Френк–Кондонов принцип: Бидејќи јадрата се многу помасивни од електроните, електронските премини се случуваат многу побргу отколку што јадрата имаат време да одговорат

Фундаменталната равенка гласи dU = TdS – pdV

Функции од патот:Процесите, пак, што ја опишуваат подготовката на состојбата на пример работата и топлината

Функција на состојбата е својство што зависи само од моментната состојба на системот и е независно од тоа на кој начин е дојдено во таквата состојба

Функционална група е атом или група од атоми поврзани со или во јаглеводородна верига или прстен која и дава на целата молекулата карактеристични својства.

Фуриеовата синтеза претставува конструкција на распределбата на електронската густина од структурните фактори

f-блок е дел од периодниот систем во кој (n – 2)f потлсојот (f потслојот на надворешниот слој кој е втор по ред од надвор) се пополнува во изградбениот процес. f-блокот се состои од лантаниди и актиниди

Ĥψ = Eψ и е збир на операторите на кинетичката и потенцијалната енергија.

μΑ= μA* +RF ln xA.

Х

Хајзенбергови принцип на неопределеност вели дека е невозможно истовремено да се определи, со произволна прецизност, и импулсот и положбата на една честичка: ΔрΔq≥ 1/2ћ

Хамилтоновиот оператор е оператор на вкупната енергија на системот,

Хандерсон-Хазелбаховата равенка се користи за да се поврзе рН вредноста на раствор на слаба киселина и нејзината конјугирана база со pKa на слабата киселина и со односот на стехиометриската концентрација на конјугираната база со таа на слабата киселина: pH = pKa + log ([конјугирана база]/[слаба киселина])).

Хармониско движење е движење во присуство на возвратна сила пропорционална на поместувањето, F = – kx, каде k е силовата константа. Како последица, V = kx

Хелат е петто- или шесточлена прстенеста структура која се создава во комплекси преку поврзување на еден или повеќе полидентатни лиганди со комплексообразувачот.

Хелмхолцова енергија е А = U – TS.

Хемијата е наука за составот, структурата и својствата на материјата и на промените кои се случуваат во материјата.

Хемиска врска е сила која ги држи заедно атомите во молекули или јоните во кристалите.

Хемиска кинетика е наука за брзините на хемиските реакции, факторите кои влијаат на брзините и механизмите на реакциите.

Хемиска номенклатура е систематски начин на поврзување на имињата со формулите на хемиските соединенија.

Хемиска промена. Види хемиска реакција.

Хемиска равенка е опис на хемиска реакција која користи симболи и формули за да ги претстави елементите и соединенијата вклучени во реакцијата. Пред секој симбол или формула стојат нумерички коефициенти кои укажуваат на молските односи на учесниците.Тие се потребни за да се израмни хемиската реакција.

Хемиска реакција е процес во кој примерок од материја претрпува промена во составот и/или структурата на нејзините молекули. Една или повеќе појдовни супстанци (реактанти) се трансформираат во една или повеќе нови супстанци (продукти).

Хемиската формула го покажува составот на соединението преку симболи на присутните елементи и индекси кои укажуваат на релативниот број на атоми од секој елемент.

Хемиски потенцијал на идеален гас е μ = μQ+ RT ln(p/pQ), каде μQ e стандардниот хемиски потенцијал, хемискиот потенцијал на чист гас при 1 bar

Хемиски симбол е приказ на елемент кој се состои од една или две букви изведени од англиското име на елементот (или понекогаш од латинското име на елементот или на едно од неговите соединенија).

Хемискиот потенцијал μ на чиста супстанца е моларната Гибсова енергија на таа супстанца.Хемискиот потенцијал е униформен во целиот систем што е во рамнотежа.Хемискиот потенцијал зависи од температурата како(μ/Т)р = –Sm, a од притисокот како (μ/p)T = Vm.

Хемискиот потенцијал може да се дефинира и преку парцијалната моларна Гибсова енергија, μJ = (∂G/∂nJ)p,T,n'.

Хемискиот потенцијал на компонента во идеален раствор е даден со :

Хемискиот потенцијал на раствореникот во еден идеално-разреден раствор е даден со μB = μB* + RTlnaB

Хемиско поместување е термин кој се користи во спектроскопијата со нуклеарно-магнетната резонанца (NMR) за да се укаже на локацијата на апсорпциониот пик релативно во однос на стандардот. Големините на хемиските поместувања може да се искористат за да се определат структурните карактеристики на молекулите.

Хемиско својство е карактеристика која ја пројавува материјата при промена на составот.

Хемисорпција е атсорпција со образување на хемиска (обичноковалентна) врска

Хенриев закон :растворливоста на гаотс е правопропорционална на парцијалниот притисок на гасот кој е во рамнотежа со растворот.

Хенриев закон-Ако гасот не стапува во хемиска реакција со растворувачот, тогаш неговата концентрација во растворот при константна температура е правопропорционален ep = e kcкаде р е парцијален притисок на гасот врз растворот, с еc {\displaystyle c\,} концентрацијата на гасот во растворот аk е

k {\displaystyle k\,} Хенриева константа, која што има единици како L·atm/mol, atm/(дел од мол) или Pa·m3/mo

Хесов закон: промената на енталпијата на реакција е константна, без разлика дали реакцијата се изведува директно во еден чекор или индиректно преку определен број на чекори.Или:Стандардната енталпија на сумарната реакција е сума на стандардните енталпии на индивидуалните реакции на кои реакцијата може да се раздели

Хетерогена смеса е смеса во која составот и/или својствата варираат од една до друга област во смесата.

