Повеќето луѓе веројатно не би сакале да пливаат во џиновска петриева чинија исполнета со микроби, вируси, лишаи... Но, без модерната хемија, вака би можело да изгледа пливањето во базените а сигурно е дека при тоа пливачот ќе биде изложен на болести како што се дијареја, пливачко уво и разни видови на инфекции на кожата.
Хемијата помага во борбата против бактериите за да се одржува санирана хлорираната вода во базените, така што капачите не се изложени на штетни нивоа на микроби кои предизвикуваат болести. Хлорот има неколку придобивки при додавање во базени, топли кади (џакузи) и бањски води:
Алгите се грозни и непријатни. Иако тие самите не се патогени, сепак можат да бидат опасни. Често се покриени со лигав слој кој е лизгав. а тие можат да бидат скривалиште за бактерии. Како и повеќето растенија, тие цветаат со конзумирање на хранливи материи во водата (работи како пот, урина и други отпадоци од пливачите). Исто така, им треба многу сончева светлина за да вршат фотосинтеза...затоа обично наоѓате алги кои растат на сончевата страна од базенот. Од повеќе од 21.000 видови алги, само околу 40 до 50 живеат во базените. Но, ние не можеме да ги елиминираме сите алги или бактерии. Ние само ги контролираме со хлор, на пример, ... и со алгациди. Дождот, прашината, ветерот носат спори на алги во водата во базенот 24 часа на ден.
Центрите за контрола и превенција на болести наведуваат дека хлорот се додава во водата за да ги убие бактериите. Според нив, хлорот и вистинската pH вредност се првата линија на одбрана против бактериите кои можат да ги разболат пливачите.
Без разлика дали избирате хемиски производи или електрични уреди за чистење на вашиот базен или бања, мора да правите правилна дезинфекција за да спречите размножување на микроорганизмите што предизвикуваат болести.
Многу научници го поддржуваат хлорот за дезинфекција на базените, наведувајќи дека хлорот е најдоброто и најевтино средство за дезинфекција во моментов и „нема докази дека алтернативите на хлорот ќе обезбедат соодветно решение за дезинфекција на базените“.
Зошто се додава хлор во базените?
Хлорот се додава во водата за да ги убие бактериите. Кога хлорот е во базенот, тој формира слаба киселина наречена хипохлореста киселина која ги убива бактериите како салмонела и E. coli, како и бактериите кои предизвикуваат вируси како дијареа и пливачко уво. Хлорот за базени е достапен во различни формати и концентрации, од кои секоја е оптимизирана за големината и типот на базенот. Базените се дезинфицираат со користење на различни соединенија базирани на хлор, вклучувајќи гас хлор, натриум хипохлорит (течно белило-варикина), калциум хипохлорит, литиум хипохлорит и хлорирани изоцијанурати. Кога некое од овие соединенија контактира со вода, тие ослободуваат хипохлореста киселина (HOCl), активно средство за дезинфекција.
Натриум хипохлоритот (NaClO) и неговата активна состојка, хипохлорестата киселина (HClO), се најшироко користените средства за дезинфекција на база на хлор. HClO е антимикробно средство со брзо дејство кое е во интеракција со многу биомолекули, вклучувајќи амино киселини, липиди, нуклеински киселини и компоненти на мембраната што содржат сулфур, предизвикувајќи оштетување на клетките. Концентрацијата на комерцијалните производи на натриум хипохлорит обично е помеѓу 3 и 6%, што е еквивалентно на 30.000-60.000 ppm слободен хлор. Слободниот хлор се однесува на количината на хипохлореста киселина и хипохлорит во водата. Хипохлорестата киселина (HClO) е електронеутрална, додека хипохлоритните јони (ClO-) се електронегативни. Овие јони содржат и ослободуваат слободен хлор, кој, кога е во контакт со бактерии, ги оксидира во процес познат како хемиска дезинфекција.
Кога хлорот се растворува во вода, се формира воден раствор во кој недисоцираниот HClO се активира, продирајќи во клеточните ѕидови и мембраните на бактериите со пасивна дифузија поради негативниот полнеж на овие структури. ClO- јоните имаат и негативен полнеж, така што тие тешко можат да поминат низ бактерискиот ѕид бидејќи полнежите се одбиваат еден со друг.
HClO продира во бактериската клетка поради нејзиниот неутрален полнеж (а), влијаејќи на мембранските компоненти (б) како што се транспортерите, протеините и АТП-азата; исто така ги разградува липидите и протеините (в) и ја прекинува синтезата на ДНК (г). Бактериска оксидација може да се појави и од контакт со хипохлоритни јони (ClO)- (д).
Исто така, докажано е дека антимикробната активност на HClO делува така што предизвикува респираторна загуба во бактериските мембрани како резултат на неповратна реакција со структурни протеини и мембрански ензими што содржат сулфур и хем, предизвикувајќи клеточна смрт. Оштетувањето на мембранските протеини има негативен ефект врз трансдукцијата и транспортот на енергијата што може да доведе до хидролиза на АТП. Фрагментацијата на протеините, исто така, ја нарушува синтезата на ДНК. Реакцијата на HClO со амино групите генерира реактивни хлорамини, кои ги кинат водородните врски што ги држат двете ДНК нишки заедно. HClO реагира со незаситени масни киселини за да формира хлорохидрини, а липидните хлорохидрини предизвикуваат разложување и токсичност на клетките.
