Хемија за сите

Калајна чума, Наполеон и хемијата

Дали поразот на Наполеон во Русија се должи на непознавањето на хемијата? Прочитај!

Во јуни 1812 година, Наполеон собрал огромна војска која се состоела од шестотини илјади луѓе и тоа ветерани, добро обучени и опремени. Се подготвувала офанзива на наполеоновата војска врз Русија.

За нецели пет месеци таа се намалила само на десетина илјади. По повлекувањето од Москва, исцрпената и десеткувана француска „војска“ ја преминала реката Березина во близина на Борисов. Оние кои останале живи биле гладни, болни и замрзнати: тие го доживеале најстрашното: руска зима во цел свој раскош.

Но, што била причината за поразот на најголемата армија на тогашниот свет која големиот гениј и стратег Наполеон лично ја водел? Зошто војниците на Наполеон дотогаш непобедливи, се враќаат како куп парталави и болни губитници?

Постои една чудна претпоставка: заради непознавање на хемијата! Се чини неверојатно, но смртта на војската на Наполеон може да биде поврзана со таква мала работа како копчиња. На ниска температура, сјајниот метал калај се претвора во сив прав, сѐуште калај, но има сосема поинаква структура. Дали токму тоа се случило со копчињата на војниците? Еден сведок ги опишал француските војници како „толпа духови завиткани во женски шамии, парчиња теписи и партали". Дали исчезнувањето на копчињата довело до фактот дека војниците сез амрзнале толку многу што повеќе не можеле да се борат? И наместо да го држат оружјето, тие биле принудени буквално да ги држат своите бечви?

Денес знаеме дека калајот е метал кој има две главни алтотропски модификации: на собна температура, стабилната алотропска модификација е β-калај, сребрено-бел, ковлив метал, но при ниски температури (под 13 степени) се претвора во густа сива форма на α-калај, која ги губи своите својства и станува ронлива, сива материја.
Ако знаеме дека температурите во руската зима паѓаат и до – 50 степени, нималку не е чудно тоа да е вистина!

*Сугестија: Да се прочита романот„Војна и мир“!

Автор на статијата: Блаже Димески
27 јуни 2021
Сер Вилијам Ремзи

Хемичарот кој додаде уште една група во Периодниот систем на елементите

Историјата на огледалото

Огледалото, како предмет, e еден од безвременските цивилизатори на човештвото

Молекуларни магнети

Дилантанидните комплекси би можеле да го отворат патот за нов вид на супермоќни перманентни магнети

>> Прочитај повеќе слични содржини!   

Генерален спонзор

генерален спонзор

Хит-твит

hit-tvit

Пријатели на науката

спонзор
спонзор
спонзор

Презентации и поимници

Презентации за основно образование

e hemija

Презентации за средно образование

hemija .ppt

Контактни информации:

e-hemija logo

Здружение за унапредување и развој на образованието и науката
„Е-ХЕМИЈА“ – Прилеп

Испрати порака:
e-hemija контакт

Е-Хемија на Facebook:
e-hemija facebook

Е-Хемија на Twitter:
e-hemija facebook

Пријатели на науката:

Здружение за унапредување и развој на образованието и науката „Е-ХЕМИЈА“ – Прилеп
Copyright © 2023 ehemija.mk

WebDesign www.nainternet.mk

e-hemija