Хемија за сите

Коса, хемиjа на минивалот

Убаво е да ја знаете хемијата што стои позади фризерските мајстории

Некои од нас имаат природно кадрава коса, но некогаш сакаат да ја исправат, други имаат природно права коса но сакаат биде кадрава. Но, без оглед на стилот што сакате да го имате, убаво е да ја знаете хемијата што стои позади фризерските мајстории. До пред некое време, ондулацијата (бранување) беше многу популарна фризура кај понежниот пол.

kosa minival

За да го разберете овој процес, прво мора да знаете од што се состои влакното.Косата главно се состои од кератин, двовeрижен протеин со многу молекули на цистеин вкрстено поврзани со дисулфидни врски, како скалилата на скалата.

kosa mikoskop

Што е дисулфиден мост?

Кератинот, како и секој друг протеин, се состои од амино киселини. Во кератинот има амино киселина наречена цистеин. Цистеинот игра фундаментална улога во структурата на косата, бидејќи оваа аминокиселина во својата хемиска структура има „латерална рака“ (наречена тиол или латерален тиолен синџир) која вклучува атом на сулфур.Овојатом на сулфур е способен да направи ковалентна врска со друг атом на сулфур кој припаѓа на тиолна група на друга аминокиселина цистеин. На сликата можете да видите шематски приказ на сулфидна врска помеѓу два атоми на сулфур (S) кои припаѓаат на различна амино киселина. Мостот ја претставува хемиската врска помеѓу двете аминокиселини (секоја од своја страна припаѓа на протеин).

kosa hemiska formula

Кога овие дисулфидни врски се прекинуваат со употреба на хемиски агенси, се создава слободна тиолна група за секоја цистеинска аминокиселина, каде што сулфурот се врзува за слободен водороден атом (H), губејќи ја способноста да создаде мост со друг атом.на сулфур и со тоа предизвикува слабеење на косата со последователно губење на обликот на виткањето. На следната слика е претставена врската која повеќе не е присутна, и присуството на слободна тиолна група (HS - HS) за секоја од двете амино киселини

kosk formula

Кога овие молекули на цистеин се поврзани во права линија, косата останува исправена. Во процесот на „трајна ладна“, редуцирачка супстанца (обично амониум тиогликолат) се додава за да се раскинат некои од врските сулфур-сулфур. Потоа, косата се става на виклери (*дијалектно.- витлери) или виткачи.

со виклери

Бидејќи врските повеќе не се цврсти, вкрстено поврзани едни со други, тие можат да ги менуваат позициите во однос на едни со други. По некое време, се додава оксидирачки агенс (обично разреден раствор на водород пероксид), исто така наречен неутрализатор, за да се реформираат дисулфидните врски во нивните нови позиции, што прави косата да ја задржи својата нова, завиткана форма. Интересна работа е што природната црвена коса има подобар брановиден модел подолг временски период од другите, бидејќи црвената коса содржи околу 8 проценти сулфур во споредба со просечната коса на една личност која содржи околу 4 проценти сулфур. Црвената коса ќе биде потешка за перење бидејќи има повеќе врски сулфур-сулфур за распаѓање, но штом ќе се постигне саканиот модел на виткање, ќе има многу повеќе врски за да се направи брановидниот модел да трае поцврсто и подолго. Различното етничко потекло и генетски состав исто така сугерираат дека содржината на сулфур во цистеин варира во голема мера за секој поединец. Значи, за минимално оштетување на вашата коса, потребна е хемиска анализа на косата за да се избере вистинскиот тип на раствор за перење и вистинското време за хемикалијата да ги раскине дисулфидните врски. Единствено тажно е што оваа форма не е вечна. На новите позиции на дисулфидната врска континуирано ќе влијае миењето со шампон (и други хемиски реакции), а се разбира, новиот раст на косата.

