Безбројните научни откритија на Фишер го направија водечки хемичар во неговото време, а откривањето на важни фармацевтски производи како таблетите за спиење „Веронал“, исто така, го направија популарен кај пошироката јавност. Неговото именување како „Екселенција“ од страна на императорот Вилхелм го направила академска суперѕвезда. Тој е вториот добитник на Нобелова награда по хемија
Херман Емил Фишер е роден на 9 октомври 1852 година во Еускирхен, во областа Келн. Неговиот татко посакал да влезе во семејниот бизнис со граѓа, но Емил сакал да студира природни науки, особено физика и, по неуспешното вклопување на Емил во бизнисот, неговиот татко(според автобиографијата на лауреатот) рекол дека Емил бил премногу глупав да биде деловен човек и подобро да биде студент- го испратил во 1871 година на Универзитетот во Бон да студира хемија. Таму ги посетувал предавањата на Кекуле, Енгелбах и Цинке, но исто така и на Август Кундт за физика и на Пол Грот за минералогија.Значи уште не знаел каде да продолжи со студирањето.
Меѓутоа, во 1872 година, Емил, кога сè уште сакал да студира физика, бил убеден од неговиот братучед Ото Фишер да оди со него на новоформираниот Универзитет во Стразбур, каде што професорот Роуз работел на методот на анализа на Бунзен. Тука Фишер го запознал Адолф фон Баер, под чие влијание конечно решил да го посвети својот живот на хемијата. Студирајќи под туторство на фон Баер, Фишер работел на фталеинските бои кои Роуз ги открил и во 1874 година го одбранил својот докторат со теза за флуоресцеин и орцин-фталеин.
Истата година бил назначен за помошник-инструктор на Универзитетот во Стразбур и тука ја открил првата хидразинска база, фенилхидразин и ја покажал нејзината врска со хидразобензенот и со сулфонската киселина опишана од Штрекер и Ремер. Откривањето на фенилхидразин, за кое се верува дека е случајно, било поврзано со поголемиот дел од подоцнежната работа на Фишер, но и негова кобна судбина.
Во 1875 година, фон Баер бил замолен да го наследи Либиг на Универзитетот во Минхен и Фишер отишол таму со него за да стане асистент по органска хемија.Во 1878 година, Фишер се квалификувал за вонреден професор по аналитичка хемија а во 1881 година бил назначен за професор по хемија на Универзитетот во Ерланген.Во 1888 година станал професор по хемија на Универзитетот во Вирцбург и тука останал до 1892 година, кога од него било побарано да го наследи А. В. Хофман на Катедрата за хемија на Универзитетот во Берлин. Тука останал до неговата смрт во 1919 година.
Додека бил во Минхен, Фишер продолжил да работи на хидразините и, работејќи таму со неговиот братучед Ото Фишер, и разработиле нова теорија за составот на боите добиени од трифенилметан, докажувајќи го ова со експериментална работа.
Леуко формата на малахитно зелена за прв пат била подготвена од Фишер во 1877 година со кондензирање на бензалдехид и диметиланилин во молекуларен сооднос 1:2 во присуство на сулфурна киселина
Во Ерланген Фишер ги проучувал активните принципи на чајот, кафето и какаото, имено, кофеинот и теоброминот, и воспоставил конституција на серија соединенија во оваа област, на крајот синтетизирајќи ги.
Кофеин и теобромин
Меѓутоа, работата на која главно се потпира славата на Фишер, е неговото проучување на пурините и шеќерите. Оваа работа, извршена помеѓу 1882 и 1906 година, покажала дека различни супстанци, малку познати во тоа време, како што се аденин, ксантин, во растителни супстанци, кофеин и, во животински екскрет, урична киселина и гванин, сите припаѓаат на едно хомогено семејство и може да да бидат изведени еден од друг и дека одговараат на различни хидроксилни и амино деривати од истиот фундаментален систем формирани од бициклична азотна структура во која влегувала карактеристичната уреа група. Оваа матична супстанца, која најпрво ја сметал за хипотетичка, ја нарекол пурин, во 1884 година, а ја синтетизирал во 1898 година. Бројни вештачки деривати, повеќе или помалку аналогни на природните супстанци, се синтетизирани од неговата лабораторија помеѓу 1882 и 1896 година.
Абиотска синтеза на пурин од страна на Фишер
Во 1884 година, Фишер ја започнал својата голема работа на шеќерите, што го трансформирало знаењето за овие соединенија и го „заклучува“ новото знаење во кохерентна целина. Дури и пред 1880 година била наведена алдехидната формула на глукозата, но Фишер ја воспоставил со низа трансформации како што се оксидација во алдонска киселина и дејството на фенилхидразин што го открил и што го овозможило формирањето на фенилхидразоните и осазоните.
Откривањето на фенилхидразинот се покажало како научна среќа, само поради „мазната“ реакција на алдехидите на вообичаено прекрасно кристализираните фенил хидразони. Ова дури овозможило да се претворат обично сирупираните шеќери во добро дефинирани деривати со јасни температури на топење. Ова било важен услов за одредување на структурата на глукозата, пресвртница во еволуцијата на хемијата и чекор на патот до Нобеловата награда за хемија во 1902 година.
