Хемија за сите

Велигденска хемија

Од хемиски аспект да ја разгледаме традицијата на боење на велигденски јајца

Иако најголемиот христијански празник Велигден помина, сепак, убаво е од хемиски аспект да ја разгледаме традицијата во која сите сме учествувале и на која се радуваме: боење на велигденски јајца!

Секоја домаќинка има своја тајна како ги вапцува јајцата но сите знаат дека е добро додавање на оцет во мешавините на бои за да се добие поживописна боја. Ајде да погледнеме каква е хемијата што се крие во овој процес!!

Сепак, пред да навлеземе во хемиското објаснување, проверете дали не заборавивте да ги сварите јајцата, за да не направите хаос.

Основното боење на јајцата се состои од комбинирање на зовриена вода со оцет и прехранбена боја. Станува збор за синтетички бои направени од органски молекули. Го ставате тврдо вареното јајце во бојата и таа се впива во лушпата.

boi za jajcaНајчесто користени бои

Во растворот додаваме оцет од неколку причини. Најважно е дека кога ќе се додаде оцет во бојата, бојата станува многу „пожива“. Кога ќе го спуштите јајцето во растворот, лушпата реагира со оцетна киселина (оцет) формирајќи меурчиња од гас, јаглерод диоксид. Ова предизвикува лушпата да почне да се распаѓа, дозволувајќи да се формира поголема површина што значи дека повеќе од јајцето се изложува на бојата. Протеините во долниот слој на лушпата од јајцето стануваат позитивно наелектризирани (протонизирани) од оцетната киселина во оцетот. Кога тоа ќе се случи, површината на јајцето има позитивен полнеж што ја привлекува негативно наелектризираната боја што прави ефект-повеќе и подобро да се залепи бојата на јајцето. Истиот процес може да се користи со други киселини како сок од портокал или сода, но користењето оцет е најдобро поради неговата моќ и сила како киселина. Плус е безбоен! 

boja na jajca za velgden

Кога ги гледаме бојадисаните (вапцаните) јајца, она што го гледаме е светлината што се рефлектира од површината на јајцето a ова се случува кога светлината удира на површината. Одредена бранова должина на бои се апсорбираат додека другите се рефлектираат. Боењето на јајцата го менува молекуларниот состав на површината, со што се менува начинот на кој светлината се апсорбира или рефлектира.

вапцани јајца Велигден

Сега за самите бои! Купените прехранбени бои се најчесто користени, но можете да направите природни бои користејќи овошје, зеленчук и зачини што можете да ги најдете низ куќата. Ако сакате да пробате сина/виолетова боја, зовријте црвена зелка, црвената/портокалова боја може да дојде од цвекло, а жолтите/портокаловите бои може да потекнуваат од растенијата куркума.

вапцување јајца

 

Црвеното јајце-симболот на Велигден

црвени јајца

Allura Red AC е црвена азо боја која носи неколку имиња, на пример Red 40. Се користи како прехранбена боја и има Е број Е129.Обично се испорачува како нејзина црвена натриумова сол, но може да се користи и како соли на калциум и калиум. Овие соли се растворливи во вода.

црвена боја за јајца

Allura Red е произведена со синтеза на диазотизирана 5-амино-4- метокси-2-толуенсулфонска киселина со 6-хидрокси-2-нафтален сулфонска киселина во реакција на азо спојување.

Бетанин е црвена гликозидна прехранбена боја која се добива од цвекло; неговиот агликон, добиен со хидролизирање на молекулата на глукоза, е бетанидин. Како додаток на храна, неговиот Е број е E162.

Бојата на бетанинот зависи од pH вредноста; помеѓу четири и пет е светло синкаво-црвено, станува сино-виолетово како што се зголемува pH вредноста. Штом pH ќе достигне алкално ниво, бетанинот се разградува со хидролиза, што резултира со жолто- кафеава боја.

боја за јајца

Антоцијаните се црвено-сини пигменти. Тие припаѓаат на групата пигменти растворливи во вода. Нивната боја се менува од црвена во сина со зголемување на концентрацијата на јоните OН-, и од сина во црвена со зголемување на концентрацијата на OCH јоните. Значи, бојата на антоцијаните зависи од вредноста на рН.

велигденски јајца

Куркуминот е светло жолта хемикалија произведена од растенија од видот Curcuma longa. Тоа е главниот куркуминоид на куркумата (Curcuma longa), a се продава како хербален додаток, козметичка состојка, арома на храна и боја за храна.

куркума боја за јајца

И на крај најстариот начин - боење со бакам, боја од растително потекло, од растителниот вид Caesalpinia bahanmensis, кои даваат најразлични бои!

бојосување јајца

Автор на статијата: Блаже Димески
11 мај 2024
Стршлените ќе ни помогнат во борбата против мамурлакот?

Постои суштество во животинското царство од кое ќе се засрами дури и најискусниот пијаница

Терпените – ароматичната хемија на природата

Замислете го освежувачкиот мирис на борови шуми ... или смирувачката арома на лаванда

Марија Склодовска Кири

Жената која донесе светлина во светот

>> Прочитај повеќе слични содржини!   

донирај

Генерален спонзор

генерален спонзор

Пријатели на науката

спонзор
спонзор
спонзор

Презентации и поимници

Презентации за основно образование

e hemija

Презентации за средно образование

hemija .ppt

Контактни информации:

e-hemija logo

Здружение за унапредување и развој на образованието и науката
„Е-ХЕМИЈА“ – Прилеп

Испрати порака:
e-hemija контакт

Е-Хемија на Facebook:
e-hemija facebook

Е-Хемија на Twitter:
e-hemija facebook

Пријатели на науката:

Здружение за унапредување и развој на образованието и науката „Е-ХЕМИЈА“ – Прилеп
Copyright © 2025 ehemija.mk

WebDesign www.nainternet.mk

e-hemija