Антоан Лоран де Лавоазје е роден во богато семејство, во Париз, на 26 август 1743 година. На 11-годишна возраст, се запишува во тограшниот колеџ на Четири Нации (Collège des Quatre-Nations). Часовите вклучувале хемија, ботаника, астрономија и математика. Професорот по философија Никола-Луј де Лакаиј (Nicolas-Louis de Lacaille) му ја прдизвикува љубопитноста за метеорологијата, страст која никогаш не ќе го напушти, Есента во 1761 продолжува на факултетот за канонско и граѓанско право. Дипломиралво 1764 година, но иако се стекнал со адвокатска диплома, никогаш не работел како адвокат.
Образованието на Лавоазје било исполнето со идеалите на француското просветителство од тоа време, а тој самиот бил фасциниран од хемискиот речник на Пјер Макер. Посветеноста и страста на Лавоазје за хемијата биле под големо влијание од Етјен де Кондијак, истакнат француски научник од 18 век. Неговата прва публикација за хемијата се појавила во 1764 година, на темата хидратација на гипсот (хидриран калциум сулфат). Во 1766 година бил награден со златен медал од кралот за есеј за проблемите најавното осветлување во салите за оддржување на претстави. Во 1768 бил избран за член во Академијата на науките. Во 1769 година, бил дел од тимот кој ја изработил првата геолошка карта на Франција.
Лавоазје бил и хуманитарец - се грижел за луѓето и се занимавал со подобрување на егзистенцијата на населението преку земјоделството, индустријата и науките. Во1768 година, тој се фокусирал на нов проект за дизајнирање на аквадукт. Целта била да се донесе вода од реката Ивет во Париз за граѓаните да имаат чиста вода за пиење. Но, бидејќи изградбата никогаш не започнала, тој се насочил кон прочистување на водата од Сена. Дополнително, бил заинтересиран за квалитетот на воздухот и извесно време ги проучувал здравствените ризици од ефектот на барутните гасовиво воздухот. Во 1772 година, изработил студија за реконструкција на болниците, зголемување на тамошната хигиена, како и во затворите, дал предлози за подобрување на условите за живеење, кои во голема мера биле игнорирани.
Во тоа време(како и денес) било многу тешко да се обезбеди јавно финансирање на науките, па Лавоазје го искористил своето богатство за да отвори многу скапа и софистицирана лабораторија во Франција за да можат научниците непречено да студираат.
Лавоазје ја консолидирал својата социјална и економска позиција кога, во 1771 година, на 28-годишна возраст, се оженил со Мари-Ан Пјер Полз (Marie-Anne Pierrette Paulze). Таа одиграла важна улога во научната кариера на Лавоазје - преведувала англиски документи, му помагала во лабораторијата и создала многу скици и резбани гравури на лабораториските инструменти што ги користеле тој и неговите колеги за нивните научни дела.
Љубител на согорувањето
Реконструкција на лабораторијата на Лавоазје а во центарот - големата леќа за согорување материјал
Во 1771 година, Лавоазје започнал да го истражува согорувањето. Тој користел џиновска леќа, со пречник од еден метар, за да ги фокусира светлосните зраци на различни предмети и докажал, на пример, дека дијамантот може да се запали. Исто така, покажалдека гасот што се создава по исчезнувањето на дијамантот е материјалот кој денес го нарекуваме јаглерод диоксид. Лавоазје сфатил дека јагленот и дијамантот се различни форми на ист материјал и ги нарекол „јаглерод“. Со тоа, без да знае, навлегол во доменот на алотропските модификации.
Лавоазје бил изненаден кога открил дека кога согоруваат сулфурот и фосфорот, ја зголемуваат тежината наместо да јаизгубат. Откако слушнал за откритието на Џозеф Пристли за елементот кислород или „чист воздух“ како што се нарекувал тогаш, истражувањето на Лавоазје добило замав, а во 1775 година тој објавил статија во која наведува дека елементот што се врзува за металите за време на согорувањето е „чист воздух“. Со овие наоди, Лавоазје ја отфрлил идејата што првично беше прифатена дека материјалот наречен флогистон се ослободува од сите запалени ентитети. На крајот, тој, исто така, му даде име на овој елемент - кислород (што значи „раѓа киселина" на грчки).
Вршејќи експерименти врз животни, па дури и луѓе, со својот колега Лаплас, Лавоазје открил дека преку процесот на дишење кислородот станува јаглерод диоксид. Тој продолжил со брилијантна студија за да го прикаже индексот на топлина што го произведуваат животните: ставил морско прасе во целосно затворен кафез опкружен со мраз и измерил колку мраз се одмрзнал поради температурата на телото на животното. Потоа испитал слична инсталација за јаглен, колку треба да се изгори за да се одмрзне истото количество мраз и заклучил дека количината на јаглерод што се испушта од телото на животното е слична на количината на јаглерод согорен во јагленот. Лавоазије дошол до заклучок дека животните ја одржуваат својата телесна топлина на сличен начин како бавното горење на дрва и го „горат“ јаглеродот користејќи ја хранатазаедно со кислородот што го дишат.Покрај овие револуционерни наоди, студијата на Лавоазје била пресвртница во разбирањето дека луѓето не се единствени божји суштества, туку сложени системи кои ги почитуваат истите закони како и остатокот од природниот свет. Лавоазје имал уште неколку важни откритија.
Тој го идентификувал сулфурот како посебен хемиски елемент; открил дека водата не е елемент, туку соединение од кислород и „запалив воздух“, кој го нарекол „водород“ (што значи „раѓа вода“ на грчки). Квантитативните резултати биле доволни за да го поддржат тврдењето дека водата не е елемент, како што се сметало повеќе од 2.000 години, туку соединение од два гаса, водород и кислород.
