На ѕидните слики и на папирусите на древниот Египет се зачувани докази за постоењето на електрична енергија. Додека овие тврдења во голема мера се лишени од реални докази, постои еден артефакт за кој научниците веруваат дека е пример за апаратура која служи како извор на електрична енергија.
Нејзиното постоење е неспорно, што значи дека овај мал, неугледен бокал може да го промени мислењето веќе воспоставено во науката.
Објектот кој се нарекува Багдадска батерија, стар преку 2000 години, во 1936 година бил пронајден во областа Хуџут Рабу, југоисточно од Багдад. Се испоставило дека „батеријата“ е од партискиот период (247 п.н.е. - 228 н.е.).
Селото Хуџут-Рабу припаѓа на Партиското кралство кое постоело од 250 година п.н.е. Одлични воини, но Партијците во никој случај не биле покровители на науката. Веројатно, „батеријата“ им дошла од понапредните цивилизации од минатото. Можеби од Сумерите, на чија научна сметка се пронајдоа пишувањето, законите и тркалата.
Во 1938 г Вилхелм Кениг, кој раководел со лабораторијата на музејот во Багдад, во подрумот на музејот пронашол чуден предмет. По детално направената анализа, тој дошол до заклучок дека артефактот многу потсетува на галванска ќелија и е прототип на модерната електрична батерија. Наскоро Кениг објавил статија во која тврди дека се работи за древна батерија што се користи за галванизација (нанесување на тенок слој од злато или сребро од една површина на друга). Тој исто така сугерирал дека неколку батерии може да се врзат заедно за да се зголеми моќноста.
Како тој го опишал предметот: Глинен сад висок 13 см, вратот е исполнет со битумен, тврда смола која најчесто се користи за хидроизолација. Низ битуменот се става железна прачка. Внатре е опкружен со бакарен цилиндар, чиишто рабови се залемени со легура од калај-олово. Ако го наполните садот со киселина или алкалија, како оцет или вино, ќе добиете примитивна галванска ќелија, батерија со многу слаба моќност. Печатот сугерира дека садот некогаш содржел течност. Ова е навистина потврдено со хемиска анализа: има траги од корозија на бакарот, што очигледно се појавила како резултат на дејство на некоја киселина, веројатно оцетна, или вино.
Инженерот Вилард Греј, откако се запознал со написот на Кениг, одлучил да ја тестира точната реплика на античката батерија. Наполнил земјен бокал со сок од грозје, оцет или раствор на син камен и добил напон од 1,1-2 V. Овој експеримент ни овозможува да заклучиме дека батеријата од Багдад може да продуцира струја со мала моќност, но за што се користела?
Општо е прифатено мислењето дека првата позната електрична батерија, Волтиниот столб,бил измислен од италијанскиот физичар Алесандро Волта дури во 1800 година, додека Батеријата од Багдад датира од 250 п.н.е. - 640 г п.н.е.
Да претпоставиме дека Партите, вечните ривали на Римјаните, за чија култура ние знаеме релативно малку, би можеле да генерираат електрична струја со примитивни средства. Но, за што ја користеле? Навистина, во Партија, како и во антички Рим, не користеле електрични светилки, не изградиле далноводи. А што ако да? Што ако за сè се виновни „мрачните времиња“, лишувајќи го светот од историска меморија?
Светилката од Дендера
„Електрично осветлување постоело во древниот Египет“, вели Петар Краса и Рајнхард Хабек, кои ја посветиле својата книга на докажување на оваа идеја. Нив главниот аргумент им е релјефот од храмот на божицата Хатор во Дендера, создаден во 50 п.н.е. нова ера, во времето на кралицата Клеопатра. Овој релјеф покажува египетски свештеник, кој во рацете држи долгнавест предмет налик на електрична сијалица, змија се врти во внатрешноста на сијалицата; главата и е свртена кон небото.
За Краса и Хабек сè е јасно, овој релјеф е технички цртеж; чудниот објект е светилката, а змијата алегорично го прикажува филаментот(влакното). Со помош на таквите Египќаните ги осветлувале темните ходници и простории со светилки. Еве, на пример,се поставува прашањето, зошто на ѕидовите на просториите во кои работеле уметниците, нема саѓи што би останале доколку користеле маслени светилки?
