Арсен(III) оксидот (As2O3) е едно од најважните арсенови соединенија. Тој претставува прашок кој во времето на ренесансата и на Луј XIV бил познат како „прашок за наследство“. Тој е силен отров и со него биле вршени голем дел од неразјаснетите злосторнички труења. Труењето кое што настанува со арсен(III) оксидот може да биде: злосторничко, самоубиствено, случајно, медицинско, професионално.
Леснотијата со која може да се дојде до арсеновите отровни соединенија, посебно јако отровниот As2O3 е еден од битните фактори што тој и денес се употребува во злосторничките труења.
Има уште еден фактор кој што (As2O3) го прави често употреблив во злочините, а тоа е неговиот сосем слаб, сладок вкус чие присуство неможе да се сети во храната или пијалокот, ниту со сетилото за вкус, ниту со сетилото за мирис. Тој е употребуван уште во раните векови, а посебно во ренесансата за убивање на непријателите и потенцијалните соперници за наследство, прељубници или ривали за професијата.
Токсичното дејство на арсеникот се карактеризира со силни абдоменални (стомачни) тегоби, проследени се со чувство на голема жештина, голема жед, повраќање, пролив. Болниот многу се променува во ликот, омалаксува, му слабее срцето, се лади телото, лицето и врвовите на прстите помодруваат. Смрт може да настапи за 20 минути, но најчесто за неколку саати. Ова е слика на акутно труење со арсеник.
Со цел да се спречи таа епидемија на намерни труења бил основан специјален суд и распишана богата награда за секој научник кој ќе открие сигурен метод за откривање на труење со арсеник.
Овој отров често бил користен бидејќи во тоа време не постоеле методи за откривање на арсенот во организмот.
Паричната награда била толку примамлива што многу познати научници предлошиле свои решенија (Gutzeit. Bougault, Bettendorff, Fresenius, Duflos, Millon ..)
Најпознат метод за откривање на овој отров е Маршовиот метод (J.Marsh 1790-1846) кој е откриен 1836 год. и со кој најлесно може да се оддели овој прашок во вид на арсеново огледало и да се утврди неговото присуство. Леталната доза изнесува 0,1 – 0,2 мg.
НАКРАТКО ЗА МЕТОДАТА:
За да се испита арсен во токсиколошки поглед можат да послужат различни материјали како: затруени органи, нокти, разна храна, мокрача, косата, повраќаници, пијалак или лекови итн.
Најпрво се вршело разлагање на органскиот материјал во отворен сад, каде на материјата што се разлага прво додавале хлороводородна киселина, а потоа откако масата добро ќе се загрее во водена бања малку по малку додавале калиум хлорат кој кога ќе стапи во реакција со хлороводородната киселина создава хлор.
KClO3(s) + 6HCl(aq) = 3Cl2(g) + 3H2O(l) + KCl(aq)
5KClO3(s) + 6HCl(aq) = 5KCl(aq) + ClO2(g) + 3H2O(l)
Хлорот ги разорува органските материи а остатокот од неоргански материи се става во апаратура: (види во книгата „Експеримент во наставата по хемија“ на В.Петрушевски и М.Најдоски)
Цинкот ставен во Вирцовата колба заедно со хлороводородната киселина реагираат при што се ослободува водород и арсен(III) оксидот реагира со хлороводородната киселина
As2O3(s) + 6HCl(aq) = 2AsCl3(aq) + 3H2O(l)
Во реакциониот систем има и малку насцентен водород кој има изразена реактивност. Како резултат на тоа се добива реакција на редукција при која се добива арсин AsH3(g).
AsCl3(aq) + 6H(aq) = AsH3(g) + 3HCl(aq)
Арсинот е гас кој што во гасна смеса заедно со водородот се доведува во загреаната цевка каде поради топлината пиролизира:
2AsH3(g) = 2As(s) + 3H2(g)
при што добиениот елементарен арсен се кондензира на студените делови од цевката формирајќи огледало со кафена боја и метален сјај кој што го нарекуваме Арсеново огледало.
Оваа метода е квантитативна, што значи дека со мерење на цевката пред и по реакцијата ќе се добие точна вредност на арсен во телото.
Постои суштество во животинското царство од кое ќе се засрами дури и најискусниот пијаница
Замислете го освежувачкиот мирис на борови шуми ... или смирувачката арома на лаванда
WebDesign www.nainternet.mk