Кога Германија ја нападнала Данска во Втората светска војна, бил пратен специјален одред во Институтoт за теоретска физика на Универзитетот во Копенхаген* да ги конфискува златните медали за Нобеловите награди на германските физичари, нобеловци, Max von Laue (1914) и James Franck (1925).
Но тие биле цел на Хитлер заради симболиката а не заради вредноста. Eдниот научник бил со еврејско потекло, а другиот, von Laue, противник на национал-социјалистите.
Mедалите тајно биле изнесени од Германија во Данска. Прво научниците размислувале да ги закопаат медалите во градината на Институтот, но претпоставувале дека Гестапо сè ќе прекопа за да ги најде. Поради тоа тие се потпреле на хемијата!
Унгарскиот хемичар György Hevesy, немајќи каде да ги скрие, ги ставил двата медали во сад со „царска вода“ каде тие се раствориле, образувајќи раствор со жолтеникава боја.
Ѓург Хевеши го поставил добиениот раствор на полица во неговата лабораторија меѓу стотици други хемикалии. Така потрагата на нацистите била неуспешна.
По војната, хемичарот се вратил и со обратен хемиски процес го извлекол златото од киселината. Златото е вратено на Кралската шведска академија на науките и Нобеловата фондација. Тие повторно од добиеното злато ги излеале медалите и потоа им се врачени на Лауе и Франк.
Внимавај: Царска вода не е водата каде се бања царот!
Царска вода е смеса од концентрирана азотна и хлороводородна киселина во однос 1:3. Растворањето на златото во царска вода може да се прикаже со следниве равенки:
Au + 3HNO3 + 3HCl = AuCl3 + 3NO2 + 3H2O
AuCl3 + HCl = HAuCl4 тетрахлороауратна(III) киселина
Оксидацијата на златото и добивање на злато(III) соединенија може да се случи само во присуство на јони кои со злато(III) даваат стабилни комплексни соединенија.Таков јон е хлоридниот јон.
Растворањето на златото е резултат на следнава реакција:
HNO3 + 3HCl= 2Cl° + NOCl + 2H2O
Значи кога ќе се направи смесата се добива соединение нитрозил хлорид и атомарен хлор (hlor in status nascendi) кој е многу реактивен и реагира со златото според следнава реакција :
Au+ 3Cl° = AuCl3
Сега злато(III) хлоридот реагира со вишокот на HCl и се добива тетрахлороауратна(III) киселина.
AuCl3+ HCl= HAuCl4
Доколку се сака елементарно злато, може селективно да се изврши редукција со сулфур диоксид, хидразин, оксална киселина, итн.
2 AuCl−4(aq) + 3SO2(g) + 6H2O (l) → 2Au(s) + 12 H+(aq) + 3 SO2−4(aq) + 8Cl−(aq).
*Институтот во 1965 година, на денот на одбележувањето осумдесет години од раѓањето на научникот, преименуван е во Институт Нилс Бор.
Пред 1980 година, медалот за Нобелова награда бил правен од 23 каратно злато со маса од 175 грама (денешните награди се 18 каратно злато, позлатено со 24 каратно злато).
Постои суштество во животинското царство од кое ќе се засрами дури и најискусниот пијаница
Замислете го освежувачкиот мирис на борови шуми ... или смирувачката арома на лаванда
WebDesign www.nainternet.mk