Преку премин од обичен осазон, тој ја воспоставил врската помеѓу глукозата, фруктозата и манозата, која ја открил во 1888 година. 1894 година тој ја воспоставил стереохемиската конфигурација на сите познати шеќери и точно ги предвидел можните изомери, со генијална примена на теоријата за асиметричниот јаглероден атом на Ван'т Хоф и Ле Бел, објавена во 1874 година. Реципрочни синтези помеѓу различни хексози со изомеризација а потоа помеѓу пентози, хексози и хептози со реакција на деградација и синтеза ја докажала вредноста на систематиката што тој ја воспоставил. Неговиот најголем успех беше синтезата на гликоза, фруктоза и маноза во 1890 година, почнувајќи од глицерол.
Оваа монументална работа на шеќерите, извршена помеѓу 1884 и 1894 година, беше проширена со друга работа, најважна е неговата студија за глукозидите.
Помеѓу 1899 и 1908 година Фишер го даде својот голем придонес во знаењето за протеините. Тој барал ефективни методи за одвојување и идентификување на поединечните амино киселини, откривајќи нов вид од нив, цикличните амино киселини: пролин и оксипролин. Тој, исто така, ја проучувал синтезата на протеините со добивање на различни амино киселини во оптички-активна форма. Тој успеал да го утврди типот на врската што ќе ги поврзе заедно во синџири, имено, пептидната врска и со тоа ги добил дипептидите, а подоцна и трипептидите и полипептидите.
Во 1901 година тој ја открил, во соработка со Фурно, синтезата на дипептидот, глицил-глицин и во таа година ја објавил својата работа за хидролиза на казеин.
Формирање на полипептиди во 1903 година
Аминокиселините кои се појавуваат во природата билеприготвени во лабораторија и се откриени нови. Неговата синтеза на олигопептидите кулминирала со октодекапептид, кој имаше многу карактеристики на природни протеини. Ова и неговата последователна работа доведоа до подобро разбирање на протеините и ги поставија темелите за подоцнежните студии за нив.
Фишерова индолна синтеза
Во 1891 година, тој предложил,тродимензионалните молекули на моносахаридите да се претставуваат во две димензии (што било веднаш прифатено бидејќи претставувало големо олеснување во прикажувањето на истите) но со неколку препораки:
1891 година, дводимензионална претстава на тродимензионална органска молекула со проекција
Покрај неговата голема работа во областите веќе споменати, Фишер ги проучувал и ензимите и хемиските супстанци во лишаите што ги нашол за време на неговите чести одмори во Шварцвалд, и во текот на последните години од неговиот живот- мастите.
Фишер беше прогласен за пруски Гехајрат (Екселенц) и имаше почесни докторати на универзитетите во Кристијанија, Кембриџ, Манчестер и Брисел а беше награден и со пруски орден за заслуги и со орден Максимилијан за уметност и наука.
Во 1902 година ја добил Нобеловата награда за хемија за неговата работа на синтезата на шеќери и пурин.
Каков бил Фишер како личност?
Во текот на целиот живот, одлично го служело неговото помнење, кое му овозможило, иако не бил природно добар говорник, да ги запамети ракописите од предавањата што ги напишал.Емил Фишер барал голема посветеност од своите колеги и е опишан како нељубезен, па дури и препотентен во неговите лични интеракции. Неговата најстрашна реакција била тивко „мафтање со крилата“ кога нешто ќе тргнело наопаку во лабораторијата. Неговите испити повеќе личеле на вкрстено испрашување во полиција и потоа на секој испитаник му се чинело дека всушност ништо не знае.
Тој бил особено среќен во Вирцбург каде што уживал во прошетките меѓу ридовите и често ја посетувалпланината Шварцвалд. Неговата административна работа, особено кога заминал во Берлин, го открил како жилав борец за воспоставување научни основи, не само во хемијата, туку и во други области на работа. Неговото остро разбирање на научните проблеми, неговата интуиција и љубов кон вистината и неговото инсистирање на експериментално докажување на хипотезите, го обележаа како еден од вистинските големи научници на сите времиња.
Фишер платил висока цена за неговиот научен успех. Неговото редовно ракување со фенилхидразин довело до хронично труење што често го принудувало да отсуствува од лабораторијата и долготрајни престои во здравствените одморалишта. Голема е веројатноста дека фенилхидразинот е причината за неоперабилниот цревен карцином дијагностициран во 1919 година. Фишер се поштедил од долготрајно боледување завршувајќи го сопствениот живот со калиум цијанид(а можеби и од разочарување, затоа што двајца синови загинале за време на нивната воена служба во Првата светска војна).
Кога Фишер починал во 1919 година, Меморијалниот медал на Емил Фишер е воведен од Германското хемиско друштво за најдобрите хемичари за таа година.
Хемичарите создадоа кристали за екстракција на влагата од воздухот со нула потрошена енергија
Извонредно баксузен, скромен фармацевт кој откри осум елементи и не доби признание за ниту еден од нив
САД во 2010 година ги забранија фосфатите од производите за миење садови и ткаенини
WebDesign www.nainternet.mk