Хемија за сите

Сквален, неверојатно хемиско соединение

Дали знаете која е сличноста меѓу жените и ајкулите?

Не, не тоа што мислите туку една хемиска супстанца наречена сквален која ја има во вагиналниот секрет кај жените а кај ајкулите се синтетизира во црниот дроб.

Тоа е соединение кое служи како лубрикант т.е природен подмачкувач. Затоа се мислело дека и кај ајкулите има таква улога: оддалеку гледано, ајкулите изгледаат мазни, скоро лизгави, со сјајна кожа и се мислело дека скваленот како лубрикант е заслужен за нејзиното елегантно движење низ водата. Но одблизу може да се види дека кожата е рапава, со редици крлушки кои личат на минијатурни заби. Овие лушпи не само што ја штитат ајкулата, тие се „ежат“ како крзно и ја туркаат вода под нив при движењето уште поефикасно и со помал отпор. И така, тие го ловат својот плен. Побрзо. Потивко. Со помал отпор.

кожата на ајкулата

Скваленот е полинезаситен течен јаглеводород, моќен антиоксиданс, што нашето тело само го создава. Го има во флората и фауната, а го има и во некои видови храна (маслиново масло, масло од пченични никулци, амарант, итн.)

Оваа супстанца за прв пат е откриена и изолирана во почетокот на XX век (во 1906 година), од јапонски научник Mittsumaro Tsudzhimoto како дел од црн дроб на ајкула, и од него потекнува нејзиното име. (од латинскиот "squIus" - ајкула).

Скваленот е органско соединение што спаѓа во групата на тритерпени со формула (C5H8) 6. Според својата структура, изопреноидот е сличен на бета-каротен, витамин А и витамин Е, но за разлика од нив, кои докажано се токсични за човечкото тело во поголеми дози, скваленот се формира во човечкото тело за време на нормалните физиолошки процеси и затоа нема штетни ефекти.

Системското име е (6E,10E,14E,18E)-2,6,10,15,19,23-хексаметилтетракоза-2,6,10,14,18,22-хексаен.

Се наоѓа во форма на безбојна- масловидна течност  иако некогаш може да биде со жолтеникава боја заради разни примеси и нечистотии.

сквален

skvalen

Ова неверојатно хемиско соединение, дури и во микроскопска количина, може да направи чуда а еве зошто!

Лечи:

  • егзема;
  • трофични улцери;
  • псоријаза;
  • атеросклероза;
  • висок крвен притисок;
  • превенира срцеви удари;
  • артритис;
  • синдром на хроничен замор;
  • проблемите со подмачкување на окото;
  • настинка;
  • дијабетес;
  • онкологија;
  • инфективни заболувања на респираторниот тракт
  • елиминацијата на отрови и загадувачи

Лекарите претпоставуваат дека ајкулите се многу отпорни на тумори токму поради големото присуство на сквален во ткивото на нивното тело.

Во козметиката се користи затоа што:

  • Го спречува процесот на стареење и го продолжува животот.
  • Делува навлажнувачки и подмачкувачки на кожата, ја прави поеластична, свиленкаста и мека,
  • „Пегла“ брчки
  • Го спречува развојот на патогени бактерии.
  • Ги зајакнува косата и ноктите

Вакцина од сквален

Една од супстанците што ја користат фармацевтските компании за изработка на вакцини е токму скваленот како состојка што ја зголемува ефикасноста на вакцината со создавање на посилен имунолошки одговор.

Британската фармацевтска компанија GlaxoSmithKline во моментов го користи ова масло за да направи вакцина против грип.

Половина милион ајкули може да бидат убиени поради природното масло што го произведуваат, а кое би се користело за вакцини против коронавирусот. За да се избегне ова, научниците тестираат алтернатива на скваленот, синтетичка верзија направена од ферментирана шеќерна трска (фитосквален).

Автор на статијата: Блаже Димески
10 септември 2021
Сер Вилијам Ремзи

Хемичарот кој додаде уште една група во Периодниот систем на елементите

Историјата на огледалото

Огледалото, како предмет, e еден од безвременските цивилизатори на човештвото

Молекуларни магнети

Дилантанидните комплекси би можеле да го отворат патот за нов вид на супермоќни перманентни магнети

>> Прочитај повеќе слични содржини!   

Генерален спонзор

генерален спонзор

Хит-твит

hit-tvit

Пријатели на науката

спонзор
спонзор
спонзор

Презентации и поимници

Презентации за основно образование

e hemija

Презентации за средно образование

hemija .ppt

Контактни информации:

e-hemija logo

Здружение за унапредување и развој на образованието и науката
„Е-ХЕМИЈА“ – Прилеп

Испрати порака:
e-hemija контакт

Е-Хемија на Facebook:
e-hemija facebook

Е-Хемија на Twitter:
e-hemija facebook

Пријатели на науката:

Здружение за унапредување и развој на образованието и науката „Е-ХЕМИЈА“ – Прилеп
Copyright © 2023 ehemija.mk

WebDesign www.nainternet.mk

e-hemija