Автомобилските гиганти вложуваат милијарди евра во технологијата базирана на водородни ќелии и со тоа признаваат дека тука се крие огромен потенцијал за мобилност без штетни издувни гасови.
Гopивнитe ќeлии пpeкy хeмиcкa peaкцијa ги пpeтвopaaт вoдopoдoт и киcлopoдoт вo eлeктpичнa eнepгијa. Kaкo peзyлтaт нa oвoј пpoцec, ce фopмиpa вoдa и ce ocлoбoдyвa гoлeмо кoличество нa тoплинa. Бидeјќи киcлopoдoт изoбилyвa вo aтмocфepaтa, ocтaнyвa caмo дa ce дoдaдe вoдopoд вo гopивнaтa ќeлијa. Oвaa cyпcтaнцa лecнo ce дoбивa co пpoцecoт нa eлeктpoлизa вo иcтoимeниoт aпapaт, нapeчeн eлeктpoлизер.
Водород од амонијак
Истражувачки тим од Универзитетот во Висконсин - Медисон идентификуваше нов начин за претворање на амонијакот во гасовит азот и водород , преку процес што може да биде чекор поблизу кон амонијакот кој ќе ги замени горивата базирани на јаглерод.
Научниците открија дека додавањето на амонијак преку метален катализатор кој содржи рутениум(наместо платина), спонтано произведува азот и водород, што значи дека не е потребна дополнителна енергија. Покрај тоа, металниот катализатор, кој е подложен на онечистување(труење на катализаторот) може да се рециклира (преку изложување на кислород) и да се користи постојано, што е многу почист процес отколку користење горива базирани на јаглерод.
Амонијакот согорува и се користи како извор на гориво многу години, од пред втората светска војна. Сепак, согорувањето на амонијак ослободува токсични гасови од азотен оксид/и.
Ако реакцијата би била изведувана во горивни ќелии каде амонијакот и рутениумот реагираат на површината на електродата, таа би можела да произведе електрична енергија без тие токсични нуспродукти.
Според научниците, ќе има многу придобивки од користењето на амонијак како заеднички извор на енергија или гориво. Тој е компресибилен, како пропан, лесен за транспорт и лесен за складирање. Иако некои горивни ќелии со амонијак веќе постојат, тие, за разлика од овој нов процес, бараат дополнителна енергија, на пример, за првото разложување на амонијакот на азот и водород.
Следните чекори на групата вклучуваат откривање како да се дизајнираат горивни ќелии што ќе ги искористат предностите на новото откритие и разгледување на еколошки начини за создавање на потребните почетни материјали.
Рутениумот е метал со атомски број 44 и е тврд, скап, сребрено-бел член на платинската група на елементи.За подобрување на неговата ефикасност се користи основа од зеолит(мешан оксид од силициум и алуминиум, кој е вид на кристален минерал поврзан со пори на нанометарско ниво) или наночестички од бариум хексаалуминат. Откриено е дека присуството на електронски интеракции помеѓу Ru и бариум хексаалуминатот ја подобрува густината на електроните и ја подобрува стапката на рекомбинативна десорпција на азот над површината на Ru, што доведува до одлична каталитичка активност
Тартразин, азо боја која ќе ги замени скапите медицински процедури
Микроскопски животни ни откриваат како да ја освоиме вселената и да се заштитиме од радијација
WebDesign www.nainternet.mk