Овој хемиски елемент припаѓа на платинската група на метали која вклучува шест метали со многу слични физичко -хемиски својства.
Паладиумот ( Pd ) се смета за скапоцен метал поради неговите својства: сребрена боја, не 'рѓосува кога доаѓа во контакт со воздух, мек, ковлив но негово најинтересно и единствено својство: Може да апсорбира Н2 (молекуларен водород) во огромни количини.
Тој е способен е да „раствори“ од 850- 900 пати од сопствениот волумен или со други зборови, еден волумен на паладиум раствара 900 волумени од водород.
85% Oд овој метал е наменет за автомобилски издувни системи каде со него се премачкуваат керамичките мрежи на катализаторите.Таму, улогата на паладиумот е да помогне да се претворат токсичните загадувачи во помалку штетна водна пареа и јаглерод диоксид.
Покрај примената во јувелирството (заради неговата отпорност, издржливост и цврстина), се користи за конструкција на електроди на кондензаторите во многу електрични уреди што ги користиме секојдневно, како што се матичните плочи на мобилни телефони, телевизори, компјутери, акустична опрема ...
Истражувачки тим од Универзитетот во Токио истражуваше зошто легирањето со злато го подобрува растворувањето и складирањето на водород во паладиумот. Концентрацијата на водород во подповршинскиот паладиум беше максимизирана кога на површината беа легирани 0,4 монослојни атоми на злато. Пресметките на DFT( функционалната теорија на густината) и фотоемисионата спектроскопија покажаа дека златото ги дестабилизира атомите на водород кои се хемисорбираат по површината, забрзувајќи ја нивната дифузија од површината во внатрешноста. Ова ќе помогне во дизајнирањето на материјалите за складирање на водород како енергетски носители и катализатори.
Друга употреба: каталитичко разложување на нитрати и нитрити
Нитратите потекнуваат главно од земјоделството, негативно влијаејќи на природата затоа што се и еколошки и здравствен проблем поради нивната токсичност (сеприсутен загадувач на подземните води). Постојат филтри кои можат да ги елиминираат, но тие мора да се менуваат секој месец, па затоа хемичарите создадоа катализатори базирани на наночестички, субмикроскопски делови од метал кои ги забрзуваат хемиските реакции. Утврдено е дека екстремно мали сфери на злато со мали дамки од паладиум можат да ги распаднат нитратите, дури и повеќе токсичните нитрити,
Нитратите се молекули кои имаат еден атом на азот и три атоми на кислород. Нитратите се претвораат во нитрити ако изгубат атом на кислород, но нитритите се дури и повеќе токсични од нитратите, па затоа најдобриот начин за отстранување на нитратите е каталитички процес кој целосно ја распаѓа молекулата, формирајќи азот и вода, со додавање на водород.
Новиот катализатор е составен од индиум и паладиум, бидејќи наночестичките злато-паладиум се покажале неефикасни во случај на нитрати (индиумот го забрзува распаѓањето на нитратите, додека паладиумот спречува индиумот да стане трајно оксидиран).
Симулациите на функционалната теорија на густината (DFT) сугерираат дека количеството на метален индиум со покриеност на подмонослој обезбедува силни места за врзување за абсорпција на нитрати и тие ја намалуваат бариерата за активација за чекорот на редукција од нитрат во нитрит. Ова подобрено разбирање на активното место ги проширува изгледите за подобрена денитрификација со користење на катализатори метал-на-метал.
Нуклеарна фузија на нормални температури и притисоци е можна само со паладиум
Можеби најголема примена ќе има во енергетиката, бидејќи експериментите на ладна фузија се незамисливи без овој метал. Улогата на паладиумот во оваа техника е фундаментална бидејќи неговата способност да апсорбира толку многу водород на собна температура може да предизвика, под соодветни услови, нуклеарна интеракција доволно силна за ослободување енергија. (апсорпцијата на големо количество на водород и тоа баш неговиот изотоп деутериум, со надеж дека атомите на деутериум би биле толку близу што би предизвикале фузија на собна температура). Таа енергија би била изобилна,евтина, безопасна и спас за Земјата!
Хемичарите создадоа кристали за екстракција на влагата од воздухот со нула потрошена енергија
Извонредно баксузен, скромен фармацевт кој откри осум елементи и не доби признание за ниту еден од нив
WebDesign www.nainternet.mk