Hennig Brand верувал дека „основната материја“ за добивање на злато од олово се содржи во урината. За таа цел, тој ја собрал урината од една касарна војници (неколку буриња на урина). Бренд потоа полека ја испарувал собраната урина. Како резултат на оваа постапка се добила сладникава течност која била подложена на дестилација и тоа двапати. Резултатот е одредена супстанца, која тој ја нарекува „мртва глава". Следна постапка, Брант ја калцинира течноста со песок и јаглен без пристап на воздух. Со загревање на производот се добил бел прав кој светел во темница.
Легендата вели дека пронајдокот бил случаен: тој заспал при работењето и ја оставил апаратурата да работи. Течноста потполно испарила и жарењето продолжило. Кога се разбудил видел дека целата просторија е осветлена од супстанцата во ретортата во која била урината.
Новиот елемент Хенинг Бренд го нарекол фосфор, од латинското име „Phosphorus“ (тој што дава светлина).
Бренд веднаш почнал експерименти со имплементацијата на овој материјал (или други супстанци со него) за добивање на злато... Сите негови обиди пропаднале, но сепак Бренд нашол уште подобар начин да ги искористи резултатите од својата работа: фосфорот предизвикал голем интерес во општеството, тој активно започнал да тргува со него за цена поскапа од златото и го држел процесот на производство на фосфор во тајност.
Разните хемикалии во сувомеснатите производи се поврзуваат со појавата на рак
Први набљудувања на едноелектронски ковалентни врски помеѓу два јаглеродни атоми
WebDesign www.nainternet.mk