Оваа хипотеза е побиена со проста пресметка: ќе треба да состават најмалку четириесет „багдадски батерии“ за некаков ефект а дури и денес не постои таква џиновска ламба со вжарено влакно, како што е прикажано во овој релјеф .Но, ако „багдадските батерии“ не се користат за осветлување на живеалиштата и гробници, за што се користеле?
Потсетете се на хипотезата на германскиот археолог Кениг, кој веруваше во тоа дека електрична енергија произведена од батеријата, требаше да биде доволно за галванизација на метали.
Во 1978 г Египтологот Арне Егебрехт се обидел експериментално да ја тестира хипотезата на Кениг. Со користење на десет садови како Багдадската батерија, за неколку часа научникот ја покрил фигурината на Озирис со рамномерен слој злато. На таква техника, очигледно, бил оспособени античките мајстори. На крајот на краиштата, за галванизација потребна е слаба струја и низок напон.
Осврнувајќи се на резултатите од експериментот, Егебрехт изјави дека многу антички експонати, кои сега се сметаат за злато, всушност се направени од позлатено сребро.
Единствено збунувачко е тоа што асфалтниот слој целосно го покрива бакарниот цилиндар, со што се елиминира поврзувањето на жиците однадвор.Асфалтот е исто така добро прилагоден за запечатување садови заради безбедност а сепак, за галвански ќелии од овој тип, запечатувањето не е само не е потребно, но и контрапродуктивно, бидејќи ја спречува можноста за додавање или замена на електролити.
Според друга теорија, електричната енергија што ја создавала батеријата се користела како лек. Во делата на античките грчки и римски автори се најдени многу докази за постоењето на прилично сложен систем на знаење за електричната енергија во античкиот свет. Познато е дека исцелители на антички Вавилон користеле електрични зраци за локална анестезија. Покрај тоа, дури и античките Хелени ги откриле статичните својства на електричната енергија: триејќи килибар (на старогрчки „електрон“) со парче крзно, откриле дека крзното по ова привлекува пердуви, честички прашина и сламки. Меѓутоа, тврдењето дека се користела електрична батерија за да се ослободи човекот од болка, има многу противници.
Главниот недостаток на медицинската теорија е многу нискиот напон на батериите, што веројатно нема ефективно да влијае на телото на пациентот, освен за благи болки, иако неколку од овие батерии, врзани заедно, може да дадат помоќно електрично празнење.
Согласувајќи се главно со верзијата за медицинската намена на батеријата во Багдад, Пол Кејзер од канадскиот универзитет во Алберта предложи нова хипотеза. Според неговата верзија, овие игли би можеле да се користи за еден вид електроакупунктура - метод на лекување, веќе познат во Кина.
Во исто време, скептиците нудат алтернативно објаснување за теоријата на електрична батерија. Познато е дека археолозите пронашле слични „батерии“ во која бакарна прачка била ставена во бакарен цилиндар, такви уреди очигледно не може да генерира струја. Потребна е прачка од друг метал. Според скептиците, бокалите биле садови за складирање на свети свитоци од материјали органско потекло - пергамент или папирус, на кој некои ритуални текстови.
При нивното разградување би се ослободувале органски киселини,што го објаснува присуството на траги од корозија на бакарниот цилиндар и пронајдената битуменска заптивка во близина на батеријата во Багдад. Ова е доказ дека садот не е дел од галванска ќелија, туку запечатен бокал кој дозволува содржината да се чува долго време. Забелешка дека „батеријата од Багдад“ е речиси идентична со садовите пронајдени од близина Селевкија со позната функција - служеле за складирање на свитоци.
Сепак, не може да се негира дека уредот може да ја извршува функцијата на електричен елемент. Можно е креаторот да не ги разбирал принципите на она што го користел, како во случајот со старогрчкиот килибар. И овој случај не е изолиран. Многу откритија, како што се барутот и лековитите својства на билките, биле направени пред да се утврди нивната корисност.
За жал, во 2003 г за време на војната во Ирак, батеријата, заедно со илјадници други вредни артефакти, украдени се од Националниот музеј.
Нашите прабаби можеби немале формално знаење од хемија како што го имаме денес, но ...
Некогаш многу популарни, а денес, контролирани супстанци, со минимална медицинска употреба
WebDesign www.nainternet.mk