Високо на планините Илбир во југозападна Анадолија, рударите во рудник за боксит пронашле проѕирен минерал, кој не само што имал голема тврдина, транспарентност, туку и ја менувал бојата во зависност од околното осветлување.
Ископување и груба обработка на царит
Бидејќи овој феномен се јавува кај помалку од еден процент од скапоцени камења, тоа било вистинско откритие. Уште поинтересно и за разлика од повеќето други скапоцени камења што ја менуваат бојата, овај нов минерал има можност да прикаже неколку различни тонови на боја во исто време.
Овој уникатен скапоцен камен го носи името на владетелите на Отоманската империја, а гемолошкото име „Дијаспор“ доаѓа од хеленскиот збор „Диаспореја“ за „дисперзија“ (расфрлено).
Добиен со хидротермално-метаморфогена минерализација на боксит(Al2O3), царитот има формула[AlO (OH)], и се наоѓа во само една област во светот, а се јавува во зони на фрактури, вени и отворени структури на бокситот. Во овие наоѓалишта, лоцирани на височина од 3000 метри, скапоцениот камен е поврзан со калцит, московит, хематит, илменит и хлоритоид.
Го има толку малку што се наоѓа само случајно при вадењето на бокситот! Неговата кристална структура е орторомбична, со тврдина од 6,5-7,0 и индекс на прекршување од 1,70-1,75.
Oрторомбичен систем a≠b≠c α=δ=γ=90°
Типичен кристал од депозитот што покажува слепување во форма на буквата V
Десет илјади пати поредок од дијамантот а има опсег на бои од прекрасни нијанси од зелена, праска, шампањ, до малино црвена боја. Бидејќи секој камен е уникатен, царит го бараат и колекционерите и дизајнерите на накит, кои ја ценат реткоста и уникатноста на овој исклучителен скапоцен камен.
Александритот досега беше единствениот скапоцен камен кој ја менуваше бојата со ефект на мачкино око додека не се појави турскиот убавец на пазарот.
Најневеројатните квалитети се навистина извонредните промени во бојата. За разлика од повеќето скапоцени камења, промената на бојата на царитот се протега надвор од вообичаените две бои. Истиот камен може да прикаже како зелена боја, розева-коњак, жолта-канаринец, розова шампањско, малина до виолетова розова боја, зелени нијанси и живописни виножита под различни извори на светлина, лесно комплетирајќи ја секоја шема на бои во модната гардероба на носителот.
Дали знаете дека и кај нас, во рудникот Сивец, Прилепско, се наоѓа ваков сличен скапоцен камен, Македонскиот рубин!
Корунд е всушност кристална форма на алуминиум оксид. Во неа има и траги од железо, титаниум или хром кои му даваат различни бои. Црвениот корунд се нарекува рубин (македонскиот рубин има розова, а не црвена боја, но може да биде и зелен.)
Прилепски корунд
Постои суштество во животинското царство од кое ќе се засрами дури и најискусниот пијаница
Замислете го освежувачкиот мирис на борови шуми ... или смирувачката арома на лаванда
WebDesign www.nainternet.mk