На почетокот на 20 век, научниците пресметале дека целото население на планетата е загрозено од глад и дека планетата не може да прехрани повеќе од 1,5 милијарди жители. Најголемиот проблем во производството на храна била потребата за збогатување на почвата со потребната количина на азот (што сочинува скоро 80% од воздухот што го дишеме)
Фриц Хабер го пронашол процесот за синтеза на амонијак со комбинирање на азот од воздухот со водород, што понатаму се користи во производството на вештачки ѓубрива. Така, Фриц овозможил драстично да се зголеми производството на храна, така што и денес производството на половина од храната во светот е невозможно без процесот Хабер-Бош. Ова откритие на Хабер му ја донело Нобеловата награда во 1918 година.
N2 (g) + 3H2 (g) → 2NH3
Но, на почетокот на Првата светска војна, Германија имала барут и муниција за само три месеци тотална војна. Знаејќи го тоа, Англија со својата моќна морнарица направила морнаричка блокада во Атлантикот, за да ја спречи поморската комуникација помеѓу Германија и Јужна Америка. Тогаш за производство на муниција била потребна чилеанска (чилска) шалитра па се мислело дека токму недостатокот на чилска шалитра во Германија ќе направи војната да заврши набргу.
Но тогаш на сцена стапува Хабер кој ги преориентира своите лаборатории и производни капацитети произведувајќи муниција од амонијакот на тој начи што го конвертирал во натриум нитрат со што војната продолжила и при тоа настрадале милиони луѓе!
Негова девиза била: научник во мир припаѓа на целиот свет, но во војна припаѓа на неговата држава!!!
Уште пострашно е тоа што тој го воведува хемиското оружје во конфликтот!
Тој организира производство и употреба на воени отрови на бојното поле, иако тоа било спротивно на Хашката конвенција за војување. Сопругата на Фриц, Клара, која исто така била хемичар, жестоко и јавно се спротивставила на начинот на кој нејзиниот сопруг ги користел научните откритија. Веднаш по првата успешна употреба на воен отров во втората битка на Ипер во 1915 година и прославата на успехот на нејзиниот сопруг, Клара извршила самоубиство. Колкав фанатик бил се гледа од фактот што Хабер истиот ден отишол на рускиот фронт и продолжил да и служи на својата земја Германија, надгледувајќи ја употребата на отровот што тој го произвел.
Хабер ја оправдувал хемиската војна, тврдејќи дека непријателите во војна мора да се поразат, без разлика со какви средства!
Во дваесеттите години на 20 век, научниците кои работеле во неговиот институт развиле цијаниден гас „Циклон Б“, кој се користел како инсектицид, а подоцна се користел во германските концентрациони логори.
Иронија: Фриц Хабер бил Евреин и сакал да биде целосно прифатен во Германија како Германец, поради што престанал да биде Евреин, бил покрстен и го прифатил христијанството за своја религија, но и покрај тоа бил принуден да емигрира од Германија во 1933 година (кога Хитлер и нацистите доаѓаат на власт). Тој не можел да разбере дека неговиот огромен придонес за германската воена машина не е доволен за да биде прифатен како Ариевец.
Многу од неговите роднини завршуваат во концентрациони логори, каде што широко се користи гасот Циклон Б, пронајдок на самиот Хабер.
Фриц Хабер (1868 - 1934)
Гениј, патриот или злосторник против човештвото ...
Огледалото, како предмет, e еден од безвременските цивилизатори на човештвото
Дилантанидните комплекси би можеле да го отворат патот за нов вид на супермоќни перманентни магнети
WebDesign www.nainternet.mk