Откако научниците увидоа дека залудно алармираат за ефектите од глобалното затоплување и дека ни владите ни стопанствениците не се заинтересирани за намалување на емисијата на стакленички гасови, решија да делуваат на поинаков начин: Ако вие не го намалувате испуштањето, тогаш ние ќе го зголемиме отстранувањето!
* Секвестрација на новолатински- sequestration: привремено одземање на имот; издвојување, заробување...
Секвестрацијата на јаглеродот во суштина е едноставна идеја која ги воодушеви научниците, властите и светската економија бидејќи донесе одлично решение за намалување на емисиите на CO2 без поголеми шокови во системот. Процесот подразбира собирање гасови богати со јаглерод и негови оксиди преку колектори и отстранување на тој начин што се испумпува во басени на солена вода т.е мориња и океани како густ, течен јаглерод диоксид под притисок во просторот под морското дно!
Друг начин е не само да се фати јаглерод диоксидот и да се пумпа под земја, туку и да го складира трајно во форма на цврсти материи. Овие минерали што содржат јаглерод, кои се претежно „карбонати“ како што се калцитот и магнезитот и можат да го складираат јаглерод диоксид илјадници години. Некои компании прскаат базна хемикалија како што е калиум хидроксид за да го врзе и извлече јаглерод диоксид од воздухот.
2 KOH + CO2 → K2CO3 + H2O
Трет начин е реверзибилна реакција на горењето: Фосилните горива, како што е бензинот (еден вид на течен јаглеводород), се комбинираат со кислород за да подлежат на реакција на согорување во нашите автомобили и имаат јаглерод диоксид и вода како краен продукт. Многу научници се обидуваат да ја променат оваа реакција со земање јаглерод диоксид и вода и да ги претворат назад во гориво и кислород.
Најнова техника е полуконтинуирана техника на зафаќање на CO2 од гасни смеси со разредени (0,83 mol dm−3) водни раствори на Na2CO3 со доволно висока апсорпциона ефикасност (околу 80%) во комбинација со речиси квантитативно производство на висока квалитетни CaCO3 и CO2 минимизирајќи ги енергетските потреби бидејќи целиот процес се одвивана собни услови. Високо чистите CaCO3 и CO2 обновени со процесот се вредни продукти кои имаат потенцијал да ги намалат трошоците за процесот на зафаќање на CO2.
Друга метода со коритење на хемиски процеси е каталитичка конверзија на јаглерод диоксидот во метанол, кој е една од топ 5 индустриски потребни хемикалии!
Исто така, овој оксид може да се претвори во етанол или со каталитичка конверзија, или со електрохемиска синтеза со користење на Cu-Zn електрода!
Технологијата веќе постои, така што секвестрацијата на јаглерод диоксид може да биде поефикасна од напорите во однос на алтернативни извори на енергија.
Една од важните пречки е цената од 50 американски долари за тон „закопан“ јаглерод, која може да се намали со стимулации кон енергетскиот сектор и со понатамошен развој на технологиите. Дополнително, забележлив е моменталниот недостаток на детални научни сознанија од оваа област, иако пилот-проектите дадоа добри резултати. Научниците се согласуваат дека се потребни експерименти од многу поголеми размери за да се стабилизира примената на одредени технологии кои би го направиле отстранувањето на вишокот јаглерод рутинска процедура во иднина.
Едноставното ставање дополнителен јаглерод под земја има помалку смисла отколку екстракција на јаглерод диоксид и ставање во пазарен производ кој има економска вредност. За среќа, неколку компании и научници одбија да го следат овој пат. Многу истражувачи размислуваат да вградат цврсти форми на јаглерод во градежни материјали како што се челик и цемент, индустрија која веќе има високи емисии на јаглерод.
На тој начин ги враќаме материјалите што би можеле да ги користиме, како што се композитите од јаглеродни влакна и други форми на складиран јаглерод и тоа би бил безвременски начин на складирање.
Хемичарите создадоа кристали за екстракција на влагата од воздухот со нула потрошена енергија
Извонредно баксузен, скромен фармацевт кој откри осум елементи и не доби признание за ниту еден од нив
WebDesign www.nainternet.mk