Дијаграм на механизмот на дејство на хипохлорестата киселина (HClO) во бактериските клетки
Зошто базените понекогаш имаат мирис на хемиja или хлор?
Здравите и правилно одржувани базени не мирисаат на хемикалии. Водата од базенот често се опишува дека мириса на хлор, но добро управуваниот базен не треба да има мирис. Мирисот на водата во базенот не доаѓа од самиот хлор, туку од хемиските соединенија наречени хлорамини, кои се таложат во водата во базенот кога е неправилно третирана, создавајќи „мирис на хлор од базенот“.
Хлорамините произлегуваат од комбинацијата на две состојки:
Хлорамините може да се елиминираат со користење на хлор во базените. „Третман со шок“ или „суперхлорирање“ е практика на додавање дополнителен хлор во базените за да се уништи амонијакот и органските соединенија што се комбинираат со хлорот за да се направат хлорамини.
Дали хлорот ги иритира очите на пливачот?
Пливачите може да се загрижат „има премногу хлор во базенот“ ако, по капењето, нивните очи се зацрвенети или иритирани. Меѓутоа, кога водата во базенот е иритирачка, тоа е типично знак дека нема доволно хлор во водата во базенот! Хлорамините се вистинската причина за иритација.
За да се одржуваат безбедни базените, џакузите или бањските води, водата мора да се тестира секојдневно, особено кога се користи многу. Хлорот во базените го намалува црвенилото и иритацијата на очите на минимум.
Случајно голтање мали количини на вода од базенот не е страшно ни штетно, но треба да се избегнува прекумерно пиење вода од базенот. Голтањето вода од базенот или кревањето на носот може да ве изложи на бактерии и вируси како E. coli, норовирус, па дури и паразити како Giardia, Cryptosporidium и Shigella.
Ако се консумираат прекумерни количини на многу хлорирана вода, тоа може да доведе и до бројни здравствени компликации како што се грчеви во стомакот, печење во устата, отечено или болно грло, гадење, повраќање и дијареа.
Дали хлорот ги убива вошките?
Вошките се способни да преживеат пливајќи во хлорирана вода и додавањето на хлорот нема да резултира со убивање на вошките. Вошките, исто така, веројатно нема да се шират преку користење на базени, бидејќи вошките имаат тенденција цврсто да се фатат за човечката коса кога се потопени во вода, спречувајќи ширење. Сепак, вошките може да се шират преку споделување крпи за базен или други предмети кои биле во контакт со косата на заразено лице како чешли, четки, капи и ленти за коса.
Хлор диоксид
Хлор диоксидот се покажа како поефикасно средство за дезинфекција од хлорот против поширок опсег на микроорганизми, вклучувајќи бактерии, вируси и протозои. Исто така е поефективен при пониски концентрации и може да остане активен во вода подолго време.
Оксидационите својства и радикалната природа на хлор диоксидот го прават одличен вируциден и бактерициден агенс во голем опсег на pH. Во алкалните медиуми, пропустливоста на живите клеточни ѕидови за гасовити радикали на хлор диоксид се чини дека е зголемена што овозможува полесен пристап до виталните молекули. Реакцијата на хлор диоксид со виталните амино киселини е еден од доминантните процеси на неговото дејство врз бактериите и вирусите.
Соединенијата во клетките и на површината на клеточните мембрани кои содржат оксидирачки материјал реагираат со хлор диоксид, предизвикувајќи нарушување на клеточниот метаболизам. Хлор диоксидот, исто така, директно реагира со дисулфидните врски во амино киселините и РНК во клетката.
За разлика од неоксидирачките средства за дезинфекција, хлор диоксидот ги убива микроорганизмите дури и кога тие се неактивни. Оксидативното оптоварување поставено на клетките со дејство на хлор диоксид значи дека повеќето микроорганизми не се во можност да создадат отпорност на хлор диоксид.
Бромот е поскап ама подобар?
Бромот е подеднакво ефикасен како и хлорот во одржувањето на водата чиста, но има некои важни работи што треба да се запаметат кога се проценуваат разликите.
Бромот не се раствора толку брзо во топла водата како хлорот, и откако ќе достигне оптимални нивоа, тој ќе остане во оптек релативно подолго од хлорот и згора на тоа нема да се распадне толку брзо. Постојат неколку причини за ова.
Првата е дека бромот не се деактивира толку брзо колку што делува на уништување на загадувачите во водата во бањата или џакузито. Вториот е дека бромот, како и хлорот, произведува соединенија бромамини, но за разлика од хлорамините, тие остануваат активни во отстранувањето на загадувачите од водата. Исто така, и за разлика од хлорамините, тие немаат непријатен мирис и не се вмешани во иритација на кожата или очите на капачите. Дополнително, а можеби и најважно, е фактот дека бромот е значително постабилен на повисоки температури од хлорот.
И на крај, треба да се најде идеалната pH вредност на водата во базенот? Во друга прилика
Разните хемикалии во сувомеснатите производи се поврзуваат со појавата на рак
Први набљудувања на едноелектронски ковалентни врски помеѓу два јаглеродни атоми
WebDesign www.nainternet.mk