Хибридизација е хипотетички процес во кој чистите атомски орбитали се комбинираат за да се добие множество од нови орбитали наречени хибридни орбитали со кои се опишува ковалентното сврзување со методот на валентна врска. (Види исто така ѕр, ѕр2, ѕр3, ѕр3d,sp3d2 хибридизација.)

Хибридни орбитали се формираат со комбинирање на атомски орбитали за да се образува множество од нови орбитали.

Хидролиза(во општ случај) е реакција на некоја супстанца со водата во која и супстанцата и водата се јонизираат. Во полимитиран случај, тоа е киселинско-базна реакција помеѓу некој јон и водата.

Хидролошки циклус (циклус на водата) е серија од процеси кои се случуваат во природата со кои водата се рециклира во околината – цврстата кора на Земјата, океаните и базените со свежа вода и атомосферата.

Хидрометалургија е екстракција на метал од неговите руди со процеси кои вклучуваат вода и водни раствори.

Хипертоничен раствор е раствор кој има осмотски притисок поголем од тој на телесните течности (крв, солзи). Хипертоничниот раствор има поголем осмотски притисок од тој што го има изотоничниот раствор.

Хиперфина структура:Најважното својство на EPR спектрите е нивната хиперфина структура, односно расцепувањето на компоненти на одделните резонантни линии

Хипотеза е објаснување или предвидување кое се однесува на некој феномен кое може да се провери.

Хипотоничен раствор е раствор кој има осмотски притисок помал од тој на телесните течности (крв, солзи). Хипотоничниот раствор има понизок осмотски притисок од тој на изотоничен раствор.

Хирален јаглерод е јаглероден атом кој е поврзан со четири различни групи.

Хирална молекула(од грчкиот збор за „рака“) е молекула што не може да се преклопи со својот огледален лик. Ахирална молекула е молекула која може да се преклопи со својот огледален лик. Хиралните молекули се оптички активни што значи дека ја вртат рамнината на поларизација на поларизираната светлина

Холестерична фаза (од грчкиот збор за горчлива цврста супстанца) молекулите лежат во слоеви под агли што по малку се менуваат од слој до слој

Хомогена смеса е смеса која има ист состав и својства низ целата смеса.

Хомологна серија (хомолошка низа) е серија (низа) од органски соединенија чии формули и структури се менуваат на правилен начин и чии својства можат да се предвидат врз основа на ваквата правилност.

Хромофори- Групи со карактеристични оптички апсорпции се наречени хромофори (од грчкиот збор за „носител на боја“) и нивното присуство обично ја објаснува бојата на супстанците

Хундово правило за максимален мултиплицитет: Атомот, во неговата основана состојба, се здобива со конфигурацијата со најголем број неспарени електрони

Хундовото правило :прво се пополнуваат атомски орбитали со идентична енергија со по еден електрон, а потоа доаѓа до спарување на електроните. Покрај тоа, електроните во единечно пополнетите орбитали имаат паралелни спинови

Ц

Цврсти честички се загадувачи на воздухот кој се состои од цврсти и течни честички со поголема големина на молекулите но сепак доволно мали да останат суспендирани во воздухот.

Централен атом во молекула или полиатомски јон е атомот сврзан со два или повеќе други атоми.

Црното тело е објект што ги емитира и апсорбира сите фреквенции на зрачењето

Целзиусовата и термодинамичката температура се поврзани со

T/K = θ/°C + 273,15.

Цис изомерите во органските молекули имаат две супституентски групи поврзани на два атоми на иста страна на двојната врска или долж истиот раб на квадратно планарен или октаедарски комплексен јон. (Види исто така геометриска изомерија.)

Циркуларна поларизација е поаризација на светлината при која електричното и магнетното поле ротираат околу насоката на ширење во насоката на стрелката на часовникот или во обратната насока, но остануваат нормални на оваа насока, а и меѓусебно

Циркуларен дихроизам: Разликата во апсорпцијата на лево и десно циркуларно поларизирана светлина

Џ

Џул (Ј) е основна единица за енергија во SI. Тоа е работата која ја врши сила од 1 њутн (N) која делува на растојание од 1 метар. Односно, 1Ј = 1 N m = 1 kg m2 s–2.

Ш

Шарлов закон: волуменот на точно определено количество гас на константна температура е правопропорционален на неговата Келвинова температура. Односно, V знак T, или V = constant x T.

Шема на електрохемиска ќелија е шематски приказ на електрохемиска ќелија.

Штарков ефект-расцепувањето на состојбите со електрично поле

 

Каталог непознати зборови по физичка хемијаПреземи го каталогот непознати зборови по физичка хемија во pdf

донирај

Генерален спонзор

генерален спонзор

Пријатели на науката

спонзор
спонзор
спонзор

Хемија за сите

Слатко од смокви – пример за „Народна хемија“

Нашите прабаби можеби немале формално знаење од хемија како што го имаме денес, но ...


Креми за сончање

Потенцијални ризици поврзани со употребата на креми за сончање


Подемот и падот на барбитуратите

Некогаш многу популарни, а денес, контролирани супстанци, со минимална медицинска употреба


Антоан Лоран де Лавоазје

Лавоазје - даночникот кој ги постави темелите на хемијата како вистинска наука


>>Види повеќе слични содржини!

Презентации и поимници

Презентации за основно образование

e hemija

Презентации за средно образование

hemija .ppt

Контактни информации:

e-hemija logo

Здружение за унапредување и развој на образованието и науката
„Е-ХЕМИЈА“ – Прилеп

Испрати порака:
e-hemija контакт

Е-Хемија на Facebook:
e-hemija facebook

Е-Хемија на Twitter:
e-hemija facebook

Пријатели на науката:

Здружение за унапредување и развој на образованието и науката „Е-ХЕМИЈА“ – Прилеп
Copyright © 2024 ehemija.mk

WebDesign www.nainternet.mk

e-hemija