Оттука, тој создал список на хемиски елементи, еден вид рана верзија на периодниот систем, иако не без грешки, но првпат имаше научни принципи за класификација и одредување на имињата на материјалите. Лавоазје, заедно со де Морво, Бертоле и де Фуркроа, поднеле нова програма за реформи на хемиската номенклатура до Академијата во 1787 година, бидејќи практично немало рационален систем на хемиска номенклатура во оваа со тоа. Оваа работа, насловена како Метод на хемиска номенклатура, oд 1787, воведува нов систем кој е нераскинливо поврзан со новата теорија на кислородот за хемијата на Лавоазје.
Класичните елементи: земјата, воздухот, огнот и водата биле отфрлени, а наместо тоа околу 33 супстанци кои не можеле да се разложат на поедноставни супстанци со ниту еден познат хемиски начин беа привремено наведени како елементи. Елементите биле светлината; калоријата (топлината); кислород, водород и азот; јаглерод, сулфур; фосфор; уште непознатите „радикали“ на муријатна киселина (хлороводородна киселина), борна киселина и „флуорна“ киселина; 17 метали; 5 земји (главно оксиди на уште непознати метали како што се магнезиум, бариум и стронциум); три алкалии (поташа, сода и амонијак); и „радикали“ од 19 органски киселини.
Киселините, кои во новиот систем се сметаат како соединенија на различни елементи со кислород, добија имиња што го означуваат елементот вклучен заедно со степенот на оксигенација на тој елемент, на пример, сулфурна и сулфуреста киселина, фосфорна и фосфореста киселина, азотна и азотеста киселина , завршницата „на“ покажува киселини со поголем процент на кислород од оние со „еста“ завршеток. Понатаму, на солите на „на“киселините им се додал суфиксот „aт“, на пример, бакар сулфат, додека солите на „еста“ киселините завршуваат со суфиксот „ит“, како бакар сулфит.
Истражувањето на Лавоазје вклучувало некои од првите вистински квантитативни хемиски експерименти. Тој конструирал многу прецизна вага и внимателно ги измерил реактантите и продуктите од хемиската реакција во запечатен стаклен сад за да не може да избегаат гасови, клучениот чекор во унапредувањето на хемијата. Тој забележал дека количината на материјалот во затворен сад не се менува и ова откритие на крајот го навело да го формулира законот за зачувување на материјата, наведувајќи дека масата на одреден материјал не исчезнува, дури и ако ја промени формата.Во 1774 година, тој покажал дека, иако материјата може да ја промени својата состојба во хемиска реакција, вкупната маса на материјата е иста на крајот како и на почетокот на секоја хемиска промена(законот за зачувување на масата). Во Франција се учи како Законот на Лавоазје „Ништо не е изгубено, ништо не се создава, сè се трансформира“.
*Михаил Ломоносов (1711–1765) претходно изразил слични идеи во 1748 година и ги имплементирал во експерименти;Еден од соработниците, Жан Батист Био, напишал„се чувствува потребата од поврзување на точноста во експериментите со строгоста на расудувањето.“
Покрај конструирањето на прецизни ваги, тој е одговорен и за изградбата на гасометарот, скап инструмент којшто го користел на своите демонстрации. Употребувајќи го својот гасометар исклучиво за неговите експерименти, тој создал помали, поевтини, попрактични гасометри кои работеле со доволен степен на прецизност што повеќе хемичари би можеле да го пресоздадат.
Во 1789 година, Лавоазје објавил резиме на неговото истражување во хемијата во неговото ремек-дело со наслов „Елементарен трактат за хемијата“. Оваа книга ги утврди темелите на хемијата како вистинска научна дисциплина и сè уште се смета за еден од најважните текстови во историјата на науката.Севкупно, неговите придонеси се сметаат за најважни во унапредувањето на хемијата до нивото достигнато во физиката и математиката во текот на 18 век.
На 24 ноември 1793 година било наредено апсење на сите поранешни даночни службеници. Лавоазје бил осуден и гилотиниран на 8 мај 1794 година во Париз, на 50-годишна возраст. Храбрата одбрана на неговиот ученик и соработник Жан Ноел Але (Jean Noël Hallé)за поштедување на неговиот живот, бил одбиена :„На Републиката не ѝ требаат ниту научници, ниту хемичари; текот на правдата не може да се одложи.“
Важноста на Лавоазје за науката најдобро ја искажал математичарот-современик Лагранж кој жалел за обезглавувањето велејќи: „Им требаше само еден миг да ја отсечат таа глава, а сто години можеби нема да и бидат доволни на Франција за да изроди слична.“
Година и пол по неговата егзекуција, Лавоазје бил целосно рехабилитиран од француската влада. За време на Теророт, неговите работи и биле доставени на неговата вдовица, со кратка белешка: „На вдовицата на Лавоазје, кој беше лажно осуден“.
Постои легендаво врска со егзекуцијата на Лавоазје.Научникот му рекол на Лагранж дека ќе се обиде да трепне после отсекувањето на главата за да покаже дека главата задржува одредена свест откако ќе биде отсечена.
Хемичарите создадоа кристали за екстракција на влагата од воздухот со нула потрошена енергија
Извонредно баксузен, скромен фармацевт кој откри осум елементи и не доби признание за ниту еден од нив
САД во 2010 година ги забранија фосфатите од производите за миење садови и ткаенини
WebDesign www.nainternet.mk