Радерфордиум е вештачки добиен хемиски елемент со симбол Rf и атомски број 104, именуван по новозеландскиот физичар Ернест Радерфорд. Како синтетички елемент, не се наоѓа слободен во природата и може да се создаде само во лабораторија. Тој е радиоактивен; најстабилниот познат изотоп, 267Rf, има полуживот од приближно 1,3 часа.
Во 1960-тите, мали количини на овој елемент беа истовремено произведени во Заедничкиот институт за нуклеарни истражувања во Советскиот Сојуз (Дубна) и во Националната лабораторија Беркли во Калифорнија. Приоритетот на откритието, а со тоа и името на елементот беше оспорен меѓу советските и американските научници и дури во 1997 година Меѓународната унија за чиста и применета хемија (IUPAC) го утврди радерфордиум како официјално име за елементот.
Имено, руските научници го предложиле името курчатовиум, а американските научници го предложиле името радерфордиум за новиот елемент. Во 1992 година, IUPAC Transfermium Working Group (TWG) ги процени тврдењата за откритието и заклучи дека двата тима обезбедиле истовремени докази за синтезата на елементот 104 и дека заслугата треба да се подели меѓу двете групи.
Бидејќи Советите тврдеа дека први го откриле новиот елемент, тие го предложија името курчатовиум (Кu) во чест на Игор Курчатов (1903–1960), поранешен шеф на советските нуклеарни истражувања. Ова име се користело во книгите на Советскиот блок како официјално име на елементот скоро 20 години.
Но, американската група напиша остар одговор на наодите на TWG, наведувајќи дека тие дале премногу акцент на резултатите од групата Дубна, дека руската група неколку пати ги менувала деталите за нивните тврдења во период од 20 години, дека TWG им дала премногу доверба на експериментите извршени од Русите и ја обвинија TWG дека нема соодветно квалификуван персонал во комитетот. TWG одговорила негативно и откако ја процени секоја точка покрената од американската група излегува со соопштение дека тие не нашле причина да го променат нивниот заклучок во однос на приоритетот на откритието.
Меѓународната унија за чиста и применета хемија (IUPAC) дури трае спорот, го усвои името unnilquadium (Unq) како привремено, систематско име на елементот, изведено од латинските имиња за цифрите 1, 0 и 4.
Во 1997 година, под голем американски притисок, IUPAC го прифаќа името предложено од американскиот тим- Радерфордиум (rutherfordium).
За Ернест Радерфорд сме слушнале, но, кој бил Игор Курчатов?
Игор Василевич Курчатов-Брадестиот (1903-1960 година) е советски нуклеарен физичар, којшто е наречен како „татко на советската атомска бомба“ а тоа се должи на неговата водечка улога во нуклеарната програма на Советскиот Сојуз, кога СССР дознава за напорите на Западните сојузници да произведат атомска бомба, програма којашто се држи во најстрога тајност за време на Втората светска војна.
Кога тишината кажува се!
Советскиот Сојуз сè до 1942 година не презема никакви сериозни иницијативи за отпочнување на научните истражувања на нуклеарните оружја. Георгиј Фљоров, прв соработник на Курчатов, којшто подоцна станува клучна фигура во спроведувањето на нуклеарната програма, тајно му испраќа писмо на Сталин нагласувајќи дека во физичките списанија нема ништо објавено од страна на Американците, Британците, па дури и Германците, за нуклеарна фисија од 1939 година.Оваа академска тишина му била многу сомнителна на Фљоров па затоа го повикува Сталин да ја отпочнат програмата за цепење на јадра, бидејќи тој верувал дека другите земји потајно напредуваат со својата програма.
По девет години тајно конструирање, Советскиот Сојуз успешно го тестира своето прво нуклеарно оружје наречено „First Lightning” (имплозивна бомба направена од плутониум, во 1949 година или кодно име ЈОЕ-1). Од 1940 година па натаму, Курчатов работеше и придонесе за унапредување на програмата за нуклеарно оружје, (водородна бомба,термонуклеарна бомба, фузиски реактори) а подоцна се залагаше за мирен развој на нуклеарна технологија. Други остварени и мирнодопски проекти на Курчатов се инсталација и развојот на првиот акцелераторот за забрзување на наелектризирани честички од страна на Советскиот Сојуз, уште наречен и циклотрон, отворање и изградба на нуклеарната централа во Обнинск, првата комерцијална нуклеарна централа исто така во Обнинск, комплетирање и пуштање на „Ленин“ - првиот брод на нуклеарен погон под негово раководство во 1959 година.
За време на програмата А-бомба, Курчатов се заколнал дека нема да си ја избричи брадата сè додека програмата не успее, но тој продолжи да носи голема брада до крајот на својот живот и се здобива со прекарот „Брадестиот”.
По серијата доживеани мозочни удари, Курчатов умира во 1960 година, во Москва а неговите посмртни останки се закопани во Некрополата на Кремљскиот ѕид на Црвениот плоштад.
Два града го носат неговото име областа Курчатов, седиштето на СТС (зона за тестирање во Семипалатинск) и Курчатов во близина на Курск (седиште на една нуклеарна централа) како и Институтот „Курчатов“ именуван во негова чест, кадешто на влезот стои голем споменик посветен на него. Кратерот Курчатов на Месечината и астероидот 2352 Курчатов се исто така именувани според него.
Хемичарите создадоа кристали за екстракција на влагата од воздухот со нула потрошена енергија
Извонредно баксузен, скромен фармацевт кој откри осум елементи и не доби признание за ниту еден од нив
САД во 2010 година ги забранија фосфатите од производите за миење садови и ткаенини
WebDesign www.nainternet.mk