Да ја видиме хемијата на ондулирањето 😊

kosa prikaz

Амониум тиогликолат: Амониум тиогликолат (HSCH2CO2NH4) е соединение кое може да ги раскине дисулфидните врски.Тоа е затоа што содржи тиолна група (-SH). Тиолната група заменува еден од атомите на сулфур во дисулфидната врска:

Кератин-S-S-Кератин + 2HS-CH2CO2NH4 → HO2CH2CS-SCH2CO2H +2NH3 + 2HS- Кератин

Кога дисулфидната врска е прекината, кератинските снопови се распаѓаат, а косата се исправа. Меѓутоа, ако користите премногу од него или ако реакцијата се остави предолгода трае, на крајот може да станете ќелави.Затоа, никогаш не го пробувајте дома!

Ако сакате виткана коса, тоа се нарекува „трајна“. Прво, козметичарот ќе ви ја измие косата,а потоа, кратко време нанесува сол на перм (раствор на амониум тиогликолат). Тој испушта амонијак, кој ја олабавува косата и му дозволува на гликолатот да навлезе во влакното. Сега косата се намотуваоколу виклерите за да се добијат локните. Кога косата ќе се обликува, таа треба повторно да се зајакне за стилот да стане постојан. За ова, се применува лосион за оксидација. Овај лосион содржи водород пероксид (H2O2) или попознат како хидроген, кој ги реконституира дисулфидните врски:

2 Кератин -SH + H2O2 → Кератин -S-S- Кератин + 2H2O

Се формираат нови дисулфидни врски, така што молекулите на кератинот се зачувуваат во обликот на кадрици. Оксидацијата може да резултира со осветлување на бојата на косата - особено ако се користи силно тио соединение - и затоа косата треба внимателно да се исплакне и темелно да се размачка пред да се нанесе неутрализаторот. Реакцијата на оксидација ги комбинира атомите на водород и кислород во молекулите на пероксид со атомите на водород што се користат за кинење на дисулфидните врски за да се формираат две одделни молекули на вода.

(Пероксид {H2O2} + Водород + Водород {+ H + H} = вода {H2O + H2O})

Хемискиот раствор што се користи, вистинските мајстори го одредуваат според типот на косата на клиентот и рН на растворот. Класичните алкални перми се користат за поцврста, погруба коса. Тие работат на собна температура и обично содржат амониум тиогликолат во pH опсег од 9-10. Киселите перми се користат на понежна или потенка коса. Тие бараат надворешна примена на топлина и обично содржат глицерил монотиогликолат во pH опсег од 6,5-8,2. Глицерил монотиогликолат се смета за неодамнешна иновација во технологијата поради неговата висока моќ на виткање во близина на pH вредноста на косата. Ова им овозможува на кутикулите на косата да останат затворени за време на процесот на перење, минимизирајќи го оштетувањето на структурата на косата.

Автор на статијата: Блаже Димески
22 септември 2024
Можно ли е да имаме провидна кожа?

Тартразин, азо боја која ќе ги замени скапите медицински процедури

Тардигради

Микроскопски животни ни откриваат како да ја освоиме вселената и да се заштитиме од радијација

Ернест Радерфорд

„Tаткото на нуклеарната физика“ кој доби Нобелова награда за хемија

>> Прочитај повеќе слични содржини!   

донирај

Генерален спонзор

генерален спонзор

Пријатели на науката

спонзор
спонзор
спонзор

Презентации и поимници

Презентации за основно образование

e hemija

Презентации за средно образование

hemija .ppt

Контактни информации:

e-hemija logo

Здружение за унапредување и развој на образованието и науката
„Е-ХЕМИЈА“ – Прилеп

Испрати порака:
e-hemija контакт

Е-Хемија на Facebook:
e-hemija facebook

Е-Хемија на Twitter:
e-hemija facebook

Пријатели на науката:

Здружение за унапредување и развој на образованието и науката „Е-ХЕМИЈА“ – Прилеп
Copyright © 2024 ehemija.mk

WebDesign www.nainternet.mk

e-hemija