Хемија за сите

Далтониди и бертолиди

Научниот спор Пруст - Бертоле го решил Џон Далтон. Тврдењето на Пруст го потврдил експериментално, но дал и теоретско објаснување на тврдењето на Бертоле.

Не, далтониди не се поврзани со браќата Далтон и Таличниот Том!

Дали се сеќавате на Законот за постојани масени односи? Овој закон е карактеристичен по осумгодишниот спор меѓу Пруст и Бертоле.prust i bertole

 Жозеф Пруст експериментално го воспоставил законот за постојан однос на масите во 1799 година, според кој хемиските соединенија секогаш се комбинираат во константни односи на масите.

Клод-Луј Бертоле не верувал дека супстанците секогаш се комбинираат според законот за постојан однос на масите како што тврдел Пруст.

Иако се покажало дека Пруст е во право, сепак се пронајдени и помал број на соединенија кои имаат нестехиометриски состав а секогаш се во цврста агрегатна состојба па во чест на Бертоле се наречени бертолиди. Настануваат како  последица  на дефекти на  кристална решетка  и затоа се јавуваат само како цврсти супстанци

Една од најважните особини на кристалите е да се електронеутрални  т.е  да мора да имаат ист број на  анјони и катјони т.е полнежи.

Пример:FeO - со жарење на воздух преминува во Fe0,95O.  Тоа  е заради  тоа што воздушниот О2 влегува во кристалот и го оксидира Fe 2+   дo Fe 3+

hemiska ramnoteza

При брза кристализација на Cu2S  може да се случи  еден атом на бакар  поточно јон Cu+  да не стигне да влезе во решетката и се прави празнина (дефект) а да остане кристалот електронеутрален  друг атом се оксидира од +1 до +2 а добиениот бертолид има формула Cu1,7 S.

Сличен пример е ZnO, кој може да постои и како Zn1,0003O. Дополнителни јони на цинк се ставаат во шуплините на решетката и ги менуваат физичките својства на кристалот:

Примери:

  • ZnO- има бела боја и е изолатор.
  • Zn1,0003O-има протокалова боја и е полупроводник од n-тип

    hemiska neramnoteza
  • NiO- зелена боја, полупроводник
  • Ni0,999O- црна боја, полупроводник од р-тип

Уште неколку примери на бертолиди: VO0.85-VO1.25, TaH2.76, VH0.56

Главно  се оксиди, сулфиди и хидриди на преодни метали, бидејќи тие можат да формираат поголем број на катјони и се  полупроводници.

И на крај, зошто соединенијата со постојан состав се викаат ДАЛТОНИДИ а не ПРУСТИДИ?

Далтон бил најголем поддржувач на законот на Пруст; го потврдил експериментално, но исто така дал и теоретско објаснување - затоа денес соединенијата со постојан (стехиометриски) состав се нарекуваат далтониди.

Џон ДалтонЏон Далтон (1766-1844)  е англиски хемичар и физичар, прв почнал да го употребува поимот „атом“ за најмалата неделива честичка на материјата, основоположник е на атомската теорија во хемијата, но најпознат е по неговото истражување и научните сознанија за слепилото на бои, болест која денес го носи неговото име - Далтонизам.

Автор на статијата: Блаже Димески
29 јуни 2021
Јанус кристали

Хемичарите создадоа кристали за екстракција на влагата од воздухот со нула потрошена енергија

Карл Вилхелм Шеле наречен „баксузот“

Извонредно баксузен, скромен фармацевт кој откри осум елементи и не доби признание за ниту еден од нив

Детергенти базирани на ензими

САД во 2010 година ги забранија фосфатите од производите за миење садови и ткаенини

>> Прочитај повеќе слични содржини!   

донирај

Генерален спонзор

генерален спонзор

Пријатели на науката

спонзор
спонзор
спонзор

Презентации и поимници

Презентации за основно образование

e hemija

Презентации за средно образование

hemija .ppt

Контактни информации:

e-hemija logo

Здружение за унапредување и развој на образованието и науката
„Е-ХЕМИЈА“ – Прилеп

Испрати порака:
e-hemija контакт

Е-Хемија на Facebook:
e-hemija facebook

Е-Хемија на Twitter:
e-hemija facebook

Пријатели на науката:

Здружение за унапредување и развој на образованието и науката „Е-ХЕМИЈА“ – Прилеп
Copyright © 2025 ehemija.mk

WebDesign www.nainternet.mk

e-hemija