Хемија за сите

Реактивни кислородни видови

Сите знаеме колку е важен кислородот за живите суштества, но неговата реактивност создава и сериозни физиолошки проблеми.

Реактивните видови на кислород се метаболитички продукти, формирани од два вида клетки кои се вклучени во метаболизмот - ендоплазматичниот ретикулум и митохондриите.

Реактивните кислородни видови како што се О2- (супероксиден јон), H2O2 (водород пероксид) и ·OH (хидроксилен радикал) имаат бројни биолошки ефекти. Тие можат да ги уништат бактериите но и да ги мутираат и уништат човечките клетки, да  доведат до појава на сериозни болести како рак, мозочен удар, воспалителни процеси,кардиоваскуларни проблеми и слично.

Реактивните видови на кислород се произведуваат континуирано кај сите животни кои дишат воздух. Бидејќи нормалниот метаболички пат зависи од потрошувачката и хемиската употреба на кислород, производството на реактивни видови на кислород е неминовно.

Овие видови на  кислородот се различни од нормалните молекули. Тие се менуваат со процесот на „оксидација" и се многу нестабилни. Бидејќи  се нестабилни, тие имаат тенденција да реагираат со  се¢ она што е во контакт со нив.

При метаболизмот, некои електрони успеваат да излезат од контрола при  респираторните процеси  и да го редуцираат O2 до супероксиден јон, О2-

O2 + e → O2-

Супероксидниот  јон е најопасниот реактивен вид кој го врши оштетувањето на клеточните компоненти, доведува до клеточна смрт или мутација на клетките.


токсичен кислород

Ензимот супероксид дисмутаза (самото име покажува кој е супстрат и која реакција е катализирана) ги штити клетките со катализирање на претворбата на О2-  во O2 и H2O2:

2-+2H+ = H2O2 + O2  или
2 H+ + O2- O2- → H2O2 + O2

Ако погледнете подобро ќе забележите дека се работи за реакција на диспропорција!

Но и  H2O2 што се образува при реакцијата со електроните што излегле од респираторната верига, е  исто така моќен оксидационен агенс којшто е штетен за клетките. Тој натаму се метаболизира од страна на каталази и пероксидази. Каталазите ја катализираат следната реакција, опишана со равенката:

2H2O2  = 2H2O + O2   или подробно

H2O2 + e → HO + OH

2 H+ + 2 e + H2O2 → 2 H2O

Пероксидазите го редуцираат водород пероксидот до вода преку оксидација на органски молекули (ензимот глутатион пероксидаза ја катализира реакцијата)

2глутатионred + H2O2  =  глутатионox+ 2H2O

Заради штетноста на овие честички, многу истражувања се посветени на изучувањето на биохемијата на антиоксидансите, супстанци кои ја инхибираат оксидацијата на други молекули со што се намалуваат нивоата на реактивни молекули на кислородот пред да можат да предизвикаат оштетување.

Такви се витаминот С, бета-каротенот, витамонот Е, цинкот, селенот ...

Автор на статијата: Блаже Димески
28 септември 2021
Стршлените ќе ни помогнат во борбата против мамурлакот?

Постои суштество во животинското царство од кое ќе се засрами дури и најискусниот пијаница

Терпените – ароматичната хемија на природата

Замислете го освежувачкиот мирис на борови шуми ... или смирувачката арома на лаванда

Марија Склодовска Кири

Жената која донесе светлина во светот

>> Прочитај повеќе слични содржини!   

донирај

Генерален спонзор

генерален спонзор

Пријатели на науката

спонзор
спонзор
спонзор

Презентации и поимници

Презентации за основно образование

e hemija

Презентации за средно образование

hemija .ppt

Контактни информации:

e-hemija logo

Здружение за унапредување и развој на образованието и науката
„Е-ХЕМИЈА“ – Прилеп

Испрати порака:
e-hemija контакт

Е-Хемија на Facebook:
e-hemija facebook

Е-Хемија на Twitter:
e-hemija facebook

Пријатели на науката:

Здружение за унапредување и развој на образованието и науката „Е-ХЕМИЈА“ – Прилеп
Copyright © 2025 ehemija.mk

WebDesign www.nainternet.mk

e-hemija